Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во последната недела, 47 лица се разболеле од западнонилска треска во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 157, објави Грчката Национална здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека од почетокот на годината починале 13 лица од вирусот. Најголем број случаи е регистриран во источна Атика. Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот ...
Хрватското обвинителство за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) поднесе обвинение против деветмина хрватски и еден словенечки државјанин за препродажба на 54 килограми марихуана и 2,5 килограми кокаин. Меѓу обвинетите се наоѓаат и вуковарската адвокатка Марија Ц.Б., како и Доријан СоЛдо, син на претседателката на Општинскиот суд во Вуковар, Бранка СоЛдо. Според обвинението, групата функционирала од крајот на 2024 до ...
Албанската полиција соопшти дека уапсила маж кој е осомничен за убиство на 20-годишен португалски државјанин. Злосторството се случило рано утрото во вторникот во Ксамил, на југот на Албанија, пишува „Албаниан дејли њуз“. Жртвата е идентификувана како Луис Мигел Варела Мендес. Според полицијата, конфликтот започнал во барот на плажата „Принсипотес“, наводно по расправија поврзана со девојка. Неколку келнери биле обвинети дека ја удирале ...
Пожарот кај местото Иваница во Босна и Херцеговина се приближи до хрватската граница кај Дубровник, а во гаснењето помагаат и пожарникари од Дубровник и Жупа дубровачка, изјави во четвртокот за Хина командантот на Пожарникарскиот сојуз на Дубровничко-неретванската жупанија, Стјепан Симовиќ. „Сега е добро, но цела ноќ беше тешко. Успеавме да им помогнеме да ги одбранат куќите во Иваница и сега ја следиме ватрата. Во моментов не ни се заканува, ...
Големи колони возила се забележуваат утрово на граничниот премин „Богородица“, каде што засилениот сообраќај предизвикува значително забавување на движењето. Според снимката од граничниот премин, објавена денеска околу 10:20 часот, возилата се движат во густи колони, а особено се забележува зголемен број автомобили и автобуси. Зголемениот интензитет на сообраќајот се очекува во овој период поради летната туристичка сезона и зголемениот број ...
Производ што го има во продавниците на „Лидл“ во Хрватска е повлечен од продажба откако во него било утврдено присуство на бактеријата Bacillus cereus. Станува збор за производ кој е особено популарен кај потрошувачите кои бараат храна со поголема содржина на протеини. Хрватскиот Државен инспекторат информира дека од продажба се повлекува „Milbona High Protein Pudding Chocolate“, чоколаден пудинг со висока содржина на протеини, во пакување од ...
На 4 октомври истекува шестмесечниот период во кој, според Уставот, вршителот на должноста претседател на Косово може да ја извршува таа функција. Албуљена Хаџиу, како претседател на десеттото свикување на Собранието на Косово, почна да ги извршува должностите претседател на 4 април, кога заврши петгодишниот мандат на Вјоса Османи на чело на државата. Бидејќи парламентарните партии не успеаја да постигнат консензус за следниот претседател на ...
Српското Министерство за труд, вработување, ветерани и социјални работи исплатило речиси 1 милион евра на организации на ветерани од почетокот на 2025 година, од кои некои се поврзани со проруски структури. Ова е според истражувањето на Радио Слободна Европа/Радио Либерти. Анализата на одлуките за финансирање објавени од министерството покажува дека околу 70 здруженија добиле средства во рамките на последните три конкурсни постапки, со кои се ...
Регионот и натаму се бори со гаснењето на пожарите. Властите во Србија прогласија вонредна состојба во Кладово, додека во земјата пристигнува дополнителна помош. Пожари беснеат и во Црна Гора и Босна и Херцеговина, недалеку од границата со Хрватска. Критична е ситуацијата и во Европа, каде огнените стихии во Португалија и Шпанија сè уште се вон контрола. Во Белгија пожарникарите успеаја да го опколат големиот шумски пожар во близина на ...
Воведувањето на системот „Сејф Сити“ ги разгневи српските туристи што транзитираат низ Македонија. Од вчера сите автомобили со странски таблички на граничниот премин „Табановце“ ги чека непријатно изненадување-записник за сторен прекршок кој мора да го платат или пак да го подигнат но со нагласок дека следниот пат нема да бидат пуштени да влезат во Македонија. Тоа предизвика револт на социјалните мрежи кои коментираат дека следната година во ...
Притисокот врз српската заедница на Косово и мерките на Приштина предизвикаа незадоволство во Белград, а како еден од можните одговориАлександар Вучиќ ја спомена можноста за промена на текот на реката Ибар. Како што изјави, во таков случај „ќе видиме што ќе прават Албанците и како ќе се однесуваат“. Водниот систем Ибар-Лепенац има стратешко значење за снабдувањето на Косово со вода за пиење и за производството на електрична енергија. Оттука е ...
Атина, 19 август 2026 (МИА) – Република Кипар сите овие месеци превентивно презема зголемени мерки, рекол за кипарската новинска агенција ЦНА надлежен извор, коментирајќи го текстот на „Фајненшл тајмс“, според кој Кипар е меѓу можните цели на Иран во случај на нов американски напад, јави дописничката на МИА од Атина. Истиот кипарски извор за ЦНА додал дека внимателно ги следат случувањата и посочил дека четири грчки авиони Ф-16, како и ...
Голем пожар веќе неколку недели гори во Делиблатската пештера, природен резерват во Србија, заканувајќи се да се изедначи со најлошиот досега, кога пред 30 години изгореа повеќе од 7.000 хектари. На некои места во Делиблатската пештера, околу 70 километри северно од Белград, пожарот тлееше од крајот на јули, пред да избувне на 5 август, а пожарникарите не успеваат да го локализираат до ден-денес. Со денови може да се видат противпожарни ...
ИЗДВОЕНИ Стартуваше новиот механизам: Казните од „Безбеден град“ ги дочекаа странците на граница Без симптоми кај повеќето, но опасен за некои! Може ли да се заштитите од вирусот Западен Нил? КАКВО ЗНАЧЕЊЕ ИМАШЕ НАСТАПОТ НА ЦРКОВНИОТ ХОР И НА ИГРООРЦИТЕ ОД КИЧЕВО НА ИМВРОС: Станува ли Вселенската патријаршија сè повеќе свесна за значењето на македонскиот идентитет? На 30 илјади евра заработка, лозарите губат 3.000 евра ако сакаат исплата ...
Одлуката за ограничување на продажбата на алкохолни пијалоци во градот Сплит во текот на ноќта стапи на сила, објавија градските власти денеска. Со одлуката се ограничува продажбата на алкохолни пијалоци во малопродажните објекти низ целиот град од 1 јуни до 15 септември, секој ден од 21:00 до 6:00 часот наутро. Зошто Сплит воведува забрана за продажба на алкохол навечер? Во образложението се наведува дека мерката се усвојува „во интерес на ...
Дипломатските и конзуларните претставништва на Србија во Грција регистрирале речиси 30 смртни случаи од 1 јуни до 10-та август, а експертите за Курир предупредуваат дека срцевите проблеми и давењето се најголемите ризици на одмор. Одморот, кој треба да биде време за одмор и уживање, за многу српски туристи во Грција, за жал се претвори во трагедија. Од 1 јуни до 10 август, според официјалните податоци од Министерството за надворешни работи ...
Грчкото Министерство за одбрана ја оценува можноста за грчка помош на Бугарија во зајакнувањето на нејзината воздушна и балистичка ракетна одбрана со распоредување на системи „Патриот“, под услов да биде побарано и одобрено од Советот за национална безбедност на Владата (KYSEA), објави денеска АНА-МПА, повикувајќи се на извори од министерството. Според БТА, во светлината на неодамнешните ирански закани кон европските земји (со поврзани ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека државата ќе обезбеди финансиска поддршка за петтото и шестото дете. „Ќе го разгледаме, па дури и ќе го зголемиме. Ако тоа значи и ако е дополнителна мотивација луѓето да имаат повеќе деца – ќе го зголемиме уште повеќе. Сега ќе се воведе за петтото и шестото дете“, рече Вучиќ за време на посетата на семејството Филиповиќ во селото Пејковац во близина на Житораѓа. Тој додаде дека ништо не ...
Авионот Ил-76 на руското Министерство за вонредни ситуации слета на аеродромот во близина на Ниш. Прес-службата на Министерството за вонредни ситуации на Русија претходно објави дека по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, авионот Ил-76 со екипажот и оперативната група за вонредни ситуации е испратен во Република Србија за гаснење на шумски пожари. За потсетување, Иљушин Ил-76П (или Ил-76ТДП) е специјализирана верзија за гаснење ...
Словенија влегува во неколкудневен период на нестабилно време, со можност западниот дел од земјата до сабота да добие меѓу 30 и 80 милиметри дожд, а локално и повеќе од 100 милиметри. Најризичниот период се очекува од четврток попладне до петок, кога силните врнежи може брзо да ги подигнат поројните води и да создадат проблеми за туристите, камперите и патниците што минуваат низ западна Словенија. Според словенечката Агенција за животна ...
Добивај вести на Viber Во пожарите во Србија загина едно лице, а неколку други се повредени. Гори во природниот резерват Делиблатска пешчара, на Столови во близина на Краљево и во областа Кладово. 70-годишен маж загина во Смедерево, потврди Давор Видовиќ, помошник-началник на Дирекцијата за противпожарни и спасувачки единици на Секторот за вонредни ситуации. Штабот за вонредни ситуации во Кладово прогласи вонредна состојба. Пожарот во ...
На граничниот премин Табановце помеѓу Македонија и Србија денеска имало редици од странски возачи што чекале да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на Безбеден град. На возачите што патуваат низ Македонија до Грција или се враќаат од Грција им се препорачува да обрнат посебно внимание на ограничувањата на брзината, бидејќи камерите на системот Безбеден град ги контролираат и главните транзитни правци низ земјата. View ...
Додека туристите со години ги оценуваат хотелите, апартманите, сопствениците и туристичките агенции, во Грција се отвора прашањето дали и изнајмувачите треба да имаат начин да се заштитат од проблематични гости. Во туристичките кругови и на социјалните мрежи се дискутира за идеја за формирање своевидна „црна листа“ на туристи кои би направиле сериозни прекршоци за време на престојот. Доколку идејата некогаш биде официјализирана, на листата би ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Српската напредна партија (СНС) ќе има свој кандидат за претседател на Србија и дека овие избори ќе бидат распишани по предвремените парламентарни избори. Тој им изјави на новинарите во Пејаковац дека нема ништо против кандидатурата на лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ за претседател на Србија, која беше предложена претходно денес од неколку комитети на СПС, ...
Бугарија ги засили безбедносните мерки во воздухопловната база Безмер по извештаите дека Иран разгледува можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, вклучително и оние во Бугарија. Бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, изјави дека се преземени сите можни мерки за заштита на базата во координација со Министерството за одбрана. Тој додаде дека мерките се прилагодени на ниво на закана кое е значително ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека не го разбира однесувањето на Западот кој не го пушта воениот злосторник Ратко Младиќ од затворот во Хаг, иако тој е практично пред умирање, пишува „Вијести.ба“ (Vijesti.ba). – Дали му преостанува уште една недела или пет недели, сеедно е. Можеа, исто како што го чекаа (Небојша) Павковиќ буквално да дојде на две недели пред смртта, па го пуштија да дојде во земјата, макар за да ...
Двајца мажи, на возраст од 62 и од 20 години, добија кривични пријави откако полицијата во хрватската населба Босиљево откри големи количества нелегално оружје во куќа која експлодираше на почетокот на август, објави „Вечерњи лист“. Полицијата утврдила дека во куќата се чувале експлозивна направа, автоматска пушка, пригушувач и поголемо количество забранета воена муниција. Според Карловачката полициска управа, 62-годишниот маж неовластено ...
Украински државјанин денеска беше уапсен во Пула под сомнение дека бил дел од групата која го саботирала гасоводот „Северен тек“ меѓу Русија и Германија во 2022 година, објави „Јутарњи лист“. Хрватската полиција го уапсила Владимир З. врз основа на потерница издадена од германските власти. Тој е обучен нуркач и се сомничи дека заедно со други соработници учествувал во поставувањето експлозиви под вода, со кои биле предизвикани експлозиите на ...
Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена, во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер. Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај ...
Грчката министерка за туризам, Олга Кефалогиани, ги уверува израелските посетители дека се безбедни во Грција, и покрај серијата напади врз туристите што предизвикаа осуда од грчката еврејска заедница, пренесе Катимерини. Кефалогиани изјави во петокот дека Грција „гарантира безбедност“ на сите посетители. „Расистичките и насилните акти се казнуваат на примерен начин, добиваат целосна осуда и немаат место во нашата демократија. Грција ...