Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека повеќе од 10 земји се подготвени да придонесат со средства за одбранбената мисија, чија цел е да се врати слободната пловидба во Ормускиот теснец. „Ќе го продолжиме ова со конференција за воениот план во Лондон следната недела, каде што ќе објавиме повеќе детали за составот на мисијата и повеќе од десетина земји веќе понудија да придонесат со средства“, изјави Стармер за новинарите во Париз, ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Алијансата, оценувајќи дека такво сценарио не е реално. Тој истакна дека американската нуклеарна заштита за Европа не е доведена во прашање, нарекувајќи го „крајна гаранција за безбедноста“. Во последните недели, изјавите на Доналд Трамп предизвикаа загриженост, откако тој ги критикуваше сојузниците за недоволна поддршка, особено во контекст ...

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Венко Филипче и СДСМ стануваат сѐ поарогантни и дека делуваат целосно отуѓени од реалноста, оценувајќи дека наместо да се занимаваат со состојбите во РС Македонија, се фокусираат на политички случувања во други држави. „Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија“, велат од партијата. Во соопштението се наведува ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) алармира за сериозен пад на странските директни инвестиции во Македонија, повикувајќи на политичка одговорност од актуелната власт. Според партијата, во 2025 година инвестициите се намалиле за 61% во однос на претходната година, достигнувајќи вредност од 468 милиони евра, што го оценуваат како „еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата“. Во соопштението се ...

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за следење на опозицијата и, како што велат, фабрикување афери. Во соопштението се наведува дека станува збор за Black Cube, израелска приватна разузнавачка компанија, која СДСМ ја опишува како „приватен Мосад“, позната по „следење, собирање информации, провокации и фабрикување ...

Проф. д-р Пламен Павлов/Труд На 14-16 април в Панагюрище, революционната столица на Априлската епопея, беше домакин на най-мащабната академична проява за отбелязването на знаковата годишнина – Националната научна конференция с международно участие “Априлското въстание 1876 г. – път към свобода, парламентаризъм и държавност”. Форумът е организиран от Община Панагюрище, Исторически музей – Панагюрище, Институт за исторически изследвания при БАН ...

Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Марин Рајков ја доби наградата „Лав – Чувар на наследството“ што ја доделува Национален историски музеј на Бугарија, во знак на признание за неговиот придонес во меѓународното претставување на бугарските културни вредности и за напорите во зајакнувањето на културното присуство на Бугарија во странство. Признанието му беше врачено од Кирил Топалов на церемонија по повод Денот на донаторот, ...

Од 20 април Бугарска народна банка ќе пушти во оптек сребрена колекционерска монета „150 години од Априлското востание“ со номинална вредност од 10 евра, од серијата „Бугарска преродба“, јавува БГНЕС. Цената при пуштање е 144 евра (281,64 лева), а тиражот изнесува 5.000 примероци. Автор на дизајнот е Светлин Балездров. На лицето на монетата се прикажани емблемата на БНБ со годината „1879“, Мостот на Првата пушка во Копривштица, годината ...

Месецот маj ќе биде месец на бугарската литература и култура во организација на Бугарскиот културен институт во Лондон, јавува БТА. Од БКИ-Лондон упатија покана за „инспиративно патување во светот на бугарските зборови, приказни и уметност“. Програмата е следна: на 6 мај од 19:30 часот по локално време во кино-салата галерија „Софија“ на БКИ – ќе се одржи проекција на документарниот филм „Естествен филм“ – портрет на Георги Господинов, ...

Бугарскиот европратеник од ГЕРБ/ЕПП Андреј Ковачев изјави во Студио Actualno Балкани дека очекува во наредните месеци власта во Северна Македонија да продолжи да прави обиди да лобира пред известувачот за напредокот на Скопје во Европскиот парламент, како и пред поединечни европски политичари. „Тие не престанале да лобираат. Тимчо (Муцунски) се сретна со известувачите. Тие задоцнија за средбата, затоа што претходно беа во соседната просторија ...

Во месец јуни годинава се навршуваат 165 години од излегувањето од печат на зборникот „Бугарски народни песни“ на браќата Димитар и Константин Миладинови. По повод оваа значајна годишнина за бугарската историја, фолклористика и култура, Националната заедница на Бугарите во Хрватска организираше тркалезна маса во салата на најстарата хрватска културна и издавачка институција Матица хрватска, јавува БТА. Настанот го отвори Рашко Иванов, ...

Добро е што Венко Филипче од Блиски Исток сега се концентрира на европски простор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Но тоа не се случи затоа што Филипче се отрезнил и сфатил дека, сепак, фокусот треба да му биде на Македонија и на Европа, туку тоа е резултат на кризата во тој дел на светот, каде што во друштво на Зоран Заев беше чест посетител, инвеститор и сопственик на недвижности и на златна виза. Туку да го прашаме, им кажа ли Филипче на ...

Со учество на високи претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава и на релевантни институции, во Скопје, се одржа конференција за печат во организација на ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво (МЕД) со што официјално се одбележа почетокот на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“. На настанот учествуваа претставникот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Мари-Мадлен Канелопулу, заменик министерот за енергетика, ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата на САД во земјава Никол Варнс, со која разговараше за приоритетите од аспект на подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство. Савески се заблагодари за континуираната американска поддршка за унапредување на целокупниот систем за владеење на правото, а особено за функционирањето на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска учествуваше на дискусија на високо ниво во организација на PES (Партијата на европски социјалисти), на панелот „Обликување на Европа заедно: Прогресивни гласови од Западен Балкан“, кој се одржа во Барселона. Во своето обраќање, Филипче нагласи дека Европа се соочува со сериозен бран на авторитаризам, на кој прогресивните сили и социјалдемократијата се последна линија на одбрана. „Tокму ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул, оствари билатерални средби со претседателот на Сенатот на Кралството Белгија, Винсент Блондел, и со првиот потпретседател на Врховната рада на Украина, Олександр Корнијенко. На средбата со Блондел, беше потврдена добрата и стабилна соработка меѓу двете земји, како и заедничката определба за нејзино понатамошно унапредување. ...

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија, што се одржува од 15 до 19 април 2026 година во Истанбул. Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието и шеф на Делегацијата во ИПУ, Африм Гаши, а во нејзин состав се пратениците Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Арбана Пашоли и Јована Мојсоска, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, која учествува ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена одличната соработка меѓу двете држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. На средбата се разговараше за продлабочувањето на билатералната соработка, особено во делот на сајбер безбедноста, во контекст на неодамнешната средба во ...

Дисциплината, подготовката и довербата се трите фактори што придонесоа за успешното прифаќање на еврото во Бугарија, изјави гувернерот на Бугарска народна банка, Димитар Радев, на настан организиран од Атлантски совет во рамки на пролетните средби на Меѓународен монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон, пишува бугарскиот дневен весник 24 часа. „За Бугарија, прифаќањето на еврото не беше одлука донесена во последен момент… еврото не ...

Филипче се однесува како Алиса во земјата на чудата, СДСM е партија на лагите и конструкциите, живеат во свој свет полн со апсурд и фантазија, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека Социјалдемократскиот сојуз и Филипче, по поразот на локалните избори на кои дојдоа до 130 илјади гласови, најмалку во нивната историја, излегоа на прес-конференција и велеа дека тоа било одличен резултат.  Во однос на меѓународните договори, ...

Полициска акција во Прилеп открила десетици стари монети во домот на 41-годишен прилепчанец, по што против него е поднесена кривична пријава. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднел кривична пријава против П.В.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита на културно наследство и природна реткост“. При претрес во домот на ...

Три одделни сообраќајни несреќи со тешко повредени пешаци се случиле во текот на 16 април во Скопје, Штип и Битола. Утрото, во 07:30 часот, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во Скопје автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. ...

Една од најмасовните акции за расчистување на диви депонии од утрово се спроведува на територијата на општина Кисела Вода. Во оваа голема еколошка акција вклучена е силна механизација составена од 11 скипови, 2 багери и 25 камиони со кои се расчистуваат повеќе од десет критични точки, извести Општината. На терен интензивно работат сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода. Во координација со екипите на јавните претпријатија ...

Вчера во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел малолетникот, пронајдени се и одземени 34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со рела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, во своето поздравно обраќање на 18. Европски конгрес на абдоминални хирурзи истакна дека денешната агенда отвора суштински теми за иднината на здравството, меѓу кои медицината заснована на докази и трансплантацијата. -Науката не е само стратегија и систем, туку и човечка приказна. Таа се одвива во операционите сали, во рацете на лекарите и во одлуките што спасуваат живот. Токму трансплантацијата е ...

Константин (Коце) Ципушев е роден во Радовиш на 17 април 1877 година, во семејството на трговецот Димитар Ципушев. Основно образование завршува во родниот град, а во 1895 година го продолжува своето образование во Солунската бугарска машка гимназија „Св. св. Кирил и Методиј“. Во своите спомени пишува дека за време на летото (1895/1896) бил воведен во Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација од учителот Димитар Шатоев, што ...

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставувањето на камен темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров. „Овој тип на инвестиции се многу значајни за квалитетот на образованието на нашата иднина, тоа се децата. Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти. Од ова што можевме да го слушнеме од градоначалникот и во оној неформален дел да го поразговараме, има уште неколку вакви проекти во периодот ...

Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ соопшти дека партијата поднела кривична пријава против Христијан Мицкоски за, како што наведуваат, „рушење на Уставот и кршење на законите“. „Христијан Мицкоски повеќе не се крие –тој е обвинител, судија, кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците“, рече Димитријевиќ. Тој додаде дека Мицкоски од позиција на премиер, јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе ...

Во рамки на учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на „Панелот на лидери“ на тема: „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Говорејќи за глобалните неизвесности, таа предупреди на растечката опасност од авторитарни тенденции и ремилитаризација, како и на сериозната криза на политичкото лидерство. За неа повеќе од кога било на светот му се потребни ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Калај

53.60