Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Изјава за медиуми, Петар Огњеновиќ, СДСМ: Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави дека ако објавениот скандал од СДСМ за тендерот од 9 милиони евра е корупција и криминал, нека реагираат институциите, тој нема ништо против. Еве денеска сме пред Државната комисија за спречување корупција, да поднесеме официјална пријава со сите документи, докази и информации што ги објавивме изминативе денови. Како што ветивме, нема да дозволиме ова ...
Со капацитет за скенирање стотици поштенски пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенер поставен во Царинска испостава Пошта ќе помага во детекција на огнено оружје, дрога и експлозиви. Скенерот за поштенски пратки што денеска беше презентиран на официјален настан e донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во рамки на проектот Хермес 2, чија цел е спречување нелегална трговија со огнено оружје и експлозиви преку ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против едно (54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, три лица, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против друго лице (71) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз ...
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната самоуправа ќе реагира на ...
На 01.12.2025 во 10:13 часот на магистралниот пат Ресен–Охрид, кај превој Буково, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 24-годишен жител на Дебарца. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 70 километри на час. По целосно документирање на случајот, против ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Сејф сити“ којшто започна официјално денеска со пробниот период, изјави: „Апсолутно ја поддржувам применета на „Безбеден град“ проектот и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени ...
Соопштение на СДСМ: Фирма основана една година, со дваца вработени добива тендер од 9 милиони евра од владата на Мицкоски и тоа за период од само шест месеци. Институциите мора да реагираат, крдањето на народот да запре. СДСМ продолжува со бората против корупцијата и киминалот на власта. Проследете ја изјавата на СДСМ пред зградата на Државната комисија за спречување корупција (Пресвета Богородица бр. 3), денеска, 02.12.2025 година ...
Соопштение на СДСМ: За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои биле нерегистрирани. Тоа покажува колку е паднат стандардот на граѓаните со Мицкоски и ДПМНЕ. Народот нема пари ниту за регистрација на автомобилите. И тоа зборуваме за паднат стандард во Скопје, во главниот град, колку е само полоша состојбата во помалите градови и населени места? Економијата паѓа а народот едвај ...
„Jа користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во градинките да се решава. Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска листата на чекање веќе ...
На 01.12.2025 во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 58-годишен жител на село Тромеѓа. Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на улицата „Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички средства. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно ...
БЛОКИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патот кон Р. Грција за влез и излез на ГП Евзони е блокиран порани протест на земјоделци на грчка страна. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ ги коментираше и последните обвинувања на СДСМ за местени тендери за што рече дека истите се клевети за кои како многупати во минатото СДСМ ќе треба да се извинува и дополнително да губи супстанца од својот кредибилитет. „Доколку постои било какво сомневање за сторен криминал, СДСМ може веднаш до нивните инсталации во Обвинителството да достави докази и нивните ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно е завршено украсувањето на општината за претстојните празници. „Центар блесна уште пред неколку дена. На повеќе локации е украсено, почнувајќи од Дебар Маало, улиците Орце Николов, Боемска, Сквер Јадран, двата парка во Капиштец, плочникот кај Агромеханика , вкупно десет локации во општината се накитени. Целта ни е да ја разбудиме новогодишната магија и да ...
Претседателот на Комисијата за европски прашања и претседавач со Меѓупартиската група за следење на имплементацијата на Берлинскиот процес и реформската агенда, Антонијо Милошоски, заедно со Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања и Марко Трошановски, претседател на ИДСЦ, денеска ја отворија тематската сесија: „Реформска агенда и Берлинскиот процес низ призмата на европската интеграција: улогата на парламентот во ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот Проф. д-р Оливер Бакрески ја потврдија досегашната успешна соработка преку потпишување Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет зона наменета за студентите. „Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на работната посета на Брисел, утрово оствари средба со Ана-Марија Бура, главен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, задолжена за координација на надворешните политики и агендата за надворешни работи на ЕУ. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба и динамиката на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската ...
Со почетокот на грејната сезона, значително се зголемува можноста за пожари, пред се како резултат на човечко невнимание, застарени и дотраени електрични инсталации во зградите, неисправни печки и неисчистени оџаци во куќите или станбените згради. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните на максимална внимателност, поточно да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се дома или во работните простории, а ...
Соопштение на СДСМ: Криминалната ВМРО–ДПМНЕ нека погледне најпрво во своите редови, таму има многу за чистење од криминалци, особено по новите бомби кои допрва ќе бидат објавувани. СДСМ еднаш веќе помогна да се исчиститат криминалците од режимското време во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е подготвена повторно да направи такво чистење. Главниот криминалец кој украде над 2 милијарди евра, Никола Груевски, побегна во Унгарија а уште десетици други ...
На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.11.2025 до 28.11.2025 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. ...
– Град Скопје оваа година го започнува процесот на креирање на буџетот со максимална транспарентност, отчетност и вклученост на јавноста. Со јасна определба да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, буџетот за 2026 година ќе биде изработен преку отворен и партнерски пристап, во кој секој жител, организација или заедница ќе може да даде конструктивен придонес, се вели во соопштението на Град Скопје кое е во продолжение: Како град ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот. Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли. Особено значаен дел од агендата беа ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија. На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти. Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за ...
Соопштение на СДСМ: Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта. Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на ...
Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателот на проф. д-р Владата, Христијан Мицкоски и д-р Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во нашата држава, денес потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026–2030 година. На настанот со онлајн вклучување се обрати и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге. -Денешниот ден отвора ново поглавје во соработката со Светската здравствена ...
Денеска од СВР Скопје го означивме стартот на пробниот период на системот „Безбеден град“ (Safe City), во првите 12 часа забележани неверојатни 65.000 прекршоци, рече Панче Тошковски од МВР. Со овој проект започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност – сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат електронско известување за сторениот прекршок, документиран со современи технички средства и уреди за снимање, соопшти ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата вицепремиерот Николоски ја потенцираше можноста за интензивирање на економската и трговска соработка меѓу Македонија и Хрватска во интерес на двете земји. Исто така вицепремиерот Николоски ги презентираше инвестициските планови на Владата за изградба и модернизација на патните и ...
Кој треба да пријави приход од странство? Управата за јавни приходи ги информира физичките лица – резиденти на Република Северна Македонија кои остваруваат доход од странство кој подлежи на оданочување согласно одредбите од Законот за данокот на личен доход (ЗДЛД), дека имаат обврска истиот да го пријават преку системот е-Даночни услуги на Управата за јавни приходи со поднесување на аконтативна пресметка (е-ПДД) до 10-ти во месецот за доходот ...
Соопштение на Левица: Во услови кога државата се соочува со највисокиот просечен раст на трошоците на живот во последните години, Владата предводена од коалицијата ВМРО – ДПМНЕ – ЗНАМ – ВРЕДИ продолжува да тврди дека „инфлацијата е под контрола“. Меѓутоа, официјалните податоци и реалноста на секојдневниот живот на граѓаните го демонстрираат спротивното. Само во октомври, споредено со истиот месец лани, забележано е зголемување на цените од ...