Косово ќе одржи парламентарни избори во недела по трет пат за нешто повеќе од една година, откако партиите не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател. Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Тоа ќе бидат 11-ти парламентарни избори од 2001 година, кога беа одржани првите повоени национални избори, а ...

Општина Бутел информира дека се започнати активности за поставување на видео надзор на јавните површини во општината. Ова како што појаснуваат, од причина што во изминатиот период, се оштетени голем број на детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови во општината. „Локалната самоуправа ја надомести штетата и ги обнови јавните површини, но уништувањето на детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема продолжува. ...

Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиента, истакна вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се ...

Експлозијата се случи на пристаништето 78. Пристапот до областа е ограничен, а сите надлежни институции се ставени во состојба на тревога. Активиран е Црвениот план за интервенција, пишуваат романските медиуми. Експлозијата се случила околу 10:30 часот наутро, откако дронот првпат бил забележан во 5:50 часот наутро. O dronă a explodat în Portul Constanța, lângă dana Oil Terminal pic.twitter.com/wgcQnyXCzi — Jurnalul (@JurnalulN) June 5, 2026 ...

Актерот Џејмс Хенди, познат по своите улоги во филмовите „Џуманџи“ и „Топ Ган: Маверик“, беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека 81-годишниот актер бил избоден до смрт, а синот на неговата девојка е уапсен за убиството, објави CNN. Властите објавија дека полицијата го уапсила Мајкл Гледхил (44), син на девојката на Хенди. Гледхил, кој живеел во куќата со неговата мајка, бил приведен под сомнение за убиство. ...

Според опозициската СДСМ, премиерот Христијан Мицкоски прави уште една манипулација и лага во економијата. „Зборува за раст на БДП во првиот квартал за 3,1%, но истовремено инфлацијата достигна 5,7%. Тоа во реалноста значи дека цените растат побрзо од економијата и дека граѓаните реално осиромашуваат. Кога со истата плата можете да купите помалку храна, помалку месо, помалку овошје и помалку основни производи, тогаш нема економски успех, ...

Извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, јасно покажува дека нема напредок во клучните реформи – владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата, велат од СДСМ. „Ова е уште една потврда на она што СДСМ го зборува месеци наназад. Наместо реформи, владата на Мицкоски продолжува со политичка контрола врз институциите, јавно мешање во работата на обвинителството и создавање на атмосфера на страв ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели 30 пехари и симболични награди на победниците на Пензионерските спортски игри 2026, кои се натпреваруваа во пет дисциплини : пикадо, табла, домино, фудбал и кошарка, во машка и женска конкуренција. „Честитки до нашите пензионери за спортскиот дух и ентузијазмот што ги покажаа на овие игри. Ова е уште еден успешен проект посветен на активниот живот, рекреацијата и дружењето на ...

Шерон Стоун неодамна ја откри причината зошто го завршила својот втор брак. Како што вели, тоа искуство оставило длабок белег во нејзиниот живот. Легендарната актерка Шерон Стоун неодамна беше гостинка во подкастот „Лицето кое веруваше во мене“, каде што зборуваше за различни теми. Таа се осврна и на здравствениот проблем што, како што вели, ѝ го уништил бракот. Стоун рече дека лекарите потоа откриле тумори на дојка, од кои едниот бил ...

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски до рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време ако сака да се сретне со Путин. „Имав можност да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го стори тоа“, рече Песков, пренесува ТАСС. ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес изјави дека Техеран не сака војна, но дека решително ќе се брани доколку му биде наметната агресија. Арагчи, во интервју за телевизијата „Ал Маџадин“, рече дека Иран не бара војна, но дека е подготвен за неа доколку биде наметната и дека Техеран комуницирал директно со американските претставници и регионалните влади, на што предупредил дека секоја поголема ескалација на насилството ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната ...

Без струја денеска ќе останат делови од општините Сопиште и Бутел. „Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 05.06.2026 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од м.в. Рудина во село Добри Дол. (општина Сопиште ). Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 1 и ул. 21 во населба Радишани. (општина Бутел). Во периодот од 10.00 до 14.00 часот, дел од ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека денес, 05.06.2026 година, е последен ден од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Латвија. Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат ...

Ексклузивни снимки добиени од Си-Ен-Ен покажуваат обемна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиони, „УСС Џералд Р. Форд“, откако избувна пожар на него. Според извори, инцидентот се случил затоа што системот за сузбивање на пожар на бродот откажал. Кога избувнал пожар на најголемиот воен брод во светот во март, во средината на воените операции против Иран, американската морнарица ја увери јавноста со кратко соопштение. Тие ...

Откако го кажаа судбоносното „Да“ во Лондон минатата недела, Дуа Липа и Калум Тарнер отпатуваа во Италија. За главната, тридневна свадбена прослава, тие ја избраа Сицилија и една од најпознатите вили на островот. Граѓанската венчавка на еден од најследените парови денес се одржа на 31 мај во лондонската Олд Мерилебон Градска сала, опкружена со семејство и најблиски пријатели. За таа пригода, британската пејачка носеше високомодна креација од ...

Мажот кој беше прогласен за херој за разоружување на еден од напаѓачите во смртоносната пукотница на плажата Бонди сега е обвинет за напад. Ахмед ал Ахмед е обвинет за напад на сопствениот татко во март, објавија австралиските медиуми, како што објави Би-Би-Си. Ал Ахмед доби статус на херој откако интервенираше за време на нападот на еврејски настан во декември минатата година, во кој беа убиени 15 лица, а десетици беа повредени. Снимките од ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, испрати отворено писмо до рускиот претседател, Владимир Путин, упатувајќи лична покана и нудејќи средба лице в лице за да се стави крај на војната. Писмото беше објавено еден ден откако Украина изврши голем напад врз Санкт Петербург, погодувајќи големо нафтено складиште и воени цели истото утро кога Путин беше домаќин на светските лидери во градот за неговиот клучен економски форум, објави The Kiev ...

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој е во Тиват по повод учеството на самитот на Европската политичка унија, одговори на прашања од новинари за депортираните српски државјани. Во таа прилика, Вучиќ изјави дека меѓу нив нема ниту еден криминалец, пишува Nova.rs. „Денес би се појавил сосема поинаку и би рекол: „Се извинувам на нашите домаќини“. Тие немаа оружје, ништо грдо, ништо навредливо… Можеше да ме покани кој било. Тие дојдоа тука ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги осуди нападите на Иран врз Кувајт, нарекувајќи ги скандалозни и неприфатливи, објави американскиот Стејт департмент. За време на состанокот со кувајтскиот министер за надворешни работи, шеикот Џарах Џабер Ал-Ахмад Ал Сабах, Рубио изрази сочувство до семејствата на убиените и повредените и рече дека САД се со кувајтскиот народ во ова тешко време. Средбата во Вашингтон се одржа еден ден по нападите во ...

Република Северна Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година, соопшти министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. „На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на Република Северна Македонија доби поддршка од 174 држави членки. Станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи ...

Разговорите меѓу Русија и САД за економски и енергетски прашања продолжуваат и покрај паузата во мировните преговори за Украина, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател, Владимир Путин, Кирил Дмитриев, додавајќи дека трилатералните разговори со Украина се можни кога „ќе биде вистинско време“. На 18 мај, Кремљ изјави дека мировниот процес меѓу Русија и Украина е паузиран, но дека Москва очекува тој да продолжи. Контактите меѓу ...

Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Југоисточна Европа и Молдавија и поедноставување на процесот на преговори, кој би продолжил да се базира на заслуги. Во овој неформален документ, Берлин и Париз ја повикуваат Комисијата да презентира предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите-кандидатки на нивниот пат ...

Неколку лица се повредени откако предниот дел на авионот „боинг 787“ на авиокомпанијата „Луфтханза“ неочекувано падна додека паркираше на аеродромот во Франкфурт. „Патниците сè уште се немаа качено во тој момент“, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека членовите на екипажот и аеродромскиот персонал биле во авионот во времето на инцидентот. Портпаролот соопшти дека се повредени неколкумина членови на персоналот. Портпарол на ...

Хезболах го отфрли планот за прекин на огнот договорен од либанската и израелската влада со посредство на САД, а Израел продолжи со нападите во јужен Либан и нагласи дека не се повлекува од југот на таа земја. Соединетите Американски Држави вчера објавија дека Либан и Израел се согласиле на примирје, под услов Хезболах, група поддржана од Иран, да прекине со огнот и да ги повлече своите борци од јужен Либан по границата со Израел. Водачот на ...

Значајна потврда за реформскиот курс на државата и за работата на Министерството за правда дојде од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ги поздрави континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда, соопшти Министерството за правда. Од таму велат дека се особено горди на тоа што ЕУ го препознала усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики. Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пристигна во Тиват, каде што ќе учествува на дводневен самит на лидерите на Европската унија и Западен Балкан. Главна тема на состанокот, кој се одржува под слоганот „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“, ќе биде процесот на проширување на Унијата, пишува „Анадолу“. За време на престојот во Црна Гора, се очекува Вучиќ да има голем број важни состаноци. Најавена е заедничка ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кои се однесуваат на работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Одлуката е донесена денес на колегиум на Комисијата, во рамките на нивните надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. „Предметот е отворен поради ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Иридиум

253540.09