Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат Регионалните центри за управување со кризи Тетово и Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта, информира Центарот за управување со кризи, според последните информации од терен до 13 и 30 часот. Во Тетово пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146. На терен се излезени Кризниот штаб на Општина Тетово, ...
Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром. Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција. Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором ...
Четири одделни случаи на семејно и партнерско насилство се регистрирани за еден ден во Скопје, при што во еден од инцидентите осомничен нападнал мајка и сопруга со остар предмет, а во друг 27-годишна жена била насилно внесена во возило и физички нападната од поранешниот партнер. На 15.02.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека на 14.02.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом била физички нападната од ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање рече дека нема никаква поврзност со било која фирма за марихуана и ја прозва Владата наместо дефокус да одговори со кои луѓе од власта е поврзана фирмата „Алфафарм“, наведена во документ на српското Обвинителство. „Со кој е таа фирма, која е наведена во документ на српското обвинителство, поврзана? Дали е поврзана со некои луѓе од сегашната власт?“, праша Филипче. ...
На 16 февруари 2026 година Радио Бугарија одбележува 90 години од основањето – девет децении во кои медиумот претставува врска на Бугарија со светот и со Бугарите во странство. Од краткобрановите емитувања до дигиталните платформи, радиото денес информира на бугарски и на уште 10 јазици: англиски, руски, германски, француски, шпански, турски, српски, грчки, албански и романски, јавува БНР. Главниот уредник Красимир Мартинов започнува работа ...
На 26 февруари ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на Општина Крива Паланка. Од Општината информираат дека спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултирале со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, како и непочитување на претходно наложените мерки. Од ...
Мобилните царински тимови во текот на минатата година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи запленети се 195,5 килограми дрога, во 14 случаи запленети се 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови. Воедно, постигнат е значителен напредок за заштита на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се ...
Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, образовен тоталитаризам, создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите, отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Со една реченица, додаде тој, класична вмровска ...
Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца – меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеци, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 мажи, како и 11 лица со инвалидитет. Од Црвениот крст, исто така, соопштија дека со материјална штета се засегнати вкупно 362 домаќинства, односно околу ...
На 19 февруари, со почеток во 12:00 часот по локално време, пред споменикот на Васил Левски во Босилеград ќе се одржи традиционална комеморативна церемонија по повод 153-та годишнина од смртта на Апостолот на слободата, јавува БНР. Настанот го организираат Столичната општина Софија, Културно-информативниот центар „Босилеград“, здружението „ГЛАС“ – Босилеград и Граѓанскиот комитет „Западни покрајнини“. Се очекува присуство на претставници на ...
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“, на која се обрати и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во обраќањето, министерот посочи дека констатираните наоди се третираат со целосна сериозност и ќе бидат искористени како основа за понатамошни институционални ...
Романскиот филолог и музичар Александру Драгичи поголем дел од својата работа ја посветува на поврзување на културите на Романија и Бугарија, пишува БНР. Тој потекнува од градот Питешт во областа Влашко, каде најпрвин учел народна музика. Подоцна дипломирал грчка и романска филологија во Букурешт, што му помогнало да ги согледа културните допирни точки во Југоисточна Европа. Уште од детството забележал сличности меѓу селските традиции во ...
Странка на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) го осудува, како што велат, примитивното однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година. „Сметаме за важно да му се укаже на Александар Вучиќ, “политичкиот син” на Воислав Шешељ, како и министер за пропаганда во времето на Слободан Милошевиќ, како ...
Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот, а особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе, РС Македонија продолжува со дијалог за трајно решение, соопштија од Министерството по најавата на балканските превозници за нови блокади на границите. „Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната би сакале да ...
Седумдесет и петгодишен пешак загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во 06:30 часот на магистралниот пат Подмоље- Струга. Според информациите на СВР Охрид, товарно возило „ман“,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР ...
Новата политичка формација, предводена од досегашниот претседател Румен Радев, би добила 25,6 отсто поддршка доколку изборите се одржат денес, покажува анкета на „Маркет Линкс“, спроведено од 7 до 13 февруари 2026 година на примерок од 1.019 полнолетни испитаници. Истражувањето е реализирано во соработка со „БТВ“. ГЕРБ–СДС е втора политичка сила со 15,4 отсто, по што следуваат ПП–ДБ со 12,5, ДПС – Нов почеток со 10,5 проценти и „Преродба“ со ...
Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги објави програмите за доживотно учење – единствена можност за сите заинтересирани лица над 20 години кои сакаат да го прошират своето музичко образование и да се надградат професионално. Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во различни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и ...
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 653 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно интервенираше и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што беа подигнати приближно 60 кубни метри мешан комунален отпад од три помали диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела врачи 32 ...
Комуналните инспектори и комуналните редари на општина Центар претходната недела изрекоа вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини, од кои досега 24 се платени. Контролите се фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, известуваат од општина Центар. На секое непрописно паркирано возило се остава ...
Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во моментот, како што велат од Министерството, се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. ...
25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат од СВР Куманово, вчера, околу 19:05 часот, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, а потоа преминало во спротивната сообраќајна лента, предизвикувајќи директен ...
Проф. д-р Звонимир Јанкулоски/Нетпрес Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество. Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ и утрово разменија обвинувања поврзани со лиценците за производство на канабис и со запленетата марихуана. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, од која, како што наведуваат, биле запленети околу 30 тони марихуана, добила лиценца во 2020 година, во период кога на власт биле Зоран Заев и Венко Филипче. Партијата наведува дека фирмата е директно поврзана со луѓе блиски до СДС ...
Европската унија ги одбила сите предлози на превозниците од Западен Балкан со кои требало да се реши проблемот со нивниот престој во Шенген зоната. Истакнато е дека превозниците донеле одлука за повторна блокада на товарните гранични премини, но засега не е познат точниот датум на новите блокади. „Последниот состанок со нив беше катастрофален. Не прифатија ништо што предложивме, само рекоа – вклопете се во правилото 90/180, поинаку не може“, ...
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека е завршена реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“. Како што извести премиерот, проектот опфаќа поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата. ...
Потрагата по киднаперите на Даниел Кајмакоски влезе во осмиoт ден, а и покрај обемната полициска акција, на осомничените и понатаму им се губи секоја трага. Иако теренот околу местото каде што со возилото удриле во заштитната ограда бил детално пребаран, бегалците како да пропаднале во земја. „Се преземаат сите оперативни мерки и активности со цел да се идентификуваат и пронајдат сторителите. Во овој момент тие сè уште се во бегство“. ...
Вечерва во 19 часот во Софија ќе започнат свеченостите по повод 100-годишнината на Читалиште „Антон Страшимиров-1926“ и Кино Влајкова. Датумот е симболичен – на 16 февруари 1926 година Марија Влајкова го потпишала својот тестамент со кој на жителите на главниот град им ја дарувала зградата, што и денес претставува културен центар. Во изјава за БНР, драматургот и режисер Олег Ковачев нагласи дека тестаментот ја отсликува нејзината уметничка ...
Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната, нагласувајќи дека постои и „морална“ причина за вооружување против руската закана. Во заедничко писмо објавено во британски „Гардијан“ и германски „Ди Велт“, двајцата офицери изјавија дека зборуваат „не само како воени лидери на две од најголемите европски земји кои трошат најмногу воени средства, ...
Од есен наставната програма „Вештачка интелигенција: од концепт до примена“ ќе се спроведува во сите класови на средните училишта во Хрватска, со што Министерството за наука, образование и млади ја проширува програмата што веќе опфаќа 5.455 ученици во основното и средното образование. Според податоците на Министерството, наставата за вештачка интелигенција моментално се реализира во 147 основни и 93 средни училишта. Во основните училишта ...
„Додека владата на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра, додека кратат 40 милиони евра субвенции за земјоделците, има за нов авион, лукзус, мебел, возила, и згора на се, дели тендери како колачи. Кога се носат часовници од 65 илјади евра, нема време за работниците и граѓаните има само за приватен бизнис“, велат од СДСМ. „Едни исти фирми, блиски до власта, добиваат огромен број тендери, со милионски милонски суми за краток период. ...