Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се обрати на настанот по повод одбележувањето на 20 години од работењето на ЕВН Македонија, на кој беше промовирана и „Белата книга“ за развојот и влијанието на компанијата во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, Гаши истакна дека дведецениското работење на ЕВН Македонија претставува значајна успешна приказна, која се огледа во модернизацијата на услугите, унапредувањето на стандардите и ...

Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски и неговата партија бараа и инсистираа техничката влада да постои токму до влегувањето во ЕУ, како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Тоа и се вметна во законско решение, изјави Јована Тренчевска – пртаеничка и потпретседателка на СДСМ. Таа вели дека сега кога е на власт, Мицкоски го менува ставот и, како што вели, ја урива оваа законска обврска на шверцерски ...

СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поради последните случувања во земјата. „Последниот случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје е уште еден сериозен аларм дека системот кој треба да штити и да ги превенира ваквите појави, целосно потфрла. Нема систем. Има само жртви. И за тоа мора да има политичка и секаква друга одговорност. За сите пропусти, за промашената превенција, несоодветното ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска изјави дека е обезбедена современа медицинска опрема вредна половина милион долари за четири болници – во Гостивар, Велес, Струмица и Струга, во партнерство со Проект ХОПЕ. „Денеска во Општата болница во Гостивар присуствуваме на настан по повод обезбедена медицинска опрема за четири регионални болници, опрема којашто има многу конкретна и човечка вредност, а тоа е зајакнување на грижата за мајките, ...

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот С.С. од село Мала Речица, тетовско. При претрес во куќата во Тетово, во која престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот ...

Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел на Коридoр 8 се реализира со засилена динамика, објави на својот фејсбук профил директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и објави видео од изградбата. „Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34км. Прогрес 35%. Бележиме зголемен интензитет на градежни активности“, вели ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски во паника ја ангажирале „Black Cube“ приватната израелска компанија, која Кузеска ја нарече Орбановата фабрика за валкани афери. „Вчера Алфа телевизија, дел од мрежата на Орбановите медиуми, објави уште една таканаречена ‘ексклузивна’ афера против претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ништо ново. Дел од систематска, валкана операција која ја ...

Високиот национален претставник во Комитетот за градење отпорност при НАТО, Стојанче Ангелов, вчера учествуваше на годишниот состанок во седиштето на Алијансата во Брисел. На средбата се дискутираше за инвестициите на сојузниците во отпорноста, цивилната подготвеност и исполнувањето на обврската од Самитот во Хаг – издвојување 5% од националниот БДП за одбраната. „Определбата за зајакната цивилно-воена соработка беше повторно демонстрирана ...

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, имаше воведно обраќање на Форумот за регионално управување со отпад – „Заедно за регион без отпад: Кон функционален и одржлив регионален систем“, кој денеска се одржа во Скопје. Форумот е посветен на унапредување на регионалниот систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион и претставува значаен чекор кон воспоставување модерен, функционален и ...

Дете на возраст од 14 години е обвинето дека ја силувало неговата 13-годишна сестра. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар побара притвор за 14-годишно дете, поради сомнение за кривично дело родосквернавење. „Детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период испраќал пораки со ...

Стапката на наталитет во Германија падна на најниско ниво од Втората светска војна во 2025 година. Според привремените бројки од Федералниот завод за статистика (Дестатис), минатата година се регистрирани околу 655.000 живородени деца, во споредба со 680.000 во 2024 година, објавува ДВ. Во истиот период, земјата имала повеќе од еден милион смртни случаи, што значи дека дефицитот на наталитет достигна рекордно ниво од околу 350.000. Падот ...

Украина се подготвува да извезува оружје бидејќи земјата произведува повеќе отколку што им е потребно на нејзините вооружени сили, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во некои производствени области, моментално имаме до 50 проценти вишок капацитет“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. „Извозот на украинско оружје ќе стане реалност. Украинската војска секогаш ќе има право на приоритет и доволно снабдување, ќе земе ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 ...

Денеска времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m2). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од ...

Косовското собрание не успеа да избере нов претседател во уставниот рок поради недостаток на потребниот број гласови, ставајќи ја земјата на работ на предвремени парламентарни избори. На гласањето учествуваа само членови на владејачкото Движење за самоопределување и претставници на несрпските малцинства, а кои во текот на денот се состанаа четири пати, но нивните 64 гласа не беа доволни за избор на претседател, за што е потребно двотретинско ...

Во текот на 27.04.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 68-годишниот С.Ш. од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по чл. 188 од КЗ, односно затоа што од 2023 година принудувал на сексуални односи малолетник од Скопје, а го злоупотребувал и за снимање видео материјал со порнографска содржина. По обезбедување на целокупниот доказен материјал, од страна на ...

Изложбата „За слободата на еден народ“, подготвена по повод 150-годишнината од избувнувањето на Априлското востание од Националната библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ и Државната агенција „Архиви“, беше отворена на 28 април во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, јавува БТА. „Денеска не само што отвораме изложба. Денес отвораме врата кон сеќавањето, кон оној судбоносен април 1876 година, кога бугарскиот народ ја зема судбината ...

Украинскиот парламент, Врховната рада, гласаше за продолжување на воената состојба и општата мобилизација за дополнителни 90 дена. Пратеникот Јарослав Железњак објави на Телеграм дека 315 пратеници го поддржале продолжувањето на воената состојба, која ќе трае од 4 мај до 2 август. Ова е 19-ти пат како се донесуваат вакви мерки Тој додаде дека 304 пратеници гласале за продолжување на општата мобилизација за истиот период. Железњак рече дека ...

По повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија на 29 април 2026 година организираат доброволно дарување крв на новинарите и медиумските работници. „Четвртата и сега веќе традиционална акција со која демонстрираме хуманост ќе се одржи на неколку локации во земјава и за таа цел ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите свои членови, ...

Никица Корубин Симболиката во политиката е еднакво важна како и симболиката во уметноста. Ја кажува пораката, посилно и од самото дејство или содржина. Затоа што политиката во суштина треба да биде исклучително креативна, на ниво на визија, а не на ниво на итрина. Тоа што политиката кај нас, систематски се презентира и практикува како “лаконска приземност” е прашање на контрола на моќта, а не објаснување на суштината. Оттаму, симболиката на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес ја посети Клиничката болница Тетово, каде во соработка со Министерството за здравство се подготвува проект за замена на системите за греење со еколошки алтернативи во седум објекти. Во разговорот со директорот на болницата, Ерзен Елези, беше истакнато дека оваа активност се спроведува паралелно со пошироката реконструкција на клиниката и претставува дел од националните ...

Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 09.03.2026, пријавените со уште едно лице, со лажно прикажување на факти довеле во заблуда жена од Битола дека нејзината ќерка ја скршила ногата и требало да се направи итна ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Љубљана оствари официјална средба со претседателот на Собранието на Република Словенија, Зоран Стевановиќ. На средбата беа потврдени одличните односи и стабилното партнерство меѓу Северна Македонија и Словенија, со посебен акцент на потребата од интензивирање на меѓупарламентарната соработка и градење нови мостови на соработка во области од заеднички интерес. Претседателот Стевановиќ ја истакна ...

Движењето ЗНАМ се само привезок на ВМРО и си остваруваат само свои интереси, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче ги отвфрли како лажни наводите на ЗНАМ дека наводно во СДСМ постои некоординираност околу измените на Законот за Влада. „Повторно дека некаква форма на сервирање информации кои што им одговараат само на ЗНАМ, поради тоа што на анкетите тие практично веќе не постојат. Станува ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и против 44-годишниот В.Д. од Гостивар поради сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „послужување“. Според полицијата, во текот на 2025 година фирмата, и покрај тоа што ѝ била одземена лиценцата за управување со станбени згради, продолжила да им наплатува на станарите средства за наводно извршени услуги, меѓу кои реновирање и уредување на внатрешни простории во ...

Брисел потврди дека нема никакви неправилности во постапките, ИПАРД средствата повторно се достапни на располагање за земјоделците, соопшти министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. „Дозволете ми да споделам една важна и позитивна вест за македонските земјоделци и за земјоделскиот сектор, денес пристигна официјално известување од страна на ЕК, Генерален Директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД програмата ...

Три одделни случаи на насилство и малтретирање врз малолетници биле пријавени вчера во полицијата во Скопје, при што станува збор за физички напади во Драчево и Зелениково, како и за повеќекратно вербално малтретирање во автобус. Во првиот случај, 40-годишна скопјанка пријавила дека околу 16 часот на подрачјето на Драчево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Неколку часа претходно, 47-годишна жена од Скопје ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, присуствуваше и се обрати на форум на тема „Идентификација на еколошките приоритети на општина Тетово“ во организација на НВО „Мултикултура“ од Тетово, а со поддршка на Фондацијата Отворено Општество – Западен Балкан. На настанот кој обедини претставници на централната власт, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, беше најавено системско унапредување на заштитата на ...

Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата за скрининг на рак на грло на маткане овозможува доволен опфат на жени за да се постигне навремено откривање и превенција од оваа болест, ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на промоцијата на протоколот за постапување со лица без државјанство, во организација на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа) и Министерството за внатрешни работи. -Министерството за здравство има значајна улога во целокупната состојба на овие лица, имајќи предвид дека често, нивниот прв допир со институциите не е преку административните шалтери, туку преку здравствениот ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01