Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Фото: Архива на македонскиот весник “Илинден“ Првите снежни врнежи ја зафатија планинската област Гора, во округот Кукс, по падот на температурите во повисоките предели. На надморска височина над 1.000 метри, дождот премина во снег, кој покри неколку села во областа, меѓу кои Шиштеец и Запод. Според досегашните информации, снежната покривка достигнала до 5 сантиметри. Засега нема пријавено проблеми или прекини во одвивањето на секојдневните ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Македонскиот весник “Илинден“ упатија искрени честитки до “Нова Македонија“ по повод 82-годишнината од излегувањето на првиот национален дневен весник во слободна Македонија, на македонски јазик и на неговото кирилско писмо. Во честитката, упатена до Ратко Лазарески, директор на „Нова Македонија“, се истакнува значајната улога на весникот во афирмацијата на македонската држава, народ, јазик и култура. ...
Македонското друштво “Сонце“ од Корча со поддршка на Комитетот за национални малцинства, во сабота, 31 октомври, ќе го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“. Во рамките на настанот ќе бидат презентирани традиционалните носии на четирите национални малцинства, изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика ...
Денеска, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница. За време на настанот беа претставени ...
По пауза од седум години, Преспанските училишни игри (Prespes School Games) повторно се одржаа на 29 и 30 октомври во Лаимос, Грција, собирајќи ученици од Пустец, Лаимос и Ресен на два дена исполнети со спортски активности, натпревари и дружење. Второто издание на манифестацијата се реализираше во рамките на проектот Pulse, финансиран од Европската Унија. Во проектот учествуваат Општина Пустец од Албанија, Општина Преспа од Грција и Општина ...
Фото: Македонски весник “Илинден” Во Академскиот центар Занкелмарк (Akademiezentrum Sankelmark), во Оеверзе, Сојузна Република Германија, од 1 до 4 ноември 2026 година се одржа Дијалогот Шлезвиг-Холштајн – Западен Балкан, посветен на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузивното управување и заштитата на правата на националните малцинства. На настанот учествуваа високи претставници од Германија, Данска и земјите од Западен Балкан, меѓу ...
Општина Пустец го прифати барањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Оваа иницијатива, побарана од Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ќе овозможи за првпат официјалната веб-страница на Општина Пустец да нуди информации и на македонски јазик. По официјалното барање на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упатено до градоначалникот ...
Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Тој потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата ...
Мајка Тереза, еден од најзначајните ликови на XX век додека беше жива ја почитуваа многу луѓе ширум светот, од обични луѓе до лидери на водечките светски сили, државници, славни личности, хуманитарци, а најмногу оние кои веруваа дека може да се помогне да се победи бедата, гладта, сиромаштијата и болеста. Особено се цени нејзината идеја за основање на католичката заедница „Мисионерки на љубовта“ во Калкута со над 5 илјади сестри вклучени во ...
Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле во јули или 1.955.099 што е зголемување од 7,1% во споредба ...
Земјотрес во Албанија, почувствуван Љушња и Елбасан, според првичните сеизмолошки податоци, земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала и бил регистриран околу 15:56 часот. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на само 1 километар северо-североисточно од Љушња и на околу 36 километри југозападно од Елбасан. Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри. Засега нема информации за материјална штета или повредени ...
По единаесетти пат на врвот Голем Крчин, на 2.341 метар надморска височина, беше отслужена Божествена Литургија под отворено небо. Литургиското искачување и годинава се одржа со благослов на епископот Антаниски Партениј, а Божествената Литургија ја отслужи архимандритот Кирил. На планинскиот врв се собраа голем број планинари и љубители на природата, кои не го искористија искачувањето само за да уживаат во природните убавини, туку и за ...
Министерството за одбрана на Албанија информираше за состојбата со пожарите, објавувајќи дека до 14 часот се пријавени 11 пожари, од кои пет се активни, пет се под надзор и еден е изгаснат. Во операциите за справување со ситуацијата ангажирани се над 100 оперативни сили, противпожарни возила припадници на вооружените сили, армиски хеликоптери и ” Се трактори”. Поголема ангажираност од воздух има кај планината Дајти, објави министерството. ...
Во Албанија потврден е првиот случај на Западнонилска треска, која е дијагностицирана кај 72-годишен маж од Корча, кој моментно е во карантин во Регионалната болница во Корча и прима соодветен третман. Заразеното лице е жител на градот Корча. Кога добил увид од комарец бил во градината, каде што го поминувал поголемиот дел од времето. Отишол во болница на лекување, а по тестовите се потврдило дека е заразен од западнонилска треска, објавија ...
Трговските разговори меѓу САД и Канада чија цел беше избегнување на воведувањето американски царини од 50 проценти за увоз на канадски производи, пропаднаа во последен момент, јавија северноамериканските медиуми. Според Канада, работите тргнаалр наопаку кога САД во последен момент побарле значителни измени во трговскио договор. Промените што САД ги направија во предложените услови во последен момент, беа неправедни и економски неизводливи и ...
Во финална фаза е изрбаотката на законот што ќе ги реши сите прашања. Досега немало закон за крајбрежјата на трите езера. Ова е прв закон, за Охридско имаме и препорака од УНЕСКО која во законот ќе биде целосно испочитувана. Си дадовме задача до крајот на годината да го завршиме, за да се завршат и постапките, за со почетокот на сезоната март-април да ги немаме ситуациите што ги имавме досега, објасни Николоски. Вицепремиерот и министер за ...
Крушево денес беше во знакот на параглајдерството, авантурата и прекуграничната соработка, со официјалното отворање на „Крушево 2026“ – Јуниорското светско првенство во параглајдерство. Во рамки на настанот беше промовиран и проектот „Крушево и Елбасан – Патување во природата и авантурата“, кој ги поврзува двете дестинации преку природата, спортот и одржливиот туризам. Проектот предвидува уредување на нови полетувалишта за параглајдери во ...
Околу 2 милиони млади единки од охридската пастрмка, беа пуштени во Охридското езеро кај Поградец, во рамките на напорите за збогатување на водниот фонд и заштита на овој ендемски вид, од особено значење за екосистемот и економијата на регионот. Пуштањето на младиот подмладок се одржа во денот кога во Поградец се организира Фестивалот на коранот (охридската пастрмка) манифестација која веќе прерасна во традиција на овој езерски град. ...
Фото: Министерство за транспорт Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. „Имаме целосно ...
Премиерот Еди Рама денеска ги собра министрите од својот кабинет на состанок во Поградец, каде главна тема се досегашната работа на владата и приоритетите за втората година од четвртиот мандат на Социјалистичката партија. Состанокот се одржува еден ден по средбата на Рама со политичките лидери на Социјалистичката партија од 12 региони и со раководителите на парламентарните комисии. На состанокот во Поградец, министрите треба да презентираат ...
Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија „Зе-Де-Еф“ емитувано вчера. „На Германија и беше значително подобро пред воведувањето на ...
Основана на 24 август 1991 година, петнаесет дена пред референдумот за самостојност, „Матица македонска“ стана првата издавачка куќа на самостојна Македонија. Денес зад неа стојат над 3.000 наслови, повеќе од шест милиони примероци, капитални авторски корпуси, десетици илјади читатели и траен влог во македонскиот јазик, книжевност, култура, идентитет и државност На денешен ден, 24 август, пред точно 35 години е основана „Матица ...
Малдивите се познати по чистиот песок и кристално чистите води, но се чини дека една европска плажа нуди слично тропско искуство, а за британските туристи може да биде и поевтина за посета. За 2026 година се избрани 50-те најдобри плажи во светот, а очекувано, на листата се најдоа и Малдивите. Сепак, изненадување е што пред една од малдивските плажи се најде плажа од потценета европска дестинација, која често се нарекува „европскиот одговор ...
Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, ...
Италија во догледно време нема да прифаќа назад мигранти од Германија, и покрај новите правила на Европската Унија, изјави денеска вице-премиерот Матео Салвини. Лидерот на десничарската партија „Лига“ позиција таја образложи со тоа што германски хуманитарни организации имаат бродови во Средоземното Море што спасуваат мигранти и ги носат во Италија, од каде дел од нив продолжуваат кон Германија. -Германија нема право да ни врати ниту еден ...
Во селото Ферас, во областа Берат, живее жена која, според информациите, е најстарата во Албанија. Ќамиле Мара неодамна го прославила својот 117. роденден, опкружена со љубовта и грижата на своето семејство, кое на шега и од срце ѝ посакува да доживее и 200 години. Родена во едно друго време, Ќамиле одгледала седум деца, целиот живот работела во земјоделството, а денес има ретка можност да живее и да ги гледа петте генерации од своето ...
Митрополитот Корчански на Автокефалната православна црква на Албанија, Неговото Високопреосвештенство г. Анастаси, во Пустец го прими Неговото Високопреосвештенство г. Петар, митрополит Преспанско-пелагониски на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Како што информира Корчанската митрополија, средбата се одржала во Пустец, каде што митрополитот Петар престојувал во рамки на својата посета на Преспа. Средбата на двајцата ...
Во долгата реакција, Блуши го обвинува Рама дека се обидува да го одвлече вниманието од ситуацијата со пожарите во земјата и дека го користи инцидентот во Пустец за да ѝ се потсмева на македонската заедница. Блуши ја доведува во прашање изјавата на градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, дека тој побарал на настанот да биде интонирана албанската химна, но дека неговото барање било одбиено. „Ако градоначалникот на Пустец навистина побарал ...
Албанските медиуми известуваат дека жителите на округот Дебар од Албанија сè почесто се упатуваат кон Македонија за да се снабдат со гориво и основни прехранбени производи. Високата цена на дизел-горивото во Албанија, која во моментов се продава по 219 леки за литар, ги натера граѓаните да ја искористат близината до Дебар и таму да ги наполнат своите автомобили. Ова предизвика долги колони на граничниот премин Блато, при што возачите се ...
Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан ...