Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го именува секретарот на американската армија Даниел П. Дрискол за нов специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина. Дрискол како дел од американската делегација составена од високи воени претставници беше во посета на Киев пред два дена, при што се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Планирано е Дрискол кон крајот на идната недела да ја ...
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера наутро од Клиниката за нефрологија бил донесен 41 годишен мигрант. „21.11.2025 во 07:50 часот во СВР Скопје, од Клиниката за нефрологија при Комплекс клиники „Мајка Тереза”- Скопје е пријавено дека на 20.11.2025 во 00:16 часот, кај нив за укажување на лекарска помош е донесен Л.Ш.(41), мигрант, кој на 21.11.2025 во 06:48 часот починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ...
Силно невреме ја зафати Грција во нејзиниот западен дел, а големи штети претпре и познатиот туристички остров Крф. Силното невреме со обилни врнежи од дожд, грмотевици и ветер, што траеше речиси три дена, беше најизразено во текот на вчерашниот ден на Крф, во областа Епир, градовите Јанина, Арта, Парга и Игуменица, но и во планински места во северозападниот дел на Грција. Особено погоден е северниот дел на Крф, каде што има проблеми во над ...
Според известувањата од сите регионални центри за управување со кризи (РЦУК), состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Северна Македонија е стабилна велат од Центарот за управување со кризи. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките. Реката Пчиња бележи намалување на нивото Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, а водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола. ...
Европската комисија (ЕК) објави дека ќе поднесе тужби до Судот на правдата на ЕУ против Бугарија, Литванија, Португалија и Шведска поради неисполнување на нивните обврски за намалување на емисиите на неколку клучни загадувачи на воздухот. ЕК наведува дека Бугарија, Португалија и Шведска не ги исполниле своите обврски за намалување на емисиите на амонијак, а Литванија на азотни оксиди и неметански испарливи органски соединенија, објавува ...
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше приведен во саботата во неговата резиденција во бразилската престолнина, неколку дена пред да започне со издржување на затворската казна за водење на обид за државен удар. Федералната полиција во соопштението соопшти дека извршила превентивен налог за апсење што самата полиција го побарала и одобрила од Врховниот суд, објави Си-Ен-Ен Бразил . Жаир Болсонаро беше уапсен во својот дом во ...
Организацијата Еко-свест денеска во Скопје организира прва еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена, наменета за сите кои сакаат да им дадат нов живот на старите предмети што веќе не ги користат. Настанот, кој ќе се одржи Собрание Бистро, со почеток од 12 часот, е отворен за сите, а концептот, како што информираат организаторите, е едноставен – секој учесник може да донесе до пет ...
Вчера се одржа првата средба меѓу новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани и претседателот на САД, Доналд Трамп. Средбата беше „продуктивна“, рече Зохран Мамдани, кој создаде потрес на американската сцена со својата победа на изборите за градоначалник на Њујорк и ги постави темелите за посериозни предизвици од демократите кон политиките на претседателот Доналд Трамп, додека ја напушташе Белата куќа. „Благодарен сум на претседателот за ...
Денеска, 22 ноември 2025 година, во Галеријата на Академијата за ликовни уметности во Сараево, со почеток во 19 часот ќе биде отворена меѓународната изложба „4 Земји 4 Универзитети”. На изложбата ќе бидат изложени осумдесетина дела на хартија (графики, цртежи, колажи и плакати), а со свои дела учествуваат и 20-тина студенти од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. Проектот е континуирана меѓународна соработка која во 2024 година ...
По три години отпор, градот беше ослободен од фашистичкиот окупатор, а неговите улици повторно одекнаа со радост и победнички песни. Ова ослободување е дел од пошироката народноослободителна и антифашистичка борба (НОБ), која започна на 11 октомври 1941 година со нападот на бугарската полициска станица во Прилеп – ден што ќе остане запаметен како симбол на отпорот и почеток на борбата за слободна Македонија. Куманово беше едно од последните ...
САД се закануваат дека ќе ја прекинат размената на разузнавачки информации и испораките на оружје во Украина ако не се согласат со рамката на мировниот договор со посредство на САД, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата. Изворите велат дека Киев е под поголем притисок од Вашингтон отколку за време на сите претходни мировни преговори и дека САД сакаат Украина да го потпише рамковниот договор до следниот ...
Одговарајќи на новинарско прашање за мировниот план што наводно го поддржуваат Соединетите Држави, Гутереш нагласи дека таков документ „никогаш официјално не бил претставен ниту од САД, ниту од која било меѓународна организација“. Според него, секое решение мора да биде во согласност со Повелбата на ООН и меѓународното право. „Мировно решение за Украина засновано на овие принципи мора да ги почитува резолуциите на Генералното собрание, кои ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мирно решение за Украина за да се зачува нејзиниот територијален интегритет. Гутереш го упати својот апел на прес-конференција во Јоханесбург, еден ден пред почетокот на самитот на Г20 таму. Запрашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг. Таквиот план мора да биде во согласност со ...
Европската унија воведе санкции врз лидерот на суданска паравоена група поради „сериозни и тековни злосторства“ извршени од неговите сили во двегодишната војна со суданската армија. Мерките објавени вчера против Абдел-Рахим Хамдан Дагал следат по слични санкции против неговата група Сили за брза поддршка, која е во војна со суданската армија. Соединетите Американски Држави, исто така, воведоа санкции врз Дагал во септември 2023 година, на ...
Во експлозија во фабрика за производство на лепак во источен Пакистан денеска загинаа најмалку 18 лица, а речиси дваесетина беа повредени, соопштија официјални лица. Експлозијата, која потекнува од котел, ја срамни со земја фабриката и околу десетина куќи во индустрискиот град Фајсалабад, изјави за ДПА службеникот за спасување Фарук Ахмед. Операцијата за пребарување и спасување што траеше неколку часа пронајде 18 тела и 23 повредени лица под ...
Пожар изби утрово во познатиот хотел „Мулино“ во Хрватска во близина на граничниот премин со Словенија. Началникот на противпожарната служба на округот, Дино Козлевац вели дека пожарот е ставен под контрола но дека не е целосно изгаснат. Според него, пожарот избувнал околу девет часот и го зафатил таванот на хотелот, а во неговото гаснење биле ангажирани 45 пожарникари со околу дваесет возила. На местото на настанот се наоѓаат членови на ...
На поединечни локации се очекуваат пообилни врнежи, при што за 24 часа може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар. Условите се поволни и за развој на невреме проследено со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на моменти може да надмине брзина од 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат меѓу 8 и 12 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 13 до 19 ...
Полицијата го уапсила менаџерот на фабриката и трага по нејзиниот сопственик, јавува АП. Причината за експлозијата сè уште не е позната. Детонацијата сериозно ја оштетила не само фабричката зграда, туку и околните куќи, предизвикувајќи пожар и паника меѓу жителите во соседството. Службеничката од провинцијата Пунџаб, Марјам Наваз Шариф, изрази сочувство до семејствата на загинатите и побара најдобра можна медицинска грижа за повредените. ...
Според информации добиени од возачи, најголеми одрони има по селото Очипала, во близина на локацијата Баткова Чешма, каде на коловозот е забележана значајна количина земја и камења. Поситни одрони се евидентирани и на други делници долж овој пат, што доведува до отежнато и забавено одвивање на сообраќајот. Коловозната површина е влажна, а видливоста намалена, што дополнително го усложнува возењето. Надлежните служби апелираат до сите учесници ...
Пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во руски напад со дронови врз регионот на Одеса, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина. Во нападот избувнале пожари на повеќе локации, вклучително и во стамбени згради, бензинска пумпа со паркирани автомобили и административен објект. Властите информираат дека се оштетени и приватни куќи, како и неколку товарни возила. Началникот на регионална воена управа во Одеса, Олег Кипер, ...
Тринаесет лица добија медицинска помош поради вдишување на чад откако избувна пожар на местото каде се одржува COP30 во Белем, Бразил, соопштија организаторите во изјава. „Подоцна денеска избувна пожар во Сината зона на местото каде се одржува COP30 во Белем. Пожарникарската служба и безбедносните тимови на ОН реагираа брзо, а пожарот беше ставен под контрола за околу шест минути. Луѓето беа безбедно евакуирани“, се вели во соопштението. ...
Една од зградите каде што се одржува конференцијата за климата КОП30 во Белем, Бразил, беше евакуирана денеска откако избувна голем пожар. Пожарот предизвика густ чад и внатре и надвор од зградата. Првично, обезбедувањето на настанот се обиде да го изгасне пожарот со помош на противпожарни апарати. Потоа пожарникарите пристигнаа на местото на настанот. Сведоци пријавија кратка паника за време на евакуацијата. Сите учесници, десетици илјади ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преместувањето на главниот град од Техеран е неопходност поради зголемениот недостиг на вода и пренаселеноста, објавија иранските медиуми. „Реалноста е дека повеќе немаме друг избор, тоа е неопходно. Не можеме да го оптовариме ова подрачје со уште повеќе население и нови градби. Можеме да се развиваме, но не можеме да го решиме проблемот со водата“, рече тој, објави Тасним. Тој ...
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди порача денеска преку социјалните мрежи дека високиот пораз од Велс во мундијалските квалификации треба да делува мотивирачки пред мартовските плејоф натпревари за пласман на Светското првенство 2026. Македонската репрезентација во вторникот во Кардиф загуби од Велс со 7-1 во завршниот натпревар во квалификациската група Ј и својот дебитантски настап на Светското првенство ќе се ...
Љупчо Коцевски, државниот јавен обвинител, соопшти дека денеска се приведени десетина вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) и дека се вршат претреси на повеќе локации. Предистражната постапка е поврзана со предметот за Кочани, но постапката ќе се води во Кочанското обвинителство. „Местото на извршување е на тоа подрачје. Ако се појават нови елементи за други кривични дела, предметот евентуално може да се пренесе во ОЈО ГОКК. Но, според ...
Balkan Zoo е хрватски музички состав на наградуваниот басист и композитор Марио Рашиќ, кој веќе 13 години ја промовира балканската музика во современи аранжмани. На 29 ноември во Центарот за култура во Битола тие ќе настапат на Фестивалот на музика од светот полна со ритам, виртуозни импровизации и силна енергија – токму она по што тие се препознатливи. Во 2021 година бендот започнува соработка со вокалната солистка и фламенко пејачка Нина ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во бараж мечевите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Во полуфиналниот меч Македонија ќе се сретне со Данска. Ако успее да ја совлада оваа репрезентација тогаш македонските фудбалери ќе играат против победникот од мечот Чешка и Ирска. И двата меча Македонија ќе ги игра на гостински терен. Полуфиналето е закажано за 26 март, додека финалниот меч ќе се игра на 30 март ...
Вонредните парламентарни избори на Косово би можеле да се одржат на 21 или 28 декември, како што беше предложено на состанокот на лидерите на парламентарните партии со претседателката на Косово, Вјоса Османи, во Приштина. Претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), Бедри Хамза, изјави по состанокот дека нивната партија го предложила 21 декември како датум за избори, но дека имало и предлози гласањето да се одржи на 28 декември. ...
Едицијата „Големи зборови за мали уши”, на издавачката куќа „Арс Ламина”, ќе биде промовирана вечерва, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк” во „Дајмонд мол”. Со овој настан се одбележува Светскиот ден на детето (20 ноември). Промотор на едицијата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а пред публиката ќе се обратат авторите на сликовниците По минатогодишното претставување на првата книга од едицијата, „Градоначалник” од авторката ...
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), значителни количини дожд се регистрирани и во Претор (30 литри), Маврови Анови (28), Лазарополе (23), Прилеп и Пожаране (18), Берово (16), Тополчани (14), Радовиш (12), Струмица и Попова Шапка (11), Виница (10), Тетово и Битола (9), Зајчев Рид – Скопје, Куманово и Гевгелија (8), Ѓуриште (7), Скопје–Петровец и Штип (6), како и Крива Паланка и Демир Капија (5). Нов бран на врнежи ...