Експертите за патувања од компанијата „First Choice Holidays“ им советуваат на Британците да ги заменат преполните европски плажи со уживање на црниот вулкански песок на Мадеира. Станува збор за мал португалски остров кој може да се пофали со спектакуларни пејзажи, суптропска клима и релативно поволни цени. Една плажа посебно стана вирална поради својот речиси нереален изглед. Плажата Сејшал (Seixal), на северниот брег на Мадеира, се смета за ...

На северниот брег на грчкиот остров Икарија се наоѓа плажата Нас, место кое е воедно и прекрасно со својата природна убавина, но и импресивно поради опасните услови за пливање. Бројни странски медиуми и туристички портали ја опишуваат како најопасната плажа во Грција поради силните морски струи кои одеднаш можат да ги одвлечат капачите кон отворено море. Плажата се наоѓа во импресивен пејзаж, опкружена со карпи и зелени клисури, поради што ...

Морските биолози идентификувале нов вид ајкула од родот „Hemiscylliu“ во водите на источна Папуа Нова Гвинеја, со што е проширена исклучителната група гребенски ајкули познати по тоа што ги користат своите четири перки за „чекорење“ по морското дно. „Чекоречките“ ајкули опфаќаат десет слични видови тепих-ајкули, чија идентификација се заснова на карактеристичните шари, генетските маркери и географски ограничената распространетост. Овој вид е ...

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека не гледа позитивен развој во односите со Бугарија, туку напротив, смета дека состојбата се радикализира. Како пример го посочи објавувањето на дипломатска нота поврзана со приватно патување на неговата сопруга и помалиот син во Пампорово на почетокот на годинава. „Вчера видовме преседан во дипломатијата кога беше објавена дипломатска нота за тридневен престој на мојата сопруга и мојот помал син во ...

Секојдневните навики имаат значително влијание врз здравјето и процесот на стареење. Експертите предупредуваат дека навики како недоволен сон, лоша хидратација, долготрајно седење и постојан стрес можат негативно да влијаат врз функциите на организмот и да ги забрзаат промените поврзани со стареењето. Една од честите навики што може да има штетно влијание е работата без доволно одмор. Постојаното преоптоварување со обврски може да доведе до ...

Маж од Соединетите Американски Држави решил цел месец целосно да се откаже од алкохолот, а потоа јавно ги споделил резултатите што ги забележал кај своето физичко и ментално здравје. Иако за многумина чашата вино во добро друштво или пивото додека следат спортски натпревар претставуваат вообичаен дел од секојдневието, неговото искуство покажува дека придобивките од апстиненцијата можат да бидат значително поголеми од моменталното уживање. ...

Можете да направите 30-минутен ручек од рерна секој работен ден, кога ќе се вратите дома од работа, и вашето семејство ќе биде задоволно. Ако сте расположени за оброк што ќе ве насити, но и ќе ве освежи, ова е вистинскиот избор. Аромата на пиперка и билки, вкусот на месо со стопен кашкавал се навистина ветувачки. Брзо и лесно за подготовка, без многу неред. Состојки: 500 г (5 парчиња) свежа пиперка; зачини; 50 г гауда или сирење; малку ...

Франција денеска се соочува со екстремен топлотен бран, при што голем дел од земјата е погоден од температури кои достигнуваат околу 40 степени Целзиусови, а во некои западни региони се очекува живата во термометарот да се искачи и до 43 степени. Во меѓувреме, францускиот премиер Себастијан Лекорну соопшти загрижувачки податок – дури 40 лица го загубиле животот во изминатите неколку дена, откако влегувале во реки, канали и други водени ...

Ако истовремено земате калциум и магнезиум – само фрлате пари, велат лекарите. Сепак, некои компании дури и ги нудат во иста таблета. Идеално би било сите хранливи материи што ни се потребни да ги добиваме преку исхраната, но многумина претпочитаат да посегнат по разни суплементи. Ако земате повеќе додатоци на исхраната, можеби мислите дека е најлесно да ги земате во исто време секој ден, по можност во една таблета, за веднаш да завршите со ...

Истражете како исхраната и начинот на живот на жителите на Окинава придонесуваат за нивната долговечност и здравје, вклучувајќи го и правилото „хара хачи бу“. Со децении, Јапонија го фасцинира светот со својата способност да ги комбинира традицијата и модерниот начин на живот. Во земјата на самураите, древните навики и најсовремената технологија функционираат во совршена хармонија, а овој пристап кон животот многумина го сметаат за една од ...

Анкетата покажува дека големо мнозинство Американци сакаат војната со Иран да заврши, но мнозинството не го поддржува договорот бидејќи верува дека тој е повеќе во корист на Иран, изразувајќи песимизам кон неговата ефективност. Првата голема анкета спроведена откако администрацијата на Доналд Трамп го потпиша меморандумот за разбирање со Иран откри она што на почетокот звучи како добра вест за претседателот: Американците со големо мнозинство ...

Брзиот развој на напредните модели на вештачка интелигенција драматично го скратува времето помеѓу откривањето на безбедносните пропусти и нивната злоупотреба, поради што кибернетичката отпорност станува клучен деловен приоритет. Воено-разузнавачкиот сојуз познат како „Five Eyes“ (Австралија, Канада, Нов Зеланд, САД и Обединетото Кралство – сојуз кој понекогаш иронично се нарекува и „Don’t Tell French“) упати повик за итна акција, оценувајќи ...

Јутјуберот Никола Поповиќ објави видео на кое се гледа како затекнува група малолетници кои оштетуваат лулашки и урбана опрема на детското игралиште „Патрик“, лоцирано зад „Три бисери“ во скопската општина Аеродром. На снимката, која ја пренесе и „24часа.мк“, може јасно да се забележи веќе оштетен дел од реквизитите на игралиштето. Поповиќ веднаш реагирал и ги прашал присутните деца зошто ја уништуваат опремата, но тие негирале дека направиле ...

На стадионите каде што се одржува Светското првенство во САД, Канада и Мексико, некои навивачи се жалат на високите цени на храната и пијалоците, особено на пивото. Покрај скапите билети, летови и хотелски сместување, многу посетители на турнирот беа дополнително изненадени од цените на стадионите. Во Мајами, порција компири со кавијар се продава за 75 долари, а емпанада (јадење составено од тесто исполнето со разни солени или слатки филови) ...

Актерката Зендеја се појави во Берлин на промоцијата на новиот филм за Спајдермен во издание кое ги воодушеви сите. За време на турнејата на филмот „Драма“ пред неколку месеци, актерката Зендаја покажа дека нејзините модни избори се поврзани и со темата на филмот, што е одличен начин за маркетинг и промоција на нејзините изданија. Потоа бевме сведоци на нејзините одлични стајлинзи кои покажаа нешто старо, позајмено и сино во согласност со ...

Во денови исполнети со обврски, состаноци и рокови, често забораваме да застанеме. Се движиме од една задача кон друга, брзаме да завршиме уште нешто од листата на обврски и ретко си дозволуваме малку одмор. Но, токму во таквото секојдневие, малите паузи се многу важни. Тие не го запираат денот, туку му даваат подобар ритам. Нè потсетуваат дека покрај сите обврски, треба да оставиме простор и за уживање во сегашниот миг. Кратка прошетка. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе преземе сите потребни мерки ако Иран не го почитува договорот со Вашингтон, кој се однесува на замрзнатите средства и преминувањето низ Ормутскиот теснец. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе направи сѐ што мора ако Иран не го почитува договорот со Вашингтон. „Ако Иран не го почитува договорот или ако не се однесува правилно, ќе направам што морам“, изјави Трамп пред ...

Иран ги демантираше наводите дека преговарал за својата нуклеарна програма во разговорите со САД во Швајцарија, истакнувајќи дека интеракцијата со Меѓународната агенција за атомска енергија ќе продолжи според утврдените процедури. Техеран не преговараше за својата нуклеарна програма и не прифати никакви нови обврски во разговорите со САД во неделата во Швајцарија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил ...

Екстремно топлите денови, кога температурите надминуваат 34 степени Целзиусови, стануваат сè почести, а топлотните бранови се подолги и поинтензивни. Истовремено, поднесувањето на високите температури со текот на годините станува сè потешко, и тоа не е случајно. Процесот на стареење и екстремните жештини едноставно не одат заедно. Високите температури го зголемуваат ризикот од опасни заболувања поврзани со топлината, а особено се загрозени ...

Кир Стармер, кој денес поднесе оставка од функцијата британски премиер, некогаш се сметал за лидер кој ќе донесе прагматизам и стабилност во Обединетото Кралство по долгогодишниот политички хаос, но многу гласачи и членови на Лабуристичката партија набргу почнале да го гледаат како човек без убедувања и јасна насока, анализира „Ројтерс“. Откако во 2024 година ја доведе Лабуристичката партија на власт со најголемото парламентарно мнозинство во ...

Секој што користи социјални мрежи е свесен дека неговите податоци се собираат, анализираат и користат, пред сè за персонализирано рекламирање. Сепак, компанијата „META“ отиде чекор подалеку – собира и податоци кои не потекнуваат од нејзините платформи. „Замислете да влезете во продавница, а продавачот незабележливо да ви закачи микрофон на рамото. Тој микрофон потоа ги снима вашите разговори и движења и надвор од продавницата – кај лекар, на ...

Во Македонија програмерската плата звучи како недостижен стандард. Во Словенија, истата таа професија веќе не изгледа толку спектакуларно. Таму е добра, стабилна, солидна, ама сè почесто се движи околу просекот на пазарот. Оваа разлика најдобро ја покажува вистинската слика за двете економии: кај нас една професија може да изгледа како врв, додека во поразвиена земја е само дел од нормалниот ред на работите. Во Македонија, ИТ-секторот со ...

Од утре Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со нестабилна облачност, пороен дожд, град и грмотевици, а од петок се очекува потопло и сончево време со дневни температури над 30 степена. Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава ...

Некои од популарните додатоци во исхраната за кои често се тврди дека се корисни за здравјето, всушност се поврзани со оштетување на црниот дроб. Многу луѓе не се свесни дека производите што секојдневно ги користат можат да претставуваат ризик за овој витален орган. Секој додаток што го внесувате во организмот поминува низ црниот дроб, кој го обработува пред да стигне до останатите делови од телото. „Многу лекови и додатоци во исхраната можат ...

Ако постојат вонземјани, зошто никогаш не сме ги виделе? Науката открива три причини зошто не нè посетуваат. До денес се откриени околу 6200 егзопланети во повеќе од 4700 планетарни системи, иако ниту една од нив не е целосно слична на Земјата или на нашиот Сончев систем. Истражувањата на јавното мислење во Австралија, Соединетите Американски Држави и други земји покажуваат дека околу една третина од луѓето веруваат дека вонземјаните веќе се ...

За сите оние кои бараат бегство од летната жега, гужвите и секојдневниот стрес, планините стануваат сè попопуларна дестинација, а Австрија со право се издвојува како најдобар избор. На речиси 2.000 метри надморска височина, меѓу импресивните врвови на најзападната австриска покраина Форарлберг, се наоѓа езерото Lünersee - едно од најфасцинантните во целите Алпи. Поради својата специфична тиркизна боја и облик што личи на срце од одредени ...

Во Русија се идентификувани повеќе од 30 нови вируси што ги пренесуваат крлежи, комарци, мали цицачи и лилјаци, соопшти рускиот Федерален истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“ при Роспотребнадзор. „Биобанката на вируси е создадена со користење изворни биолошки примероци што Роспотребнадзор ги добил од 50 региони на Руската Федерација – повеќе од 20.000 крлежи, комарци, мали цицачи и лилјаци. Идентификувани се 30 нови ...

Повеќечасовните задржувања на граничните премини кон земјите од Европската Унија повторно ги отворија прашањата за третманот на патниците кои доаѓаат од држави што не се дел од Унијата. Прим. спец. д-р Маја Кирјас, оториноларинголошки хирург на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје, преку објава на социјалните мрежи изрази незадоволство од условите со кои се соочуваат граѓаните при преминување на европските граници. Во својата ...

Градот-хотел Свети Стефан, по цели пет години, на 1 јули повторно се враќа на светската туристичка мапа, а според тврдењата на компанијата „Adriatic Properties“, од сите хотели на Аман во светот, Аман Свети Стефан моментално е на прво место по бројот на резервации, пишува црногорскиот портал „Vijesti“. Од компанијата потврдиле дека сè е подготвено за пристигнувањето на гостите и дека со работа почнуваат и двата светски познати ресторани, ...

Регулаторната комисија за енергетика во Северна Македонија одлучи за намалување на малопродажните цени на бензините и дизелот од 23 јуни 2026 година. Во текстот се презентирани новите максимални цени на нафтените деривати и конкретните износи на поевтинувањето. Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 3,5 и 4 денари, а дизелот за седум денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
61%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
84%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
88%
1027
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.23
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
73%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
94%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.79
80%
1026
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1030
Currency

61.562

Currency

54.966

Currency

73.761

Currency

38.002

Currency

39.164

Currency

67.235

Currency

8.2482

Currency

0.67187

Currency

0.34738

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58426

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Сребро

1666.05

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

321507.47

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42