Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈО) денеска поднесе обвинение против Живорад Ч. (35) поради сомнение дека се занимавал со трговија со луѓе, како и против Ворих И.В. (31) поради соучесништво. Како што се наведува во соопштението на ВЈО, обвинетиот Живорад Ч. се товари дека од мај до ноември 2025 година, со злоупотреба на довербата и тешките животни околности, вербувал оштетена за вршење дејности на проституција и сексуална ...
Од саботата до вчера, 59-годишен маж во солунското предградие Синдос намерно предизвикал шест пожари и е уапсен и изведен пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од противпожарната служба на Грција, од Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари во рамките на нивната истрага го уапсиле 59-горишниот Грк, кој се товари за намерно и повторено подметнување пожари. Истрагата ...
Во куќа во Мареза, предградие на Подгорица, црногорската полиција откри повеќе од 50 странски државјани за кои, како што пренесуваат неофицијално медиумите, постои сомнеж дека се хакери кои земале пари од сметки на руски граѓани. Според полицијата на Црна Гора, во рамките на операцијата во куќата биле пронајдени стотици дигитални уреди, софистицирана опрема и голема количина пари. Повеќето од луѓето престојувале и работеле во Црна Гора со ...
Четиринаесет организации на граѓанското општество во Косово се обратија до Уставниот суд на Косово со барање да преземе мерки во врска со спроведувањето на одлуката со која е утврден рокот за конституирање на косовското Собрание. Барањето на организациите доаѓа во момент кога Косово и натаму нема конституирано Собрание, повеќе од два месеца по предвремените парламентарни избори одржани на 7 јуни. Организациите, предводени од АВОНЕТ, бараат од ...
Приштина бара од Европската Унија да изврши притисок врз Белград за да овозможи користење на прекуграничните капацитети за трговија со електрична енергија меѓу Србија и Косово. Косовските власти тврдат дека блокадата ги принудува да увезуваат струја по подолги и поскапи рути и дополнително ја оптоварува земјата во период на енергетска криза. Не станува збор за физичко „исклучување“ на струјата кон Косово. Српското Министерство за енергетика ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, продолжи да ја коментира расправата меѓу претставниците на оваа земја и Србија за контроверзниот проект за пренасочување на реката Ибар, со кој жителите на Косово би останале без ова значајно водоснабдување. Во новиот коментар на социјалната мрежа „X“, Рама се осврна на негативните коментари кои ги доби како од Белград, така и од Приштина. Од нашата мрежа Кинеските електрични автомобили бележат рекордна ...
Драма во понеделникот се одиграла на лет од Базел кон Тузла. Започнала откако една патничка наводно запалила цигара, по што се активирал безбедносниот аларм и авионот бил пренасочен кон Будимпешта, пренесува „Дневни аваз“. Според сведоштвото на една од патничките, инцидентот се случил додека авионот летал над Загреб. По активирањето на алармот, екипажот донел одлука авионот да слета во Будимпешта. По слетувањето, во авионот влегле ...
Националниот центар за координација на поморско пребарување и спасување во Риека (MRCC Rijeka) утрово извести дека е во тек координирана операција за пребарување и спасување на четири млади португалски државјани кои исчезнаа синоќа за време на силна бура во каналот Велебит. Во 13 часот беше објавено дека млада Португалка е пронајдена жива. Поради исклучително лошите временски услови на море, со силни налети на бранови високи до три метри, ...
Дрон со експлозив навлезе во бугарскиот воздушен простор од правец на Романија и експлодира само стотина метри по преминувањето на границата, без претходно да биде откриен ниту од бугарските ниту од романските радари. Инцидентот кај Кардам, во близина на Трансбалканскиот гасовод, ги отвори прашањата за способноста на Бугарија да открива мали беспилотни летала што летаат на мала височина. Експлозијата се случила на 8 август во поле со ...
Во Велебитскиот канал во Хрватска е во тек координирана акција за потрага и спасување на четворица помлади државјани на Португалија, кои исчезнале откако во текот на ноќта, и покрај силното невреме, со мал гумен чамец тргнале на рекреативно веслање. Националниот центар за координација на потрага и спасување на море (MRCC Риека) ја добил пријавата за исчезнувањето на 12 август во 4:41 часот од познаничка на исчезнатите. Според нејзините ...
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад, со ефикасна оперативна работа, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, го уапсија А. М. (2007) од Бачка Паланка, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на опиоидни дроги. Со преглед на осомничениот и претрес на хотелската соба во Нови Сад што ја користел, полицијата пронашла околу 1.430 грама ...
Голема спасувачка операција е во тек во хрватскиот дел од Јадранското Море, откако четворица млади португалски државјани исчезнале во текот на силна бура во Велебитскиот канал. Националниот центар за координација на поморско пребарување и спасување во Риека (MRCC Rijeka) веднаш започнал координирана акција откако било пријавено дека на четворицата млади лица им се губи секаква трага. Исчезнувањето било пријавено околу 4 часот наутро од нивна ...
Девет дојави за бомби преку и-мејл беа примени утрово во разни институции и градинка во Софија, јави Бугарското национално радио. Во пораките пишува за закани за експлозии. Една од примените закани се однесува на Националната канцеларија за ревизија. Утрово беше примена закана за бомба во зградата на Нова Бродадинг Груп. Компанијата веднаш ја активираше стандардната постапка за справување со вакви ситуации, без да го прекине телевизиското и ...
„Брутален злочин, монструозен, не припаѓа на однесувањето во 21 век, а странците молчат“, порача Брнабиќ згрозена од претепувањето на Србинот на КиМ за „Курир ТВ“. „Ова е порака за сите Срби“, нагласи таа, додавајќи дека како човечко битие е згрозена од однесувањето на наводните официјални институции на „таа лажна држава“. Од нашата мрежа 📸Јокиќ отишол на фризер во Сомбор и го воодушевил со… 9 минути kontra.mk Мареска објасни зошто Халанд ...
Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивното островче бидејќи наводно им било украдено земјиште, тој ги игнорираше. Наместо да го напушти проектот, Кушнер продолжи со инвестицијата и му плати на Артур Шеху, човек кого мештаните го обвинуваат за нелегално одземање на земјиштето, 120 милиони долари. Неговиот правен тим го уверувал дека не би ...
На 11 август 1945 година бил направен историски чекор за жените во тогашна Југославија – за првпат им било уставно и законски признато правото на глас. Тоа било резултат на долгогодишната борба и активното учество на жените во општествените и политичките процеси, особено преку Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) за време на Втората светска војна. Со Сојузниот изборен закон било потврдено изедначувањето на гласачките права меѓу мажите и ...
Фото: Facebook / Blendi Gonxhja Во 2026 година, Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри, што претставува раст од над 10 проценти на годишно ниво, јави АТА, повикувајќи се на изјава на албанскиот министер за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја. Според него, во текот на тековната летна сезона, површината на јавните плажи во Албанија достигна 3,18 милиони квадратни метри, што претставува ...
Граѓаните на Сплит утрово ги изненадија полициски ленти и блокирана сообраќајница на улицата „Велебитска“, каде што можело да се забележи и оштетено бело патничко возило. Од сплитската полиција за „Слободна Далмација“ потврдија дека ноќеска, околу 00:50 часот, дошло до експлозија во внатрешноста на паркиран автомобил. Во инцидентот нема повредени лица, а според првичните информации од терен, не е предизвикана материјална штета на околните ...
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, одговарајќи на сè почестите тврдења на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека владата во Подгорица води антисрпска политика, порача дека Црна Гора сака добрососедски односи со Србија, но и јасна европска политика, која „Вучиќ не сака да ја разбере“. Спајиќ додаде дека не е соодветно Вучиќ, од позицијата што ја врши, да ја презема улогата на „ПР на Русија и на другите да им држи лекции за ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис завршил во болница откако паднал додека возел велосипед, но по укажаната медицинска помош бил пуштен дома. Несреќата се случила во понеделникот, по што Мицотакис се јавил во болничка амбуланта. При падот се здобил со повреда на раката и со неколку полесни гребнатини. По прегледот и укажаната прва помош, лекарите процениле дека нема потреба од негово задржување во болница, па грчкиот премиер ја напуштил ...
Белград, 11 август 2026 (МИА) – Во Србија во шумски пожари во периодот од 2006 до 2025 година изгореа повеќе од 51.632 хектари шума, односно над 516 квадратни километри, покажуваат најновите податоци на Републичкиот завод за статистика што ги пренесе порталот „Нова економија“. Станува збор за застрашувачка зафатена површина што е еднаква на околу 72.000 фудбалски игралишта. Податоците откриваат дека во изминатите две децении повеќе страдале ...
Белград, 11 август 2026 (МИА) – Србија си постави цел да биде целосно подготвена за приклучување кон Шенгенскиот простор до крајот на 2027 година - изјави српскиот министер за европски интеграции Немања Старовиќ во интервју за Радио Белград. – Имаме сопствен акциски план што треба да се реализира до крајот на 2027 година, за да бидеме подготвени за пристапување кон Шенген-зоната. Мислам дека тоа е следната голема тема, бидејќи сме свесни оти ...
Бања Лука, 11 август 2026 (МИА) – Изворите на вода во Босна и Херцеговина се загрозени од долготрајната суша, поради што во многу градови се воведени рестрикции во снабдувањето со вода, со повици за нејзино рационално трошење. Во Мостар и Лукавац има привремени плански прекини во испораката на вода, во Бања Лука испораката е ограничена за одделни приградски населби, а на Пале се во сила секојдневни четиричасовни рестрикции, пренесоа ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска бил примен во болница по велосипедска несреќа. Според локалните медиуми, Мицотакис отишол во болницата за итни случаи откако паднал од велосипед. Тој претрпел повреди на раката и мали гребнатини, објави „Катимерини“. По добивањето на прва помош, грчкиот премиер ја напуштил болницата. ИЗДВОЕНИ Македонија стиска палци за Никола Ѓуретановиќ – ќе се бори со европската елита! Возачите чекаат решение на 1 ...
Жителите на малото крајбрежно село Звернец во Албанија беа шокирани кога Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, ги откри плановите за изградба на луксузен медитерански одморалиште. Сепак, како што објавува американскиот весник „Волстрит џурнал“ (WSJ) во својата обемна истрага, зад гламурозните визуализации лежи темна приказна што вклучува обвинувања за грабеж на земјиште, меѓународен шверц со кокаин и перење пари. ...
Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, Неговото Блаженство Јоан, заедно со Папата Патријархот на Александрија и на цела Африка, Неговото Блаженство Теодор II, денеска го придружуваше Неговата Сесветост Вселенскиот патријарх Вартоломеј на патувањето кон Имброс, неговиот роден остров. Присуството на тројцата Примати во Имброс е поврзано со одбележувањето на 65-годишнината од стапувањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во ...
Полицијата во Беране, Црна Гора, запре свадбена поворка што тргна од Гусиње и им нареди да ги отстранат албанските знамиња од возилата, пренесува „Србија тајмс“. Според полицијата, причината е истакнување на симболот на странска земја во јавност, што таму е забрането. View this post on Instagram A post shared by SERBIAN TIMES & Serbian News (@serbian.times) Албански знамиња на автомобилите на свадбените поворки често се гледа и низ ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно се осврна на случајот со неговиот син Данило, на кого во минатото му бил забранет влез во Црна Гора. — реклама — „Дали знаете дека мојот син беше протеран три години, односно му беше забранет влез?“, рекол Вучиќ, пренесуваат црногорските медиуми. — реклама — Забраната за влез на Данило Вучиќ во Црна Гора била укината во ноември 2021 година, кога црногорската полиција соопштила дека мерката е ...
Нов случај на каснување од желка „карета“ е регистриран во областа на Каштела, Хрватска. Пред два дена на плажата желка каснала млад човек во долниот дел од грбот и му нанела крвава рана. Ова е веќе петти регистриран случај на каснување од 22 јули, а новиот инцидент се случил откако капачите се надевале дека животното се оддалечило од областа, јавуваат хрватските медиуми. Мајката на повредениот млад човек изјавила дека нејзиниот син не ја ...
Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид за шверц на повеќе од 375 грама златен накит, чија вредност е проценета на над 45.000 евра. Како што соопшти српската Царинска управа, случајот бил откриен на 8 август од службеници на Одделението за сузбивање шверц. При контролата биле пронајдени големо количество непријавени златни предмети и накит. Меѓу запленетите скапоцености имало три огрлици, од кои една со дукати, три ланчиња, седум ...