Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
112 во Грција може да биде најважната порака што ќе ја добиете на телефонот додека сте на одмор. Ако на екранот се појави предупредување придружено со силен, карактеристичен аларм, не го исклучувајте автоматски и не претпоставувајте дека станува збор само за општо известување. Прочитајте ја целата порака и следете ја конкретната инструкција што ја испраќаат грчките власти, особено ако се бара евакуација од подрачјето во кое се наоѓате. ...
Атина, 14 август 2026 (МИА) – Едрилица од типот катамаран со десет патници што пловела под турско знаме почнала да тоне во морскиот дел кај малиот ненаселен остров Флевес во близина на Атина, а крајбрежната служба на Грција спровела акција во која биле спасени десеттемина и безбедно пренесени на копно, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, на местото каде што делумно потонал катамаранот се ...
Седумгодишната Патриција, која ја преживеа тешката сообраќајна несреќа на Халкидики во Грција на 15 јули, конечно се опоравува и заминува дома во Молдавија. Во несреќата ги загуби своите родители и шестмесечниот брат. Мајката и бебето загинаа на местото на несреќата, додека таткото им подлегна на повредите подоцна истата вечер во болница. Патриција повеќе од еден месец се лекуваше во болница во Солун. По несреќата најпрво беше згрижена во ...
Турската опозициска „Нова партија“, основана пред помалку од еден месец, има предност од 7,9 процентни поени пред владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, покажуваат резултатите од новото истражување на турската агенција „Метропол“, што го пренесува „Туркиш минит“. Според истражувањето спроведено кон крајот на јули на примерот од повеќе од 1.200 испитаници, доколку парламентарните избори ...
Женско тело е пронајдено денес во областа Станиќи во близина на Омиш, а хрватските медиуми јавуваат дека станува збор за 34-годишната Драгана Антешевиќ, државјанка на Босна и Херцеговина која исчезна во четврток додека бегаше од пожар што го зафати подрачјето, објавува „Кликс“. Официјална потврда на идентитетот се очекува дури по обдукција и ДНК анализа, но хрватските медиуми пишуваат, повикувајќи се на извор близок до истрагата, дека засега ...
Во петокот вечерта, пожар избувна на отворена површина над градот Брбињ на Дуги Оток, според информации од началникот на противпожарната служба на округот Задар, Матеј Рудиќ. Пожарникарите од противпожарната служба на Сали почнаа да го гасат пожарот, а 15 возила беа испратени од Задар до Дуги Оток со траект. Повеќето од нив се пожарникари кои го гаснеа пожарот во Нински Станови во попладневните часови, рече Матеј Рудиќ. Станува збор за пожар ...
Грчките медиуми објавија видео од инцидентот на кое се гледа како возачи од Србија се судираат со работник во комунални возила во Ситонија. Како што може да се види на видеото, мажи од Србија му го блокирале патот на возачот на камион за ѓубре, а потоа го нападнале. Сè, како што раскажува жртвата за ТВ АЛФУ, започнало со вербален конфликт. Тројцата возачи наводно влегле во спротивна насока и им било кажано од возачот на камионот за ѓубре да ...
Тригодишно девојче во турската покраина Дијарбакир се зарази со беснило откако беше изгребано од мачка скитник, објавија денес локалните власти. „Тригодишно девојче беше изгребано од мачка скитник во областа Сур пред четири месеци. Девојчето беше хоспитализирано на 10 август поради влошување на здравствената состојба, а на 13 август беше добиен позитивен резултат од тестот за беснило“, се вели во соопштението на властите. Властите започнаа ...
Голем пожар денес ја зафати вилата на Тито во Бугојно, која е во урнатини, а според снимките објавени од сараевските медиуми, голем облак од црн чад се издига над вилата. Вилата на Тито на ридот Горица над Бугојно била една од неговите најлуксузни резиденции. Вилата е изградена кон крајот на 1960-тите како станбен планински објект обложен со дрво и камен, во целосна хармонија со природата. Се користела за одмор, но и за дипломатија, а Тито ...
Состојбата на пожарните места е стабилна, сите пожари се под контрола од страна на пожарникарите: и оној на Пељешац и кај Трогир, а пожарот што избувна попладнето во областа Нински Станови кај Задар е исто така ставен под контрола, изјави во петокот вечерта главниот противпожарен началник Славко Туцаковиќ. Пожарот кај Задар треба да биде локализиран во вечерните часови, а што се однесува до пожарот во Омиш, повеќе нема отворен оган и има ...
Анкета спроведена во Турција на почетокот на јули покажала дека сè уште непостоечката нова политичка опција, предводена од сменетиот лидер на опозициската ЦХП, Озгур Озел, би добила 35,6 отсто од гласовите, наспроти 27,8 отсто за владејачката АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Разликата е 7,8 процентни поени, пренесува „Созџу“. Истражувањето на агенцијата „Равест“, спроведено со поддршка на фондацијата „Фридрих Еберт“, било спроведено ...
Утрото по катастрофалниот пожар што го зафати подрачјето околу Омиш и Сплит откри сцени на пустош – изгорени автомобили, уништени куќи, опожарени бродови и огромна материјална штета. Во огнената стихија загина едно лице, а 42 лица се повредени. Осуммина од нив се во критична состојба и се борат за живот на респиратор. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Сплитската полиција го пронашла телото на ...
Летовите од аеродромот во Катанија на Сицилија ќе бидат прекинати до сабота попладне поради вулканскиот пепел предизвикан од активноста на Етна. Поради тоа, во текот на претходната недела беа откажани или пренасочени стотици летови, соопшти операторот на аеродромот SAC. Според претходната одлука, летовите од аеродромот во Катанија требаше да бидат прекинати до петок во 2 часот наутро. Сите пристигнувања и заминувања на овој аеродром, кој е ...
И покрај тоа што силниот ветер постојано го менува правецот и отвора нови жаришта, спасувачките екипи во Црна Гора досега успеале да одбранат стотици загрозени објекти. Пожарот, кој во текот на ноќта се проширил од подрачјето над Бијела и Баошиќи кон Зеленика и Каменари, од утрово дополнително го гаснат два противпожарни авиона и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Црна Гора. „Се позициониравме на сите клучни ...
Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш во текот на ноќта и зафати области над самиот град, достигнувајќи блиску до центарот на градот. Пожарот загрози бројни куќи и згради, некои жители и туристи се евакуирани, а беше причинета и голема материјална штета, изгореа автомобили и објекти. Во текот на ноќта, 43 лица побарале медицинска помош, 14 се задржани во болница, а осум се во живото-загрозувачка состојба, ...
Насилството што се случи ноќта помеѓу 14 и 15 август минатата година во српскиот град Ваљево засекогаш ќе биде запаметено во хрониките на тој град. Студентите во блокада на високообразовните институции вечерва одржуваат протест во Ваљево, по повод годишнината од полициската бруталност врз граѓаните, за да се сетат на повредените таа ноќ и повторно да прашаат кој ќе биде одговорен за она што се случи пред една година, пишува Н1. Građani se ...
Хрватскиот град Дубровник денеска објави јавен повик за мерката „30×45“, со која ќе се доделат 30 неповратни грантови од по 45.000 евра на млади луѓе и млади семејства за купување, изградба, проширување или надградба на станбена зграда, објави Индекс. Претходната мерка, со финансиска поддршка од 30.000 евра по корисник, годинава беше зголемена на 45.000 евра. Градот Дубровник потсетува дека зголемувањето е овозможено со промена на даночниот ...
Хрватска продолжува да се бори со серија големи пожари. Додека пожарникарите сè уште ја контролираат состојбата на подрачјето на Омиш, каде огнот во текот на ноќта предизвика огромна материјална штета, попладнево избувнаа два пожари и во поширокото подрачје на Задар – кај Нински Станови и во градската населба Били Бриг. Првиот поголем пожар е регистриран кај Нински Станови, каде хрватскиот главен противпожарен командант Славко Туцаковиќ ...
Женско тело е пронајдено денес на местото на пожарот во близина на Омиш, додека пожарникарите истовремено се борат со нов пожар што се приближува до домовите. Телото пронајдено денес на местото на пожарот во Омиш е на жена, објави полицијата. Нов пожар избувна во областа Омиш, овој пат во кањонот Цетина, во областа на селото Рогошиќи – Мимичиќ, пишува „Слободна Далмација“. Пожарот го зафати планинскиот предел Имбер, а пожарот во моментов се ...
Хрватската Горска служба за спасување (HGSS) започна потрага по странска државјанка која исчезнала на подрачјето на Омиш за време на големиот пожар. На терен се околу 20 припадници на HGSS од Сплит, кои обезбедуваат логистичка поддршка на Штабот за цивилна заштита и на останатите служби. Потрагата е насочена кон подрачјето околу возилото од кое жената се оддалечила пред да исчезне. Полицијата потврди дека станува збор за 34-годишната Драгана ...
Неексплодираната бомба што била пронајдена во двор на семејна куќа на Бежаниска Коса во Белград наводно прво ја забележало кучето на семејството. Според изјава на роднина на сопствениците, кучето го пронашло сомнителниот предмет во дворот, го зело во уста и почнало да го носи. Кога членовите на семејството сфатиле за што станува збор, веднаш го одвоиле кучето од направата и ја повикале полицијата. Бомбата не експлодирала, а на местото ...
Европската Унија го уценува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, принудувајќи го да се приклучи кон одлуките на ЕУ во врска со Русија, но тој веќе со години храбро му одолева на тој притисок, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. „Во оваа фаза Европската Унија го малтретира, едноставно го уценува. Тој веќе повеќе од една година храбро му одолева на тој притисок“, рече Лавров во интервју за „Вести“. Од нашата ...
Борово дрво падна врз туристи на плажата Балустрада во Цриквеница, Хрватска, јавува „Вечерњи лист“. Повредени се две деца и две возрасни лица. Според информациите од надлежните служби, ниту едно од повредените лица не е животно загрозено, а тие се пренесени во Клиничкиот болнички центар Риека. Уште неколку лица со полесни повреди биле згрижени на местото на настанот. Од Полицијата на Приморско-горанската жупанија потврдиле дека пријавата за ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес го посети местото на пожарот во Омиш и изрази почит кон сите оние кои се бореа против пожарот, нагласувајќи дека е оштетен имот, но дека животите на луѓето се најважни. „Ужасен настан, природен, а можеби не само природен – тоа не го знаеме. Изразувам почит и благодарност до сите оние кои се бореа против пожарот, тоа се првенствено пожарникари, но тие не се единствените – тоа се сите оние кои беа ...
Освен силните ветрови, главните причини за ширењето на катастрофалниот пожар во Омиш се и човечката глупост и невнимание, што го потврдува и снимка што се појави на социјалните мрежи! Имено, на пат полн со автомобили и мотоцикли, се гледа возило целосно зафатено од пламен. Додека другите возачи му свират да застане, искри од пожарот на неговиот автомобил летаат наоколу, зголемувајќи го ризикот од ширење на пожарот. Au brate, tragikomedija… ...
Важноста на слободата на пловидба и безбедноста на поморскиот сообраќај, ја истакнал шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со министерот за надворешни работи на Иран Сејед Абас Арагчи, информираат на Икс од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Арагачи го информирал Герапетритис за регионалните случувања, особено за тековните разговори меѓу Иран и Оман во однос на Ормуската Теснина, а според ...
Хрватската полиција денес околу 13:30 часот пронајде тело на лице додека вршеше увид во изгорената површина, соопшти Сплитско-далматинската полиција. На местото на настанот ќе се спроведе увид на лице место, предводен од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата. Засега не се објавени информации за идентитетот на починатиот или околностите на неговата смрт. Повеќе детали треба да бидат познати по увидот на лице место. Хрватската ...
Големи пожари зафатија повеќе подрачја во Црна Гора, а најкритична е состојбата во околината на Херцег Нови, особено над Бијела и Баошиќи. Пожарот се проширил од ридот над Жагера и се приближил до куќи и црква. Поради опасноста, превентивно биле евакуирани околу 30 жители. Во овие населени места повремено има прекини на струја и вода поради исклучен далековод, јавува Vreme.com. Во гаснењето на пожарите се вклучени пожарникари, војска, ...
Околу 200 луѓе, меѓу кои и деца, во текот на ноќта биле спасени од морето кај Омиш, Хрватска, откако голем шумски пожар се проширил во крајбрежниот појас и ги натерал луѓето да бараат засолниште во морето и на чамци. Спасувачката акција била започната откако надлежните добиле информации дека голем број луѓе се наоѓаат во морето, како и на пловни објекти без надзор, обидувајќи се да се заштитат од огнената стихија. Операцијата започнала околу ...
Хрватска повторно се соочува со сериозни пожари, а ново огнено жариште избувна на подрачјето на Тролокве, над Трогир. Снимки од пожарот беа објавени и на страницата на хрватските пожарникари. Информацијата ја потврдил главниот пожарникарски командир, Славко Туцаковиќ, по што еден „ер трактор“ бил пренасочен од подрачјето на Омиш кон Трогир за да помогне во гаснењето. Во меѓувреме, состојбата кај Локва Рогозница е нешто поповолна и засега нема ...