Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
На 28.06.2026 во 13:30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода О.С.(45) од Украина, со престој во Скопје, затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „стоп“ по барање на Основен кривичен суд Скопје. Имено, тој допатувал со патничко возило „хјундаи“ со бугарски национални ознаки, а имал активна забрана за управување на ...
На 28.06.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје, П.П.(48) од Скопје пријави дека на игралиште на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од П.„Н“.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 28.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.И.(26) и С.Ј.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција, порача дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес. „Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака контролиран како ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, државното ...
Кога горивата поскапуваат, објаснувањето секогаш стигнува брзо: поскапа нафта, повисоки транспортни трошоци, поскапа струја, поголеми трошоци за производство, увоз, достава и складирање. Тогаш граѓаните слушаат дека сè е поврзано и дека повисоката цена на енергенсите мора да се прелее врз храната и производите, анализира Centar.mk. Но кога горивата почнуваат да поевтинуваат, кога цените на нафтата се стабилизираат, кога пазарот се смирува — ...
Соопштение на СДСМ: ЗНАМ се распаѓа и веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови. Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит- ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на ...
Прес конференција на Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ: Државното раководство на Македонија има многу јасно зацртано како државата треба да се вклучи во ЕУ и тоа јасно го кажува. А тоа значи, намерата на Македонија не е само да почне преговори со Брисел и да се соочи со нова блокада како актуелната од официјална Софија, туку процесот да почне и успешно да заврши со целосно исполнување на европските стандарди. Ова им е јасно и на многу истакнати ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите. Дипломатскиот преседан ...
Прес конференција на СДММ – Петар Огњеновиќ: Во среда, на 1 јули, во 12:05 часот, овде, во хотелот, ќе се одржи настан насловен како „Разговори за иднината во 12:05“. Ние, младите, велиме: ова не се разговори за нашата иднина. Ова е обид на Христијан Мицкоски да создаде ЗНАМ 2.0 – нов сателит кој ќе му послужи да ги раздели гласовите на опозицијата на следните избори, исто како што го направи и со ЗНАМ пред последните парламентарни избори. ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Во 2024 и 2025 година беа направени значајни чекори во спроведувањето на Реформската агенда, кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на ЕУ. Европските институции го препознаваат напредокот на Македонија и затоа и оваа година Македонија ќе биде лидер во регионот по Планот за раст. СДС не гласаше ниту за едно од законските решенија што се дел од ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најниските утрински температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат од 30 до 39 степени. Во западните делови температурите ќе се движат околу 30 до 31 степен, во јужните и централните делови околу 33 ...
Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени ...
Македонската музичка јавност вечерва ја потресе веста дека, според медиумски објави, починал познатиот пејач и кантавтор Владо Јаневски. Тој имал 66 години, а информациите наведуваат дека смртта настапила по кратко боледување. Јаневски важеше за еден од најпрепознатливите гласови на македонската поп-сцена. Неговите песни, балади и рефрени со децении беа дел од музичката меморија на повеќе генерации, оставајќи силен белег во домашната музика. ...
На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, седуммина ( по двајца во Скопје, Росоман и Куманово и еден во кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени од слобода се петмина возачи ( во Кавадарци, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и на автопатот Велес-Градско), а двајца возачи ...
На 27.06.2026 во 11:00 часот во Тетово, на крстосницата од ул. „Видоје Смилевски Бато“ со ул. „29 Ноември“, полициски службеници од СВР Тетово, ја лишија од слобода Н.Б. (65), државјанка на Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик, а постапувајќи по пријава претходниот ден од 67-годишен маж од Тетово дека бил измамен од женско лице, која лажно се претставувала како универзитетска ...
Прес конференција на Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ: Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот. Претседателот и соговорниците ја информираа ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали. Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги. Еве јасно ќе им кажеме и во оваа прилика, буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања. Ако не слушаат во јавност и не ги ...
Соопштение на СДСМ: Додека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата. Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони. Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО. За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира ...
На 28.06.2026 во 00:13 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Гостивар, непознато лице кое било со патничко возило „џип“ испукало неколку истрели од огнено оружје, по што заминало кон центарот на градот. Нема пријавено повредени лица, а околу 02:10 часот во ПС Гостивар сам се пријавил маж (65) од Гостивар и од него се одземени пиштол „берета“ кој го поседувал со дозвола, една рамка за истиот пиштол со 8 куршуми и една празна рамка за истиот ...
На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење. Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски ...
Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – члена на Извршниот одбор: Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб. Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија. Наместо да го зајакне вториот пензиски ...
Соопштение на СДСМ: Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови претежно од источен правец, а во источните од променлив правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 22°C, а дневните ќе достигнат од 29°C до 38°C. Најтопло ќе биде во јужните и југоисточните делови од земјата, каде температурите ...
Во 2025 година бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 6.8 % во однос на претходната година и изнесува 546 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.7 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2025 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 68.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во вкупниот број случаи на насилна смрт, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС постојано зборува за европски вредности, но кога ќе дојде време да покаже нешто на дело, ги нема никаде. Не е проблем ако опозицијата има различно мислење, туку тоа што од СДС цело време зборуваат за тие европски вредности и за реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат. Не гласаа за ниту едно законско решение, ниту во 2024, ниту во 2025 година. Притоа, избегаа од ...