Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
ЦИВИЛ – Центар за слобода изразува сериозна загриженост по одлуката на Апелацискиот суд во Скопје што ја потврди пресудата против новинарот и уредник Насер Селмани, кој е осуден за клевета и навреда поради изнесен став во јавна дебата поврзана со медиумската независност и притисоците врз уредувачките политики. Тужбата е поднесена од ТВ Канал 5 и нејзиниот директор Иван Мирчевски. Пресудата се темели на изјави на Селмани во кои тој укажа дека ...
На 18 февруари, претставници на бугарски организации во Чикаго ќе положат венци и свежо цвеќе пред бистата на Васил Левски, поставена пред бугарскиот православен храм Св. Иван Рилски – Бугарска православна црква (5944 W Cullom Ave, Chicago, IL 60634), јавува БНР. Повод е 153-годишнината од смртта на Апостолот на бугарската слобода. Половина час подоцна, од 12:30 часот, во храмот ќе биде отслужена панихида во негова чест. Комеморативниот ...
Влијанието на Белград и структурите поврзани со Српска православна црква ја продлабочува внатрешната поларизација во Црна Гора. Истите го еродира нејзиниот суверенитет и ја компромитираат евроинтеграцијата на земјата, изјави хрватскиот европратеник Томислав Сокол, пренесува БГНЕС. Тој предупреди дека овие фактори претставуваат најголем ризик за европскиот пат на земјата и дека во Брисел сè почесто се третираат како безбедносно прашање, а не ...
Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата, не им дозволи на министрите со автомобил да стигнат до работните места и од улица им кажаа дека бараат минималната плата да се зголеми на 600 евра, а сите останати да се зголемат за 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов објасни дека бројката на работници кои блокираат денес намерно е ...
Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“, за учебната 2025/2026 година. Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование. Предност имаат кандидати со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како и долгорочно невработени лица, млади до 29 ...
Заев и Филипче летаа со хеликоптер од Скопје до Прилеп, ДУИ користеа авион до Ниш – времето на злоупотреба на државни ресурси заврши, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа која носи резултати, велат од владејачката партија. „СДС повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија. СДС без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации. Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани во ...
Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители. Петтиот кандидат, судијата Владимир Панчевски, уште пред почетокот на разгледувањето на кандидатурите беше исклучен од постапката за избор поради неисполнување на условите, односно има прекини во извршувањето на функцијата судија, која не ја врши ниту сега. Постапката за избор на нов ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, ќе учествува на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“. На состанокот ќе стане збор за актуелните ...
Две бугарски и една грчка салати ги зазедоа првите три места на светската листа на најдобри салати на гастрономскиот водич TasteAtlas. На врвот е критската салата „Дакос“, а веднаш зад неа се бугарските „Овчарска“ и „Снежанка“, јавува БГНЕС. Во топ 10 се најде и шопската салата, рангирана на осмото место, додека грчката салата е шеста. „Снежанка“ ја надмина и познатата грчка салата „Ѕаѕики“. Надвор од првата десетка останаа светски познатите ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти. Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување. ...
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. ...
Во текот на следните шест години, Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе спроведува нов меѓународен проект во рамки на програмата LIFE, чијашто цел е да се зголеми популацијата на белоглавиот мршојадец на македонска и грчка територија и со тоа да се придонесе кон зајакнување на целокупната популација на овој вид на Балканскиот Полуостров. Кофинансиран од Европската Унија, овој партнерски проект, покрај МЕД, ги поврзува Грчкото орнитолошко ...
Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на истиот. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола, велат од Владата, по обвинувањата од опозицијата дека премиерот и министри го користеле авионот за приватни цели. Од Владата велат дека ниту една активност не е ...
Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди е пренесен во болница во Скопје. Вчера во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал. По ...
На традиционалните „Февруарски состаноци”, на кои седници одржуваат повеќе комитети на ПС на НАТО, во Брисел, Кралството Белгија, учествува Делегацијата од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО. Состаноците се предвидени за учество само за постојаните делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, со главна цел за продлабочување на дијалогот во НАТО институциите, размена на искуства и ...
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје. Гостиварец ја ...
Бугарската пратеничка Деница Сачева (EPP/CD) поднесе писмено прашање бр. 806 до Комитетот на министри на Советот на Европа, во кое бара преземање мерки за ограничување на насилството и говорот на омраза против припадниците на бугарската етничка заедница во Република Северна Македонија. Во прашањето се наведува дека Парламентарното собрание, Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) и Комесарот за човекови права примиле бројни ...
Бугарија до крајот на 2026 година ќе ја заврши изградбата на првата во Југоисточна Европа набљудувачка станица на најголемиот нискофреквентен радиотелескоп во светот – LOFAR (Low Frequency Array), јавува БГНЕС. LOFAR е паневропски проект со 52 антенски станици во осум држави: Холандија, Германија, Полска, Франција, Ирска, Латвија, Шведска и Обединетото Кралство. Во тек е проширување со нови станици во Италија и Бугарија. Централата на ...
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба. Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство. „Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за ...
„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Додека, како што вели, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот. „Исто како Груевски, тој купуваше очила ...
Францускиот институт во Скопје известува за првото издание на месечните „Кино средби” во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино средби започнуваат со проекцијата на „Романот за Џим“ (2024), од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, в четврток, 19 февруари 2026, 20:00 часот, Кинотека. Премиерно прикажан на Филмскиот ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши со честитка по повод Денот на независноста на Република Косово. „Овој празник е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата. Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава. Република Северна Македонија и Република Косово ...
Вчера во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода 28-годишниот Д.Р. од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. Вчера во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски ...
Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа на дестинации со воведување на уште две нови авиолинии до најголемите острови во Италија – Сицилија (Палермо) и Сардинија (Алгеро), на Виз ер, најголемата авиокомпанија во Северна Македонија. Од 15 јули стартува линија од Скопје до Палермо, со која Виз ер ќе сообраќа три пати неделно, секој понеделник, ...
Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој. Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, ...
Република Косово денес одбележува 18 години од прогласувањето на својата независност на 17 февруари 2008 година, со што беше создадена најмладата држава на Балканот. Декларацијата беше усвоена од парламентот во Приштина по период на меѓународна администрација под мандат на ООН и речиси една деценија по војната во 1998–1999 година, јавува БГНЕС. Бугарија ја призна Република Косово на 20 февруари 2008 година, образложувајќи ја одлуката со ...
Бугарската биатлонка Лора Христова ќе ја донира својата натпреварувачка опрема на Олимписки музеј – Лозана. Донацијата ќе биде реализирана по нејзиниот последен настап од програмата на Зимските олимписки игри – масовниот старт во биатлон за жени на 21 февруари, јавува БГНЕС. Претставник на Музејот ќе пристигне во Антхолц-Антерселва за лично да ја преземе опремата. Во писмо упатено до претседателката на Бугарски олимписки комитет, Весела ...
На 17 февруари на свечена церемонија во Национален дворец на културата (НДК) во Софија, 604 млади лекари ќе ја положат лекарската заклетва, јавува БГНЕС. Специјални гости на настанот ќе бидат претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, како и светската фудбалска легенда Христо Стоичков. Од вкупно 604 дипломирани лекари, 243 се бугарски државјани. Од нив, 145 постигнале одличен успех — било во текот на студиите, на државните испити или по ...
Свеченa седница на тема „Идеологијата на Левски“, по повод 153-годишнината од загинувањето на Апостолот на слободата, ќе се одржи на 17 февруари во 18:00 часот во салата „Проф. Марин Дринов“ на Бугарска академија на науките, соопштија организаторите, пренесува БГНЕС. Настанот го организираат Бугарска академија на науките, Општобугарски комитет „Васил Левски“ и издавачката куќа „Захариј Стојанов“. На свечената вечер ќе говорат акад. Иван ...
Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство на САД, за кои Кремљ вели дека ќе се фокусираат на најгорливото прашање од војната, судбината на украинската територија окупирана од Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Москва и Киев да постигнат договор за завршување на најголемата војна во Европа од 1945 година, а украинскиот претседател Володимир ...