Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. -Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент ...
Долгонајавуваната европска дозвола за патување за граѓаните на земјите без виза повторно е одложена. Засега, Европската Унија нема нов датум за почеток на системот ETIAS, па патниците се предупредени да не пополнуваат никакви барања ниту да плаќаат ништо, пишуваат српските медиуми. Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ETIAS) требаше да биде воведен на крајот од оваа година, па затоа е одложен за следната година, а ...
Командирот на Службата за заштита и спасување во Херцег Нови, Златко Ќировиќ, изјави дека во еден момент биле загрозени околу 50 куќи, но дека во моментов сите објекти се безбедни. „Примарно го ставивме акцентот на спасување на куќите и засега тоа ни поодува од рака“, истакна Ќировиќ за Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ). Пожарникарите, ловците и граѓаните ги бранат домовите Ќировиќ наведе дека покрај противпожарните екипи од Херцег Нови, во ...
Вознемирувачки случај бил регистриран во хрватскиот град Пореч, каде што брачен пар од Босна и Херцеговина е осомничен дека го оставил своето малолетно дете само во паркиран автомобил додека тие заминале во трговски центар. Според информациите од Полициската управа на Истра, станува збор за 39-годишен маж и 31-годишна жена, двајцата државјани на Босна и Херцеговина. Тие, според пријавата, го оставиле детето во заклучен автомобил со затворени ...
Албанија е рангирана на првото место во светот на National Cyber Security Index (NCSI), со резултат од 98,33 поени, со што се позиционира на врвот на глобалната ранг-листа според нивото на развој на националните капацитети во областа на сајбер-безбедноста. Ова рангирање претставува значителен и континуиран напредок на Албанија на меѓународната сцена: од 54-то место во 2023 година, на 15-то место во 2025 година, а сега на првото место во ...
Заклучно со вчерашниот ден, 110 лица се заразени со вирусот Западен Нил во Грција, а девет лица починале, а најголем број случаи се регистрирани во Атика, објави денес Грчката Национална организација за јавно здравје (ЕОДИ). Од вкупниот број случаи, 81 лице развило заболување на централниот нервен систем (менингитис или енцефалитис), а 45 нови случаи се пријавени само во последните седум дена. Вирусот е регистриран во 39 општини во 14 ...
Летната сезона донесе непријатно предупредување за туристите и локалните жители на словенечкиот брег. Две популарни плажи во Изола се затворени откако анализите на морската вода покажале сериозно загадување и присуство на бактерии во концентрации значително над дозволените граници. Станува збор за плажите „Светионик“ и „Делфин“, каде што надлежните служби издале препорака граѓаните и туристите да не влегуваат во вода додека не се потврди дека ...
Албанското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека во земјата и натаму се активни девет жаришта на шумски пожари, при што пожари се регистрирани во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и во Ѓирокастро, пренесува „Албанијан дејли њуз“. Според Министерството, околу 450 припадници на службите моментално се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарите и во справувањето со активните жаришта. Најголем број сили се распоредени во областа ...
Телото на Португалецот кој исчезна заедно со уште тројца, ноќта кон средата, беше пронајдено утрово. Потрагата по четвртиот сè уште е во тек, а двајца се пронајдени живи. Двајца португалски државјани беа пронајдени живи вчера по повеќечасовно пребарување во Велебитскиот канал, додека интензивната потрага продолжи по преостанатите двајца од групата од четири члена. Групата исчезна во среда навечер откако испловила со мал гумен чамец од камп ...
Пожарите повторно се шират низ Балканот. Голем пожар вчеравечер беснееше во близина на Тирана, огнен фронт над Херцег Нови се приближи до населени места и остави дел од црногорското крајбрежје без струја, а Грција за четврток, 13 август, активира „Red Code“ поради многу висок ризик од нови пожари во голем број региони. Најдраматични снимки синноќа доаѓаа од околината на Тирана. Пожарот кај селото Дајас се проширил на голема површина, ...
Атина, 12 август 2026 (МИА) – Појавата на случаи на вирусот Западен Нил, во комбинација со ризиците што ги носат климатските промени, нè доведоа до одлуката за 30 отсто да ги зголемиме насочените активности против комарците, додавајќи нови прскања од копно и воздух, посочи префектот на грчката област Атика Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. Според последните официјални податоци од Националната организација за јавно здравје на ...
Во Белград денеска се случил сериозен инцидент, откако возач на автобус наводно не му запрел на еден човек на постојка. Револтиран, тој откорнал гранка од дрво и со неа почнал да удира по друг автобус. Фејсбук-страницата „Мој Београд“ објави снимка од инцидентот, на која се гледа како најмалку петмина полицајци го опколуваат насилникот во обид да го совладаат. Според информациите, човекот во раката држел скршена чаша, со која расекол еден од ...
Пожар, кој избувна доцна попладнево, во селото Диа кај Тирана, се прошири на голема површина. -Пламените јазици, потпомогнати од ветерот, се шират брзо, додека чадот ја покрива целата област. Пожарникарите продолжуваат да се борат со пламените јазици, кои се со големи размери. Во опасност биле и две противпожарни возила и неколку пожарникари, кои брзо се повлекле, објавија локалните медиуми. Во гаснењето се вклучени пожарникари, полициски и ...
Бугарскиот митрополит на САД, Канада и Австралија Јосиф, кој беше пријавен за исчезнат во Њујорк, е пронајден жив и во добра општа здравствена состојба во болница на Менхетн во Њујорк, пренесе „Ортодокс тајмс“. 83-годишниот архијереј, кој е на чело на бугарската црква во прекуокеанските земји 40 години, бил примен во болницата откако се повредил во сообраќајна несреќа во петокот, на 7 август. Митрополитот Јосиф последен пат бил виден околу ...
Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди на три мерни станици. Нови рекордни вредности се измерени во Сплит, Дубровник и Сенј, а на јадранскиот брег температурите денеска се искачија до речиси 40 Целзиусови степени. На метеоролошката станица Сплит-Марјан во 14 часот биле измерени 39,7 степени. Со тоа е надминат досегашниот рекорд на оваа станица од 39,5 степени, поставен на 30 јуни годинава, покажуваат официјалните податоци ...
Потрагата по двајцата мажи кои исчезнаа во морето продолжува, а спасувачките служби веруваат дека ќе ги пронајдат живи. Претходно биле пронајдени две лица, додека по преостанатите двајца интензивно се трага. Координаторот за спасување Мирко Рашиќ од Националната централа за координација на потрагата и спасувањето на море, за централниот дневник на ХТВ изјави дека веруваат оти исчезнатите се живи. Одлуката дали потрагата ќе продолжи во текот ...
Во каналот Велебит се продолжува потрагата по двајца португалски државјани, откако група од четири млади лица исчезнаа во бура рано наутро во среда, јавуваат хрватските медиуми. Две од нив се пронајдени и добиваат медицинска помош. Тие беа пријавени како исчезнати во 4:40 часот наутро, откако беа зафатени од бура во близина на Сењ во гумен чамец долг околу еден и пол метар. Празниот чамец подоцна беше пронајден покрај брегот на островот Крк. ...
По итниот апел и повеќечасовната потрага на 12 август, локалните медиуми во Албанија потврдија дека детето е пронајдено неповредено на територијата на одморалиштето и е предадено на родителите. Момчето исчезнало претходно истиот ден за време на семејниот одмор во туристичкото место Голем, во близина на Алто Маре. Во потрагата се вклучиле полицијата, посетителите на плажата и локалните жители. — реклама — — реклама — Мајката на детето, Сања, ...
Рашко-призренската епархија на Српската православна црква (СПЦ) најостро го осуди инцидентот во Липљан, Косово, каде што, според соопштението, двајца Албанци поставиле знамиња на ОВК и на Република Албанија на оградата на црковниот двор во кој се наоѓаат два православни храма, пренесува „НИН“. Станува збор за средновековниот храм „Воведение на Пресвета Богородица“ од XIV век и храмот посветен на светите маченици Флор и Лавр. Според ...
„Српската црква е една и иста. Таа е иста и во „во Мркоњиќ-град, Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт, Мелбурн и на секое друго место во светот“ – изјавил српскиот претседател Александар Вучиќ од Мркоњиќ Град во Босна и Херцеговина, каде минатата недела се одржа комеморативен собир за сеќавањето на жртвите во хрватската акција „Олуја“. Оваа изјава на Вучиќ беше дадена во контекст на тоа дека во Српската црквата постоеле „полицентрични идеи“, ...
Две лица од групата од четворица португалски државјани кои исчезнаа во Вeleбитскиот канал кај Сењ во Хрватска се пронајдени живи. По нивното исчезнување, спасувачките служби започнаа голема потрага, која ја отежнува силната бура со бранови високи до три метри. Четворицата Португалци, лица во триесеттите години, во текот на ноќта со мал гумен чамец се оддалечиле од камп северно од Сењ, по што ги зафатило невремето. Подоцна чамецот бил ...
Областа Атика, поширокиот регион на Атина, Халкидики, делови од централна Грција и Пелопонез, западна Грција, регионалните единици Кавала и Еврос, островите Тасос и Евија, како и дел од островите во Јонското и Егејското Море, вклучително и Кикладите, се меѓу подрачјата во Грција за кои е активиран црвениот аларм за утре, односно се ставени во состојба на мобилизација (Red Code) поради зголемена опасност од пожари, јави дописничката на МИА од ...
Голем пожар избувна на непристапен терен над Жагер во близина на Херцег Нови, каде што гори ниска вегетација, а силните ветрови дополнително го разгоруваат пожарот и ја отежнуваат интервенцијата, објави денес Радио-телевизијата на Црна Гора. Тие додаваат дека Бијела и Баошиќи моментално се без електрична енергија, а две противпожарни екипи се на терен. Пожарот се шири низ подрачјето каде што минува далноводот, додека куќи и црква се во ...
Националниот центар за координација на поморско пребарување и спасување во Риека (MRCC Риека) утрово извести дека е во тек координирана операција за пребарување и спасување на четворица португалски државјани кои исчезнаа синоќа за време на силна бура во Велебитскиот канал. Во 13 часот беше објавено дека една Португалка е пронајдена жива, а помалку од еден час подоцна, еден Португалец е пронајден жив. Се бараат уште двајца мажи. Тие се во ...
Црногорската полиција уапси девет странски државјани во Подгорица по полициско обвинителска акција поврзана со сомнежи за недозволено вршење економски активности и незаконски престој. Во претресите биле пронајдени повеќе од 50.000 евра во готовина, над 100 компјутери и други уреди, 82 телефони, дрон и повеќе од 200 СИМ картички. Акцијата била спроведена откако полицијата и Државното обвинителство започнале проверки на повеќе од 50 странски ...
Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈО) денеска поднесе обвинение против Живорад Ч. (35) поради сомнение дека се занимавал со трговија со луѓе, како и против Ворих И.В. (31) поради соучесништво. Како што се наведува во соопштението на ВЈО, обвинетиот Живорад Ч. се товари дека од мај до ноември 2025 година, со злоупотреба на довербата и тешките животни околности, вербувал оштетена за вршење дејности на проституција и сексуална ...
Од саботата до вчера, 59-годишен маж во солунското предградие Синдос намерно предизвикал шест пожари и е уапсен и изведен пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од противпожарната служба на Грција, од Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари во рамките на нивната истрага го уапсиле 59-горишниот Грк, кој се товари за намерно и повторено подметнување пожари. Истрагата ...
Во куќа во Мареза, предградие на Подгорица, црногорската полиција откри повеќе од 50 странски државјани за кои, како што пренесуваат неофицијално медиумите, постои сомнеж дека се хакери кои земале пари од сметки на руски граѓани. Според полицијата на Црна Гора, во рамките на операцијата во куќата биле пронајдени стотици дигитални уреди, софистицирана опрема и голема количина пари. Повеќето од луѓето престојувале и работеле во Црна Гора со ...
Четиринаесет организации на граѓанското општество во Косово се обратија до Уставниот суд на Косово со барање да преземе мерки во врска со спроведувањето на одлуката со која е утврден рокот за конституирање на косовското Собрание. Барањето на организациите доаѓа во момент кога Косово и натаму нема конституирано Собрание, повеќе од два месеца по предвремените парламентарни избори одржани на 7 јуни. Организациите, предводени од АВОНЕТ, бараат од ...
Приштина бара од Европската Унија да изврши притисок врз Белград за да овозможи користење на прекуграничните капацитети за трговија со електрична енергија меѓу Србија и Косово. Косовските власти тврдат дека блокадата ги принудува да увезуваат струја по подолги и поскапи рути и дополнително ја оптоварува земјата во период на енергетска криза. Не станува збор за физичко „исклучување“ на струјата кон Косово. Српското Министерство за енергетика ...