Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет. „Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана ...
Првите борбени машини „Страјкер“ ќе бидат транспортирани во февруари од САД во воениот завод „Терем – Ивајло“ во Велико Трново, а договорот предвидува вкупниот број да изнесува 198 возила, со вредност од 8,5 милиони евра. Ова го соопшти министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запрјанов, кој изврши инспекција на подготвеноста на фабриката за склопување на борбените машини, јави дописникот на БГНЕС од регионот. Според Запрјанов, заводот е ...
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба. „Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се ...
Министерот за образование и наука на Бугарија Красимир В’лчев го посети Осмото средно училиште „Арсени Костенцев“ во Благоевград, каде што свечено отвори нова STEM средина изградена со средства од Националниот план за обнова и отпорност. Проектот опфаќа STEM центар и шест високотехнолошки училници, со вкупна вредност од околу 186.000 евра. На настанот присуствуваа претставници на локалната власт и образовните институции, а Неврокопскиот ...
Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од СДСМ. „Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се ...
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја. „На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик. На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец. Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема ...
Основниот индекс на Бугарската фондовска берза SOFIX ја започна 2026 година со раст од 14,41% во првата трговска недела по влезот на Бугарија во Еврозоната, зголемувајќи се од 1.156,43 на 1.323,06 поени. Прометот порасна за речиси 184%, а бројот на трансакции за 112,79% на годишно ниво. Сличен пораст бил забележан и по пристапувањето на Бугарија во ЕУ во 2007 година. „Реакцијата на пазарот покажува зголемена доверба и подобра пазарна ...
На вчерашната седница на Собранието, на која се дискутираше усвојувањето на новите измени на Кривичниот законик, претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, од собраниската говорница порача дека е срамно после 18 месеци замајување на јавноста и на граѓаните дека ќе добиеме целосно нов кривичен законик, денеска да имаме предлог кој што е само уште една козметичка измена. „Осумнаесет месеци се ветува целосно ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и ...
Денес, 13 јануари, на датумот на првата јавна проекција на филмот на легендарниот пионер на бугарското кино Васил Гендов „Българан е галант“, бугарската филмска заедница го одбележува својот професионален празник, јавува БГНЕС. Првиот бугарски игран филм ги раскажува љубовните неволји на бонвиванот Б’лгаран, Васил Гендов е сценарист и изведувач на главната улога. Негова партнерка е Мара Липина. Снимателот Гаетано го снима филмот за шест дена ...
Нападот врз бугарската амбасада во Скопје е очекуван резултат на долготрајната политика на неказнивост кон насилствата врз Бугарите во Република Северна Македонија. Ова во интервју за БНТ го изјави публицистот и колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев, како коментар по вандалскиот чин, при кој беше скршено стаклото на главниот влез од амбасадата. Перев нагласи дека во македонското општество Бугарија сè уште не се перципира како ...
Илиja Стојановски На денешен ден, 13 јануари 1928 година, Мара Бунева го убива Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Таа го застрелува на Стариот камен мост над реката Вардар по наредба на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Прелиќ е српски правник, одговорен за судските процеси и мачењата врз студентите – дејци на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Откако го извршува атентатот, Мара Бунева се ...
Извор: Пиринско С изключително голям интерес и активното участие на десетки кукерски и сурвакарски групи от цялата страна премина XXII-то издание на фестивала „Симитлия – Древната земя на кукерите“ – 2026. Събитието за пореден път утвърди град Симитли като значим културен център и естествен притегателен пункт за съхраняването и популяризирането на българските фолклорни и кукерски традиции. В продължение на два дни стадион „Септември“ в ...
Американското претставништво за Иран ги повика американските државјани веднаш да ја напуштат земјата, предупредувајќи дека немирите низ земјата продолжуваат да ескалираат. Во соопштението се наведува дека граѓаните треба да заминат без помош од американската влада, а доколку тоа не е можно, да најдат безбедно место. Се предупредува и на можни прекини на интернетот и се препорачува, доколку е безбедно, напуштање на Иран по копно преку Ерменија ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска ...
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица. Во Северна Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, повеќе во западниот дел на Северна Македонија, кршат погача со паричка. Се верува ...
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на референдум, нагласувајќи дека за Молдавија станува сѐ потешко да „опстои“ како самостојна држава. Молдавија, земја со околу 2,4 милиони жители сместена меѓу Романија и Украина, во последните години стана цел на руско хибридно дејствување, вклучувајќи кампањи на дезинформации и манипулации со избори, пишува ...
Кавадаречкото Обвинителство споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15 години. Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон. Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од ...
На 13 јануари 1928 година во центарот на Скопје 26-годишната македонска Бугарка од Тетово Мара Бунева со неколку куршуми го убива шефот на српската полиција Велимир Прелиќ. Мара Бунева е родена во градот Тетово во 1902 година. Таа потекнува од познато бугарско семејство од градот. Нејзиниот брат Борис Бунев ја привлекол во редовите на ВМРО на почетокот на 20-тите години на минатиот век. Откако пукала во Прелиќ, Мара Бунева се застрелала во ...
Се навршуваат 163 години од раѓањето на писателот и општественик Алеко Константинов и 148 години од раѓањето на поетот симболист и револуционер Пејо Јаворов, пишува БГНЕС. Големиот бугарски писател и општественик Алеко Константинов е роден на 13 јануари 1863 година во Свиштов, во семејството на угледниот свиштовски трговец Иваница Хаџиконстантинов, а по мајчина линија потекнува од големото видинско семејство Шишманови. Убиен е при неуспешен ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно. „Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите. Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата. „Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од ...
Шпанската полиција ја изврши најголемата заплена на кокаин досега на отворено море, пресретнувајќи брод што превезувал речиси 10 тони дрога скриена во пратка сол на пат од Бразил до Европа, соопшти полицијата денес. Операцијата резултираше со апсење на 13 лица кои беа пронајдени на бродот, а крајбрежната стража во Санта Круз де Тенерифе на Канарските Острови мораше да го одвлече бродот во пристаништето бидејќи на крајот остана без гориво, ...
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту ...
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани. „Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон ...
Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР, денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци. На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и перспективите на билатералната соработка во областа на животната средина и просторното планирање. За време на средбата, министерот Хоџа и амбасадорот Ќехаја ги оценија пријателските односи и одличната соработка меѓу ...
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека обвинувањата изнесени од Социјалдемократскиот сојуз на прес-конференција, а се однесуваат на јавните набавки, се неосновани и дека станува збор за политички конструкции без докази. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека сите јавни набавки спроведени од општините и од Град Скопје се реализирани согласно Законот за јавни набавки, преку транспарентни и јавно објавени постапки, достапни за проверка од ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, денеска изјави дека Владата во Собранието поднела Предлог-закон за ново задолжување од 20 милиони евра, наменето за изградба на фискултурни сали, без да достави информации за висината на каматната стапка. Лукаревска оцени дека државата се наоѓа во финансиски тешка состојба и дека задолжувањето, според неа, оди во опасна насока. Таа посочи дека нема средства за зголемување на платите, за минимална плата ...