Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Со изведба на балетската претстава „Лебедово езеро“ во Антверпен, ансамблот на Националната опера и балет ја отвори манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија. Вечерва во киносалата Cinema Galeries во Брисел ќе се одржи проекција на филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески. Утревечер Националниот џез оркестар ќе настапи во култниот културен центар Bozar. – Националната опера и балет настапи со едно од ...
Графити-уметници и муралисти од земјава и од странство ќе учествуваат на 8. издание на Графити-фест Од утре до сабота Куманово ќе се претвори во големо ателје под ведро небо. Графити-уметници од земјава и од странство ќе учествуваат на 8. издание на Графити-фест. Без поддршка од општината и од централната власт, фестивалот го организира Здружението за ликовна уметност „Форма“ од Куманово. Дејвид Стоилковски познат и како Молерајј, објаснува ...
Поетската книга „Некој друг“ од Јовица Ивановски ќе биде промовирана утревечер во 20 часот во „Лабораториум“ во Скопје. Книгата ќе ја промовира поетот Дарко Лешоски, а песни ќе чита актерот Нино Леви. Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет и една книга поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на ...
Насилството не започнува со удар. Тоа започнува многу порано – со зборот што понижува, со погледот што презира, со институцијата што игнорира, со системот што доцни, со заедницата што молчи Пишува: Андон Дамовски, докторанд на Институт за социологија, Филозофски факултет-УКИМ Во секоја историска епоха постојат појави што не можат да се објаснат како обичен збир на изолирани инциденти. Тие се повторуваат со различни лица, во различни простори ...
Филмот „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова, на 4 мај (понеделник) во 18 часот во „Синеплекс“ ќе има бесплатна кинопроекција. Пред почетокот на филмот ќе има разговор со дел од екипата. Филмот е по сценарио на Венинова и е дел од иницијативата на Агенцијата за филм за прикажување на македонски филмови и доближување до публиката. Во главните улоги играат: Камка Тоциновска, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов. Продуцент ...
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа промовирани трите најнови сликовници од наградуваната едиција „Големи зборови за мали уши“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за книгите „Бонтон“ од Ванчо Полазаревски (илустрации: Александра Филипоска), „Емпатија“ од Биљана Стојановска (илустрации: Орце Нинески) и ...
Верувам дека „Луција“ ќе ги поттикне читателите барем еднаш да си го постават прашањето дали живеат како што сакаат, дали животот може да биде подобар, дали се среќни, вели Лилјана Грџо Дамовска која во рамките на Саемот на книгата го промовираше својот прв роман. На штандот на „Сакам книги“ кои го издадоа нејзиниот роман-првенец имаше многу народ. Нејзини роднини и пријатели, колеги од весникот „Дневник“ каде таа помина голем дел од својата ...
Гран при за најдобра претстава на 27. Интернационален фестивал на монодрама во Битола, ја освои претставата „Ноти“ , в0 продукција на театарот „Тони Буландра“ од Романија. Претставата е во режија на Касандра Топологеану, а настапи актерката Андреа Танасе. Според образложението на жирито, „претставата e современ театарски проект кој органски ги обединува елементите на физичкиот театар со психолошката димензија и истражувањето на социјалната ...
Во Македонскиот народен театар вечерва во 20 часот на малата сцена ќе биде изведена претставата „Западен експрес“, копродукциски проект помеѓу „МИ Филм“, „Sadsongskomplex:fi“ и МНТ. Првата реприза е на 4 мај. Претставата е работена по текст на реномираниот романски, повеќекратно наградуван автор Матеј Вишњек и во режија на Јари Јутинен. Во претставата играат: Ивица Димитријевиќ, Мирјана Трпковска Костовска и Васко Костовски. Сценографијата и ...
Ученици од Романија учествуваа на STEM работилницата во Скопје која ги обединува технологијата, роботиката и инклузијата. Работилницата ја реализираа Здружението за развој на технологија, роботика и иновации – ЦТРИ и Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје, а овојпат им се придружија и ученици со оштетен вид од специјалното училиште „Moldova“ од Таргу Фрумос, Романија. Според организаторите, посетата е ...
Од Министерството за култура и туризам за Умно.мк велат дека со овој откуп пристапот бил поинаков и се одлучиле за јавна изложба во Музејот на современата уметност Уметници реагираат на транспарентноста со државниот откуп на уметнички дела кој го организираше Министерството за култура и туризам. Конкурсот беше објавен на 5 јануари годинава. Наместо вообичаената прес-конференција на која јавно се соопштуваат избраните уметници и дела, а ...
Светот денес го одбележува 29 Април, Светскиот ден на танцот. Ви ја споделуваме македонската порака во чест на денот, чиј автор е примабалерината Зоица Пуровска Велевска. „Добив задача да се обидам да раскажам вистина за најубавата уметност на светот. Во моите очи таа постои како елегантна, достоинствена и угледна танцова дама. Заводничка на сцената за сите креативни апетити кои ја негуваат нејзината вредност. Во мојот случај, танцот беше и ...
Со претставата „Гидионовиот јазол“ на Драмски театар, вечерва во 20 часот, ќе биде затворен 27. Интернационален фестивал на монодрама во Битола. Под мотото „Огледало на вистината“ од 23 до 29 април, фестивалската Битола бешена мапата на светската театарска сцена каде што водени под дивизата – еден актер, една сцена, една вистина, се создаде цел универзум на емоции, приказни и трансформации. Вечерва ќе бидат врачени и наградите на најдобрите, ...
Македонскиот павилјон се наоѓа на локацијата „Спацио Кастело 77“ на влезот во престижното Арсенале Што е она што нè тера да продолжиме, да станеме, да застанеме? Каде ја наоѓаме таа силна нишка која нè води да опстанеме. Сите размисли околу овие прашања завршуваат со феноменот на љубовта. Посебно во овие злокобни времиња, кога повторно светот најавува пламена иднина, вели Велимир Жерновски, уметникот што ќе ја преставува Македонија на 61. ...
Наградата „Мостови на Струга“ годинава ја доби Даниел Хајндс, поет од Обединетото Кралство. Во конкуренцијата од дузина пристигнати поетски книги на млади автоти, лежи во неговата поезија која претставува специфичен спој на историската длабочина, митолошките одеци и суровата, речиси вајарска прецизност на јазикот. Победникот вчера го соопштија Никола Кукунеш, директор на фестивалот и Мите Стефоски, уметнички директор. Никола Кукунеш (лево) и ...
Претставата „Златокоса“, работена по текст на Горјан Милошевски и Драган Довлев, а во режија на Довлев, ќе биде премиерно изведена вечерва во 19 часот, во Театарот за деца и младинци во Скопје. Станува збор за современа сценска интерпретација на познатата бајка („Златокосата и трите мечки“), која отвора важни прашања за семејството и за начинот на комуникација меѓу најблиските. Според коавторот Милошевски, Златокоса е дете што сака топлина и ...
Проф. д-р Биљана Ангелова доби уште еден мандат и ќе раководи со најстариот универзитет во земјава, „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Единствен противкандидат ѝ беше проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет. Според изборната комисија, Ангелова освоила 2.924 поени, а Данев освоил 2.675 поени. Гласањето се одвиваше на 23 факултети и на пет институти во рамките на УКИМ. Новиот мандат на Ангелова е од 16 септември 2026 до 15 септември 2029 ...
Најважното што сакам да го пренесам е дека децата можат да го разберат светот преку емоции и искуства – дека и наједноставното прашање, како „Каде оди сонцето кога ќе зајде?“, може да отвори разговор за другите и за заедништвото, вели авторката на сликовницата „Сакам секогаш да биде ден“, вели Зиновија Василејади Со својата топла и симболична приказна „Сакам секогаш да биде ден“, авторката Зиновија Василејади ја доближува до најмладите ...
Во Македонскиот народен театар режисерката Нела Витошевиќ ги започнаа пробите на претставата „Три сестри“, според истоимената драма на А.П.Чехов. Текстот е на Васил Христов и Нела Витошевиќ. Новата постановка на „Три сестри“ ја преиспитува денешната стварност преку лепеза карактери заробени помеѓу спомените, изгубените идеали и копнежот по поинаков живот. Претставата отвора прашања за распаѓањето на општествените вредности, емиграцијата, ...
Од денеска до 12 мај е отворен рокот за пријавување за изложбата „Професори и студенти“ што ќе биде отворена на 2 мај во Младинскиот културен центар во Скопје. Повикот е наменет за сите универзитети во земјава, факултети од областа на визуелните уметности и дизајнот. Идејата е студентите заедно со нивните ментори да ги изложат своите дела. Куратор на изложбата е Страхил Петровски. Според пропозициите секој професор има право на учество со по ...
Објавена е книгата „Македонистички вознеси“ од Кристина Николовска, во издание на „Панили“. Станува збор за ново книжевно-научно и есеистичко остварување во кое авторката ја продолжува својата долгогодишна посветеност на македонистиката, современата македонска книжевност, македонскиот јазик, културата и творечката меморија. Книгата содржи студии, херменевтички толкувања, интерпретации, есеи и беседи за македонистичката творечка мисија во ...
Дамјан Давков освои златен медал на првата Европска математичка олимпијада (ЕМО) што се одржува во Вилнус, Литванија. Воедно, тој ја предводи табелата на најдобри натпреварувачи делејќи го првото место со Маргулан Шарел од Казахстан. Од Македонија сребрен медал освои Ивано Божиновски, а бронзен – Леонид Тодороски. Во нашата репрезентација учествуваа и Марко Митевски, Андреј Тасиќ и Филип Џамбаски. Нашиот тим го предводат Илија Јовчески, водач ...
Дамјан Давков освои златен медал на првата Европска математичка олимпијада (ЕМО) што се одржува во Вилнус, Литванија. Сребрен медал освои Ивано Божиновски, а бронзен – Леонид Тодороски. Во македонската репрезентација учествуваа и Марко Митевски, Андреј Тасиќ и Филип Џамбаски. Нашиот тим го предводат Илија Јовчески, водач и Лука Хаџи Јорданов, заменик водач. На натпреварот учествуваа 124 натпреварувачи од 21 земја од Европа. Целта е Европската ...
Комисијата достави предлог до Драмски театар да се зголеми возрасната граница, потполно да се отстрани ограничувањето на возраста, но и да се размисли наградата „Горан Стефановски“ да биде за развој на драмски текст и негова сценска реализација. Три драмски текста од исто толку автори пристигнале на конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ и ниеден не е награден, соопштија денес во Драмскиот театар. На денот на раѓањето на големиот драмски ...
Филмот „Хомо“ на режисерот Игор Иванов-Изи, ќе биде прикажан бесплатно денеска во 18 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. „Хомо“, кој излезе во 2020 година по сценарио на Изи и Сашо Кокаланов, е моќен филм за апсурдот на судбината, раскажан преку шест уникатни животни приказни, поврзани во луцидни епизоди исполнети со црн хумор. Ликовите се среќаваат случајно, во модерна метропола, во обид да преживеат и да најдат трошка среќа. И токму кога ...
Независниот академски синдикат (НАкС) во петокот (23 април) на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје одржа дебата на која ги поканиле двата кандидата за ректор, а ја модерираше проф. д-р Виктор Стефов Најстариот и најголем универзитет во Македонија „Св. Кирил и Методиј“ утре избира ректор со мандат од 2026 до 2029 година. Во невообичаено тивка предизборна кампања, каква што УКИМ не памти во последните изборни ...
На неговата клупа во Дебар Маало денеска во 17 часот ќе бидат одбележани 72 години од раѓањето на Горан Стефановски, еден од најплодните драматурзи на Македонија. Ќе се соберат членови на семејството, негови пријатели, љубители на неговото творештво, ќе има музика и читања. Присуството е слободно за сите. Сподели На неговата клупа во Дебар Маало денеска во 17 часот ќе бидат одбележани 72 години од раѓањето на Горан Стефановски, еден од ...
На 1 и 2 мај во демирхисарското село Смилево ќе се одржи третото издание на манифестацијата „Смилевски конгрес“ што ја организира истоимената институција. Во живописната природа на Смилево ќе настапат Чалгија саунд систем, Brass Brothers, Летечки Пекинезери, Мојра и Дејание, е ќе бидат создадени и две изложби: „Интуитивни клепања“ и „Последните селани“. Организаторите велат дека „Смилевски конгрес 2026“ е културна манифестација што го ...
Да немавме ваква публика, требаше да ja измислиме. Ова е вистинскиот пандан на тоа што го слушавме за Умно.мк изминативе денови, во пресрет на одбележувањето на петгодишнината од почетокот на нашата работа која не случајно почна на 15 Април, Светскиот ден на уметноста. Овие пет години поминаа за миг, кој понекогаш го меревме во наносекунди, некогаш во векови. Но, чудно, секогаш кога ни беше најтешко и сè прашувавме зошто го правиме ова, ќе се ...
Универзитетски фузиран центар за кибер-безбедност ќе се гради на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Центарот е стратешки приоритет и вложување во кибер-безбедност и дигитална отпорност. Целта е да се создадат институции и системи поотпорни на закани и кадри со знаење и вештини да одговорат на сајбер предизвиците. Центарот го промовираа министрите за образование и наука и дигитална трансформација Весна Јаневска и Стефан Андоновски, в.д. ...