Министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар денеска е во официјална посета на Скопје, каде беше пречекан од македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Во објава на социјалните мрежи, Муцунски сподели дека му било особено драго да го пречека неговиот колега Бланар и да разговараат за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји и продлабочување на соработката ...

Европската Унија не смее да применува различни критериуми за различни земји во процесот на пристапување, порача словачкиот министер за надворешни и европски работи Јурај Бланар при посетата на Скопје. На средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, Бланар ја потврди поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија и за продолжување на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. ...