Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека има само едно државјанство и тоа е македонско. Негов личен став е дека само македонско државјанство треба да имаат сите избрани или именувани лица, но остава експертите да дадат одговор на овие прашања. „Конкретно јас имам само македонско државјанство и лично мој став е дека треба, посебно оној што работи на ваков тип позиции кои се безбедносен предизвик како што е мојата, сметам дека ...
Израелската војска ги повика жителите на повеќе од десет градови и села во јужен Либан да се евакуираат, што укажува на можен скорешен воен напад. Предупредувањето, како и во слични претходни ситуации, го објави портпаролот на израелската армија за арапските медиуми, Авихај Адраи. Тој изјави дека ваквата мерка е неопходна поради, како што наведе, „кршење на договорот за примирје од страна на Хезболах“ меѓу Либан и Израел. И Израел и ...
За врсничкото насилство врз шестоодделенка во Ѓорче Петров, малтретирана од три соученички, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека на разговор се повикани 14 лица, меѓу кои и родителите на вмешаните ученици. Тој увери дека полицијата постојано има фокус и на ваков тип насилство, иако јавноста во изминатиот период беше повеќе насочена кон семејното насилство. „Во врска со конкретниот случај запознаен сум дека се води ...
Додека го блокира европскиот пат, половина ВМРО, вклучително и најблиски соработници на премиерот имаат бугарски пасоши, тврди лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој, исто така, кажа дека Мицкоски ја негира реалноста кога вели дека не знае за изјавите на известувачот Вајц. „Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно е дека не може. Вели дека не знае за изјавите на известувачот и ...
Делегација на Партија за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на посетата на Измир оствари средби со здруженија на иселеници од Македонија. „На средбите беше нагласено значењето на иселениците како силен мост помеѓу двете земји, при што беа разменети мислења за предизвиците со кои тие се соочуваат. Посебно внимание беше посветено на прашањето за добивање државјанство, каде што многу апликанти, и ...
Професорката по македонски јазик, Татјана Алексиќ, со јавен статус реагира по случајот со малтретирањето на шестоодделенка во скопско Ѓорче Петров од страна на нејзини врснички, предупредувајќи дека општеството „систематски моделира генерации на психопати“. Во објавата на социјалните мрежи, Алексиќ порача дека на училиштата им е потребна итна и масовна поддршка од стручни кадри – образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, ...
Денес се одржа Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација, со која претседаваше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни точки од дневниот ред, меѓу кои Годишниот извештај за 2025 година за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023–2030) со Акцискиот план, како и Извештајот за јавната администрација согласно препораките од ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на бизнис конференцијата за сајбер безбедност во организација на Македонски Телеком, посветена на новата регулатива за безбедност на мрежни и информациски системи и предизвиците во заштитата на дигиталната инфраструктура. Во своето обраќање, министерот истакна дека сајбер безбедноста повеќе не може да се третира како техничко прашање, туку како клучен фактор за ...
Претседателот на бугарската Агенција за нуклеарна регулација, Цанко Бачијски, изјави дека петтиот блок на АЕЦ Козлодуј во 2027 година ќе биде целосно наполнет со гориво од Вестингхаус, јавува БГНЕС. Според него, диверзификацијата на нуклеарното гориво за реактор од типот ВВЕР-1000 е успешно реализирана, при што Бугарија е првата земја во ЕУ со ваква програма. „Во 2028 година ќе стане јасно дали ова гориво ќе остане“, рече Бачијски, додавајќи ...
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, предупреди на „опасен преседан“ што може да се постави со блокадата на Ормутскиот теснец, клучен воден пат кој е затворен два месеци поради војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна. „Повисоките цени на енергијата поради блокадата ќе им наштетат и на Европа и на Азија“, рече Калас. „Слободата на пловидба мора да се гарантира, во спротивно ќе се создаде опасен преседан во ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец под строги услови на Техеран е неприфатлива за Соединетите Американски Држави и за другите земји. Рубио нагласи дека иранската понуда не е прифатлива бидејќи, според него, на тој начин теснецот и натаму би останал под контрола на Техеран. Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека Трамп разговарал со највисоките советници за ...
Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ – Охрид успешно реализираше теренска активност во рамки на проектот „EcoFire Youth Ambassadors – Интеграција на управување со пожари, наследство и одржливост на Охридското Езеро“, насочена кон превенција од пожари и заштита на природните вредности во периферните зони на Белчишкото Блато. Во активноста учествуваа ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, заедно со претставници од локалната самоуправа на Општина ...
Културните работници денеска во 13 часот ќе протестираат пред Уставниот суд, во организација на Синдикатот на културата, поради стравувањата дека постапката поврзана со Колективниот договор во културата може да доведе до уривање на веќе стекнатите работнички права. Протестот е најавен под пораките „Договорите не се поништуваат“ и „Уметниците не се понижуваат“, а синдикатот предупредува дека евентуално слабеење на Колективниот договор би имало ...
Денеска со почеток во 12:00 часот пред Собранието, на ул.„11-ти Октомври“, од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство. Од МВР велат дека доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. „Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе ...
Последните официјални податоци покажуваат сериозна и загрижувачка состојба на Буџетот. Дефицитот на Буџетот веќе достигна 408 милиони евра. За само три месеци се реализирани дури 63% од вкупно планираниот дефицит за целата година, тврдат од СДСМ. Според партијата, ова е директен демант на бајките на Мицкоски дека сме трета еконмија во Европа. „Дополнително алармантно е што кај приходната страна реализацијата е едвај околу 20%. Овие бројки се ...
Полицијата изврши претрес во тетовска Голема Речица и уапси две лица-администратори на нелегален онлајн пазар. Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет ...
Илија Стојановски Во Мелник, при одбележувањето на годишнината од убиството на Јане Сандански, бугарската полиција веднаш реагирала и уапсила еден од луѓето што делеле памфлети на присутните. Памфлети со кои, среде собир на Македонци, требало да им се објасни дека Јане Сандански бил Бугарин. Значи, државата реагирала брзо, полицијата била присутна, редот бил воспоставен, а Македонците сепак можеле да се соберат во Мелник и да го одбележат ...
Во текот на 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, покажува извештајот што по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април го објави Македонското здружение за заштита при работа. Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, воспоставен од Меѓународната организација на трудот (ILO), има за цел да ја подигне свеста за значењето на превенцијата на повредите при работа и ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а ...
По повод 77 години од одлуката за создавање на логорот Белене, членови на бугарската влада на 27 април оддадоа почит на жртвите и на сите репресирани кои поминале низ островот Персин, јавува БГНЕС. По иницијатива на министрите Андреј Јанкулов и Јулијан Попов, беа положени венци и свежо цвеќе на т.н. Втор објект. Почит оддадоа и Емил Дечев, Георги Клисурски и Румјана Б’чварова, како и претставници на локалната власт. Логорoт е најголемиот и ...
По убедливата изборна победа на Петер Маѓар, дел од унгарската елита поврзана со Виктор Орбан наводно презема чекори за заштита на своето богатство. Според извори на „Гардијан“, некои префрлаат средства во странство, а други бараат американски визи за работа во структури поврзани со MAGA на Доналд Трамп. Пријавени се и чести летови со приватни авиони од Виена, пренесува бугарскиот дневен весник 24 часа. Маѓар изјави дека „олигарсите поврзани ...
Хрватскиот европратеник Томислав Сокол од редовите на ЕНП изјави дека Србија е главен извор на нестабилност во регионот и повика на создавање „санитарен кордон“ околу земјата. „Европските средства треба да бидат запрени за Србија додека некои работи не се променат таму“, рече Сокол за телевизијата N1, пренесува БГНЕС. Тој ја поддржа оценката на Тонин Пицула дека „режимот на Александар Вучиќ е главниот извор на нестабилност во Србија и ...
Во време кога општеството сè почесто се соочува со загрижувачки појави на врсничко насилство, Здружението „Балкански Мост“ чувствува морална и граѓанска обврска јавно да се обрати и да упати јасен повик до сите надлежни чинители во Република Северна Македонија. Како организација што делува во граѓанскиот сектор и се залага за заштита на правата на сите граѓани – особено на децата – констатираме дека досегашните иницијативи, кампањи и ...
Народниот суд во Бугарија (1944–1945) не само ја ликвидира политичката и економската елита на Бугарија – негови жртви се и обични луѓе кои го извршувале својот долг кон државата. Меѓу жртвите на судот се и членовите на ВМРО во Горноджумајската област. Уште повеќе се убиените без суд и пресуда. Ова во интервју за БГНЕС го изјави бугарскиот историчар доц. д-р Светослав Живков. Тој е дел од авторскиот колектив на зборникот „Народниот суд во ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а ...
Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата како премиер кој не направил ништо за државата и граѓаните, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање при посетата на кочанското село Грдовци Тој посочи дека премиерот Мицкоски упорно го спинува ставот на СДСМ во однос на Законот за влада, обидувајќи се да создаде погрешна перцепција во јавноста. Филипче нагласи дека Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата – ...
Тринаесетгодишно момче било физички нападнато од поголема група малолетници во скопски Аеродром, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите го снимал нападот со мобилен телефон, соопшти полицијата. Случајот во СВР Скопје го пријавил неговиот татко, 54-годишен скопјанец, кој навел дека нападот се случил на 25 април околу 21 часот, додека неговиот син бил со петмина свои другари. Според пријавата, при инцидентот бил нападнат и ...
Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен во Скопје во среда поради посета на претседателот на Швајцарската конфедерација. „На 29.04.2026 (среда), во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Швајцарската конфедерација, Н.Е. г-дин Ги Пармелен. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје“, соопшти МВР и ...
Денес, 27 април 2026 година, на армискиот полигон „Криволак“ беше реализиран Денот за високи гости на вежбата „Блесок 26“. На настанот присуствуваа: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување-Грција генерал-потполковник Григориос Боунтлиакис, ...
Триесет и двегодишен маж од Крушево почина по тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „ленд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 28-годишен прилепчанец, и „опел вектра“ со крушевски таблички, управувано од 32-годишниот Н.З. од Крушево. Возачот на „опелот“ се здобил со тешки телесни повреди ...