Настел ДООЕЛ Скопје, која поседува над 5% од акциите во Реплек АД Скопје продолжува да продава акции на компанијата. Од Реплек преку Македонската берза информираа дека компанијата продала нови 112 акции. Сега поседува вкупно 15.266 или 5,89% од вкупниот број на акции. Акционерот во Реплек со исто така над 5% од акциите, Владимир Пецовски, пак се стекнал со шест нови акции. Сега поседува вкупно 16.561 или 6,39% од вкупниот број на акции. ...

Од компанијата велат грижата за вработените е значајна Една од нашите најуспешни компани „Макпетрол“ АД Скопје објави дека на вработените деновиве им исплатила новогодишен надоместок во висина од 500 евра. За оваа инфорамција Макпетрол објави преку Македонска берза, согласно Правилата за котација. – Имајќи ги во предвид залагањата на вработените за извршување на работните обврски, а по повод Новогодишните празници, Макпетрол АД Скопје, ...

Ако 2024 беше година на неизвесност, 2025 година ќе остане запаметена како година на „скапата стагнација“. Додека светот прогласуваше победа над инфлацијата, македонските граѓани таа победа ја почувствуваа само статистички, но не и во џебот. Анализата на економските параметри покажува дека иако ценовниот шок се смири, цените се стабилизираа на ново, значително повисоко ниво, додека енергетската транзиција донесе нови предизвици за домашниот ...

Со секогаш поволните шминки од dm, можете да создадете уникатен и блескав празничен изглед кој ќе ги воодушеви сите околу вас, посочува компанијата во соопштение за празниците. „Празниците се време на магија, светлина и споделени моменти со најблиските. Секој од нас сака да изгледа прекрасно, но не мора да потрошите богатство за тоа! Замислете ја вашата кожа, нежно подготвена со хидратантна база, која ќе ви овозможи да се чувствувате свежо и ...

Пред крајот на 2025 година, македонскиот маркет КАМ ги израдува своите вработени со новогодишни подароци. „Во духот на празниците, КАМ ја продолжува традицијата на грижа за вработените, доделувајќи ваучери за спортска опрема од продавниците Sport Vision во вредност од 6.000 денари, како дел од бенефициите што ги обезбедува компанијата“, соопштија од КАМ. Од компанијата посочуваат дека овој гест претставува признание за посветеноста, трудот и ...

Одбери ја твојата омилена дестинација и искористи до 20% ПОПУСТ за рана резервација. Што добиваш со рана резервација? Најдобар избор на сместување Сигурна цена без изненадувања Повеќе заштеда, повеќе уживање Од апартмани покрај плажа до хотели за целото семејство – твоето лето те чека! Погледни ги сите понуди тука: https://jk.mk/grcija-leto-2026/ Пиши ни во порака или јави се – помогнуваме да го одбереш совршениот одмор! Не чекај летото – ...

Домаќинствата минатата година половина од домашниот буџет – 50,8 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 172,3 кг и компир – 64 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо – 16,9 и риба – 18,4 килограми. Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри и млеко – 73,4 литри. Ова го покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на ...

Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци ќе дели дивиденда. Според одлуката на Собранието на акционери на Друштвото објавена преку Македонската берза за таа намена се предвидени 324.208.453 денари бруто. Висината на бруто-дивиденда по акција изнесува 1.198 денари, односно 38,1% од номиналната вредност на акциите која што изнесува 51,13 евра или 3.145 денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ М-6 Еден купи нови акции на Тиквеш Тиквеш купува четири фирми за околу 15 ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го зајакнува железничкиот транспортен сектор со кредит до 20,9 милиони евра во корист на АД Македонски Железници Транспорт Скопје (МЖТ). Со ова финансирање ќе се овозможи купување до пет електрични локомотиви и имплементација на современ систем за планирање на ресурсите во претпријатието (ПРП), што е исчекор во напорите на земјата за модернизација на работењето на железничкиот сообраќај. „Проектот е ...

Во секоја фирма постои барем еден вработен кој тивко си го поставува истото прашање: „Дали шефот ме има на пик?“ Ретко кој менаџер отворено ќе каже дека не му се допаѓа некој од тимот, но однесувањето често зборува погласно од зборовите. Токму во тие мали, наизглед небитни ситуации се кријат сигналите што луѓето најчесто ги игнорираат, сè додека не стане предоцна. Еден од првите знаци е чувството дека сте „прескокнати“. Не станува збор за ...

„SoftBank Group“ се согласи да ја купи фирмата за приватен капитал „DigitalBridge Group“ во договор што го проценува инвеститорот во центрите за податоци на 4 милијарди долари, вклучувајќи го и долгот, објави „Bloomberg“. Јапонскиот конгломерат ќе плати 16 долари по акција во готово за „DigitalBridge“, која котира на берзата во Њујорк, се вели во соопштението на компанијата, потврдувајќи ги претходните извештаи од „Bloomberg News“. ...

Бизнис Земјоделците во Србија подаруваат тони млеко поради ниската откупна цена 30.12.2025 Сподели: Производителите од Шумадија и Поморавље во Србија од денеска почнаа да подаруваат неколку тони млеко на граѓаните во знак на протест поради најавеното намалување на откупната цена.Претседателот на здружението на млечни производи, Милорад Мајсторовиќ, за агенцијата Бета изјави дека ја започнале хуманитарната акција во Краљево откако ...

На само 24 часа пред истекот на 2025 година, „бројчаникот“ на Министерството за финансии покажува сериозно потфрлање во однос на плановите. Во државната каса недостасуваат близу 700 милиони евра за да се исполни проектираната приходна страна. Според последните податоци, собрани се вкупно 5,4 милијарди евра, иако планот предвидуваше во буџетот да се слеат околу 6 милијарди евра. Ова значи дека реализацијата на приходите е нешто над 90%, што ...

Иако Македонија со години важи за земја со силен технички талент, родовата еднаквост и видливоста на жените во технологијата сè уште остануваат системски предизвик. Невидливите очекувања, ограничените улоги и недостигот од видливи примери создаваат еден јаз што не се затвора сам од себе. Women in Tech Macedonia постои токму за да го адресира тој јаз туку преку континуирана работа, развој и градење на заедница и јасна визија за промена и ...

Во духот на новогодишните празници и солидарноста, во дирекцијата на ЕВН Македонија се одржа вториот донаторски Празничен базар, овојпат под мотото „Празниците се поубави кога споделуваме“. Настанот повторно беше реализиран по идеја, иницијатива и организација на вработените во компанијата. Како и при претходното издание, на базарот му претходеше собирање донации во материјални добра од страна на вработените, кои за време на настанот беа ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ја заокружува оваа 2025 година со реотворање две реновирани експозитури – во Капиштец и во Чаир. Експозитурата во Капиштец се наоѓа на ул. „Народен фронт“ бр. 19, а експозитурата во Чаир на ул. „Џон Кенеди“ бр. 155 во Скопје. Двете експозитури се отворени секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 8.00 до 16.00 часот. Со реотворањето на овие експозитури, Шпаркасе Банка продолжува со унапредување на ...

АЛТА Банка, во пресрет на новогодишните и Божиќните празници, обезбеди дополнителна погодност за своите клиенти пензионери. Банката денеска ја реализираше исплатата на пензиите за месец декември, овозможувајќи навремено и непречено располагање со средствата во период кога финансиската сигурност е од особено значење. – Со оваа активност, АЛТА Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон континуирано унапредување на квалитетот на ...

И покрај децениските рестриктивни мерки, повеќе од 30 милиони возрасни Американци сè уште пушат, а класичните цигари остануваат водечка причина за предвремена смрт и болести во оваа земја. Американската администрација за храна и лекови (ФДА) сега го потврдува она што експертите за намалување на штетата го истакнуваат со години: сите тутунски производи не се подеднакво штетни, а игнорирањето на тој факт има реални последици по јавното ...

„Тесла“ (Tesla Inc.) на својата веб-страница објави компилација од аналитички проценки за испораките на возила, при што просечните бројки за тековниот квартал се понеповолни од просечните проценки што ги собира и обработува „Блумберг“ (Bloomberg). Според пресметките на „Тесла“, аналитичарите во просек очекуваат компанијата да испорача 422.850 автомобили во четвртиот квартал, што претставува пад од 15 отсто во однос на истиот период лани. За ...

Каматната стапки на вкупните депозити забележала годишен раст од 0,06 процентни поени во ноември и изнесувала 2,18%, додека просечната каматна стапка на вкупните кредити забележала годишен пад од 0,56 процентни поени изнесувал 4,80%, објави Народната банка. Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесувала 4,54% и на месечна основа забележала зголемување од 0,05 п.п., на на годишно ниво се намалила за 0,28 п.п. ...

Искористи 25% попуст и вклучи се во програми создадени да ти помогнат да напредуваш, да се преквалификуваш или да станеш поконкурентен/а на пазарот на труд. Почеток: февруари 2026 𝐅𝐮𝐥𝐥 𝐒𝐭𝐚𝐜𝐤 𝐃𝐞𝐯𝐞𝐥𝐨𝐩𝐞𝐫: Научете да изградите комплетни веб апликации – од идеја до функционален производ. https://javen-advertising.com/full-stack-developer/ 𝐅𝐫𝐨𝐧𝐭-𝐄𝐧𝐝 𝐃𝐞𝐯𝐞𝐥𝐨𝐩𝐞𝐫: Совладајте ги најактуелните техники за дизајн и ...

Парфемите се како мелодија што допира до душата — доволно е еднаш да ја почувствуваш и ќе посакаш повторно и повторно да ја слушаш. Тие будат слики од убави моменти, луѓе кои ги носиш во срцето и ја потврдуваат твојата сила и убавина. Мирисот е повеќе од подарок — носи чувства, порака и надеж за нови приказни. Оваа сезона, dm е твоето место каде што мирисите раскажуваат приказни. Со повеќе од 2 200 парфеми, шминки и подарок сетови со секогаш ...

„Ситигруп“ (Citigroup Inc.) соопшти дека очекува да прикаже загуба од околу 1,1 милијарда долари по сите даночни пресметки поради продажбата на преостанатиот бизнис во Русија на „Ренесанс капитал“ (Renaissance Capital). Банката планира преостанатите операции да ги прикаже како „наменети за продажба“ во финансиските резултати за четвртиот квартал и очекува продажбата на „АО Ситибанк“ (AO Citibank) да биде финализирана во првата половина од ...

Зоран Илијоски, деветтоодделенец од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Кичево е годинашен добитник на „Иван Ќостаров“, награда за извонреден научен потенцијал наменет за сите ученици во 9. одделение во Македонија. Наградата ја доделуваат платформата „Наука за деца“ и Фондацијата „Кантарот“ во соработка со проф. д-р Венка Симовска. Наградата е вредна 30.000 денари, а целта е да се стимулира едно љубопитно и посветено дете да продолжи со љубов да ...

Компанијата OpenAI, креаторот на популарниот ChatGPT, објави оглас за „лидер на подготвеност“, чија задача ќе биде да го брани човештвото од најлошите можни сценарија поврзани со вештачката интелигенција. За таа позиција е резервирана годишна плата од 555.000 долари. Новиот раководител на подготвеност на OpenAI ќе биде директно одговорен за одбрана од ризиците што сè помоќната вештачка интелигенција ги претставува за менталното здравје на ...

Револуцијата во македонското сметководство и даночно работење доби прецизен датум. Управата за јавни приходи (УЈП) го дефинираше планот за имплементација на системот „Е-фактура“, кој треба целосно да заживее од 1 октомври 2026 година. Според најавите, подготовките се одвиваат тековно, а веќе од наредниот месец започнува техничката фаза која ќе ги засега сите компании во државата. Календар на имплементација: Што треба да знаат компаниите? ...

Се наѕира крај на неизвесноста за некогашниот гигант за наменска индустрија „11 Октомври – Еурокомпозит“. Основниот суд во Прилеп донесе решение со кое се одобрува планот за реорганизација на компанијата, со што се отвора пат за влез на нови инвеститори и рестартирање на капацитетите. Според најновата објава од Централниот регистар, која стапи на сила на 26 декември 2025 година, официјално е усвоен предлогот за реорганизација на стечајниот ...

Во рамки на работилницата посветена на дигиталната трансформација во осигурителниот сектор, учесниците имаа можност да се запознаат со практичната примена на платформата SignPlus – решение за електронско потпишување и работа со дигитални документи, кое овозможува побрзи и побезбедни деловни процеси. Настанот беше организиран во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Националното биро за осигурување (НБО) и Стопанската ...

Денес, да се избере осигурителна полиса не мора да значи долги редици, хартија и чекање. Минт Инс како осигурителен брокер им нуди на своите клиенти достапност на начин најдобар за нивните потреби и тоа не само во нашите филијали, туку и целосно онлајн преку Минт Инс веб страната или Mint App мобилната апликаија. Со Минт Инс, осигурувањето е во тек со дигиталната ера – брзо, транспарентно и достапно за секого, во секое време. Добијте понуда и ...

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди постоење на картелско однесување меѓу десет осигурителни компании на пазарот на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (АО). Според КЗК, во усогласеното однесување учествувале: Евроинс Осигурување, Триглав Осигурување, Македонија – Виена Иншуренс Груп, Сава Осигурување, Еуролинк, Граве, Уника, Осигурителна ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1026
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
47%
1027
weather icon

Загреб

17ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1026
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
50%
1027
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.2
43%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.47
50%
1027
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
32%
1025
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
39%
1026
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.24
46%
1031
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
40%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Калај

50.04

Кобалт

66.14

Сребро

2648.90

Паладиум

51794.85

Родиум

368126.05

Алуминиум

3.29

Рутениум

45750.51

Цинк

3.27

Злато

163613.54

Платина

67998.83

Иридиум

229769.28

Бакар

11.75