Поради сообраќајна незгода на главниот пристап кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, од правецот Скопје – аеродром, сообраќајот е пренасочен по алтернативна рута. Од Меѓународниот аеродром Скопје ги повикуваат возачите да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда. Воедно, од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот во прекин е сообраќајот на автопатот ...

Пожар избувна на отворена површина на островот Вис доцна во неделата навечер, околу 23 часот. Пожарот зафатил борова шума и макии на подрачјето на Комижа, на локација покрај патот кон Подхумље, објави веб-страницата „Ватрогасци 193“. Пожарот е сè уште активен, а гаснењето го отежнуваат сувата земја и ветерот. На интервенција пристигнале сите расположливи противпожарни екипи од островот. Иако поволна околност е што немало силен ветер во текот ...

На 63-годишна возраст почина театарскиот режисер Сашо Миленковски. Роден во Битола во 1963 година, Миленковски зад себе остави богата театарска кариера во која режираше повеќе од 50 претстави, поставувајќи дела од автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. Една од неговите најзначајни режии беше праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, поставена во Битолскиот народен театар во 1992 година. Претставата освои четири ...

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Украина предложила меѓусебно прекинување на нападите со долг дострел како чекор кон мир, но дека Москва го гледа предлогот како обид да се одвлече вниманието од целта на Русија за целосно заземање на четири региони. Јасно е зошто се дава овој предлог „Јасно е зошто се дава овој предлог, бидејќи нашите контранапади длабоко на украинска територија се многу посилни, имаат поголемо влијание и, ...

Вештачката интелигенција се развива со невидена брзина, а со нејзиниот напредок доаѓаат и специфични предизвици кои често ги изненадуваат дури и самите креатори на овие напредни технологии. Најновите анализи и извештаи за користењето на платформата „Grok AI“, четботот зад кој стои компанијата на Илон Маск, покажале шокантни податоци за тоа за што корисниците најчесто го користат овој систем. Според официјалните статистики и анализите на ...

Иран и САД се согласија да ги запрат неодамнешните судири во Персискиот Залив и да ги продолжат разговорите за спорот околу Ормускиот теснец, потврди во неделата американски функционер, зголемувајќи надежи дека привремениот мировен договор би можел да се одржи и покрај притисокот од меѓусебните напади во последните денови. „Договорено е да се продолжат техничките преговори за сите делови од меморандумот за разбирање. Двете страни засега ќе се ...

Македонската јавност е во шок и тага по веста за смртта на Владо Јаневски, еден од најзначајните кантавтори на домашната музичка сцена. Македонската јавност вечерва се простува од еден од најголемите домашни музички уметници. Владо Јаневски почина по кратко боледување на една од скопските клиники, а веста предизвика огромна тага кај неговите колеги, пријатели и бројните обожаватели. Информацијата ја објавија повеќе македонски медиуми. Меѓу ...

По кратко боледување, вечерва почина македонскиот пејач и композитор, Владо Јаневски. Владо Јаневски беше еден од најзначајните македонски поп-пејачи, композитори и текстописци, кој остави длабока трага во домашната музичка сцена. Со кариера што траеше повеќе од четири децении, тој изгради препознатлив музички стил и создаде бројни песни што станаа безвременски хитови. Музичката кариера ја започна во 1980-тите како член на повеќе музички ...

Во близина на градот Нанси во Франција се урна мал цивилен авион кој превезувал падобранци, при што загинаа единаесет лица. На местото на несреќата се спроведува истрага за причините за падот. Единаесет лица загинаа при пад на мал цивилен авион во близина на градот Нанси, во североисточна Франција, соопштија локалните власти. Според првичните информации, несреќата се случи во местото Томблен, а станува збор за лесен авион што превезувал ...

На прв поглед звучи нелогично. Ако граѓаните имаат повеќе пари во банките, зошто истовремено земаат сè повеќе кредити? Но токму тоа денес се случува во Македонија. Банкарскиот сектор бележи раст и кај депозитите и кај кредитите, што покажува дека финансиската слика на домаќинствата станува сè покомплексна. Парите во банките растат Податоците на Народната банка покажуваат дека депозитите на домаќинствата продолжуваат да растат и претставуваат ...

Меѓу бројните тајни што го опкружуваат севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, особено се издвојува онаа за неговата мајка. Во текот на 15 години на власт, тој никогаш јавно не ја спомнал по име. Легитимитетот на диктатурата на Ким во голема мера се темели на неговата „крвна лоза од планината Пекту“ – лоза поврзана со митскиот основач на корејскиот народ. Во земја која се гордее со наследна чистота, идентитетот на мајката на Ким не е само ...

Со почетокот на туристичката сезона, сè повеќе туристи ги споредуваат цените во популарните летни туристички дестинации. Еден читател му го испратил на Индекс.хр своето искуство од Грција тврдејќи дека цените се значително пониски отколку во Хрватска. Според неговите зборови, шише вода од 1 литар чини 1 евро, што, како што рекол е значително помалку отколку во хрватските туристички центри. Особено го изненадила цената на вечерата за четири ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Војската на Србија продолжува да ги зајакнува своите капацитети, а дополнителен придонес во одбраната, според него, ќе има повторното воведување на задолжителниот воен рок, кој треба да започне во март 2027 година. Изјавата ја даде за време на презентацијата на нови и модернизирани средства на Војската на Србија на воениот аеродром во Батајница, во близина на Белград. „Нашата војска е сè ...

Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет. Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие. -Се уште нема ...

До четири инвазивни видови змии, кои не се опасни за луѓето, го загрозуваат биодиверзитетот на медитеранските острови. Една од нив дури научила да плива до блиските островчиња во потрага по храна, доведувајќи еден локален вид до работ на исчезнување. Ширењето на змијата наречена „Hemorrhois hippocrepis“ на Балеарските Острови стана една од најголемите закани за биодиверзитетот на тоа подрачје. Оваа инвазивна змија случајно била внесена од ...

Во Краљево денеска ќе се одржи голем студентски протест наречен „Сè се гледа на Видовден“, каде студентите ќе ги претстават своите планови и пораки поврзани со претстојните избори во Србија. Голем студентски протест наречен „Сè се гледа на Видовден“ ќе се одржи денеска во Краљево. Централниот дел од програмата е закажан за 18:00 часот на градскиот плоштад. Студентските организации и Студентите во блокада го објавија точниот распоред и ...

Викторија Бекам со години важи за една од најдобро облечените жени во светот и е вечна модна инспирација. Нејзиниот моден печат речиси секогаш е ист: беспрекорно дизајнирани костуми, долги панталони со широки ногавици, миди-фустани со едноставни линии и неутрална палета на бои. Токму затоа нејзиното последно појавување во лондонскиот Нотинг Хил не помина незабележано. Поранешната членка на „Спајс Грлс“ и успешна модна дизајнерка била снимена ...

Со одигрувањето на последните натпревари од групната фаза, комплетиран е костурот за елиминацискиот дел од Светското првенство 2026. Во шеснаесетфиналето место обезбедија 32 репрезентации, а меѓу нив е и Босна и Херцеговина, која за противник ќе ги има домаќините – Соединетите Американски Држави. Нокаут-фазата започнува вечерва со натпреварот меѓу Јужноафриканската Република и Канада, додека последниот дуел од шеснаесетфиналето ќе се одигра ...

11-годишно дете беше спасено живо три дена по силните земјотреси што ја погодија Венецуела, додека бројот на жртви се искачи на повеќе од 1.400 и стотици лица сè уште се исчезнати. Единаесетгодишно дете е извлечено живо од урнатините на Карабаледа, на северот од Венецуела, три дена по смртоносните земјотреси што го погодија регионот, објави привремената претседателка на земјата, Делси Родригез. – Пред неколку минути, 11-годишно дете беше ...

Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, Норт Вест, сè уште има само 13 години, но тоа не ја спречува да шокира со својот изглед и модните изданија. Малата Норт веќе неколкупати беше тема на светските медиуми поради бизарните комбинации. Сега се појавила на Неделата на модата во Париз и ги покажала таканаречените „ангелски каснувања“ на усните — два мали пирсинзи што се поставуваат симетрично на двете усни. Покрај тоа, имала и пирсинзи на ...

Соединетите Американски Држави извршија нови воздушни напади врз повеќе цели во Иран, само еден ден откако го нападнаа Техеран како одговор на напад со беспилотно летало врз товарен брод во Ормутскиот Теснец. Од Централната команда на американската војска (CENTCOM) соопштија дека нападите биле „директен одговор на континуираната иранска агресија врз комерцијалниот поморски сообраќај“. Како цели биле наведени воената инфраструктура за надзор, ...

Повеќе од 10.000 легендарни скутери „Веспа“ продефилираа низ историскиот центар на Рим, одбележувајќи ја 80-годишнината од создавањето на еден од најпрепознатливите симболи на италијанскиот дизајн и начин на живот. 🛵🛵🛵Љубители на „Веспа“ пристигнаа од сите страни на светот – од европските земји, САД, Австралија и Филипините – за да бидат дел од големата прослава. Колоната од скутери помина покрај Колосеумот и Римскиот форум, претворајќи ги ...

Новата анализа на германскиот „Destatis“ покажува големи разлики во цените за одмор низ Европа. Експертите истакнуваат дека внимателниот избор на дестинација може да донесе значителни заштеди за време на одморите, а како што пишува списанието „Fenix Magazine“, повикувајќи се на податоци од германскиот Сојузен завод за статистика („Destatis“), најголемите заштеди во моментов ги нудат земјите од Југоисточна и Источна Европа. На врвот на листата ...

Комбухата е природен тоник кој лади и го зајакнува имунитетот - oткријте како да го подготвите овој освежителен пијалок дома. Комбухата е малку газиран пијалок направен од ферментиран чај кој со векови се смета за природен тоник. Има малку кисел вкус, може да се комбинира со овошје и зачини, а благодарение на природната ферментација содржи корисни микроорганизми. Покрај тоа што ја гаси жедта, комбухата може да придонесе за подобро варење и ...

Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна ...

Во Венецуела над 900 лица загинаа во серија силни земјотреси, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по исчезнати лица под урнатините. Најпогодена е сојузната држава Ла Гваира, а властите предупредуваат дека бројот на загинати ќе се зголеми. Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на повеќе од 900 лица, додека 3.360 се повредени, покажуваат најновите податоци на властите. Спасувачките екипи и ...

Возач на товарно возило загина откако неговото возило излета од патот кај селото Ореовец на магистралниот пат Градско – Прилеп. Инцидентот се случи во 17:50 часот, а телото е предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител. СВР Битола известува. – На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес“ со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, ...

Водителката Аманда Холден исто така работи напорно во текот на летото, па папараците имаат полни раце работа секогаш кога таа ќе се појави на јавен простор. Жешката водителка Аманда Холден (55) не дозволува високите температури да ѝ пречат во плановите. Таа се појави пред фотографите во тесен фустан и уште еднаш го покажа своето „тело од милион долари“. Секое издание на жешката водителка е вредно за споменување, а таа обожава секогаш да ги ...

Министерот за здравство Азир Алиу го презентираше планот за унапредување на органодарителството во Македонија, потенцирајќи потребата од доверба, човечност и системски пристап за информираност и регистрација на органодарители. Министерот за здравство Азир Алиу на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, што вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики за унапредување на органодарителството, ...

Изгасен е веројатно најетичниот и најмрзлив робот-полицаец во светот! За помалку од една година работа, тој не учествувал во ниту едно апсење, ниту издал каква било сообраќајна или друга казна. Неговиот учинок е НУЛА. Неговите оператори, очекувано, останале без трпение. Весникот „The Columbus Dispatch“ известува дека Полициската управа во Даблин, град во американската сојузна држава Охајо, минатиот месец го повлекла од употреба својот ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
61%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
84%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
88%
1027
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.23
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
73%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
94%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.79
80%
1026
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1030
Currency

61.562

Currency

54.966

Currency

73.761

Currency

38.002

Currency

39.164

Currency

67.235

Currency

8.2482

Currency

0.67187

Currency

0.34738

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58426

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

321507.47

Бакар

12.58

Сребро

1666.05

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Цинк

3.76