Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Возач за кој при сообраќајна контрола ќе се утврди дека возел под дејство на алкохол може да биде исклучен од сообраќај од страна на полицијата, а ако „вдише“ повеќе од 1,20 промили, одбие алкотест или е позитивен на тест за дрога, мора да биде приведен во полициската станица. Еве можност да дознаете како изгледа сето тоа, но не сами, туку врз основа на искуството на другите возачи. Помалку пијани, повеќе дрогирани Иако бројот на ...
Во Бугарија повторно се зголемува бројот на заболени од мали сипаници, а според најновите податоци, до 18 август 2026 година се регистрирани 534 случаи. Податоците ги соопшти директорката на Националниот центар за заразни и паразитски болести, проф. Ива Христова, во период кога здравствените власти предупредуваат на ризиците што ги носи намалениот опфат со имунизација. Најголем дел од случаите се концентрирани во неколку региони. До крајот на ...
Борбата против огнената стихија продолжува на неколку локации во Србија, а најкритична е во Делиблатска пешчара, каде што се ангажирани околу 400 луѓе, додека рускиот авион Иљушин обезбедува значителна воздушна поддршка. Во исто време, пожарот на планината Столови сè уште беснее, иако ситуацијата кај средновековната тврдина Маглич е стабилна. На територијата на општина Кладово, претходно прогласената вонредна состојба е укината. Поради ...
Во селото Ферас, во областа Берат, живее жена која, според информациите, е најстарата во Албанија. Ќамиле Мара неодамна го прославила својот 117. роденден, опкружена со љубовта и грижата на своето семејство, кое на шега и од срце ѝ посакува да доживее и 200 години. Родена во едно друго време, Ќамиле одгледала седум деца, целиот живот работела во земјоделството, а денес има ретка можност да живее и да ги гледа петте генерации од своето ...
Словенија би можела да ги заштити натписите „Тито“ на Саботин и во Декани како културни споменици. Првиот натпис бил поставен во 1953 година, а оној во Декани подоцна, пишува хрватскиот весник Јутарњи Лист. Општина Нова Горица доставила иницијатива камената композиција „Тито“ да биде прогласена за културен споменик од локално значење. Бидејќи натписот на Саботин се наоѓа во заштитено подрачје, на регистрирано културно наследство од Првата ...
Добивај вести на Viber Туристите кои годинава ќе летуваат на бугарското Црноморје ќе треба внимателно да го планираат и буџетот за плажа. Цените на чадорите и лежалките се разликуваат значително од плажа до плажа – од само нешто повеќе од едно евро за комплет, па сè до 15,30 евра за чадор и две лежалки, додека на некои места готовите сетови со дополнителна опрема достигнуваат и 20 евра. Податоците се објавени на интерактивната мапа на ...
Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска, родена во Штип, која е пријавена за исчезната на 17 август. Според објавените информации, таа се оддалечила заедно со малолетно дете. Пешевска е висока околу 165 сантиметри, со средна телесна градба, руса коса и кафени очи. Потрагата ја води Полициската управа Вировитичко-подравска. Нејзиното име претходно се појави во случајот со убиството на 34-годишниот Амар Софиќ од Зеница. Според ...
Две лица загинаа во пад на ултралесен авион кој исчезна од радарите над Велебит во Хрватска. Остатоците од леталато и телата на настраданите беа пронајдени доцна синоќа во тешко пристапно подрачје на Националниот парк Пакленица. Ултралесниот авион со ознака D-KWZE, кој летал од Чешката Република кон Задар, исчезнал од радарите на 21 август околу 16:15 часот. Според податоците на хрватската цивилна заштита, сигналот бил изгубен околу 17 милји ...
Грчките земјоделци побарале субвенции од ЕУ за десетици илјади повеќе добиток во 2024 година отколку што можат да потврдат официјалните записи на земјата, објави Политико. Анализата на владините податоци открива сериозни несовпаѓања помеѓу намалувањето на стадото говеда во земјата, како што објави статистичката агенција ЕЛСТАТ, и субвенциите евидентирани од Министерството за земјоделство. Според бројките од 2024 година, властите исплатиле ...
Прометот на земјоделски и прехранбени производи, како и можноста за понатамошно забрзување и поедноставување на постојните процедури, со целосно почитување на стандардите за безбедност и квалитет на храната, беа тема на состанокот на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија и Северна Македонија, Драган Гламочиќ и Борчет Серафимовски. Гламочиќ истакна дека Србија и Северна Македонија негуваат пријателски и партнерски ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ѝ упати јавна роденденска честитка на американската поп-ѕвезда Мадона, по нејзиниот неодамнешен престој во Грција. Мадона својот 68. роденден го прослави во Грција, а дел од прославата го помина на островот Крф. Пејачката на социјалните мрежи објави видео со моменти од престојот, меѓу кои и прослава на јахта, како и вечер во традиционален локал во Крф. На снимките Мадона ужива во грчка музика, ...
Жупаниското државно обвинителство во Сплит поднесе обвинение против хрватски државјанин и државјанка на Србија поради сомнение за шпионажа. Станува збор за воен пилот на Хрватското воено воздухопловство и негова долгогодишна партнерка, која е државјанка на Србија. Според обвинението, пилотот во периодот од февруари до декември 2022 година, додека бил на служба во Хрватските вооружени сили, во повеќе наврати ѝ овозможил на партнерката пристап ...
Голема спасувачка операција е во тек на планината Велебит во Хрватска, откако бил изгубен сигналот од мал авион кој летал од Чешка кон Задар. Според неофицијалните информации, во леталото се наоѓале две лица. Хрватската цивилна заштита соопшти дека сигналот од авионот бил изгубен околу 16:14 часот, а последната регистрирана позиција била на приближно 31,5 километри североисточно од Задар. Веднаш била започната голема акција за потрага и ...
Во центарот на вниманието на хрватската политичка сцена денес е жупанот на Личко-Сењскиот округ, Ернест Петри, откако беше објавена фотографија на која се гледа како се бакнува со помлада, црнокоса жена во ресторан. Според хрватските медиуми, неговата партија ХДЗ очекува тој да поднесе оставка од функцијата шеф на Личката ХДЗ, а во следната фаза евентуално и од функцијата жупански префект. Откако фотографиите и снимките беа објавени, тој даде ...
Централниот дел на Медитеранот е под влијание на циклон над Џеновскиот Залив, кој носи бури и обилни врнежи од дожд на Апенинскиот Полуостров, Алпите и северозападниот дел од регионот. Италија е веќе на удар на многу обилни врнежи од дожд и силни грмотевици. Делови од Италија се исто така под влијание на суперцелуларни бури. Бурите и обилнита врнежи од дожд од северна Италија сега се движат кон југ, а Рим исто така ќе биде погоден од ...
Хрватската контрола на летање го извести Оперативниот центар за цивилна заштита при Управата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи на Хрватска дека денеска, околу 16:14 часот, е изгубен сигналот од ултралесниот авион со регистрациска ознака D-KWZE, кој леташе од Чешка кон Задар. Сигналот од авионот е изгубен на околу 17 наутички милји североисточно од Задар. Оперативниот центар за цивилна заштита веднаш започна операција ...
Само еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 18 или 25 октомври, власта во Србија го турка и големиот пакет еднократна финансиска помош. Предлог-законот, кој сè уште не е усвоен, предвидува по 6.000 динари за полнолетните граѓани, до 35.000 динари за пензионерите и дополнителни исплати за семејствата со деца и за социјално ранливите категории. Владата го усвои ...
Двајца мажи се уапсени во Подгорица под сомнение дека подолго време продаваат хероин на улиците на главниот град на Црна Гора, а за време на полициската акција еден од осомничените се обиде да се ослободи од дрогата фрлајќи го пакетот низ прозорецот на покривот од соседната куќа. Припадници на криминалистичката полиција на Подгорица за борба против дрога, со поддршка на Специјалната полициска единица, утрово спроведоа акција. По налог на ...
Поранешниот претседател на Косово и лидер на некогашната ОВК – Хашим Тачи, изјави дека очекува да биде ослободен од обвиненијата по сите точки од обвинителниот акт во тековното судење против него пред Специјализираните совети на Косово во Хаг. На прашањето какви се неговите очекувања, Тачи рече дека очекува да биде ослободен по секоја точка од обвинението. – Немам што да додадам на аргументите на одбраната, ниту на мојот завршен говор во ...
Албанските медиуми известуваат дека жителите на округот Дебар од Албанија сè почесто се упатуваат кон Македонија за да се снабдат со гориво и основни прехранбени производи. Високата цена на дизел-горивото во Албанија, која во моментов се продава по 219 леки за литар, ги натера граѓаните да ја искористат близината до Дебар и таму да ги наполнат своите автомобили. Ова предизвика долги колони на граничниот премин Блато, при што возачите се ...
Добивај вести на Viber Атина e скапа за локалните жители затоа што тие имаат ниски приходи. Грчката престолнина е во многу погледи поевтина од многу европски градови. Киријата е особено висока за Атињаните. За еднособен стан во центарот на Атина, кој се издава во просек за 640 евра, Атињаните мора да издвојат 55 проценти од просечната плата од 1.158 евра, објавува Бета, повикувајќи се на грчкиот еКатимерини. Одредени градови во Европа се ...
Во местото Бободол кај Дрниш, 28-годишна државјанка на Канада е осомничена дека со отворен пламен предизвикала пожар во кој изгореле сува трева и ниска растителност, а полицијата распиша потерница по нејзините двајца сонародници. Полицијата во Полициската станица Дрниш ја заврши криминалистичката истрага над 28-годишната државјанка на Канада поради сомнение дека извршила кривично дело доведување во опасност на животот и имотот со општоопасно ...
Основниот суд во Приштина денеска го осуди Кадри Џемаиљи на шест месеци затвор поради закани кон вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти. Џемаиљи ја призна вината и на денешното рочиште се извини. Од нашата мрежа Европејците сè помалку користат готовина, но ја имаат сè повеќе:… 5 минути biznisinfo.mk Антонели предводи на слободните тренинзи во Зандворт 15 минути kontra.mk УС Опен нуди најголем награден фонд во историјата на ...
Русија покрена истрага против новинарот на германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (FAZ), Михаел Мартенс, поради прашањето што му го постави на украинскиот претседател Володимир Зеленски на 8 август. На конференцијата за медиуми во Белград, Мартенс праша што можат да направат Европјаните за да ѝ помогнат на Украина да „убие повеќе Руси… повеќе руски војници, секако“, пишува „Дојче веле“. Руската амбасада во Германија се обрати до ...
Словенечките медиуми денеска детално известуваат за скандалот што ја потресува претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, поради наводни врски со Русија. Според пишувањето на порталот Siol.net, весникот Dnevnik и други словенечки извори, сè започнало по сообраќајната несреќа кон крајот на јули во тунелот Кастелец, во која беше повредена претседателката. Во службеното возило била и нејзината долгогодишна пријателка Викторија Криволуцка, ...
Европската Унија прави нов чекор кон построга миграциска политика, а во центарот на вниманието се таканаречените „центри за враќање“ – објекти надвор од територијата на ЕУ во кои би можеле да бидат префрлани мигранти кои немаат законска основа да останат во некоја од земјите-членки. Иако плановите сè уште не се целосно стапени во сила, во регионот веќе се отвора прашањето дали земјите од Западен Балкан би можеле да бидат меѓу оние кои ќе ги ...
Грција воведува можност за деветмесечен воен рок за младите кои ќе се пријават со првиот повик на својата генерација и нема да побараат одложување поради студии. Новото правило за првпат ќе се применува со регрутите кои треба да се јават од крајот на август до почетокот на септември. Мерката во првата фаза ги опфаќа лицата родени од 1 јануари до 15 мај 2008 година, кои се повикани со третата регрутна серија за 2026 година. Доколку се јават на ...
Полицијата на границата и денеска на граничниот премин „Табановце“ ги проверува регистарските таблички и, доколку има прекршок, го запленува возилото и издава налог за плаќање на казната преку интернет или преку мобилна апликација. При читање на регистарските таблички на самата граница, системот „Безбеден град“ ја проверува базата на податоци за милисекунда и сигнализира до полицијата дали возачот сторил некој од прекршоците во текот на ...
Силна бура ги погоди Словенија и Австрија во четврток, при што еден човек загина од гром во близина на Целје, објавија медиумите во петок. Полицијата во Целје беше известена дека гром погодил две лица кои стоеле под дрво во областа Жалец, при што 46-годишен маж починал на местото на настанот, а друг е однесен во болница со полесни повреди. Во централна Словенија, подруми беа поплавени, покриви беа оштетени, а дрвја беа соборени, објави 24UR. ...
Урош Милошевиќ (31), поранешен фудбалер, моментално е во фокусот на меѓународната јавност, но не поради своите спортски успеси, туку поради сомнение дека е припадник на балканскиот картел, најмоќната организација за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа! Да потсетиме, тој беше уапсен во Португалија додека во комбе превезувал 1,5 тон кокаин, а се сомнева дека неговото одредиште било базата во Шпанија, во местото Коста дел Сол. – Се ...