На 1 април од 19 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикаже филмот „ НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“ Влезници на билетарницата од Центарот за култура од 11. 00 до 13.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот во киното Мис Стон. Сценариото е на Рајко Грлиќ и Анте Томиќ, а музиката е на нашиот Дуке Бојаџиев. Улогите ги толкуваат: Jелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина ...

На 2 април, четврток, со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на портрети „Анатомија на прогресот“ од Миливој Симеонов. Изложбата содржи дваесетина слики работени во техниките масло на платно и акрил и ќе биде поставена до 09 април. Миливој Симеонов е роден 1973 во Виница. Основно и средно образование завршува во Виница. Во 1997 се запишува на ФЛУ на отсек ...

На големата сцена на Националната опера и балет, на 4 април со почеток во 11.00 часот, ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за најмладата публика на возраст од 6 до 11 години. Автор на идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата е Десанка Глигоријевиќ. „Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко-драмска претстава со едукативен карактер, која има за цел да ...

На изложбата ќе бидат претставени дела создадени од шест нордиско-балтички и пет македонски дизајнери, кои заеднички работеа во рамки на резиденцијалната програма на истоимениот проект. Настанот ќе биде збогатен со две тематски сесии на Отворени разговори. Првата, под наслов #MadeWithSweden, ќе започне во 17:30 часот и ќе се фокусира на практиките на шведските брендови во однос на одржливоста и нивните барања кон производствените капацитети. ...

По две децении активна диџеј кариера, Соња Исмаил не зборува за музиката како жанр, туку како жив процес, простор на слобода, комуникација и колективно доживување. Нејзините сетови не припаѓаат на категории, туку на состојби, а подиумот за неа е место каде што се сечат личното и политичкото, индивидуалното и заедничкото. Во разговор за довербата во ноќта, променетата публика и кревката, но жива алтернативна сцена, таа открива што значи да се ...

Изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова, свечено ќе биде отворена на 31 март (вторник) во 17:00 часот во Македонски културно-информативен центар во Белград. На отворањето ќе се обратат директорите на КИЦ Белград Васко Шутаров, директорот на турскиот институт во Белград Јунуз Емре, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл, како и авторката ...

Издавачката куќа „Артконект“ со поддршка од програмата „Креативна Европа“ го објави романот „Млекарот“ од ирската писателка Ана Бернс во превод од англиски на Катерина Јосифоска,. Романот е добитник на престижните награди: „Орвел“ (2019), меѓународната книжевна награда „Даблин“ (2020) и наградата „Букер“ за 2018 година. Ана Бернс е авторка на три романи и на една новела. Својот прв роман, Без коски, го објавува во 2001 година, а потоа ...

На денешен ден, 31 март 1995 година, својот прв јавен настап го има македонската етно-група Синтезис – датум што се смета за официјален почеток на една од најзначајните музички приказни кај нас. Иако бендот е основан една година претходно, во 1994 година, токму овој настап ја означува нивната појава пред публиката и стартот на нивната успешна кариера. Музичката визија на групата ја започнуваат Драган Даутовски и Радослав Шутевски, кои заедно ...

Јаким Каневче е роден во 1948 година. Тој беше познат охридски новинар, поранешен дописник од Охрид на Радио Скопје, сега Македонско радио. Кеневче ќе остане запаментен како страстен хроничар на настаните што го одбележуваа животот на градот и околината. Одликувајќи се со трудољубивост и исполнителност на работните задачи, низ повеќе жанрови на радиото, ќе остане запаметен со ведрината на духот што ја ширеше меѓу колегите дописници од градот, ...

На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и ...

Кочани, 30 март 2026 (МИА) - По повод одбележувањето на 70 години од основањето, Општинско основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани најавува свечен ревијален концерт. Ова училиште, како нижо музичко, започнало со работа во 1956 година под името „Стеван Мокрањац“. Подоцна е преименувано во „Ристо Јуруков“, личност што има оставено неизбришлива трага во музичко-едукативната дејност во градот. Концертот ќе се одржи на 2 април 2026 ...

Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за нештата кои длабоко нè засегаат и болат како општество, а не сакаме да си ги кажеме едни на други“, вели Јовановиќ и подвлекува дека е задоволен со реализацијата на овој филм, бидејќи обработува исклучително важна тема, која буквално ја живееме секојдневно, а уметноста е најубавиот начин да се погледнеме во ...

Стојна Костовска е родена на 31 март 1954 година во Крива Паланка. Дипломирала на Вишата музичка школа, Скопје, на отсекот за глумечка игра во 1978 година. Од 1980 година до нејзиното пензионирање во 2022 година, работела во Македонскиот народен театар — Скопје. Подолу е дел од богатата филмографија на Стојна Костовска; 1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм 1978 Курирот на Гоце ТВ-серија 1980 Двојка ТВ-филм 1982 Едно лето ТВ-серија 1984 Хихирику ...

-Прекрасна вечер во Битола – вечер посветена на Freddie Mercury и магијата на “Queen“ -Безвременските хитови “Bohemian Rhapsody“, “I Want to Break Free“, “Don’t Stop Me Now“, “The Show Must Go On“…. одекнуваа со полна сила, будeјќи емоции, носталгија и восхит. Секоја нота беше потсетник на генијалноста на Queen и неповторливата енергија на нивниот фронтмен.Во преполната сала на Центарот за култура, оркестарот „DIVA“ приреди вечер што не се ...

Вечерва во 20:00 часот во КСП „Центар-Јадро“ повелете на промоцијата на зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста помеѓу субверзија и дисциплина во македонската култура“, во уредништво на Славчо Димитров и Мања Величковска, во издание на Коалиција МАРГИНИ. Овој интердисциплинарен зборник истражува на кои начини родот и сексуалноста се појавуваат, се премолчуваат, но и се пробиваат во македонската култура — од ...

Среде продолжувањето на војната во Украина и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, Русија повторно го насочува вниманието кон постоењето на контроверзниот нуклеарен систем „Мртва рака“ (Dead Hand), нагласувајќи ја својата подготвеност да се соочи со секоја закана. Овој систем, кој долго време беше обвиен со вел на тајност, сега повторно се споменува, особено во период на растечка глобална нестабилност, предизвикувајќи загриженост и ...

За многумина актери од нашите сцени, март и Светскиот ден на театарот асоцира на театар, на пеење, на музика, на забава со колегите на сцена, за можност да се одглуми некој пејач или пејачка. Целото обединето под популарната манифестација „Глумците пеат“. Годинава, на сцената на Македонскиот народен театар, во две вечери на сцената продефилираа неколку десетици актери, оркестар предводен од Љупчо Мирковски. Концептот на манифестацијата си го ...

На 16 април, со почеток во 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи ексклузивен концерт „Кубанска џез експлозија“ во Националната опера и балет во Скопје, заедно со светски реномираниот кубански музичар Ален Перез и неговата осумчлена ритам-секција „Оркестра“. Настанот е дел од европската турнеја „Ла Фиеста“, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени низ Европа. Со спој на салса, тимба и џез, концертот ...

Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Ова е хроника на едно чудо невидено. Легендата раскажува дека ни најблиските роднини не ги препознале учесниците во овој настан. Тоа е единствената добра вест за роднините. Дејството се случува во времиња што не може да се објаснат на младите. А пензионерите или ги заборавиле или тврдат дека тоа биле најдобрите „стари добри времиња“. Кој е во право? Никој не знае, дури ни француска собарица. Да ги оставиме ...

Во четврток во „Буква Кинооо“ го гледаме првиот филм на Борјан Гаговски, „Борби со Ветерници“ 2.4.2026 | 20:00 ++по филмот ќе следи разговор со режисерот и дел од тимот на филмот, а потоа *Борјан пушта музика* Менторката по уметност, Билјана Димитрова, сонува за поинаков свет – свет во кој уште од најрана возраст нè учат да создаваме, да си веруваме себеси и да се грижиме за оние околу нас. Филмот претставува една година во животот на ...

МАЛДОРОР Maldoror Фабрис ду Велц / Белгија, Франција / 2024 / 155 мин Филмот Maldoror ја следи приказната за младиот и импулсивен полициски регрут Пол Шартие. Кога во Белгија исчезнуваат две девојчиња, тој е назначен во тајната полициска единица „Малдорор“, формирана за да го следи главниот осомничен за серија тешки злосторства. Кога полициската операција пропаѓа и институциите не успеваат да донесат правда, Пол се разочарува од ...

Скопје, 30 март 2026 (МИА) - „Кон творештвото на Васил Тоциновски“ е насловот на книгата на Васил Дрвошанов објавена по повод 80 години од раѓањето на Тоциновски. Содржи четиринаесет опсежни прилози, поделени во три поглавја: Поетски интерпретации, Книжевни толкувања и Јазични анализи. - Во нив се анализира мал дел од богатиот опус на Тоциновски. Предмет на опсервација се книги поезија, роман, збирка раскази, книжевноисториски студии, ...

Минатата недела НУ Библиотека „Григор Прличев’ го реализираше проектот „Книгата поблиску до старите лица“ Бевме во посета на Геријатриското одделение во рамки на Општа болница Охрид и Здружението на Пензионери од општините Охрид и Дебрца. Наша цел беше да донираме веќе донирани книги кои ќе им послужат на двете места за формирање на нивни интерни библиотеки. Се сретнавме со началничката на Геронтолошкото одделение при Општа болница Охрид д-р ...

„На моето музичко патување сите овие години, барам нова приказна, барам начин да ја допрам мојата публика преку текст и мелодија, но и да го почувствувам тоа исполнување што внесува магија во мојот живот. Токму тоа го доживеав кога за прв пат ја добив демо снимката од песната „Липа остани“, во декември минатата година. Буквално го изгубив здивот слушајќи ја. Не може да се опише бидејќи како целото наше битие реагира на песната останува вечна ...

Утревечер на стадионот „Билино Поље“ во Зеница, Босна и Херцеговина и Италија ќе се соочат во директна пресметка за пласман на Светското првенство. Влогот е огромен, притисокот е максимален, но додека светот очекува „фудбалска војна“, историјата нè потсетува на еден момент кој засекогаш ги поврза овие две нации. Пред да започне битката на теренот, вреди да се навратиме на 6 ноември 1996 година – денот кога Италија стана многу повеќе од обичен ...

Голем самостоен концерт на легендарниот македонски бенд Архангел, ќе се одржи на 13 јуни на Стадион на АРМ во Скопје. Концертот ќе биде во знакот на 44 години музичко творештво на Ристо Вртев – четири децении автентичен звук, уметничка доследност и силно влијание врз македонската рок и алтернативна сцена. На сцената на Стадионот на АРМ публиката ја очекува повеќечасовна музичка приказна, раскажана преку антологиските композиции „1.000.000 ...

Во тек е третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“, во организација на „Литература.мк“, кое се одржува во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Вечерва, во 20 часот ќе биде прикажана дуо-драмата „Љубовни писма“ во која играат Игор Ангелов и Верица Недеска. „Љубовни писма“ е драма на тишината. На паузите. На неизговореното. Текстот ја следи кореспонденцијата меѓу двајца луѓе од детството до зрелоста — нивниот ...

Со хит-претставите „Куршуми над Бродвеј“ на 31 март и „Болва в уво“ на 2 април, Драмскиот театар ќе учествува на петтиот Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес. Театарскиот фестивал се одржува од 27 март до 8 април 2026 година, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, под покровителство на Општина Велес и Министерството за култура и туризам, а во организација на 3Г Плус Публика. Претставата „Куршуми над Бродвеј“ што ќе се игра утре ...

На 3-ти Април во Лабораториум од 19:30 часот ќе се одржи панел дискусија предводена од Бојан Шашевски, Калина Качоровска, Маргарита Арсова и Ведрана Ѓорѓиевиќ. Дискусијата ќе биде врз основа на тоа како да се врати сјајот на ноќниот живот во Скопје и сцената што сè потешко опстојува. Дискусијата ќе биде проследена со музика од NastasyaKish b2b Dimish, Libris b2b Prenga, Kronom b2b Modem Priest. Влезот е слободен. Share this: На 3-ти Април ...

Концертите се закажани за 10, 11:30 и 13 часот. Изведени ќе бидат композиции од Бах, од познатиот албум за Ана Магдалена Бах, аранжирани за гудачки квартет. Овие концерти се дел од светската иницијатива „Bach in the subways“, преку која Општина Карпош се приклучува на глобалното одбележување на музиката на Бах, директно меѓу луѓето, надвор од концертните сали. Иницијативата е покрената пред десетина години и има огромно значење за ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
7.2
35%
1017
weather icon

Загреб

15ᴼ / 12ᴼ
7.2
37%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
50%
1015
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.72
58%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
39%
1020
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
5.14
64%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
51%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
45%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
57%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
28%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
82%
1016
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Родиум

326330.08

Кобалт

45.39

Рутениум

53788.20

Бакар

12.18

Сребро

2508.22

Паладиум

50026.56

Цинк

0.00

Злато

153002.26

Алуминиум

3.62

Платина

66584.20

Иридиум

253540.09

Калај

51.07