Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) склучи договор со Природно-математичкиот факултет (ПМФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за вршење молекуларно-дијагностички анализи. Договорот го потпишаа генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, и деканот на Природно-математичкиот факултет, Даворин Трпески. Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ е една од најмодерните лаборатории ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има и дека техничката влада мора да остане, затоа што, таа е последната линија на одбрана од целосно заробување и злоупотреба на најважното, а тоа е слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес. Филипче нагласи дека на Мицкоски „му се брза“ и дека „се бара алиби за распишување избори, не му треба дијалог, ...

Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис. Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а ...

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад во земјата минатата сабота. Трамп денеска изјави дека САД и Венецуела добро соработуваат, особено кога станува збор за обновата, „во многу поголема, подобра и помодерна форма“, на нивната нафтена и гасна инфраструктура. „Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, кој се чини дека ...

Ноќеска во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 30-годишниот А.С. од село Романовце, кумановско. Тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети. Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 32-годишниот У.З. од Куманово. Тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. ...

Во два одделни сообраќајни инциденти што се случиле вчера во Скопје и околината, две жени пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени на лекување. Првата несреќа била пријавена во раните утрински часови. Околу 06:50 часот, во селото Петровец, во општина Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Д.К. од Петровец, удрило во 61-годишната Ј.Ц. од Скопје. Жената се здобила со ...

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа. По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, ...

За трета година по ред, градоначалникот на општината Симитли во Бугарија, Апостол Апостолов, заедно со стотици жители, на 10 јануари, ќе го даде почетокот на кукерскиот фестивал „Симитлија – древната земја на кукерите“, јавува Пиринско. Илјадници ѕвонци ќе го огласат градот и ќе го означат стартот на дводневната свеченост, посветена на зачувувањето на бугарските традиции и фолклорното наследство. За време на фестивалот улиците на градот ќе се ...

Градот Перник во Бугарија ќе биде домаќин на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“ од 16 до 25 јануари 2026 година, со дефилеа на 17–18 и 24–25 јануари. Повеќе од 30 странски групи од Европа, Азија и Америка ќе се вклучат во најголемиот маскараден фестивал во Европа. Учесници од Франција, САД, Ирска, Индонезија, Португалија, Италија, Хрватска, Шпанија, Србија, Грција, Словенија, Северна Македонија, Романија и други земји ќе ...

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање кај село Горни Подлог, каде интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација. Зрновска река се излеа пред вливот во реката Брегалница. Оризарска река се излеа кај село Грдовци, каде состојбата е најкритична. Поплавени се неколку подрумски простории на куќи во близина на реката. Водостопанство „Брегалница“ ...

Утре 10 јануари, за трета година по ред во Софија ќе се одржи одбележување на „Крвавата Коледа“, еден од најтрагичните настани во поновата историја, поврзан со репресиите врз Бугарите во Македонија пред и по јануари 1945 година. Според организаторите, репресиите биле насочени кон луѓе со изразена бугарска самосвест, кои биле малтретирани и ликвидирани без суд и пресуда. Комеморативниот настан ќе започне во 11:30 часот, пред храмот „Св. ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Бугаринот Николај Младенов ќе биде генерален директор на Советот за мир во Газа, претставен од американскиот претседател Доналд Трамп минатата есен, јави Асошиетед прес, пренесува Радио Бугарија. Младенов веќе се сретна со Нетанјаху и со израелскиот претседател Ицхак Херцог во Ерусалим. На 9 јануари му претстои средба во Рамала со Хусеин ал Шеик, заменик на претседателот на Палестинската ...

САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си. Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека ...

Луѓето почесто треба да се потсетуваат на суштинските нешта во животот и да се обидуваат да веруваат во човештвото, колку и тоа да ни изгледа тешко во одредени моменти. Ова го изјави во интервју за БГНЕС актерката Екатерина Лазаревска. Носителката на главната улога во серијата „Мамник“, која е родум од Северна Македонија, сподели дека образованието во НАТФИЗ во голема мера го оформило нејзиниот карактер и нејзините перцепции за актерската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе одговорат „многу остро“ против Иран доколку властите почнат да убиваат демонстранти, додека земјата е потресена од протести поради влошување на економските услови повеќе од еден месец. „Ако почнат да убиваат луѓе, што обично го прават за време на нивните немири, ќе имаат многу проблеми. Ако го сторат тоа, ќе ги удриме многу силно“, рече Трамп во интервју за „Hugh Hewitt Show“. „Тоа им ...

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина синоќа, објави „Киев Индепендент“. Меѓу загинатите е и еден болничар, жртва на таканаречен „двоен удар“, додека 14 од 19 повредени се хоспитализирани, потврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Еден болничар е убиен, а четворица други се повредени додека им помагале на луѓето, во округот Дарницки“, рече тој. ...

Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. „Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на ...

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), според состојбата до 18:00 часот. Во Штипско–Кочанскиот регион е регистрирано локално излевање на Кочанска река кај селото Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација. Оризарска река има излевање кај селото Грдовци, а на терен интервенира Водостопанство ...

Два нови училишни STEM центри и целосно реновиран студентски кампус беа официјално отворени во Велико Трново. Во Основното училиште „Петко Рачов Славејков“ е пуштен во употреба STEM центар во областа на природните науки, од кој ќе користат над 500 ученици. Проектот, финансиран преку Планот за закрепнување и отпорност, вклучува пет високо-технолошки поврзани училници и современа опрема за практична настава по биологија, хемија, физика и ...

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при што беа погодени повеќе домаќинства. Од загрозените подрачја се евакуирани околу 110 лица, кои привремено се сместени во спортската сала во градот, каде што има обезбедено соодветно греење. Градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, информира дека во соработка со Црвениот крст е обезбеден дел од ...

Бугарија направи значаен исчекор во модернизацијата на енергетскиот сектор со официјалното пуштање во работа на еден од најголемите самостојни системи за складирање електрична енергија со батерии (BESS) во Источна Европа. Инсталацијата е лоцирана во комплексот на ТЕЦ „Марица Исток 3“, во регионот на Стара Загора, користејќи ја постојната електроенергетска инфраструктура, јавува БГНЕС. Проектот „ContourGlobal Maritsa BESS“ располага со моќност ...

За да бидеш член на клубот, мора да ги почитуваш правилата. Секоја земја-кандидат мора да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на соседите. Проширувањето се заснова на заслуги. Ова го изјави во одговор за БГНЕС амбасадорот на Република Кипар во Бугарија, Хараламбос Кафкаридис. На прашањето: „Дали кипарското претседателство е загрижено поради агресивната реторика на Србија кон Хрватска и Албанија? Ќе ја повикате ли Северна ...

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот Филипче, вели премиерот Христијан Мицкоски, по прес – конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој кажа дека нема да има лидерска со криминалци. Според Мицкоски, пораките од опозицијата се збунувачки, затоа што прво тие барале лидерска средба, а сега ја одбиваат. „Мислев дека со овој повик ...

Со историја која датира повеќе од 8.000 години, еден од најстарите градови во светот останува изненадувачки потценет на европската туристичка сцена. Така започнува британското издание Daily Express својот материјал посветен на туристичкиот потенцијал на Пловдив, пишува Актуално. „Запоставениот“ бугарски град, преполн со римски урнатини, „заслужува да биде на врвот на вашата листа на желби за патување низ Европа“, смета Midlife Travel Tales – ...

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Ова што се случува е сценарио кое што е смислено уште лани, кое јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говоревме повеќе од два месеци. Предвремени избори па мигранти за пари. Нема пари во буџетот, власта се брза да превеземе мигранти, да земе кредит 6 ...

Во периодот од 29 декември 2025 година до 4 јануари 2026 година пријавени се 1.725 случаи на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со неделата претходно, кога бројката на пријавени случаи изнесувала 771 заболен, информира директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. Споредено со истата недела од мината сезона, бројот на заболени од грип е зголемен за 5,2 пати. Според возраста, најголем дел од заболените лица или ...

Фондацијата „Единство“ – Кочани и веб-платформата Studirajbg – Студирај во Бугарија реализираа божикна хуманитарна акција, насочена кон децата во градот Кочани и неговата околина. Во рамките на акцијата беа донирани божикни подароци за децата во новоотворената детска градинка „Детелинки“ во Кочани. Дополнително, божикни пакети им беа поделени и на децата кои учествуваа во традиционалната Бадникова поворка, организирана во храмот „Св. ...

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности за заштита и помош на населението погодено од поплавите во „Прилепска населба“ во Кичево. Конкретно, беа обезбедени и транспортирани 30 полски кревети, а и соодветен број ќебиња од магацинот на ДЗС, што истовремено беа транспортирани со возила на ДЗС и поставени во кичевската спортската сала „Македонија“, каде ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Родиум

372948.66

Калај

50.64

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Иридиум

231355.22

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Цинк

3.24