Војводата од редовите на ВМОРО Петар Ацев е роден на 7 јуни 1877 година во прилепското село Ореовец, тогаш во Отоманската Империја, во семејството на Аце Хаџикостадинов. Петар Ацев завршил VI гимназиски клас во Софија. Од 1897 до 1901 година работел како учител во Прилеп, Крушево и други населени места во Македонија. Заедно со своите браќа Мирче и Георги се вклучил во револуционерната дејност на ВМОРО. Додека бил учител во Крушево, бил ...
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе одбележи 165 години од објавувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“ со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“. Од библиотеката информираат дека одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов во развојот на македонскиот јазик, книжевност и културен идентитет. Настанот ќе го отвори директорката на ЈУ Градска библиотека ...

