Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Фудбалерите на Арсенал го победија Кристал Палас (1:0) во деветто коло и ја зголемија предноста над конкурентите за титулата. Во истиот термин Манчестер сити загуби во Бирмингем од Астон Вола (1:0). По поразот на Сити, на второто место скокна Борнмут откако со 2:0 го победи Нотингем Форест. Фудбалерите на Арсенал сигурно ќе ја задржат челната позиција во Премиер лигата. Во уште едно лондонско мини-дерби, „топџиите“ излегоа како победници и ...
Реал и Барселона го играат најголемото дерби на шпанскиот фудбал. По првиот дел Реал целосно ја надигра Барселона, води со 2:1 и а на добар пат да ја рпекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот рибвал. Започна бурно, веќе во втората минута судијата досуди пенал за домашната екипа поради наводен фаул од Ламин Јамал врз Винисиус. Сепак, по гледањето на видеото, одлуката беше поништена. Десет минути подоцна, Мбапе постигна ...
Наполи во дербиот на колото во Серија А го победи Интер со 3:1 и се врати на челната позиција на табелата. Де брујне од пенал го постигна првиот гол, потоа Мектоминеј со спектакуларен удар ја зголеми предноста на Наполитанците кој ја намали од пенал Чалханоглу, а со брилијантна соло акција Ангиса стави точка на натпреварот. Дербито на „Диего Марадона“ за „Газета дело Спорт“ го анализираше легендарниот тренер, Фабио Капело. Дон Фабио смета ...
Швајцарскиот мотоциклист Ноа Детвилер е во тешка состојба и го чекаат неколку операции по сериозната несреќа што ја доживеа во излезниот круг пред Големата награда на Малезија во категоријата Мото3. Овогодинешниот шампион во категоријата Мото3, Хозе Антонио Руеда, кој го предизвика инцидентот во кој двајцата беа повредени, е буден и свесен. Тимот на Детвилер, „CIP Green Power“, не објави многу детали за состојбата на младиот Швајцарец, ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо направи нов чекор кон бројката од 1.000 голови во кариерата. Неговиот Ал Наср ја забележа шестата победа во исто толку натпревари во новата сезона на Про лигата. Во шестата рунда, Ал Наср го победи Ал Хазем (2:0). Жоао Феликс ја најави победата на Ал Наср со својот деветти гол во само шест натпревари, додека Роналдо ја заврши работата во 88-та минута. Тоа беше 950-от гол во кариерата на Кристијано и ...
Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ влегува во завршна фаза, а свеченото отворање е закажано за 13 декември, кога ќе се одигра градското кошаркарско дерби „Работнички“ – МЗТ Скопје. Од Општина Центар информираат дека 80 отсто од реконструкцијата е завршена. Салата е обновена според ФИБА стандарди, со ново осветлување, озвучување и поставен централен семафор. Трибините се во фаза на комплетирање, а сите приоди се целосно ...
Баерн ја победи Борусија во Менхенгладбах со 0:3, во осмото коло од Бундеслигата. Баварците ја забележаа 13-та победа од почетокот на сезоната, со што го израмнија рекордот на Милан за најдобар старт во сезоната во петте најдобри национални првенства. Баварците се лидери во германското првенство со максимални 24 бода и гол-разлика од 30:4. Баерн го израмни рекордот на Милан од сезоната 1992/1993, ја отвори сезоната со 13 последователни ...
Секој натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона пишува ново поглавје од една неисцрпна приказна, а денешниот дуел има посебен аргумент што ќе се памети. Првиот „Ел Каласико“ во сезоната ќе биде најскапиот натпревар на сите времиња, пишува „Марка“. Натпреварот се игра од 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“. 22-цата избрани играчи ќе истрчаат на теренот во судир каков што никогаш порано не е виден. Економската сила што ќе се одрази во првото ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа својата прва победа во сезоната, славеа во „Бол арена“ во дуелот со Феникс Санс со 133:111. Никола Јокиќ го забележа 170-от трипл-дабл во кариерата. За 32 минути на паркетот центарот на тимот од Колорадо го заврши натпреварот со 14 поени (5/5 за два, 0/3 за три), 14 скока и 15 асистенции. Четири соиграчи беа поефикасни од него. Кам Џонсон го заврши натпреварот со 15, Арон Гордон со 17, Кристијан ...
Возачот на Гресини, Алекс Маркез, славеше на Големата награда на Малезија, 20-та трка во сезоната во шампионатот Мото ГП. Шпанецот, кој еден ден претходно ја обезбеди титулата вицешампион и со тоа испиша историја заедно со својот постар брат Марк, на патеката „Сепанг“ ја забележа третата победа во сезоната и во кариерата. Најблиску до помладиот Маркез беше Педро Акоста од КТМ рејсинг, кој заостануваше околу две и пол секунди, додека возачот ...
Ландо Норис со спектакуларен круг дојде до пол-позицијата пред трката за Големата награда на Мексико. Квалификациите во Мексико беа брилијантни за возачите на Ферари, лоши за Макс Ферстапен, а ужаси за лидерот во генералниот пласман Оскар Пјастри. Ландо Норис, во вкупниот пласман има 14 поени помалку од тимскиот колега Пјастри, а утре ќе има шанса да ја преземе лидерската позиција. Пјастри зад себе има ужасни квалификации, заврши на осмото ...
Ливерпул минатата сезона доминантно дојде до титулата во Премиер лигата, загуби само четири натпревари, оваа во првите девет рунди, екипата на Арне Слот веќе има четири порази. Вечерва во Лондон, Брентфорд го победи Ливерпул со 3:2. „Црвените“ го забележаа четвртиот последовен пораз во Премиер лигата, односно загубија пет од последните шест натпревари. Брентфорд во целост го надигра Ливерпул. Домашните фудбалери играа со повеќе желба, беа ...
Фудбалерите на Хетафе направија изненадување во 10-то коло од шпанската Ла Лига. Тимот од предградието на Мадрид, во Билбао, го победи Атлетик со 1:0. По 10 рунди двата тима имаат по 14 бода, Атлетик Билбао е осми, а Хетафе деветти на табелата. Бргу ќе биде заборавем натпреварот на „Сан Мамес“. Домаќинот напаѓаше, имаше повеќе од играта, но не беше ипасен и конкретен пред голот на Хетафе. Гостите трпеливо чекаше ја чекаа својата шанса и ја ...
Манчестер јунајтед ја забележа третата победа во низа, во Премиер лигата, што никогаш не се случило во ерата на Рубен Аморим. Повеќекратните европски шампиони, во деветтото коло, го победија Брајтон со 4:2. Серијата голови ја отвори Матеус Куња со одличен шут. Во 24-та минута, Бразилецот упати удар од околу 20 метри во левиот агол на голманот на Брајтон, кој беше немоќен. Само 10 минути подоцна, предноста беше удвоена со многу среќа. ...
Наполи во дербито на осмата рунда во Серија, го победи Интер со 3:1 (1:0) и се врати на челната победа на табелата. Натпреварот на „Диего Марадона“ стадионот ја обележа бизарната повреда на Де Брујне и спектакуѕларните голови на Мектоминеј и Ангиса. Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас на теренот влезе во 82-та минута кога го замени Политано. Наполи победи во дербиот, кое имаше чуден тек, барем во првото полувреме. Интер доминираше ...
Два натпревари ја отворија саботната програма во Премиер лигата. Сандерленд покажа дека веќе не е изненадување во шампионатот, победи на „Стенфорд Бриџ“ со 2:1, додека со ист резултат Њукасл славеше во дуелот со Фулам. Сандерленд, оваа сезона се врати во Премиер лигата и покажа дека нема намера да испадне. „Црните мачки“ во раната фаза оримија гол, Граначо погоди по само четири минути. За Аргентинецот ова беше деби гол во дресот на Челзи. ...
На 47-годишна возраст по боледување почина поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски. Веста ја соопшти клубот од Битола, кој на социјалните мрежи се прости својот поранешен играч и тренер. Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, ...
На отворањето на саботната програма на Бундеслигата, беа одиграни пет натпревари од осмото коло. Актуелниот првак Баерн остана перфектен од стартот на сезоната. Баварците славеа и на 13-от меч во низа, чудно е само што Хари Кејн не постигна гол. Баерн од 19-та минута играше со фудбалер повеќе на теренот. ВАР интервенираше и го исклучи десниот бек на домашниот тим, Јенс Карстроп. Баерн само го зголеми притисокот од тој момент. Имаше шанси за ...
Два натпревари го отворија 10-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Струга го забележа првиот пораз, откако загуби дома од Брера, додека скопските ривали Работнички и Македонија ЃП одиграа здодевен натпревар, заврши без голови. Победата, екипата од Струмица ја најави во првите седум минути, кога по гол постигнаа Наумчески и Стојанов во седмата минута. Струга возврати преку Зенку во 11-та минута, но Брера стигна до трет погодок десет ...
Спектакуларен меч во 10.коло во Примера одиграа двете последнопласирани екипи на табелата Џирона и Овиедо. Натпреварот на „Монтоливи“ заврши без победник 3:3. Овиедо имаше предност 0:2, Џирона успеа да направи целосен пресврт во 90-та минута, но гостите во 97-та мунута соасија бод. Овиедо на „Монтоливо“ дојде до предност од 0:2, со головите на Вињас од пенал во 38-та и ветеранот Рондон во 57-та минута. Три минути по голот на Рондон, од ...
Со трката во велеслалом во женска конкуренција, во Солден започна новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. На домашен терен, во рпвата трка во сезоната победи Јулија Шајб. Австријската скијачка доминираше и ја доби оваа трка со голема разлика. Вкупното време изнесуваше 2:16.51. Второто место го освои Американката Паула Молцан со заостанување од 58 стотинки, а третата беше Швајцарката Лара Гут-Бехрами со секунда и 11 стотинки ...
Катастрофалната сезона на Вест Хем продолжи во петокот вечерта со поразот од Лидс (2:1). Официјално ова е најлошиот почеток на сезоната на „Чеканите“ во последните 52 години. Вест Хем го забележа третиот пораз во низа, а Нуно Еспирито Санто нема победа откако ја презеде функцијата од Греам Потер. Вест Хем е на 19-то место на табелата, со само една победа, едно реми и седум порази. Со вкупно четири бода во првите девет кола, Вест Хем ги ...
Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш ужива играјќи за Манчестер Јунајтед, иако резултатите не се онакви какви што можеа и требаше да бидат. Сепак, и покрај сериозните кризи, Португалецот им остана лојален на „Црвените ѓаволи“. За речиси шест години во црвениот дрес, Бруно помина низ различни фази на Јунајтед: од еуфоријата на Солскјер, преку реконструкцијата на Тен Хаг, до постојаниот притисок на јавноста во очекувањето враќање на ...
Лионел Меси, изминатата ноќ, дојде до бројката од 890 гол во кариерата. Во победата на Интер мајами над Нешвил (3:1), Аргентинецот ги постигна 890 и 891-от гол во импресивната кариера. Со ова достигнување, на 38 години и 122 дена, Меси го престигна својот вечен ривал Кристијано Роналдо како најмлад играч кој достигнал 890 гола. Португалската ѕвезда ја достигна таа бројка на 39 години и 89 дена. На Аргентинецот му беа потребни 1131 настапи ...
Возачот на Дукати, Франческо Бањаја триумфираше на спринт трката одржана во рамките на Големата награда на Малезија, 20-то коло од овогодинешното првенство во Мото ГП. Италијанецот, кој не освои ниту еден бод по двојната победа во Јапонија, го постигна својот втор спринт триумф оваа сезона на патеката Сепанг, и тоа убедлив, со повеќе од две секунди предност пред Алекс Маркез од Гресини. Помладиот Маркез ја обезбеди втората позиција во ...
Лука Дончиќ ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Ги предводеше Лејкерси до убедливата победа над Минесота Тимбервулвс со 128:110. Словенецот брилијантно ја започна новата сезона, против Тимбервулвс постигна 49 поени, заедно со 11 скока и 8 асистенции. Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој постигнал повеќе од 40 поени, 10 скока и 5 асистенции во првите два натпревари од сезоната. Освен Дончиќ, извонредно одигра и ...
Фудбалерите на Милан и Пиза одиграа нерешено 2:2 во првиот натпревар од осмото коло во Серија А. Росонерите пропуштија одлична шанса да ја задржат лидерската позиција во дуелот со екипа која е во зоната за испаѓање. Вака Милан, со натпревар повече има два бода повеќе од Интер, Наполи и Рома Дуелот започна според планот на Масимилијано Алегри. Рафаел Леао го доведе Милан во водство по седум минути. Сепак, аутсајдерот не се предаде. Прво, во ...
Убедливите победи на Париз над Партизан во Белград, Виртус во дуелот со Панатинаикос и Олимпијакос во Минхен кај Баерн, односно триумфот на Фенербахче во градското дерби против Ефес го обележа вториот ден од шестото коло во Евролигата. Париз во белградска Арена го растури Партизан со 101:83. Дуелот го обележа перфектниот шут на гостите во второто полувреме и тепачката на трибините на две навивачки фракции на Партизан поврзани со актуелните ...
Пиринејскиот Полуостров е на нозе, постигнат е еден од најважните договори во историјата на шпанскиот фудбал. Локалниот дневен весник „Возпопули“, кој главно се занимава со политички, економски, финансиски прашања и теми од банкарскиот сектор, објави дека Мигел Анхел Хил Марин, генерален менаџер и клучен акционер на Атлетико Мадрид, постигнал договор за продажба на клубот за рекордна сума од над две милијарди евра. Атлетико Мадрид ќе биде ...
Српскиот шампион, Црвена звезда, вчера загуби во Брага (2:0), во третото коло во Лига Европа. Црвено-белите по три рунди имаат само еден бод и ќе имаат тешка задача да изборат пласман во нокаут фазата. Резултатот на „Мунисипал“ стадионот во Брага не ги отсликува реално настаните на теренот. Црвена звезда во ниту еден момент не беше конкурентна на теренот. Брага забележа рутинска победа. Ден по натпреварот, генералниот директор на Црвена ...