Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Сејф сити“ којшто започна официјално денеска со пробниот период, изјави: „Апсолутно ја поддржувам применета на „Безбеден град“ проектот и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени ...
Соопштение на СДСМ: Фирма основана една година, со дваца вработени добива тендер од 9 милиони евра од владата на Мицкоски и тоа за период од само шест месеци. Институциите мора да реагираат, крдањето на народот да запре. СДСМ продолжува со бората против корупцијата и киминалот на власта. Проследете ја изјавата на СДСМ пред зградата на Државната комисија за спречување корупција (Пресвета Богородица бр. 3), денеска, 02.12.2025 година ...
Соопштение на СДСМ: За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои биле нерегистрирани. Тоа покажува колку е паднат стандардот на граѓаните со Мицкоски и ДПМНЕ. Народот нема пари ниту за регистрација на автомобилите. И тоа зборуваме за паднат стандард во Скопје, во главниот град, колку е само полоша состојбата во помалите градови и населени места? Економијата паѓа а народот едвај ...
„Jа користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во градинките да се решава. Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска листата на чекање веќе ...
На 01.12.2025 во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 58-годишен жител на село Тромеѓа. Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на улицата „Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички средства. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно ...
БЛОКИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патот кон Р. Грција за влез и излез на ГП Евзони е блокиран порани протест на земјоделци на грчка страна. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ ги коментираше и последните обвинувања на СДСМ за местени тендери за што рече дека истите се клевети за кои како многупати во минатото СДСМ ќе треба да се извинува и дополнително да губи супстанца од својот кредибилитет. „Доколку постои било какво сомневање за сторен криминал, СДСМ може веднаш до нивните инсталации во Обвинителството да достави докази и нивните ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно е завршено украсувањето на општината за претстојните празници. „Центар блесна уште пред неколку дена. На повеќе локации е украсено, почнувајќи од Дебар Маало, улиците Орце Николов, Боемска, Сквер Јадран, двата парка во Капиштец, плочникот кај Агромеханика , вкупно десет локации во општината се накитени. Целта ни е да ја разбудиме новогодишната магија и да ...
Претседателот на Комисијата за европски прашања и претседавач со Меѓупартиската група за следење на имплементацијата на Берлинскиот процес и реформската агенда, Антонијо Милошоски, заедно со Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања и Марко Трошановски, претседател на ИДСЦ, денеска ја отворија тематската сесија: „Реформска агенда и Берлинскиот процес низ призмата на европската интеграција: улогата на парламентот во ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот Проф. д-р Оливер Бакрески ја потврдија досегашната успешна соработка преку потпишување Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет зона наменета за студентите. „Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на работната посета на Брисел, утрово оствари средба со Ана-Марија Бура, главен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, задолжена за координација на надворешните политики и агендата за надворешни работи на ЕУ. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба и динамиката на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската ...
Со почетокот на грејната сезона, значително се зголемува можноста за пожари, пред се како резултат на човечко невнимание, застарени и дотраени електрични инсталации во зградите, неисправни печки и неисчистени оџаци во куќите или станбените згради. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните на максимална внимателност, поточно да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се дома или во работните простории, а ...
Соопштение на СДСМ: Криминалната ВМРО–ДПМНЕ нека погледне најпрво во своите редови, таму има многу за чистење од криминалци, особено по новите бомби кои допрва ќе бидат објавувани. СДСМ еднаш веќе помогна да се исчиститат криминалците од режимското време во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е подготвена повторно да направи такво чистење. Главниот криминалец кој украде над 2 милијарди евра, Никола Груевски, побегна во Унгарија а уште десетици други ...
На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.11.2025 до 28.11.2025 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. ...
– Град Скопје оваа година го започнува процесот на креирање на буџетот со максимална транспарентност, отчетност и вклученост на јавноста. Со јасна определба да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, буџетот за 2026 година ќе биде изработен преку отворен и партнерски пристап, во кој секој жител, организација или заедница ќе може да даде конструктивен придонес, се вели во соопштението на Град Скопје кое е во продолжение: Како град ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот. Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли. Особено значаен дел од агендата беа ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија. На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти. Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за ...
Соопштение на СДСМ: Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта. Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на ...
Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателот на проф. д-р Владата, Христијан Мицкоски и д-р Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во нашата држава, денес потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026–2030 година. На настанот со онлајн вклучување се обрати и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге. -Денешниот ден отвора ново поглавје во соработката со Светската здравствена ...
Денеска од СВР Скопје го означивме стартот на пробниот период на системот „Безбеден град“ (Safe City), во првите 12 часа забележани неверојатни 65.000 прекршоци, рече Панче Тошковски од МВР. Со овој проект започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност – сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат електронско известување за сторениот прекршок, документиран со современи технички средства и уреди за снимање, соопшти ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата вицепремиерот Николоски ја потенцираше можноста за интензивирање на економската и трговска соработка меѓу Македонија и Хрватска во интерес на двете земји. Исто така вицепремиерот Николоски ги презентираше инвестициските планови на Владата за изградба и модернизација на патните и ...
Кој треба да пријави приход од странство? Управата за јавни приходи ги информира физичките лица – резиденти на Република Северна Македонија кои остваруваат доход од странство кој подлежи на оданочување согласно одредбите од Законот за данокот на личен доход (ЗДЛД), дека имаат обврска истиот да го пријават преку системот е-Даночни услуги на Управата за јавни приходи со поднесување на аконтативна пресметка (е-ПДД) до 10-ти во месецот за доходот ...
Соопштение на Левица: Во услови кога државата се соочува со највисокиот просечен раст на трошоците на живот во последните години, Владата предводена од коалицијата ВМРО – ДПМНЕ – ЗНАМ – ВРЕДИ продолжува да тврди дека „инфлацијата е под контрола“. Меѓутоа, официјалните податоци и реалноста на секојдневниот живот на граѓаните го демонстрираат спротивното. Само во октомври, споредено со истиот месец лани, забележано е зголемување на цените од ...
На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе. При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол. ...
Реакција на СДСМ: ДПМНЕ води прљава кампања против челновите на СДСМ преку нивните портли и медиуми кои со години ги финансираат од црните пари украдени од граѓаните. Очигледно мислат дека ако повторуваат едни исти лаги ќе станат вистина, но се лажат. Моделот на Гебелс кој го учеа од Груевски и Протуѓер не проаѓа веќе ниту меѓу граѓаните ниту кај медиумите. Сите имаат меморија, очи и памет, гледаат, слушаат, знаат но и паметат! Да расчисти ...
На 29.11.2025 година во 22:10 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода 32-годишен маж од истото село. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Истиот ден, во 23:20 часот, повторно во село Миравци, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија ги лишија од слобода 27-годишно и 38-годишно лице од валандовско. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со ...
На 29.11.2025 година во 13:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од Богданци кон Гевгелија, на место викано „Л’гот“, патничко возило „пежо 206“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишен жител на Гевгелија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повреди добил и неговиот 20-годишен сопатник од Гевгелија. Двајцата биле згрижени во Општата болница во ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 28.11.2025 г. регионалниот пат Р1105, делница с.Јосифово – с.Пирава, поточно кај местото Калковска Река, сообраќајот е пренасочен за сите видови возила и е пренасочен кон ...