Пред 36 години, на 30 мај 1990 година, беше конституиран првиот демократски избран хрватски парламент. Со ова заврши речиси половина век долгиот комунистички систем и започна ново поглавје во хрватската историја. Овој историски датум денес се слави како национален празник – Ден на државноста. Парламентот од 1990 година работеше нешто повеќе од две години, но донесе историски одлуки што го отворија патот за хрватскиот суверенитет и независност ...

Бланшуа се огласи на Фејсбук и потцрта дека какви било дилеми или загриженост во врска со изборниот настап на СДС се целосно неосновани. Тој напомена дека најважните партиски тела, Главниот одбор и Собранието, уште претходно ги усвоиле соодветните одлуки кои и понатаму се полноважни. „Органите на Српската демократска партија (СДС) ги донесоа одлуките за кандидатурите и тие одлуки не се променети. Во согласност со тие одлуки, јас сум кандидат ...

Белград, 29 мај 2026 (МИА) - Владата на Србија на вонредна седница одобри Републичката дирекција за стоковни резерви да обезбеди флаширана вода за пиење на загрозеното подрачје на Моравскиот административен округ - 330.000 шишиња од половина литар. За градот Чачак се обезбедени 240.000 шишиња од 0,5 литри вода, за општина Горњи Милановац 40.000 шишиња и за општина Лучани 50.000 шишиња. Од Владата беше објавено дека е усвоен заклучокот со цел ...

Атина, 29 мај 2026 (МИА) – Претседателите и потпретседателот на кошаркарскиот клуб Олимпијакос, тренерот и двајца од играчите, заедно со трофејот од Евролигата претпладнево ја посетија Премиерската палата и беа примени од грчкиот пемиеро Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Олимпијакос во неделата со 92-85 ја совлада екипата на Реал Мадрид во финалето од Евролигата штп се одржа во Атина и ја освои четвртата европска титула. ...

Тирана, 29 мај 2026 (МИА) - Зајакнувањето на трансатлантското партнерство и преминот од зависност кон вистински стратешки сојуз на САД и Европа, со клучна улога на НАТО, се главните заклучоци на Безбедносен форум одржан во Тирана, на кој учествуваа високи претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ. На дводневниот Форум, одржан под покровителство на претседателот на албанското собрание Нико Пелеши, присуствуваа потпретседателот на ПС на ...

Православните христијани, ја празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на оние кои не напуштиле. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се заминати од овој свет. Тоа е ден посветен на молитивите за заминатите роднини и пријатели. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. Но, годинава ...

Производството на хуманоидни роботи во Србија ќе започне во јуни и Србија ќе биде првата земја во Европа каде што ќе се произведуваат, најави првиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали. Мали за ТВ Прва изјави дека во Србија годишно ќе се произведуваат околу 1.000 до 2.000 роботи. Тој нагласи дека хуманоидните роботи ќе бидат дел од специјализираната изложба Експо 2027 во Белград следната година. „Тоа е првата фаза. Втората фаза е ...

Џамијата Бања Баши во главниот град на Бугарија, Софија, е еден од најстарите муслимански верски објекти во Европа. Изградена во 16 век, таа потсетува на речиси пет века османлиска власт над претежно христијанската православна земја. Денес во Бугарија живее најголемата турска заедница на Балканот. Според последниот попис од 2021 година, етнички Турци се околу 500 илјади жители, односно осум проценти од околу 6,5 милиони жители на земјата. ...

Балканските атентатори во Украина планирале бегство од затвор и тврделе дека биле „продадени“ по неуспешниот атентат врз Радоје Звицер, пишува украинскиот медиум „detective-info.com.ua“. Балканските платени убијци кои во мај 2020 година се обидоа да го ликвидираат лидерот на црногорскиот Кавачки клан Радоје Звицер, во елитниот киевски комплекс „Новопечерски Липки“, додека престојувале во украинскиот затвор бр. 1 разговарале за деталите од ...

Грција или Турција повторно се главната летна дилема за европските туристи во 2026 година, откако Euronews Travel направи споредба каде патниците добиваат повеќе за своите пари, во момент кога Турција сè уште нуди поевтини all inclusive аранжмани, но Грција станува сè поконкурентна поради растот на цените во турските летувалишта. Според анализата, Турција и натаму има предност кај дневните трошоци и пакет-аранжманите во многу туристички зони. ...

Хрватска слави 36 години државност на 30 мај, датумот кога во 1990 година беше конституиран првиот демократски избран повеќепартиски Хрватски сабор, а американскиот државен секретар Марко Рубио им упати честитки на хрватските граѓани и порача дека САД стојат со Хрватска на денот на националната гордост. Денот на државноста во Хрватска се одбележува во спомен на историската седница од 30 мај 1990 година, кога по првите демократски избори беше ...

Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција е ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица, според медиумите од Солун, кои пишуваат дека туристите се соочуваат со непријатности и задржувања поради биометриските контроли. Чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и повеќе од пет часа, предизвикувајќи „големи непријатности и ...

Ципрас се врати на грчката политичка сцена со новата формација „Грчка левичарска алијанса“ и, според најновата анкета на Alco за Flash што ја пренесува „Катимерини“, веднаш се искачи на второто место, зад владејачката Нова демократија, а пред ПАСОК и новото движење на Марија Каристијану. Анкетата покажува дека грчката опозиција влегува во целосно нов распоред. Нова демократија останува прва со 23,5 проценти, но партијата на Алексис Ципрас ...

Лажна тревога за присуство на сомнителна експлозивна направа денеска претпладне ги ангажираше полициските сили во областа на улицата „Елбасан“ во Тирана, во близина на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Сепак, тревогата за бомба се покажала како неоснована. Веднаш по пријавата, на местото пристигнале бројни полициски екипи, кои утврдиле дека станува збор за пластична кофа со грав оставена на улица, која не претставувала никаква ...

Европската федерација на новинари, нејзините членови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија изразуваат сериозна загриженост за моменталната неизвесност со која се соочува ANN media, по потврдувањето на договорот. „Свесни сме дека секоја медиумска компанија може да доживее промени во структурата на Влањиќ и дека промената на сопственоста не мора да значи закана за уредувачката независност. Сепак, во овој случај нашата ...

Третиот Регионален состанок на засегнатите страни на FSC® се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина од 20 до 22. мај 2026 година, настан важен за подигнување на стандардите во шумарскиот сектор и поттикнување на одржливоста на добавувачките ланци во земјите од регионот Адриа Балкан. Повеќе од 40 експерти за шумарство, истакнати членови од академската фела, претставници на институции и невладини организации, како и други професионалци, се ...

Европа моментално се соочува со драматичен временски пресврт кој се шири низ целиот континент, а главниот виновник е вистинско термодинамичко чудовиште во форма на моќен суптропски гребен кој доаѓа директно од Африка. Како што објави „Severe Weather Europe“ (SWE), овој атмосферски феномен создаде моќна топлинска купола која се „паркира“ над западна и централна Европа, и додека необичниот термодинамички бран испраќа јадро од екстремна топлина ...

Бугарскиот премиер Румен Радев предупреди на сериозни економски проблеми со кои ќе се соочи земјата во наредниот период, откривајќи дека Европската комисија следната недела ќе покрене постапка за прекумерен дефицит против Бугарија. Како што пренесува бугарскиот портал Еуз.бг, Радев пред почетокот на владината седница изјавил дека дефицитот на Бугарија е над дозволените 3 проценти, поради што земјата ќе биде ставена под редовен мониторинг и ...

Меѓународната инвестициска групација „Алпак Капитал“ постигна договор со „Јунајтед Груп“ за купување на „Адрија њуз нетворк“ (АНН), што ги обединува медиумите Н1, „Нова С“, „Вијести“ и „Данас“. Како што објави порталот Н1, „Алпак Капитал“ е избран поради понудата што гарантира „зачувување на уредувачката независност и постојниот модел на управување“. „АНН“ претставува важен додаток на нашето медиумско портфолио во кое ќе продолжиме да ...

Добивај вести на Viber Еден постар маж од Сињ се качил во такси на главната железничка станица во Загреб и побарал превоз до аеродромот Фрањо Туѓман. Патувањето е долго околу 14 километри. На крајот платил 320 евра. На сметката, објавена од Индекс, е наведена компанијата Andreicar2021 j.d.o.o. и името на операторот, Матео Кљајиќ, кој е и сопственик на компанијата. Сведок кој разговарал со патникот рекол дека човекот бил видливо потресен по ...

Добивај вести на Viber Бик упаднал во фризерски салон во Истанбул, а луѓето од персоналот бегале за да си го спасат животот, објави NEXTA.TV. Надзорните камери го снимиле инцидентот со бикот кој провалил во дуќан во истанбулската населба Султанбејли на 27 мај. Животното го скршило излогот на салонот и ги принудило присутните да избегаат на безбедно место. фото принтскрин In Turkey, a bull that was about to be sacrificed for Eid al-Adha ...

Најмалку 610 странски државјани, кои се наоѓале во мали чамци, биле спасувани вчера во десет различни операции за пребарување и спасување, спроведени во морската зона јужно од Крит и Гавдос, објави „Прототема“. Според грчката крајбрежна служба, операциите ги координира Заедничкиот центар за координација на пребарување и спасување, додека во нив учествувале пловила на крајбрежната служба, воздушни средства и пловило на ФРОНТЕКС, а во некои ...

Прашањето кој го штител Веселин Милиќ и зошто нема целосен јавен извештај за работата на полицијата повторно се отвори во Србија, откако претседателот на Народниот покрет Србије (НПС), Мирослав Алексиќ, на 29 мај во јавни настапи упати критики за транспарентноста на безбедносните институции и побара објаснување за нивното постапување во случаи кои, според него, остануваат без јасна институционална разрешница и јавна контрола. Според ...

Британските власти покренаа сериозно обвинение против грчки државјанин осомничен за помагање на странска разузнавачка служба, за која се верува дека е поврзана со Иран, во активности насочени кон новинар на телевизијата Iran International. Според информациите што ги објави британската полиција, станува збор за 46-годишниот Јоанис Аидинидис, кој живеел во Munich. Тој бил уапсен на 16 мај, а против него е поднесено обвинение според британскиот ...

Грчки државјанин е обвинет во Велика Британија за помагање на странска разузнавачка служба, за која се верува дека е иранска, во активности насочени кон новинари за телевизиската станица „Иран Интернешнл“ со седиште во Лондон, објави „Ројтерс“. Полицијата за борба против тероризмот го идентификуваше како Јоанис Ајдинидис, 46, жител на Минхен. Тој беше уапсен на 16 мај и обвинет според Законот за национална безбедност на Велика Британија. Се ...

Второто основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен предлог против А. С. (37) поради кривично дело насилство во семејството, извршено на штета на неговата сопруга и малолетните деца. По спроведената истрага, обвинителството побара од Вториот основен суд максимална единствена казна затвор во траење од 10 години. Обвинетиот А. С. се товари за повеќе тешки форми на кривичното дело насилство во семејството според Кривичниот ...

Хрватска забрани енергетски пијалаци за помлади од 18 години, откако Хрватскиот сабор ги изгласа измените на Законот за трговија со кои малолетниците повеќе нема да можат да купуваат вакви пијалаци во малопродажба, а трговците ќе мора да побараат доказ за возраст кога ќе проценат дека купувачот е малолетен. Со новите измени, енергетските пијалаци влегуваат во истата заштитна логика како алкохолните пијалаци кога станува збор за продажба на ...

Компанијата „Адриа њуз“ која ги поседува медиумите српските критички медиуми Н1, Нва, Данас, Радар, била продадена на инвестициската група „Алпак Капитал“ која има мнозинско сопствеништво на медиумската мрежа „Еуроњуз“, а се поврзува со поранешниот унгарски премиер Викот Орбан, јавуваат српските медиуми. „Еуроњуз“ во Србија има репутација на медиум кој е наклонет кон актуелната влада, а во февруари оваа година, „Јунајтед груп“ ги обедини ...

Грчките власти најавија нови мерки за забрзување на контролите и намалување на чекањата на граничните премини Евзони и Кипи, по воведувањето на новиот европски систем ЕЕС. Одлуката била донесена на работна средба во Солун, свикана од заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Констандинос Гулекас, на која присуствувале претставници на институции, безбедносните служби и локалните власти. Според Гулекас, приливот на туристи и трговски ...

Утрово избувна пожар на брод во сплитскиот залив Балуни. Бродот бил долг околу десет метри и се наоѓал на сув док, објавува „Далмација Данас“ . Според првичните информации, пожарот го забележале соседите кои веднаш ги повикале пожарникарите. Причината за пожарот засега не е позната. Веднаш по пријавата на местото на настанот биле испратени значителни противпожарни сили. „Благодарение на нивната брза и ефикасна акција, пожарот беше успешно ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54