Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови ќе биде од западен правец, а долж Повардарието и во источните региони од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 34 степени. Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од ...

Иран се согласи дека нема да произведува или да набавува нуклеарно оружје, според нацрт-меморандумот за разбирање постигнат меѓу иранските лидери и Соединетите Американски Држави, открива висок ирански функционер за новинската агенција Ројтерс. Според изворот, деталите за тоа што ќе се прави со постојниот збогатен ураниум на Иран ќе се решаваат во следните 60 дена по официјализирањето на почетниот договор. Техеран инсистира самиот да го ...

Големиот шумски пожар кој избувна во петокот во Ербон, на северот на Шпанија, и понатаму е активен и надвор од контрола. Огнената стихија досега проголта околу 330 хектари шума, а поради директна опасност евакуирани се десетина куќи и прогласен е втор степен на приправност, јавува Еуроњуз. Пожарот започнал во попладневните часови во петокот и продолжува забрзано да се шири, а противпожарните служби сè уште не успеваат да го стават под ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос на почетокот на јули ќе ја посети Македонија. Во фокусот на разговорите се очекува да биде новиот нон-пејпер на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон. Овој документ предвидува модел за забрзана и постепена интеграција на земјите кандидатки во ЕУ, што отвора нови можности за динамизирање на процесот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека посетата на Марта ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска најави дека по одбележувањето на партискиот роденден на 17 јуни во Струмица, ќе започнат официјалните разговори со коалициските партнери за реконструкција на Владата. „Следната недела после роденденот којшто ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа почнуваме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата“, ...

21-годишен жител на Батинци е лишен од слобода синоќа, откако со возило марка „бмв“ се движел со брзина од 244 километри на час, што е двојно повеќе од дозволеното. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, случајот е регистриран на 13 јуни во 20:00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, кај гевгелиското село Милетково, од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија. „При контрола на патниот сообраќај со ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишен тетовец, осомничен дека ограбил спортска обложувалница во градот. Според информациите од билтенот на МВР, инцидентот се случил на 8 јуни околу 2 часот по полноќ. Осомничениот влегол во обложувалницата и, заканувајќи му се на вработениот со остар предмет, одзел пари од касата и побегнал. Само неколку часа подоцна, околу 11:30 часот истиот ден, полицијата го привела на Меѓународниот аеродром ...

На 14 јуни со почеток од 19 часот (локално време) во Софија започнува Светското првенство за спортисти со Даунов синдром, јавува БНР. Речиси 400 спортисти од 27 држави ќе се вклучат во натпреварувањето, кое се одржува под покровителство на претседателката на Бугарија Илијана Јотова. Бугарија ќе биде претставена од 20 натпреварувачи во сите пет дисциплини — атлетика, спортска гимнастика, художествена гимнастика, тенис и пинг-понг. Првенството ...

Малку бугарски владетели уживаат толку трајна слава колку што ужива царот Иван Асен II. Во историската меморија тој останува како владетелот при кого Бугарија го достигнува своето најголемо територијално проширување во Средниот век и се претвора во фактор со кој сите на Балканот биле принудени да се сообразуваат, пишува БГНЕС. Но, дали неговото владеење може да биде ставено рамо до рамо со Златниот век на цар Симеон Велики? Според историчарот ...

Од август годинава, гостите во рестораните, кафулињата и хотелите широм Европската Унија ги очекува голема промена. Со новата Уредба за амбалажа и амбалажен отпад се воведува строга забрана за користење на пластична амбалажа за еднократна употреба, јавува хрватскиот јавен сервис ХРТ. До донесувањето на оваа уредба, на земјите-членки на ЕУ им беше препуштено самите, на свој начин и во рамките на основните насоки, да го решаваат прашањето со ...

„Додека Мицкоски го штити Трипуновски, сточарите се во тешка криза“ – ова денеска на прес-конференција го изјави Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ. Според опозициската партија, македонското сточарство буквално се распаѓа поради намалениот откуп и понижувачките ниски откупни цени кои изнесуваат едвај дваесетина денари за литар млеко. Димитриевски вели дека наспроти ниските откупни цени за производителите, цените на ...

Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. Како што соопштуваат од Судот, платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за ...

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ за состојбите во сточарството, обвинувајќи дека токму во времето на СДС сточарите се соочувале со 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко. Од партијата тврдат дека денес има напредок во сточарството, што, како што наведуваат, го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика. „Времето на СДС, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено ...

Проф. д-р Пламен Павлов/Труд Како што раскажавме во претходните „епизоди“ од оваа серија на „Труд News“, четничките дејствија се суштински дел од Априлското востание. Ќе продолжиме со окрузите чии центри се Сливен и Враца. И покрај разликата во размерите во споредба со Четвртиот и Првиот округ, и во нив има примери на исклучително херојство. Се разбира, ќе започнеме со Ботевата чета, најсветлата пројава на револуционерната емиграција во ...

Британските вооружени сили во раните утрински часови во неделата пресретнаа руски нафтен танкер од таканаречената „флота во сенка“ во Ла Манш, соопшти британскиот премиер Кир Стармер. Во шестчасовна операција, припадници на Кралските маринци и специјално обучени службеници од Националната агенција за борба против криминалот се качиле на танкерот „Смиртос“, со поддршка од британските воздухопловни сили. Според британското Министерство за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот №4699-IX, со кој се ажурира примената на Европската харта за регионални или малцински јазици во Украина, јавува бугарски Фактор. Со новите одредби, посебниот режим на поддршка и заштита ќе продолжи да важи за 12 јазици: бугарски, белоруски, гагауски, кримскотатарски, новогрчки, германски, полски, романски, словачки, унгарски, чешки и хебрејски. Рускиот јазик е исклучен од списокот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела ќе учествува на самитот на Г7 во Франција, каде што ќе се сретне со повеќе светски лидери и ќе присуствува на работна сесија со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Информацијата ја потврдија високи претставници на американската администрација. Самитот ќе се одржи во францускиот град Евијан, а Трамп во Франција ќе отпатува по настан во Белата куќа во недела. Во фокусот Украина и ...

Швајцарските граѓани денеска гласаат на референдум што би можел значително да ја промени имиграциската политика на земјата и да влијае врз нејзините односи со Европската Унија. На референдумот се одлучува дали ќе биде прифатен предлогот бројот на жители на Швајцарија да не надмине 10 милиони до 2050 година. Иницијативата ја предложи десничарската и популистичка Швајцарска народна партија (СВП), која предупредува дека растечката имиграција ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека во претстојните недели планира серија интензивни разговори со партнерските земји во рамките на неколку состаноци на високо ниво. Целта на оваа дипломатска активност е засилување на меѓународната поддршка за Украина, која веќе повеќе од четири години се брани од руската инвазија. Во своето редовно вечерно обраќање во саботата, Зеленски појасни дека главниот фокус на разговорите ќе биде ...

Претстојниот самит на Г7 би можел да биде клучна можност за зацврстување на мировниот договор меѓу САД и Иран, но само доколку во процесот биде вклучен и Либан, порачаа канадскиот и ирскиот премиер во пресрет на средбата на лидерите на најразвиените светски економии. Канадскиот премиер Марк Карни, кој престојуваше во дводневна посета на Даблин, и неговиот ирски колега Михал Мартин изнесоа заеднички став пред заминувањето на Карни на самитот ...

Шведските воздухопловни сили во петокот пресретнале руски воени авиони кои летале во близина на шведскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопштија шведските вооружени сили. Според војската, борбените авиони „Грипен“ биле подигнати во воздух во два одделни наврати поради присуството на руски авиони од типовите Су-24 и Су-34. Притоа не било регистрирано нарушување на шведскиот воздушен простор. Шведскиот премиер Улф Кристерсон оцени дека ...

На 12 јуни во хотелот „Рила“ во бугарскиот главен град Софија се одржа научна конференција под наслов „Бугарските заедници на Балканот (1878 – 2025 г.)“, со учество на претставници на бугарските заедници од Северна Македонија, Косово, Романија, Албанија, Турција, Грција и Србија. Конференцијата е дел од научноистражувачкиот проект „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 г. Кодот на опстанокот“, финансиран од Фондот за научни ...

Во Њу Лексингтон, Охајо, се одржа 48-от фестивал „Макгахан“ – традиционален настан што ги обединува Бугарите и Американците во знак на признание кон животот и делото на големиот пријател на Бугарија,Џануариус Макгахан, јавува генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светислав Станков. Програмата започна со панихида пред гробот на Макгахан, која ја отслужи отец Владимир Бакрџиев, како и со оддавање почит пред статуата на Макгахан во центарот ...

Во Германија се разгледуваат мерки за засилување на безбедносните капацитети поради зачестените прелети на беспилотни летала. Сојузниот министер за внатрешни работи, Александер Добринт, упати барање за воведување трајна заштита на Бундестагот и на другите уставни тела, нагласувајќи дека е потребно системско решение за овој вид современи предизвици. Разграничување на надлежностите за заштита Во официјалното писмо испратено до претседателката ...

Договорот меѓу Унгарија и Украина за регулирање на образовните, културните и јазичните права на унгарското малцинство во регионот Закарпатје и официјално стапи на сила, соопшти денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на својот Фејсбук профил. Брзо решение по децениски застој Според информациите што ги пренесува новинската агенција МТИ, украинската страна се согласи целосно да ги исполни сите точки од официјалниот протокол. Договорот веќе е ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговараше за изградбата на автопатот Скопје – Блаце. На средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта успешно е завршена постапката за избор на Изведувач. Изведувачот на ...

Три лица се здобиле со тешки повреди, а четворица малолетници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“, управувано од 35-годишната Ф.М. од Љуботен, и патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од 20-годишниот А.Љ., исто така од Љуботен. Во возилото „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобиле ...

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата меѓу булеварот Борис Трајковски, улицата Трајко Иванов и сервисна улица во Скопје. Како што соопшти МВР, во несреќата учествувале патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот А.А. од Скопје, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот Б.Л. од Скопје. Во судирот, мотоциклистот се здобил со ...

Осумдесет и тригодишен скопјанец бил спасен од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, соопшти МВР. Според пријавата, на 12 јуни околу 7 часот очевидец забележал машко лице кое се давело во реката и успеал да го извлече од водата. Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која му укажала помош, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 ...

Вработен во Градските гробишта Бутел вчера во 17 часот пријавил во СВР Скопје дека едно лице оштетило 11 гробни места. Според информациите од МВР, лицето со иницијали К.К. со метален предмет предизвикало оштетувања на гробните места. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Вработен во Градските гробишта Бутел вчера во 17 часот пријавил во СВР Скопје дека едно лице оштетило 11 гробни места. ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1021
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
90%
1018
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
1025
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.65
98%
1025
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
96%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
86%
1024
weather icon

Тирана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
96%
1024
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
93%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
90%
1021
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
5.66
98%
1025
Currency

61.578

Currency

55.056

Currency

73.811

Currency

37.939

Currency

39.093

Currency

67.217

Currency

8.2578

Currency

0.67108

Currency

0.34796

Currency

0.52348

Currency

1.0978

Currency

0.58613

Кобалт

33.53

Бакар

12.71

Алуминиум

3.05

Сребро

1691.13

Родиум

297394.41

Калај

46.53

Цинк

3.76

Иридиум

321507.47

Рутениум

61086.42

Платина

50123.01

Злато

132371.05

Паладиум

32600.86