Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека украинската армија, со оглед на нејзиното борбено искуство, би можела да стане основа за идните обединети европски вооружени сили. Тој нагласи дека Украина е подготвена да се приклучи на таква структура по завршувањето на војната, но ја повика Европа веќе сега да ја подготви финансиската основа за задржување на искусен воен персонал. „Искрено, сите разбираат дека денес имаме ...

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, го истакна стратешкото значење на Коридор 8 и регионалната поврзаност, вклучително и со Бугарија, во отворено писмо до граѓаните по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во Скопје. Таа нагласи дека инфраструктурните проекти и добрососедската соработка се темел за безбедноста, економскиот раст и европската интеграција, пишува БГНЕС. Агелер потсети дека во 2025 година ...

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прекине конфликтот во Украина за да може да го номинира за Нобелова награда за мир. Таа ја даде изјавата на прес-конференција по средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува АФП. „Се надевам дека еден ден ќе можеме да му ја доделиме Нобеловата награда за мир на Доналд Трамп. Ако успее да придонесе за постигнување праведен ...

Италијанската премиерка Џорџија Мелони застана во одбрана на Доналд Трамп на состанокот со лидерите на Европската унија оваа недела, повикувајќи на претпазливост во односите со американскиот претседател, објави Политико. Се наведува дека таа ги повикала политичарите да не го етикетираат Трамп како „луд или непредвидлив“ и рекла дека „Европа ќе изгуби сè во конфликт со Америка“. Коментарите доаѓаат во време кога Мелони е домаќин на германскиот ...

„Покрај сите контролни механизми за притисок врз медиумите, покрај тоа што не беа усвоени закони усогласени со ЕУ, како законот за правосудство, КЗК и други, покрај поставувањето свои судии и обвинители, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го усвои и законот за „Safe City“ без каква било контрола на снимањето и следењето со 65.000 камери“, велат од СДСМ. „Одбија да прифатат строги и јасни правила за системот и во измените на Кривичниот законик. ...

Почина бугарскиот писател Калин Терзијски. Тој беше еден од најчитаните современи бугарски автори. Тажната вест ја соопшти неговиот брат, Светослав Терзијски, на својот фејсбук-профил, пренесува БГНЕС. „Пријатели, вчера, на 22.01 во 20 часот почина мојот брат Калин Терзијски. Една измaчена, но голема душа го напушти нашиот мизерен свет. Овде му беше тесно, нека небото го собере“, напиша тој. Калин Терзијски е роден на 22 март 1970 година во ...

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне на 26.01.2026 година од 12:00 часот. Како што информира МВР, според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, ...

На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско. При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските службеници ...

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со ...

Вчера во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава. При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од марихуана. Исто ...

Директорот на Националната опера и балет, Оливер Арсовски, реагира на јавните изјави на првата обоистка Татијана Петрушевска, поврзани со дисциплинската постапка што се води против неа, оценувајќи ги како „невистинити и паушални“ и предупредувајќи дека со таквите тврдења ѝ се нанесува штета на институцијата и се создава искривена слика во јавноста. „Во оваа фаза нема да изнесувам факти, бидејќи постапката е во тек, но постојат изјави од ...

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците најави дека во понеделник ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на измените на Законот за прекршоци, преку кој се овозможува имплементација на системот „Safe City“ (Безбеден град). Од партијата наведуваат дека актуелната примена на системот отвора сериозни правни, уставни и социјални прашања, особено поради тоа што, според нив, се спроведува селективно – само во Скопје, ...

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, коментира дека СДСМ и ДУИ на денешната собраниска седница гласала против измените на Законот за прекршоци, со што, како што рече, се спротивставила на проектот „Безбеден град“ и на напорите за унапредување на безбедноста во сообраќајот. „Коалицијата Али и Венко, СДС и ДУИ, денеска во Собранието гласаа против проектот ‘Безбеден град’. Тие гласаа против измените што ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос разговарале за прашања поврзани со противвоздушната одбрана, безбедносни гаранции и финансирање на обновата на Украина, вклучувајќи ја и областа Донбас. Како што пренесе „Европска правда“, Зеленски појасни дека договорот за безбедносни гаранции е подготвен за потпишување и изрази надеж дека САД ќе реагираат позитивно. „Сега чекам ...

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител. Против неговиот избор гласаа шест пратеници, а од вкупниот број пратеници што доаѓаат од заедници кои не се мнозинство, 28 беа „за“, додека осум гласаа „против“. Сељами има завршено Правен факултет на Универзитетот во Тетово и постдипломски студии на Универзитетот на Југоисточна Европа. Работел во Агенцијата за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој се одржа во Истанбул, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна важноста на реалистичен и резултатски ...

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката на СДСМ и пратеничка, Јованка Тренчевска. Според неа, меѓу одбиените предлози било и враќањето на членот 353 – злоупотреба на службена положба и овластување – на формулацијата што важеше пред измените во 2023 година. „Без силен член 353, тендерската коалиција слободно ги дели државните ...

Денеска се извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Пилотите вежбале маневри и процедури за брзо реагирање при пожари на отворен простор, при што била потврдена нивната ефикасност и подготвеност, како и техничката исправност на трите авиони, соопшти директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов. Денеска се извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер Трактор“ ...

Утрово во 00:05 часот во СВР Скопје, Б.И.(18) од Скопје пријавил дека пред влезот на неговиот дом на подрачјето на Чаир во Скопје, неколку лица физички го нападнале. Според пријавеното, тој се сомнева дека нападот е извршен поради нарушени односи со неговата вереница и дека неколку пати добивал пораки со закани од нејзиниот татко. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Утрово во 00:05 часот во СВР Скопје, ...

Недостатокот на судии и јавни обвинители не може да се надмине без соодветна правна рамка. Со новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој беше објавен на ЕНЕР се воведува годишен прием во Академијата врз основа на прецизни проекции по судови и обвинителства по апелационо подрачје, информираше на денешната прес-конференција министерот за правда Игор Филков. „Се воведуваат одделни јавни повици, при што кандидатите аплицираат за ...

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. Законот овозможува примена на технички средства и уреди за снимање при утврдување прекршоци, со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот ...

На игралиште во центарот на Скопје, тројца напаѓачи ограбиле малолетник кој бил во друштво со двајца другари. Едниот од сторителите, според пријавата, се заканувал со остар предмет. Инцидентот го пријавил таткото на оштетениот, а според неговата пријава, од син му со закани биле одземени пари. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. На игралиште во центарот на Скопје, тројца напаѓачи ограбиле малолетник кој ...

Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот, М.С. од Турција пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, тој во месец октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето, кое наводно посредувало за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати лично и преку трансакциска сметка му ги исплатил паричните средства, а исто така платил и за договор за закуп на стан, кој ...

Полицијата поднесе кривична пријава против шест лица од Тетово, по инцидент што се случи на 5 ноември 2025 година во селото Желино. Пријавени се: Б.И. (34), Б.И. (30), В.И. (29), Ј.Б. (37), Џ.Б. (30) и Ј.Џ. (63), за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Според полицискиот билтен, инцидентот започнал со претходна расправија помеѓу Ј.Џ. (63) и Б.И. (34). ...

Бугарската народна банка (БНБ) пушта во оптек сребрена колекционерска монета на тема „125 години електричен трамвај во Бугарија“. Продажната цена при пуштање во оптек е 144 евра. Монетата ќе се продава од понеделник, 26 јануари, на четири шалтери во централната зграда на БНБ во Софија и на уште четири шалтери во касовниот центар на улица „Михаил Тенев“ бр. 10. Колекционерската монета е законско платежно средство само на територијата на ...

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за правда кон утврдување на фактичката состојба на терен и преземањето конкретни мерки. ,,Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството. Таквите појави не смеат ...

Демократската унија за интеграција реагира на како што велат, крајно погрешната и штетна патека по која се движи Република Северна Македонија, стратешките отстапувања и честото менување насока, која, според оваа партија, земјата ја доведе во длабока меѓународна изолација, каква што државата не памети во поновата историја. „Резултат на оваа промашена политика е дебаклот што премиерот и владината делегација го доживеаја на Светскиот економски ...

Последниот закон потребен за од први февруари да започне официјалното функционирање на системот „Безбеден град“ денеска е пред пратениците. Станува збор за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците со кој се предвидува можност за примена на технологиите како систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање кои можат да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните прекршоци и ...

Продолжува соработката меѓу Општина Кисела Вода, осумте општински основни училишта и општествено одговорни правни субјекти, која има за цел да им обезбеди поддршка на децата од семејства во социјален ризик. Оваа соработка се реализира во рамки на проектот „Грижа и сигурност за секое дете“, кој Општина Кисела Вода континуирано ќе го спроведува и во текот на учебната 2025/2026 година. Во рамки на проектот, децата од социјален ризик имаат ...

Уставниот суд на Бугарија едногласно ја прифати оставката на Румен Радев како претседател на земјата, јавува БГНЕС. Седницата по уставното дело се одржа денес и беше реферирана од судијката Павлина Панова. Уставниот суд одлучи дека овластувањата на претседателот на Република Бугарија, Румен Георгиев Радев, престануваат предвремено со утврдувањето од страна на Уставниот суд на поднесената од него оставка. Одлуката стапува во сила од денес, 23 ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
54%
1025
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
51%
1025
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
44%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
58%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.51
63%
1027
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
56%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
59%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
47%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
54%
1028
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
46%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
59%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Бакар

11.73

Алуминиум

3.42

Паладиум

51794.85

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Калај

50.64

Сребро

2711.59