Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и Калинка Габер, проектен менаџер – УНОПС. На средбата, која се одржа во конструктивна атмосфера, беше разговарано за актуелните и идните проекти, како и за можностите за унапредување на соработката во насока на поддршка на општините, поттикнување ...

Русија издаде налог за апсење на Конор Кенеди, син на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, за неговото учество во борбите во Украина во 2022 година. Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, ја презеде функцијата како 26-ти министер за здравство во ...

Холивудската актерка Хајден Панетиер, позната по своите улоги во сериите „Херои“ и „Нешвил“, почина на 36-годишна возраст. Полицијата објави дека нема знаци на насилство. Детективите потврдија за „Дејли Меил“ дека интервенирале вчера попладне по повик до службите за итни случаи. Повикот го упатил познаник на актерката, кој пријавил дека таа не покажува знаци на живот. Полицијата и болничарите пристигнале во станбениот комплекс во Гринвил, ...

Американски турист почина откако бил погоден од гром додека планинарел на планината Етна на Сицилија. Мажот (30), чие име не е објавено од властите, бил на активниот вулкан вчера кога почнале грмотевици, објавија италијанските медиуми. Пожарникарите и службите за итни случаи го пронашле починатиот околу 20 часот по локално време. Тој бил во ограничена зона која повремено се користи за пристапување до врвот на вулканот. Тој бил однесен со ...

Во саботата во Претор и Сливница успешно се одржа инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, во рамки на проектот „Магијата на Преспа“, реализиран од страна на Здружението Иклуалити од Скопје, во партнерство со Здружението Иднина на традицијата од Ресен. Во мирна и позитивна атмосфера, преку 50 учесници возеа долж крајбрежјето на Претор и Сливница со стандардни и адаптивни велосипеди, уживајќи во природата, движењето и заедничкото ...

Денес почна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено ...

Општина Илинден е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари со ...

За справување со епидемијата од западнонилска треска министерот за здравство, Сако Клековски, најави дека ќе продолжи вонредното прскање против комарци, покрај редовните, веќе испланирани прскања, извести дека жителите на подрачјата со прогласена епидемија ќе добиваат СМС пораки за заштита, а кај нив ќе се прави и контрола на живината. Покрај овие мерки кои ќе ги преземаат институциите, министерот Клековски очекува дисциплина и од жителите и ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, утрово извести дека во саботата бил регистриран трет смртен случај на заразен со западнонилска треска во земјва. „Во саботата починатиот пациент имаше 61 година. Доаѓа од едно од афектираните места. Покрај вирусот пациентот имаше прекумерна тежнина“, рече министерот Клековски. Првиот починат со западнонилска треска имаше 83 години имаше и други претходни заболувања, а вториот смртен случај беше ...

Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачи на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на сипаниците кај овците и козите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), континуирано ја следи епидемиолошката состојба. Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ Оливер Миланов се во постојана и ...

Денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август – Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени и нагласи: „Вашиот труд, ...

„СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар? Зошто не се објавува“, прашува Маја Борозан од СДСМ. „Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето. А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе. Од почетокот на кризата со ...

Мета веќе се соочи со неколку негативни пресуди за начинот на кој нејзините платформи ги таргетираат младите корисници, но судењето што започнува утре би можело сериозно да го загрози нејзиното работење. Постапката е покрената врз основа на тужба поднесена во 2023 година од 30 американски држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Њујорк, пишува Би-Би-Си. Во тужбата се тврди дека Мета ги прекршила федералните и државните закони што ја штитат ...

Во големиот пожар што ги опустоши областите Локва Рогозница и Омиш во ноќта меѓу 13 и 14 август, целосно изгореа 106 возила, 28 куќи и 45 пловила, соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. Седум комерцијални згради, три угостителски објекти и шест помошни згради до семејни куќи, исто така, целосно изгореа. „Исто така, целосно изгореа 45 пловила што беа извлечени на брегот“, изјави Бобан за Хина. Други 43 куќи се делумно ...

Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Како што известува Општината, овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за ...

„Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции ...

„Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце“, велат од ВЛЕН. „Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја ...

Украина би можела да користи балистички ракети од домашно производство за да напаѓа цели длабоко во Русија во следните три до шест месеци, изјави поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров за CBS News. „Мораме да ја победиме Русија во секој технолошки циклус и мора да донесуваме одлуки 24 часа на ден, седум дена во неделата“, рече Федоров. Тој додаде дека Украина брзо развива нови технологии, но предупреди дека Русија исто ...

Родители возеле околу 100 километри на автопат во Италија без да знаат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие биле убедени дека спие, пишува „Кориере дела Сера“. Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот на автопатот А21 Торино-Пјаченца. Семејството од романско потекло патувало кон Торино. Таткото возел, мајката седела на совозачкото седиште, а нивниот син на задното седиште. Починал од срцев удар ...

Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на ...

Датумот на раѓање може да биде повеќе од само дел од информацијата што е запишана во документи. Во астрологијата и нумерологијата, се верува дека денот, месецот и годината на раѓање можат да откријат одредени особини, преференции и начини на кои лицето пристапува кон врските, работата и секојдневниот живот. Иако ваквите толкувања не се научно потврдени, многумина ги сметаат за интересни како начин за забава и самоанализа. Вашиот датум на ...

Познатата холивудска ѕвезда Никол Кидман отворено зборуваше за најновото издание на британскиот „Вог“, откривајќи што ја „мачеше“ јавноста со години. Таа беше во брак со Том Круз од 1990 година, а се разведоа во 2001 година. Таа имаше 23 години кога му рече „да“, а тој имаше 28. Пет години по пропаѓањето на бракот за кој многумина мислеа дека ќе трае цел живот, и официјалниот развод, Никол Кидман се омажи за музичарот Кит Урбан во 2006 ...

Британскиот премиер Енди Барнам разменил пораки со лице кое лажно тврдело дека е еден од најблиските советници на Доналд Трамп, потврдија за Политико четири службеници запознаени со ова прашање. Новиот премиер комуницирал со лице кое тврдело дека е Сузи Вајлс, шефица на кабинетот на Белата куќа. Според изворите, Барнам подоцна се посомневал во автентичноста на контактот. Даунинг стрит одби да даде детали: „Ние не коментираме за прашања од ...

„СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во Кривогаштани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ...

„Пет недели проблеми со водата. Две недели епидемија на западнонилска треска. А прскањето против комарци во Скопје почнува дури утре. Сè се чека, со денови, се доцни. Ништо не се прави навреме за да се спречат проблемите со кои се соочуваат граѓаните“, велат од СДСМ. „Кај водата во Гостивар се знаеше денови однапред дека е отруена – никој не реагираше. Граѓаните со денови пиеја вода загадена со фекалии. Институциите молчеа. Сега, кога веќе ...

Актерката Гвинет Палтроу ужива во летото, како што напиша во описот на фотографиите што ги објави на Инстаграм. На една од нив, таа позира со својата ќерка Епл Мартин (22), која ја доби со нејзиниот поранешен сопруг, фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, а многумина повторно се изненадени колку нејзината ќерка личи на својата мајка. „Лето… засега е добро“, напиша холивудската ѕвезда, која позира без шминка во едноделен црн костим за капење, ...

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Од 08,30 часот до завршување на работните активности поради изведување на водоводен приклучок стара мрежа со нова мрежа Ф250мм на Ф 100мм на улица Џон Кенеди крстосница со улицата Браќа Реџепагич и дел од населбата Топанско поле. Текстот Дел од општината Чаир денеска без вода е превземен од МАКФАКС. Од ЈП Водовод и канализација известуваат ...

„По враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија“, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен. Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците“, велат од СДСМ. „Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење – над 5.000 луѓе побараа ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Следува период на стабилно и потопло време, ...

Рускиот независен портал „Медиазона“ и рускиот сервис на Би-Би-Си ги потврдија идентитетите на 239.354 припадници на руските сили убиени во Украина од почетокот на целосната руска инвазија на 24 февруари 2022 година до 13 август оваа година. Идентификуваните мртви вклучуваат 87.749 волонтери, 26.416 затвореници регрутирани за војната и 19.778 мобилизирани војници. Потврдена е и смртта на 7.530 офицери. Вистинскиот број на мртви веројатно е ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.89
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 6ᴼ
3.09
88%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34