Хрватската контрола на летање го извести Оперативниот центар за цивилна заштита при Управата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи на Хрватска дека денеска, околу 16:14 часот, е изгубен сигналот од ултралесниот авион со регистрациска ознака D-KWZE, кој леташе од Чешка кон Задар. Сигналот од авионот е изгубен на околу 17 наутички милји североисточно од Задар. Оперативниот центар за цивилна заштита веднаш започна операција ...

Голема потрага вечерва е во тек по мал авион кој се урнал на планината Велебит во Хрватска, а во него, според неофицијални информации, се наоѓале двајца луѓе, јавуваат хрватските медиуми. Несреќата била пријавена откако Хрватската контрола на летање го изгубила сигналот од авионот. Дирекцијата за цивилна заштита при хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека околу 16:14 часот бил изгубен сигналот од мал авион кој летал од Чешка ...