Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“. Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето. Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку. Имено, ...

Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата. Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација. Шкендија ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49. Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа. Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени. ...

Фудбалерите на Лил го победија Динамо Загреб со 4:0 во петтото коло од Лигата на Европа. „Догите“, успеаја да го заборават поразот од Црвена звезда и да се вратат на победничкиот колосек во ова натпреварување. Натпреварот мина во целосна доминација на францускиот тим. Интересно е што таа ги постигна првите два гола по контранапад. Кај првиот гол, одбраната на Динамо реагираше лошо, Харалдсон го искористи подарокот, му асистираше на Кореја ...

Бурни три дена се зад црно-белиот табор. Од катастрофата во Атина, поразот од Панатинаикос, преку оставката на Жељко Обрадовиќ, па сè до големото „Не“ од Управниот одбор на Партизан и притисокот врз клубит на социјалните медиуми со едно барање – Жоц да остане тренер на тимот. Целата драма беше заокружена со голем пречек за најтрофејниот тренер на Стариот континент на аеродромот „Никола Тесла“. Обрадовиќ, по поразот од Панатинаикос, во ...

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб. 22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде во натпреварот од Лигата на шампионите против ...

Извршниот и Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан одлучија да го поддржат трофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ, да ја продолжи својата мисија. Српските медиуми пишуваат, дека на состанокот, по предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, оставката на Жељко Обрадовиќ била едногласно одбиена и му била дадена безрезервна поддршка да остане шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим. Клупските челници се согласиле дека Обрадовиќ ја има ...

По дебаклот на Ливерпул и поразот дома од ПСВ, 1:4, англиските медиуми пишуваат дека на „Енфилд“ бил одржан итен состанок на Управниот одбор на кој била решена судбината на тренерот Арне Слот. Според информациите на „Телеграф“, холандскиот стручњак сè уште ја има довербата на челниците на клубот, но таа не е безусловна. Слот добил ултиматум – мора да освои максимум девет бода во следните три натпревари. Во спротивно, соработката ќе биде ...

Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион во Формула 1, зборуваше со пофални зборови за Макс Ферстапен, актуелниот шампион во најбрзиотциркуз. Како и Холанѓанецот, Германецот еднаш освои четири поврзани титули за Ред Бул. Фетел нема сомнение дека Макс сигурно ќе го надмине по бројот на пехари. „Страшно е колку Макс се подобрува секоја година. Сите знаеме колку е добар, но секогаш сака повеќе. Гладен е, со огромна желба да учи“, рече ...

Евролигата објави дека го казнила Монако за кршење на правилата за финансиски фер-плеј. Како што е наведено, врховното тело на елитното клупско натпреварување на Стариот континент одлучи за оваа мерка поради прекршување на членовите 32(а), 32(в) и 32(е). Станува збор за прекршувања поврзани со пречекорување на платите, како и ненавремено обезбедување на потребната документација и недостаток на соработка од страна на Комисијата за контрола и ...

Конор Галагер ќе може да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок. Новинарот, Матео Морето, кој ги следи случувањата во Атлетико, денес потврди дека Англичанецот има дозвола да преговара со други клубови, доколку некој е подготвен да плати 30.000.000 евра. Тој пристигна како големо засилување од Челзи во летото 2024 година за 42.000.000 евра, но не ги оправда очекувањата. Оваа сезона, кај Диего Симеоне најчесто е резерва, одигра ...

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, отворено го критикуваше Милош Керкез, за изведбата против ПСВ. Џерард, истакна дека во текот на целиот натпревар правел големи тактички грешки, поради што Денис Ман често се наоѓал во поволна позиција и правел разлика на крилната позиција. „Керкез речиси постојано грешеше. Неприфатливо е да ја брани посилната страна на противникот. Требаше да се спушта внатре, а тој му оставаше простор на напаѓачот“, ...

Поранешниот селектор на Словенија, Грузија и Србија, Игор Кокошков, повеќе не е тренер на Анадолу Ефес. Србинот доби отказ по катастрофалниот пораз од Монако (102:66). „Анадолу Ефес се раздели со тренерот Игор Кокошков. Му благодариме за неговиот придонес во нашиот клуб и му посакуваме успех во понатамошната кариера. Нашиот тим продолжува да работи под водство на Радован Трифуновиќ додека не се назначи нов главен тренер.“ Кокошков се врати ...

Победничката низа на Детроит Пистонс заврши изминатата ноќ во Бостон. Селтикс славеа победа 117:114, сега се на скор од 10 победи и осум порази. Пистонс останаа на лидерската позиција во Источната конференција со 15 победи и три порази. Генерацијата на Детроит предводена од Кејд Канингем застана на 13 победи во низа, со што го изедначи рекордот на шампионските генерации на Пистонс од 1990 и 2004 година. Натпреварот беше неизвесен до самиот ...

Македонија годинава доби нов европски шампион во мотоциклизам – Петар Мијалков, кој со посветена работа и дисциплина се искачи на врвот на БМУ Европскиот шампионат. Со константни настапи и стабилни резултати, Мијалков обезбеди едно од најзначајните достигнувања за македонскиот мото спорт. Во негова чест, во Штип беше организиран свечен шампионски круг, на кој љубителите на мотоциклизмот му оддадоа признание за европскиот успех. Минатиот ...

Во петтото коло од Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид оствари важна победа над Интер (2:1), со гол во третата минута од судиското продолжение што го постигна Хименез. По натпреварот, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, не го криеше своето задоволство. Во своите изјави за медиумите, Симеоне имаше настап во свој стил и даде интересни изјави, секако не ја криеше радоста поради победата. „Љубовта и верата се најважните работи во оваа ...

Менаџерот на Ливерпул бараше вистински зборови за да објасни што се случува со неговата добро подмачкана машина од минатата сезона, која во последните два месеци повеќе личи на парче железо. Статистиката не е утеха. Дури и 24 удари кон противничкиот гол не значат ништо ако постигнете само еден, а примите четири гола. Ливерпул го доживеа дури и деветтиот пораз во последните 12 натпревари во сите натпреварувања! По новиот дебакл, поразот од ...

Еурофарм Пелистер загуби во Лигата на шампионите од бранителот на титулата, Магдебург 26:31 (12:15). Македонскиот шампион остана на две победи, против Магдебург го забележа седмиот пораз оваа сеозна. Магдебург во девет натпревари има исто толку победи. Пелистер скапо ја продаде кожата против, во овој момент најдобриот тим во светот. Играчите на магдебург отворија со предност 1:4, Пелистер не им дозоволи премногу да се одлепат, некако држеше ...

Атлетико Мадрид ја забележа третата победа во Лигата на шампионите, воедно му го нанесе првиот пораз на Интер во елитното натпреварување. „Јорганџиите“ во Мадрид славеа победа со 2:1, со голот на Хозе Марија Хименез во 93-та минута. Интер има за што да жали, еден час доминираше на „Метрополитано“, но таквата игра му донесе само еден гол. Атлетико го засили темпото од 55-та минута и на крајот ризикот им се исплатеше. Со малку среќа, Атлетико ...

Арсенал, по петтото коло остана единствениот тим со максимални пет победи во Лигата на шампионите. Во дербито на колото, Арсенал го победи Баерн со 3:1. Натпреварот го обележа катастрофаланата грешка на мануел Ноер, по која Мартинели ја потврди победата на Арсенал. Арсенал доминираше во првите минути, изгледаше поконкретно и заслужено поведе, со голот на Тимбер. Ноер задоцни со својата реакција. Но, далеку е од фактот дека Баерн не ...

Фудбалерите на Ливерпул не можат да излезат од кризата, која веќе долго го тресе клубот од „Енфилд“. На домашен терен, Ливерпул доживеа тежок пораз од ПСВ Ајндховен (1:4). По победите над Астон Вила и Реал Мадрид, се чинеше дека кризниот период е зад екипата на Арне Слот, но натпреварите против Сити, Форест, а сега и екипата од Ајндховен, го докажаа токму спротивното. Ливерпул беше во негатива од шестата минута, кога Иван Перишиќ постигна ...

Килијан Мбапе во Пиреја го постигна вториот најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампионите. Олимпијакос го шокира Реал со голот на Чикињо во осмата минута, а потоа следуваше рафал на Мбапе. Постигна три гола за шест минути и 42 секунди. Рекордер е Мохамед Салах , а на третото место е поранешниот напаѓач на Лион е Бафетимби Гомис. Kylian Mbappe has just scored a SIX minute hat-trick against Olympiacos, the second fastest hat-trick in ...

Фудбалерите на Пафос и Монако ремизираа 2:2, а Копнхаген го победи Каират со 3:2, во петтото коло од Лигата на шампионите. На Кипар, гостите од Монако два пати водеа, на крајот Пафос успеа да освои бод. Започна бурно од самиот почеток, а иницијативата гостите и го отворија резултатот во петтата минута со голот на Минамино. Потоа Пафос се ослободи и почна да се заканува кон голот на Храдецки. Андерсон ја затресе пречката, а по неколку минути ...

Кошаркарскиот клуб Партизан објави писмо од Жељко Обрадовиќ упатено до јавноста во кое тој се збогува со црно-белите. Официјално – Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Партизан и клубот го потврди ова со објавување на писмото на најтрофејниот тренер во Европа, кое тој го испрати до сите навивачи и јавноста. Го објавуваме писмото во целост и без редакциски измени: „Драги навивачи на Партизан, Пред четири и пол години се вратив во мојот ...

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, понудил оставка на функцијата по серијата порази на тимот во Евролигата, објавија српските медиуми. . Неуспехот на Партизан во Атина против Панатинаикос беше седми во последните осум натпревари, тимот изгледаше летаргично, без идеи, дозволувајќи му на противникот серија 25:0 во третата четвртина со која мечот беше решен. Очигледно, Обрадовиќ нема начин да ја сврти ситуацијата, како што правел многу ...

Марко Верати (33) би можел сензационално да им се придружи во Бока Јуниорс, на своите поранешни соиграчи од Пари Сен Жермен: Единсон Кавани, Андер Ерера и Леандро Паредес. Аргентинскиот гигант ја истражува можноста за трансферот на италијанскиот играч од средниот ред, а претседателот на клубот Хуан Роман Рикелме тивко го подготвува теренот за трансфер со кој сака да создаде моќен тим за враќање во Копа Либертадорес во 2026 година. Иако ...

Кристијано Роналдо продолжува да му оддава почит на својот трагично починат соиграч Диого Жота, а овој пат тоа го направи посебен гест за неговото семејство и остатокот од португалската репрезентација. Во знак на сеќавање на заедничкиот триумф во Лигата на нации во 2025 година, Роналдо им подари на сите персонализирани часовници. За потсетување, напаѓачот на Ливерпул и неговиот брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија во ...

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека шокантниот пад на формата на Ливерпул започнал откако менаџерот Арне Слот бил забележан како се забавува на Ибица пред самиот крај на претходната, шампионска сезона на „Црвените“. Пред само шест месеци, Ливерпул убедливо ја освои титулата во англиското првенство, но денес ситуацијата е значително поинаква – тимот е на 12-то место, а холандскиот стручњак е трпи жестоки критики. Откако ...

Барселона претрпе тежок пораз во петтото коло од Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“, против Челзи (3:0). И покрај дебаклот, Барселона можеше да прими уште најмалку три гола, тренерот на Каталонците, Ханси Флик, не очајува премногу. „Имавме шанса да го постигнеме првиот гол… Но, потоа беше тешко со играч помалку. Се боревме напорно. Видов некои позитивни работи, но изгубивме премногу топки, изгубивме лесни топки под притисок. Мора да го ...

Реал Мадрид ќе биде хендикепиран вечерва во Атина, против Олимпијакос во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Тимот на Чаби Алонсо, поради лошите резултати (три натпревари без триумф) има императив на победа. Клубот вчера потврди дека голманот Тибо Куртоа нема да биде во составот поради вирусна инфекција, додека тренерот Чаби Алонсо ќе има на располагање само еден вистински стопер, Раул Асенсио. Дин Хаусен е надвор од ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
89%
1016
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
75%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
93%
1015
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.31
92%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1020
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
3.6
76%
1011
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
100%
1014
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.57
59%
1019
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
88%
1014
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Паладиум

49675.57

Платина

66680.65

Цинк

3.43

Рутениум

54591.97

Кобалт

45.39

Родиум

326330.08

Калај

50.46

Бакар

12.11

Алуминиум

3.56