Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Европските берзи денеска бележат значителен раст, при што најголемиот дел од индексите се во силна позитивна зона, поттикнати од оптимизмот кај инвеститорите и подобреното расположение на пазарите. Најголем раст оствари германскиот DAX, кој скокна за импресивни 4,46% и достигна 23.960 поени. Слично силен тренд следи и Euro Stoxx 50, кој порасна за 4,41%, додека францускиот CAC 40 забележа раст од 3,92%. Шпанскиот IBEX 35 се зголеми за 3,25%, ...
Во современиот ритам на живеење, каде што балансот помеѓу професионалните обврски и семејниот живот станува се поизразен предизвик, детската градинка „Мали чекори“ од Битола прави значаен чекор напред. Наскоро, установата ќе започне со работа и на втората смена, која ќе се одвива во периодот од 14:00 до 22:00 часот, покрај редовната прва смена од понеделник до петок, од 07:00 до 17:00 часот.Оваа новина претставува одговор на реалните потреби ...
Компанијата “АБЦ Дојчиновски“ од Битола врши продажба на пелети, камини и котли за парно греење. “АБЦ Дојчиновски“ на потрошувачите им нуди голем избор, дестина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1, по прифатливи цени, како и разни поволности при плаќање, чување и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите продава и печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив ...
Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила, директно поддржана и од претседателот на СКСМ Бранко Азески. По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е избран Благоја Димитровски од Тојота Авто Центар, а за ...
Собранието денеска на 97. седница треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски, како и за предлогот за именување на Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка. – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, ...
Седум и пол години откако пазарната капитализација на компанијата „Епл“ (Apple Inc.) ја надмина границата од еден билион долари, инвеститорите се навикнати големите технолошки компании на јавните пазари да достигнуваат 13-цифрени вредности. Тој тренд ќе продолжи. „Спејс екс“ (SpaceX), компанија за истражување на вселената под контрола на основачот на „Тесла“ (Tesla Inc.) и најбогат човек на светот Илон Маск, најави дека планира огромна ...
Изборот на боја при варосување може директно да влијае врз вредноста на станот – во некои случаи дури и да ја намали цената за илјадници евра. Иако локацијата и големината се клучни фактори, изгледот на ентериерот често ја носи конечната одлука кај купувачите. Тие уште при првиот впечаток проценуваат дали просторот им одговара, па секој детал може да игра улога во преговорите за цената. Една од најчестите грешки е користење силни и ...
Сместена помеѓу Романија и Украина, оваа мала земја со години се обидува да се приклучи на Европската Унија. Иако ова би ѝ донело значителни безбедносни гаранции, Молдавија е уверена дека и таа може да ја направи алијансата побезбедна. „Пристапувањето на Молдавија често се опишува како безбедносна гаранција за нашата земја – и тоа е. Но, тоа е исто толку стратешка инвестиција во безбедноста на самата Европа“, изјавила за Политико Кристина ...
Не се склучуваат договори во канцеларија. Барем не тие што траат. Тие почнуваат некаде меѓу две шолји кафе, во краток разговор по настан или во порака испратена во вистински момент. Таму се градат врските што подоцна носат работа, пари и можности. Многумина мислат дека контактите се собираат како визит-картички. Колку повеќе, толку подобро. Но реалноста е поинаква. Десет вистински луѓе вредат повеќе од сто случајни познанства што никогаш нема ...
„Samsung“ објави осумкратен скок на кварталната добивка, далеку над очекувањата, што ја нагласува силната побарувачка за чипови за вештачка интелигенција во услови на пазари потресени од војната на Блискиот Исток. Клиентите, предводени од давателите на услуги во облак, ги зголемуваат нарачките за меморија со висок пропусен опсег и други чипови што се користат во центрите за податоци за напојување на услугите за вештачка интелигенција, ...
Изјавата на Доналд Трамп за „крај на цивилизацијата“ кон Иран предизвика глобален шок и споредби со уништувањето на светското културно наследство. Експертите предупредуваат дека ваквата реторика може да значи опасен преседан со сериозни правни и геополитички последици, пишува Френк Гарднер, дописник за безбедност на BBC. Изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објавена на неговиот профил на Truth Social, во која се ...
Американскиот инвеститор Бил Акман има намера да ја стекне доминацијата над најголемиот музички гигант во светот, „Јуниверзал мјузик груп“ (Universal Music Group – UMG), за приближно 56 милијарди евра (65 милијарди долари), според информацијата објавена од неговата инвестициска компанија „Першинг сквер“ (Pershing Square). „Першинг сквер“ веќе испратила формален предлог за откуп на „Јуниверзал мјузик“, чие седиште е лоцирано во Холандија. ...
Семос Едукација, во партнерство со Microsoft, спроведе обука за 1846 административни службеници во Република Албанија, насочена кон практична примена на вештачката интелигенција во институционалното работење. Програмата се реализираше преку осум сесии, во кои учесниците се запознаа со основите на вештачката интелигенција и генеративната вештачка интелигенција, користењето на Copilot Chat и принципите на prompt engineering. Фокусот беше ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави отворање на рудник за антимот во кривопаланечко, кој ќе биде америнаксак инвестиција во рамки на стратешкото партнерство. -Во рамки на стратешкиот дијалог очекувам да се промовира и една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е рудата антимон која ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Тоа е редок минерал нешто што може да значи многу за нашата економија. Истрагите ...
Со стабилни продажни резултати и зајакната позиција на домашниот фармацевтски пазар, „Реплек АД Скопје“ ја стартува 2026 година. Во првиот квартал од годинава компанијата оствари вкупни продажби во сегментот Фармација од 7,2 милиони евра, при што домашниот пазар бележи изразен раст од 20%. На акционерското Собрание кое се одржа на почетокот на април беше донесена одлука за зголемување на дивидендата за 25%, а сите останати предложени одлуки ...
ЕСМ се во голема инвестициска офанзива со која треба да се изградат капацитети кои би ја обезбедиле базната енергија, вели директорот на ЕСМ Лазо Узунчев Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 тој објаснува дека е планирана изградба на гасни електрани во Битола – со капацитет од 250-300 мегавати и во Неготино – со капацитет од 350 до 450 мегавати, што според него, е сосема доволно како базна енергија во иднина, а проектот „Чебрен и ...
Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. Работна позиција: Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office) Тип на вработување: На определено време од ...
Додека просечните цени на горивата низ САД достигнаа рекордно високо ниво кое не е видено од 2022 година, жителите на Хонг Конг се соочуваат со најскапата нафта на планетата, чини околу 15,6 долари за галон (приближно 4,1 долар за литар). Дури и пред Доналд Трамп да ја започне војна против Иран, туркајќи го светот во историска енергетска криза, овој полуавтономски кинески град постојано се соочуваше со највисоките цени на бензинот во светот, ...
Пред петнаесет години, синдромот на прегорување кај претприемачите ретко се споменуваше. Многумина не ни знаеја што значи. Заморот беше знак дека работиш. Стресот значеше амбиција. Спиење по четири часа се сметаше за доказ за посветеност. Претприемништвото носеше романтика на ризик и храброст. Денес, со себе носи и сериозен товар на исцрпеност. Постојаната достапност како нова деловна норма Денес зборуваме за баланс и ментално здравје. Но, ...
Унапредувањето на соработката во енергетскиот сектор, со акцент на енергетската безбедност и стабилност на снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори, како и развој на стратешки инфраструктурни проекти од заеднички интерес, биле дел од разговорот што министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го имаше со Jarrod Agen, заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот ...
Викенд кој не се пропушта, 3 дена, 3 артисти, 1 vibe. 10 април – Тони Андреев 11 април, Ристе Ристевски 12 април, 13 часот, Наташа Малинковска Музика, позитивна енергија. Луѓе што знаат да уживаат и Забавуваат Од првиот тон… до последната чаша, ова е викенд што ќе се памети. Пионерски не е место. Тоа е навика, каде спомените оживуваат Резервации: 070/906-644 | 070/906-688 Викенд кој не се пропушта, 3 дена, 3 артисти, 1 vibe. 10 април – ...
Цената на нафтата расте додека се приближува рокот што американскиот претседателот Доналд Трамп му го постави на Иран да постигне договор или да се соочи со засилени напади. Фјучерсите за суровата нафта Брент се искачија над 111 долари за барел, а американската WTI надмина 115 долари за барел утрово. Трамп предупреди дека ќе ги таргетира иранските електрани и мостови, ако неговите услови не бидат исполнети до вторник во 20 часот по источно ...
Зоран Милковски, генералниот директор и член на Управниот одбор на Гранит АД Скопје купи нови акции на компанијата, соопштија од таму преку Македонската берза. Тој купил 210 акции и сега поседува 10,30% од вкупниот број на акции на Гранит. Повеќе членови на менаџментот на компанијата изминатиов период исто така купија акции на Гранит. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Директорот на Гранит, Зоран Милковски, купи 1.000 акции на компанијата Катерина Ѓердовска купи ...
Прометот на Македонската берза во првиот месец од војната на Блискиот Исток се преполови, покажува билтенот на Берзата. Имено, во март е остварен промет од 480,1 милиони денари, а прометот е намален за 46,51%. Пад бележи и пазарната капитализација, а бројот на транскации бележи раст од 5,37%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкав промет оствариле акциите на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка, најтргуваните во март Прометот на Македонската берза во првиот ...
Тајванската компанија „Foxconn“, најголемиот подизведувач на електроника во светот, објави зголемување од 29,7% на приходите во првиот квартал во однос на претходната година, потпомогнато од силната побарувачка за производи од вештачка интелигенција. Но, компанијата предупреди на „нестабилни“ глобални политички услови. Приходите на најголемиот производител на сервери на „Nvidia“ и најголемиот снабдувач на „iphone“ на „Apple“ скокнаа на 2,13 ...
Извршниот директор на „Џеј Пи Морган Чејс“ Џејми Дајмон предупреди дека војната со Иран може да предизвика долготрајни економски шокови. Според него, цените на нафтата и суровините ќе останат под притисок, што ќе ја одржи инфлацијата висока. Ова, како што нагласува, директно ќе влијае и врз каматните стапки, кои може да растат повеќе од очекувањата на пазарите. „Постојани шокови“ – Се соочуваме со можност за постојани шокови кај цените на ...
Азиските берзи денеска се движеа нерамномерно, при што дел од индексите забележаа раст, додека други завршија во минус под влијание на внимателноста кај инвеститорите. Најголем пад имаше австралискиот индекс S&P/ASX 200, кој се намали за 1,06%, додека хонгконшкиот Hang Seng ослабе за 0,70%. Негативен тренд беше забележан и кај FTSE China 50 (-0,75%), како и кај малезискиот KLCI (-0,87%) и тајландскиот SET (-0,80%). Од друга страна, ...
Технолошкиот гигант Oracle спроведе „значајни“ намалувања на бројот на работни места, според објави на повисоки вработени на интернет, додека вложува големи средства во вештачка интелигенција (AI). Повеќе работа со помалку луѓе Мајкл Шеперд, висок менаџер, не бил погоден од отпуштањата, но во вторникот напиша на LinkedIn дека „високи инженери, архитекти, раководители на операции, програмски менаџери и технички експерти“ биле отпуштени. Тој ...
Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) и особено најавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, за одложување на примената на овој систем за македонските превозници до 30 септември. Советот на странски инвеститори со интерес ја следи состојбата и укажува на сериозност на проблемот кој директно ...
Пораст на извозот и увозот во периодот јануари – февруари 2026 година во споредба со периодот јануари – февруари 2025 година Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 77, 58 милијарди денари и бележи пораст од 2,56 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 115 милијарди ...