Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
САД нудат награда до 10 милиони долари за информации за водачот на ирачката шиитска милиција Катаиб Сајид ал-Шухада (КСС), поддржана од Иран. Американскиот Стејт департмент, преку својата програма „Награди за правда“, го идентификуваше водачот како Хашим Финјан Рахим ал-Сараџи и ја означи неговата група како терористичка организација, објавува „Гардијан“. Во објавата на платформата X се наведува дека „членовите на КСС убиле ирачки цивили и ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека нема да се занимава со политика по истекот на неговиот мандат во 2027 година, кога ќе го напушти претседателското место по два мандати. „Не се занимавав со политика пред претседателството и нема ни потоа“, рече Макрон. Тој оцени дека најголем предизвик во последниот мандат е да се зачува постигнатото и истовремено да се продолжи со реформите, признавајќи дека дел од нив останале ...
До крајот на годинава, Ресен ќе биде целосно исчистен од диви депонии, кажа директорот на Јавното комунално препријатие „Пролетер“ – Ресен, Марчел Косентино-Русу на денешната панел-дискусија „За почиста Преспа: заеднички чекори за подобро управување со отпад“ организирана во Ресен од Институтот за комуниколошки студии, Македонското еколошко друштво и „Еко герила-Преспа“. Претпријатието работи на расчистување на поголемите диви депонии ...
ДОМ остро реагира на предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство за кои, како што велат, наместо да ја зајакнат заштитата на јавниот интерес, животната средина и природните ресурси, отвораат сериозен ризик од нивно слабеење. „Како политичка партија која активно учествуваше во креирањето и унапредувањето на законската рамка во оваа област сметаме дека секоја измена мора да значи ...
Вчера околу 02:30 часот во близина на граничната линија со Грција, во атар на село Богородица, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода 48-годишниот У.Ш. од Скопје, поради сомнение дека со патничко возило „тојота корола“ со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам. По наредба на јавен обвинител, У.Ш. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна ...
Владимир Перев Алберт Ајнштај некаде рекол: Само Вселената и човечката глупост се бесконечни…за Вселената не сум сигурен! 1. Светот гори, ни се заканува најголемата енергетска криза позната во историјата, Европа стисната меѓу „чеканот и наковалната“, поточно речено меѓу Америка и Русија, се бори да земе здив и да преживее, Македонија се соочува со енормна сиромаштија (…и на духот), а нашите парламентарци се расправаат и дебаираат за тоа кој ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на 24 април 2026 година ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско и Јонската Иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во рамките на претседавањето на нашата држава со оваа Иницијатива. Конференцијата ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието. На состанокот ќе присуствуваат претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на ЈЈИ – Република ...
СДС против својот градоначалник, не сакаат отворање на рудник кој ќе го заживее регионот на Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „СДС и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги имаат малку на број. СДС и Филипче не сакаат во Крива Паланка да се отвори рудник, наспроти ставовите на нивниот градоначалник ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог. „Во рамки на средбата беше изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на Владата ...
Нов удар врз слоободата на медиумите и демократијата. Христијан Мицкоски си го постави пријателот и почесен конзул на Гвинеја, Зоран Ристоски – Ѓузо за директор на МТВ, велат од СДСМ. Од партијата додаваат дека единствена квалификација на Ристовски е близината лично со премиерот Мицкоски. „Еден конзул за енергетика – Адамовиќ, сега уште еден конзул за МТВ по шемите на Мицкоски. Наместо националниот јавен сервис да биде еден од столбовите на ...
Љупчо Јошевски Во едно општество кое се стреми кон демократија, плурализам и европски вредности, секоја законска иницијатива мора да биде внимателно измерена не само според нејзината правна тежина, туку и според нејзините скриени импликации. Најновиот предлог-закон, со кој се предвидува ограничување за лица со двојно државјанство да бидат избрани за пратеници во Собранието, отвора повеќе прашања отколку што дава одговори. На прв поглед, ...
Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од село Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како заменик директор во техничкото ...
Светски познатиот хор „Мистеријата на бугарските гласови“ ја воодушеви публиката во Лондон на два концерта одржани на 21 и 22 април, организирани од Gotobeat, објави бугарскиот весник во Лондон БГ БЕН, пренесува БТА. На првиот концерт во Clapham Grand доминирала бугарската дијаспора, додека на вториот во Union Chapel присуствувале над 900 луѓе, од кои 60 проценти биле меѓународна публика. Меѓу гостите бил и бугарскиот амбасадор во Лондон ...
Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13% од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100 илјади жители, наспроти европскиот просек од 95 отсто, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, на денешниот состанок на Економско-социјалниот совет во Владата, на кој ги презентираше новините во предлог законот за заштита од ...
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија информира дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – програмите беа ...
Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со ул.„Васко Карангелевски“ до крстосница со бул.„Србија“ и на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„АСНОМ“ до крстосница со пристапна ...
Партнерството со Словенија преку проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија“ продолжува и во периодот 2026–2028. „Во Словенија секогаш гледаме силна поддршка за нашата интеграцијата во ЕУ, а преку конкретната соработка во образованието и во здравството, како и преку пренесување на добри практики, овој сложен процес можеме многу полесно да го реализираме“, рече министерката ...
СДС на власт едно, во опозиција друго! Поранешни премиери и вицепремиери, како и поранешните претседатели на СДС, од типот на Заев, Ковачевски и Шеќеринска, додека беа на власт јасно и гласно беа против Техничката влада, а денес кога се во опозиција се против укинување на т.н. Пржинска влада, објави на социјалните мрежи Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Не нѐ чуди политиката на Филипче, која гласи – Се што ќе каже или направи ВМРО-ДПМНЕ, ...
Оружје и муниција се пронајдени вчера при претрес во дом на скопјанец, на подрачјето на Кисела Вода. Вчера во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(39) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом, со судска наредба, биле пронајдени и одземени: 165 куршуми, 56 ловни патрони, една кутија со каписли, осум кеси олово ...
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од редовите на ГЕРБ-СДС/ЕНП се сретнал со својот колега и пријател Золтан Тар– раководител на делегацијата на унгарската партија Тиса во групата на ЕНП во Европскиот парламент. Ковачев му посакал успех на Тар и на новата влада во Унгарија предводена Петар Маџар. Бугарскиот европратеник го покренал прашањето за прекин на политиката на Виктор Орбан за поддршка на антибугарската пропаганда во Република ...
Националниот конкурс за меѓународната образовна програма Space Camp Türkiye, создадена по модел на NASA, заврши со избор на 82 ученици кои ќе добијат целосни и делумни стипендии. Неколку стотици кандидати од цела Бугарија поминаа низ три етапи – есеј, видео проект и индивидуално интервју, јавува Актуално. Темите годинава вклучуваа можноста кирилицата да стане „првата космичка азбука“, мисија на трет бугарски космонаут во форма на вештачка ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ги отвори редовните билатерални, македонско-американски одбранбени консултации на кои со, заменикот-помошник секретар за војна, Дејвид Бејкер и тимот од САД разговараше за регионалната безбедност, за развојот на Армијата преку процесот на модернизација и опремување, инвестициите во одбраната и новите можности за развој на стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу двете земји. „Нашите ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на надзорна расправа на Комисијата за еднакви можности во Собранието, каде истакна дека улогата на здравствениот систем е клучна, како во раната детекција, така и во обезбедувањето соодветна поддршка за жртвите на семејно насилство. – Министерството за здравство воспоставува системски пристап, со јасно дефинирани мерки и активности. Во тек е подготовка на програма за зајакнување на ...
На 21.04.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Скопје пријавило дека неговата малолетна ќерка била уценувана од малолетник, со кого претходно била во врска. Таа била уценувана дека доколку не ја продолжи врската, ќе објави експлицитни фотографии од неа. Полицијата информира дека бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 21.04.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Скопје ...
Српската опозиција преку Башановиќ и Заев, го користи СДС за свои интереси кои не одат во прилог на македонската опозиција која се распаѓа, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Српските опозиционери Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичка партија на Србија и Јован Ратковиќ, член на претседателството на Социјалдемократската странка во Србија, на средбата во Скопје со генералниот секретар на СДС, договориле заедничка ...
Утрово околу 00:15 часот во СВР Скопје 18-годишна скопјанка пријавила дека на 22.04.2026 на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.К.(18) извршил обљуба врз неа. Според пријавеното, таа била во поодмината бременост. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Утрово околу 00:15 часот во СВР Скопје 18-годишна скопјанка пријавила дека на 22.04.2026 на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот ...
Од полноќ, Макпетрол ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар, истакна денеска владината портпаролка Марија Митева. Она што е особено значајно, како што рече, е дека и останатите компании на пазарот го следат овој тренд. Според неа, во ...
Нема да дозволиме здравјето на граѓаните во Крива Паланка, да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на интересот на граѓаните. Тој кажа дека тие имаат право да ја знаат вистината за рудникот во Кривопаланечкиот регион дека еден од потписниците на тие договори што ќе го користат ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов, присуствуваше на одбележувањето на 80 годишнината од постоењето на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Македонија. Во своето обраќање пред присутните членови и гости, Мемов нагласи дека овој јубилеј е симбол на истрајноста, заедништвото и посветеноста на Здруженијата на пензионерите во градењето на достоинствен живот на пензионерите, кои со својот труд и знаење се вградиле во темелите на ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека војната во Иран почнува да ја „слабее Европа“. Вчера, Ердоган и Штајнмаер разговараа по телефон за односите меѓу Турција и Германија, како и за војните во Иран и Украина, објави кабинетот на турскиот претседател на социјалните мрежи. „Претседателот Ердоган рече дека војната во регионот почнала да ја ослабува и Европа“, се наведува ...