На протестот против климатските промени одржан во пристаништето во Њукасл, на источниот брег на Австралија, полицијата приведе 21 лице. Протестите го нарушија работењето на едно од најголемите пристаништа за увоз и извоз на јаглен во земјата, пренесе Reuters. Групата еколошки активисти „Rising Tide“ ја презеде одговорноста за организацијата, соопштувајќи дека стотици демонстранти со кајаци влегле во пристанишниот појас. Пристаништето Њукасл ...

Македонија се наоѓа под влијание на релативно сува и многу ладна воздушна маса која продира од север, што условува пад на температурите и засилување на северниот ветер во одделни подрачја. Според мерењата на УХМР до 19 часот, минусни температури веќе се регистрирани на скијачките центри и на повисоките планински места. Студениот бран најсилно се чувствува во регионите над 1.000 метри надморска височина, каде подлогата веќе се лади и создава ...

Според информациите објавени од „Фигаро“ и „Франс инфо“, дојавата била примена околу 17 часот, по што властите веднаш наредиле итна евакуација на сите вработени во комплексот. На терен се распоредени полициски единици и специјализиран тим со кучиња обучени за откривање експлозиви, кои го пребаруваат објектот за да утврдат дали навистина е поставена бомба. Засега нема официјални информации за потеклото на заканата, ниту за тоа дали е пронајден ...

Според податоците од ЈП “Патишта Србија”, на наплатната станица Змаево, возилата се задржуваат и до 45 минути, објави денеска АМСС. На останатите наплатни станици на автопатиштата во Србија нема значителни задржувања.Според информациите од Управата на граничната полиција, нема застој ни на патничките терминали на граничните премини. Задржувања на товарни терминали На теретните терминали, камионите чекаат само на ГП Батковци, на излезот, до ...

Три деца се повредени во експлозија на непозната експлозивна направа попладнево околу 15 часот на отворен простор во областа на Нови Винодолски, изјавија за Индекс од Приморско-горанската полициска управа. Повредените деца се пренесени во Клиничкиот болнички центар Риека, а според досегашните неофицијални информации, повредите не би требало да бидат сериозни. Но, тој сигурно ќе остане под надзор до утре. Истрагата е во тек Околностите на ...

Тие не бараат лесни решенија, туку внимателно и доследно работат кон поставените цели. Според астрологијата, најизразена работна етика се смета дека имаат припадниците на овие хороскопски знаци. Девица Девиците се познати по својата прецизност и трпеливост. Тие не запираат додека задачата не биде совршено завршена. Ѝ приоѓаат на секоја обврска со силно чувство на одговорност, што ги прави едни од најпосветените членови на секој тим. Јарец ...

Според најновиот извештај, вкупниот број жртви поврзани со конфликтот достигнал 70.100, а 354 Палестинци биле убиени од израелска огнена сила по отпочнувањето на примирјето на 10 октомври. Иако примирјето беше постигнато со посредство на САД, двете страни постојано се обвинуваат за негово прекршување. Министерството информираше дека во изминатите 48 часа во болниците биле примени уште две тела, од кои едното било извлечено од урнатините во ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска го почна вториот ден од престојот во Турција со посета на Сината џамија во Истанбул. Ватикан соопшти дека папата ќе одржи „кратка тивка молитва“ за време на посетата на Сината џамија. Тој за време на посетата е придружуван од раководителот на Дирекцијата за верски прашања на Турција, Дијанет, кој му ја покажа високата купола на објектот со сини плочки, пренесуваат светските ахгенции. Папата Лав Четиринаесетти ...

Во Киргистан утре ќе се одржат вонредни парламентарни избори, на кои се очекува мнозинство гласови да освојат партиите лојални на актуелниот претседател на земјата, Садир Џапаров. Тој од 2020 година воспостави цврста контрола врз Киргистан, кој традиционално е најдемократската земја во Централна Азија, а победата на неговите сојузници би ја поставила основата за претседателските избори закажани за 2027 година, на кои се очекува да се ...

Поголемиот дел од трансакциите биле направени преку лаптопи и мобилни телефони, наместо во физичките продавници. „Adobe Analytics“ регистрирал повеќе од еден билион посети на американските малопродажни веб-страници за време на денот на големи попусти. Компанијата наведува дека сумата од 8,6 милијарди долари е привремена и дека конечните податоци ќе покажат вкупна потрошувачка меѓу 11,7 и 11,9 милијарди долари. Онлајн купувањето значително го ...

Од мострите не се утврдени присуство на тешки метали. Од институцијата нагласуваат дека дежурните и приправни екипи продолжуваат да работат и за време на викендот, анализирајќи ги добиените мостри од училиштата, како и биолошки материјали доставени претходните денови, со цел навремено и ефикасно справување со ситуацијата. Покрај водата, ИЈЗ потсети дека претходните резултати од анализите на храна и работни површини од истото училиште откриле ...

Група студенти од Универзитетот во Ниш ќе организираат протест в понеделник, 1 декември, под наслов „13 месеци, 16 жртви, 0 одговорни“. Протестот ќе започне во 11:30 часот на раскрсницата пред зградата на Основниот суд. Во повикот за протест објавен на социјалните мрежи, студентите потсетија дека поминале 13 месеци од падот на надстрешницата во Нови Сад, кога загинаа 16 луѓе поради, како што велат, „туѓа неодговорност и системска корупција ...

Во Битола, денеска ќе биде отриен мурал во рамки на активностите на Австралиската амбасада за одбележување на 30 години од билатералните односи со Република Северна Македонија. Според Амбасадата на Австралија за Северна Македонија, муралот е дело на австралискиот уметник Финтан Скот Меги, и претствува симбол на долгогодишното пријателство меѓу двете земји. За прославата на 30 години билатерални односи Австралиската амбасада организираше и ...

Сигурно ви се случило телефонот да ви се исклучи токму кога ви е најпотребен – во автобус, на патување или за време на важен повик. Вместо да се грижите секој пат кога индикаторот за батерија ќе падне во црвено, доволно е да активирате неколку опции што веќе постојат на секој модерен телефон. Овие едноставни чекори можат значително да ја продолжат автономијата на уредот, дури и до двапати, без потреба од дополнителни апликации. Како да ја ...

Поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, според пишувањето на „Њујорк пост“, за прв пат по неговата контроверзна оставка проговорил за западните медиуми и тоа во порака во која, како што се опишува, ги споил огорчувањето, разочарувањето и најавата за заминување на фронтот. Јермак се нарекол себеси чесен и пристоен човек, нагласувајќи дека е подготвен да издржи каква било репресија. „Бев навреден, а моето ...

Една од тие земји е Северна Кореја. За нив, Америка дури и не е вистинска земја. Тие ја нарекуваат непријателска империја и одбиваат да го прифатат нејзиното постоење. Од Исламската револуција од 1979 година, Иран целосно ги прекина врските со Соединетите Американски Држави. Нема амбасада, нема дипломатија, само децении санкции и непријателство. А третата земја што не ги признава САД е кралство скриено во Хималаите. Повеќе од 60 години, таа ...

Во клучниот дуел од 36. коло на бразилското првенство, Сантос убедливо го совлада Спорт Ресифе со 3:0, а капитенот имаше директен удел во два гола – постигна еден и асистираше за друг. И покрај тоа што неговиот настап беше неизвесен до последен момент, Нејмар одби да мирува. Цела недела тренирал во полн интензитет, игнорирајќи ги препораките на медицинскиот тим, а одлучноста му се исплатеше – беше стартер и најдобар играч на теренот. Првиот ...

Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија (ЗПРМ) денеска ќе одбележи 15 години постоење и работа во унапредувањето на преведувачката и толкувачката професија во земјава. Во рамките на свеченоста ќе бидат презентирани почетоците на Здружението, најзначајните постигнувања во изминатата деценија и пол и ќе бидат доделени признанија и благодарници за придонесот на неговите основачи и минати претседатели. „Со овој значаен јубилеј и 15 ...

Швајцарската инвестициска банка UBS ја зголеми својата прогноза за раст на цената на бакарот во 2026 година. Банката објави дека ценатна на овој метал ќе се зголеми поради честите прекини во производството во рудниците и силната долгорочна побарувачка поттикната од инвестициите во електрификација и енергетска транзиција. Според сегашните проекции, UBS ја зголеми целната цена на бакарот за март 2026 година за 750 долари, на 11.500 долари по ...

Центарот за управување со катастрофи на Шри Ланка денес објави дека најмалку 123 лица загинале во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните дождови, додека десетици илјади луѓе се раселени. Во соопштението се наведува дека 130 лица се пријавени како исчезнати, пренесува „Фигаро“. Генералниот директор на Центарот за управување со катастрофи, Сампат Котвегода, изјави дека спасувачките операции се во тек и дека речиси 44.000 луѓе ...

Во сабота се очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, најизразени во претпладневните часови. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе достигнат од 6 до 10 степени. По котлините е можно формирање магла и ниска облачност, кои локално може да се задржат и подолго во денот. Во недела ќе продолжи сличната синоптичка состојба. Денот ќе започне студено, со утрински мраз, додека преку ден ќе ...

Денес, 29 ноември, студентите во блокадата на факултетот во Белград одбележуваат една година од поднесувањето на своите барања до властите. Тие ќе се соберат пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград во 11:52 часот и ќе им оддадат 16-минутна почит на жртвите од падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Потоа ќе започне седницата на студентскиот пленум. „Помина една година откако беа поднесени студентските ...

Како што соопшти, украинската делегација на преговорите ќе ја предводат началникот на Генералштабот на Армијата на Украина, Андреј Гнатов, и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров. Во своето вечерно видео-обраќање, Зеленски изјави дека дел од делегацијата ќе бидат и претставници од Министерството за надворешни работи и украинската разузнавачка служба, пренесе агенцијата УНИАН. „Преговорите ќе започнат наскоро, ...

Метеоролозите за денеска прогнозираат облачно време, со врнежи кои ќе бидат сконцентриани во крајниот западен регион во сабота и тоа повеќе во втората половина од денот. Од УХМР велат, дека врнежи ќе бидат слаби и дека во најголем дел од котлините ќе имаат појава на магла и ниска облачност наутро, но со тенденција тие да се задржат во поголем дел од претпладнето. Позачестени врнежи се очекуваат во недела, и тоа повторно повеќе во западниот ...

Институтот за јавно здравје информира дека во примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae. Фекални бактерии исто така се пронајдени и на три од чешмите во училиштето. „После одржаната прес конференција, добивме нов резултат од земениот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се ...

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – ЈП „Македонијапат“ спроведува голема акција за есенско расчистување на вегетацијата на патните правци и клучките на влезот во главниот град Скопје, соопшти попладнево Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Акцијата по налог на ЈПДП се спроведува согласно со Годишната програма за оддржување на државните патишта. „Бујната вегетација не е присутна само ...

Една жена е убиена во напад со украински дрон во рускиот регион Белгород, соопштија денеска локалните власти. Петгодишно дете исто така е повредено кога била погодена приватна куќа во селото Драгунское, напиша гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм. Имало неколку пожари, додаде тој. Украина се брани од руска инвазија повеќе од три и пол години. Како дел од својата одбранбена борба, таа напаѓа цели во Русија. Бројот на жртви и штетата што ...

Поради обилни врнежи од дожд и повторно надојдена Калковска Река, во 17:45 часот пренасочен е сообраќајот кај местото викано Калковска Река, на регионалниот пат Р1105 делница село Јосифово – село Пирава кон магистралниот пат А1 од село Удово кон село Марвинци, соопшти АМСМ. Во вечерниот извештај за состојбата на патиштата АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на ...

Утрово, украинските антикорупциски органи извршиле претрес во домот на Јермак. Тој на платформата Телеграм потврдил дека претресот е во тек и дека целосно соработува со надлежните институции. Во заедничко соопштение, Националното биро за борба против корупцијата (NABU) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (SAPO) соопштија дека претресите биле „одобрени“ и се поврзани со истрага чијшто детали засега не се откриваат. NABU и SAPO ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука од понеделник (1 декември) да се зголеми цената на парното во Скопје за 5,9 проценти. Како што соопшти претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, семејство кое плаќало досега 2200 денари сега ќе плаќа за 130 денари повеќе. Корисниците на парното од ЕСМ енергетика (познато како Железарско парно) ќе имаат за 8% повисоки сметки од следниот месец. Како што објаснуваат ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1028
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
67%
1029
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.4
70%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.0
75%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
65%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
62%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
62%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
70%
1031
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
1.34
63%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
60%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Алуминиум

3.29

Цинк

3.27

Бакар

11.75

Сребро

2648.90

Рутениум

45750.51

Платина

67998.83

Кобалт

66.14

Родиум

368126.05

Злато

163613.54

Паладиум

51794.85

Иридиум

229769.28

Калај

50.04