Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во Тирана продолжува 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Претставници на словенските малцинства од 20 организаци со 40 преставници од 11 држави Албанија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Естонија, Украина, Унгарија, Србија, Италија, Словачка. Денска семинарот продолжи со посета на Парламентот на Република Албанија, се одржа панел ...
Претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, од 4 до 6 јуни 2026 година ќе учествува на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), кое ќе се одржи во Гандија, Шпанија. На Генералното собрание, меѓу точките на дневниот ред е и разгледувањето и гласањето на резолуција поднесена од МАЕИ за заштита и унапредување на правата на ...
Фото: Македонско друштво “Илинден“-Тирана Во Тирана денска започна 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Македонското друштво “Илинден“-Тирана, за прв пат во Тирана e организатор на Семинарot на словенските малциства во Европа со учесници од 20 организации, 40 преставници. Посебна чест ...
Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска оствари средба со поглаварот на Албанската автокефална православна црква, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г. Јоан. Големо задоволство беше да се сретнам со г.г. Јоан, што е наша прва средба по неговиот избор. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај. Во исто време го ...
Франција, оптоварена од комплексот на своето „големо“ империјално и колонијално наследство, низ годиниве повторно преку Макрон се обидува(ше) да настапува како крупен играч на европската сцена. Но токму нејзината одлука да има разбирање за бугарските барања ја разголува суштинската немоќ на Париз да се занимава со круцијални прашања. Наместо да се насочи кон суштински теми како реформата на Европската Унија, слично на Германија, Франција се ...
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ ...
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе избере нов претседател, на гласање што е предвидено да се одржи во 16 часот по средноевропско време. Земјите-членки на Обединети нации избираат наследник на досегашната претседателка Аналена Бербок, а кандидатот овојпат доаѓа како претставник на државите од азиско-тихоокеанската група. Во трка за функцијата се двајца кандидати – актуелниот министер за надворешни работи на Бангладеш, ...
Имавме до 30 % повеќе патници од минатата година, а лани пак поминавме 3.000.000, оваа година очекуваме да поминеме над 3.500.000 патници, што за држава од 1.800.000 жители е огромна работа, скоро двојно од бројот на жители и она што по мeне е најзначајно во услови на глобална криза во авиоиндустријата, пред сè заради војната во Иран”, изјави вицепремиерот Николоски во поткастот „Риштази”. За година и половина отворивме 28 дестинанции, ...
Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскио тпрв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања. По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, охриѓани вечерва во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11). И минатата сезона трофејот во третото по квалитет клупско европско ракометно ...
Еколошки активисти, демонстранти од граѓанското општество и разни граѓани се собраа оваа недела попладне на протест во Тираназа да се спротивстават на изградбата во Звернец, Валона. Протестот се случи еден ден по судирите на активистите во Звернец каде што се судрија со приватното обезбедување на компанијата што ја започна изградбата во Звернец. Еден од граѓаните што протестираше беше влечен од приватното обезбедување и силуван. Во ...
Фото: Министерство за транспорт Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката ...
Православните верници денес го одбележуваат големиот христијански празник Педесетница, во народот познат како Духовден, кој е посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден по Христовото Воскресение и десеттиот ден по Неговото Вознесение. Според христијанското учење, Исус Христос за време на Својот земен живот повеќепати им најавувал на учениците дека ќе го испрати Утешителот – Светиот Дух, кој ќе ги упати кон ...
Народот кој ги чува свои корени никогаш не се губи, народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржува попладнево во Нови Сад. Идентитетот, потенцираше, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на покана од сестринската партија од Република Албанија се обрати на Конгресот на Националното собрание на Демократската партија на Албанија и во своето обраќањe ги пренесе поздравите од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, и истакна дека „иднината на Западен Балкан ја градиме заедно како партии кои делат исти вредности: слобода, одговорност, традиција, ...
Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава што ќе добие мерки од Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувале и ги лажирале ...
Православните христијани, ја празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на оние кои не напуштиле. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се заминати од овој свет. Тоа е ден посветен на молитивите за заминатите роднини и пријатели. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. Но, годинава ...
Израелската армија денеска ги повика жителите на седум села во јужен Либан да се евакуираат пред планираните напади против проиранското движење Хезболах, и покрај прекинот на огнот. Повеќето од селата за кои е издадено предупредувањето се наоѓаат околу градот Набатие. Израел извршува речиси секојдневни напади во јужен Либан и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 17 април, а израелската армија го обвинува Хезболах дека го нарушува. ...
На 29 мај 2026 во Водениот парк „Дрилон“ се претвори во голема сцена на традицијата и културата, пречекувајќи го првото издание на Националниот детски фолклорен фестивал „ФолкКид“. Во оваа манифестација учествуваше и Македонската фолклорна група „Преспа“ од Општина Пустец која настапи во народни носии и изведе традиционални македонски ора од Преспа. На фестивалот учествуваа 12 детски фолклорни групи од Албанија, Македонија и Косово ...
Поминаа осум година без Спасе Мазенковски големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист од село Леска, Мала Преспа и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Република Албанија. Спасе Мазенковски целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Спасе Мазенковски целиот свој живот ...
Нестабилната безбедносна состојба во источниот дел на Демократска Република Конго претставува најголема пречка во борбата против епидемијата на ебола, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според него, само во текот на изминатиот месец околу 100.000 луѓе биле дополнително раселени поради вооружените судири, што значително го отежнува справувањето со ширењето на заразата, пренесе „Франце ...
На 24 јуни 2022 година, експресно, Народното собрание на Бугарија прифати четири дополнителни услови на француската предлог-преговарачка рамка од 23 јуни 2022 година за одржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Македонија: (1) ефикасно имплементирање на договорот Заев-Борисов, (2) впишување на Бугарите во Уставот како државотворен народ, (3) ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на ...
И покрај историските хипотеки, Македонците не ги мразат Албанците, Бугарите, Грците и Србите, не се мешаат во нивните внатрешни работи, се разбира се грижат за деловите на македонскиот народ во соседните земји, како што и тие држави се грижат за нивните сонародници во државата Македонија. Впрочем, големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности. А, универзални вредности на македонската цивилизација се: мирот и ...
Албанија нема да го послуша барањето на Русија, откако Москва побара дипломатите и странските државјани да го напуштат украинскиот главен град Киев. Такво барање Русија упатила и до Соединетите Американски Држави на 25 мај. Министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа ова известување од Русија го оцени како „целосно неприфатливо“ и порача дека Албанија нема да се повлече. „Албанија го смета известувањето на Русија, со кое се повикува ...
Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригес Парила, синоќа пред Советот за безбедност на ОН ја повика меѓународната заедница да се мобилизира за да спречи, како што рече, хуманитарна катастрофа во Куба. Тој истакна дека земјата се соочува со тешка економска ситуација и обвини дека кризата е последица на американската блокада и енергетските ограничувања. „Ги повикувам меѓународните актери да се мобилизираат за да се спречи ...
На 21 септември 2026 година, во Врховниот суд (Касацискиот суд на Грција) се разгледуваат две жалби од 7 физички лица против распуштањето на здружението наречено „Центар за македонски јазик во Грција“ со седиште во Лерин/Флорина, Грција, кое има за цел законско зачувување и негување на македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција. Овие 7 лица беа членови на управниот одбор на здружението, кое беше судски признато. По судското признавање ...
Со осмата Меѓувладина конференција меѓу Тирана и Брисел што започна денеска, Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија. Состанокот треба да го потврди исполнувањето на привремените услови од кластерот „Основи“, што е најчувствителниот дел од пристапниот процес. Албанската делегација ја предводи премиерот Еди Рама, додека од европска страна на состанокот учествуваат претставници на Советот на ЕУ и комесарката ...
Транспортниот сектор во Албанија влегува во нова фаза на развој, поддржан од инвестициски пакет во износ од околу 7,9 милијарди евра за периодот 2026–2030 година. Новата стратегија, лансирана за јавна консултација, има за цел целосно да го трансформира начинот на кој функционира транспортниот систем, влијаејќи и на физичката инфраструктура и на услугите што им се обезбедуваат на граѓаните. Планот не е ограничен само на изградба на нови ...
Фото: Stara Kuka / Стара Куќа Гостилница „Стара градска куќа“ е еден од најпрепознатливите симболи на старо Скопје ресторан сместен во автентична градска куќа изградена во 1836 година, која денес претставува значајно културно наследство и редок пример на македонска урбана архитектура од 19 век. По повод 190 години постоење, ресторанот одбележа голем јубилеј со повеќе од 300 гости, документарен спот и специјална поштенска марка издадена од АД ...
Муслиманските верници низ цела Албанија денес го прославија Курбан Бајрам, еден од најважните празници во исламската вера, собирајќи се на плоштадите и во џамиите за да се молат и да упатат пораки за мир. Во сите градови во земјата, Курбан Бајрам беше проследен со честитки меѓу членовите на семејствата и традиционални посети, додека во центарот на пораките на овој ден останаа мирот, солидарноста и грижата за луѓето во неволја — вредности што ...
Почитувани граѓани од исламска вероисповед, по повод големиот празник Курбан Бајрам упатувам искрени честитки до вас и вашите семејства, со желби за добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом, пишува во својата честитка на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски. Курбан Бајрам нѐ потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Во духот на празникот, да ...