Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Украинските одбранбени сили известуваат дека извршиле напад и погодиле најмалку 21 руски танкер во Азовското Море, кои служеле за транспорт на нафта. Истовремено, Русија ја запре пловидбата преку каналот Дон–Азов како резултат на овие акции. Украинските одбранбени сили соопштија дека во ноќта меѓу 10 и 11 јули извршиле напад врз руски пловила во Азовското Море, при што бил погоден 21 руски танкер што, според Киев, се користел за транспорт на ...
Откријте како наутот, богат со растителни влакна и протеини, може да придонесе за подобро варење и подолго чувство на ситост. Наутот е мал, но неверојатно хранлив. Овие мешунки се храна што може да има бројни здравствени придобивки, особено за варењето и цревата. Благодарение на нивниот богат состав, овие зрна можат да помогнат вашето варење да биде поуредно, да ве натераат да се чувствувате сити подолго време и, најважно од сè, да ја ...
За да не останете без свежиот вкус на доматите во текот на зимата, сега е вистинското време да ги подготвите за чување. Правилно конзервиран, домашниот домат ја задржува свежината, бојата и сочноста, а со неколку трикови вашата зимница ќе биде подеднакво вкусна како свежите домати од пазар. Покрај тоа, подготовката на зимница носи и чувство на задоволство – ништо не може да го замени мирисот на домашната храна и задоволството кога знаете дека ...
Во понеделникот во Лондон се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „The Odyssey“ во режија на Кристофер Нолан. На црвениот тепих блеснаа многу ѕвезди, меѓу кои и главните актери Мет Дејмон, Ен Хатавеј, Роберт Патинсон и Зендеја, која воодушеви со својата модна комбинација. Зендеја во филмот ја игра улогата на Атина, која ја долови и преку креациите што ги носеше на премиерите одржани во последните неколку дена. За премиерата во Лондон ...
Македонија ќе ја води истрагата за сериозниот инцидент со авионот на Рајанер кој се случи во македонскиот воздушен простор, додека експерти од повеќе земји ќе учествуваат во анализите и техничките проверки. Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот ...
Со години наназад Новак Ѓоковиќ привлекува внимание не само со своите успеси на тенискиот терен, туку и со начинот на живот кој подразбира строго регулирана исхрана, внимателен избор на намирници и дисциплина што стана негов заштитен знак. Иако многумина веруваат дека на неговото мени не можат да се најдат традиционални специјалитети, вистината е малку поинаква. Новак не се откажува од вкусовите што го потсетуваат на детството, но ги ...
Ослободена од строгите кралски правила, таа сè повеќе го негуваше холивудскиот гламур, а еден од луѓето што го обликуваа нејзиниот нов стил беше британскиот дизајнер Жак Азагури. Години подоцна, дизајнерот ја раскажа трогателната приказна за фустанот што принцезата никогаш не можеше да го облече. Фустан за Холивуд каков што светот никогаш не видел На една од неговите последни средби со Дaјана, Азагури работеше на спектакуларен црн вечерен ...
Начинот на кој го полните мобилниот телефон може значително да влијае врз трајноста на неговата батерија. Експертите предупредуваат дека две чести грешки можат да го забрзаат нејзиното трошење и да го скратат животниот век на уредот. Многу корисници забележуваат дека нивниот мобилен телефон по една или две години повеќе не може да издржи цел ден без дополнително полнење. Евтини полначи Една од најчестите грешки е користењето непроверени и ...
Украинскиот претседател Зеленски формира специјална команда која ќе изведува длабоки удари врз руска територија и најавува нови сили со јуришни единици и беспилотни летала, со цел намалување на руските воени способности и проширување на конфликтот на руска територија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека потпишал указ за формирање специјална команда во рамки на украинските вооружени сили, која ќе биде задолжена за ...
Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Белгија со 2-1 и обезбеди место во полуфиналето на 23. Светско првенство каде ќе ги одмери силите со Франција. Шпанците беа многу подобар ривал од „црвените ѓаволи“ на соочувањето во Лос Анџелес, ја контролираа играта, ја имаа топката во своите нозе, се закануваат кон голот на противникот, но дури во 88 минута дојдоа до голот вреден победа, гол дело на Мерино. По шутот што го упати Кубарси, нововлезениот ...
Три зебри угинаа од студ во областа Хатванпушта, имот што унгарската опозиција и независните медиуми со години го поврзуваат со кругот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Подоцна беше објавено дека е мртва и четврта зебра, но случајот е сè уште под истрага, објавија унгарските медиуми. Ловското здружение „Вал-волѓе Вадаштарсасаг“ објави дека трите зебри угинале поради студено време некаде помеѓу 9 јануари и последната недела од ...
Амбициите на Илон Маск за иднината на „SpaceX“ и човештвото се темелат на идеја создадена уште во 1960-тите години, кога астрономите почнале да примаат мистериозни и непознати радиосигнали од вселената. Советскиот астроном Николај Кардашев бил еден од пионерите во потрагата по вонземска интелигенција, а инспириран од можноста сигналите од потенцијални цивилизации да можат да се детектираат од Земјата, предложил скала за нивна класификација ...
Кога ви се јаде нешто благо, а не сакате да поминувате многу време во кујната, овие вирални крофнички од три состојки се вистинскиот избор. Не се пржат во длабоко масло, туку се печат во рерна или во air fryer, па затоа се полесни од класичните крофни. Тестото се подготвува за само неколку минути, а резултатот се меки залчиња што можете да ги наросите со шеќер во прав и цимет или да ги послужите со омилен чоколаден крем, мед или џем. Потребни ...
Најголемиот дел од златото на Земјата не се наоѓа во рудници или трезори, туку е заробен длабоко во јадрото на планетата. Ново истражување објавено во научното списание „Nature“ покажува дека мал дел од материјалот од Земјиното јадро сепак успева да стигне до површината. Геохемичари од Универзитетот во Гетинген анализирале карпи од Хаваи и откриле хемиски траги кои укажуваат дека материјал од јадрото може да се издигне до мантијата, а потоа и ...
Појадокот може да ги постави вашите нивоа на енергија за денот, поради што првиот оброк во денот е толку важен. Додека некои намирници за појадок се неправедно етикетирани како „лоши“ затоа што содржат јаглехидрати, додадени шеќери или масти, многу од нив може да се вклопат во здрава исхрана и да обезбедат долготрајна енергија. Урамнотежениот појадок помага во надополнувањето на енергијата по ноќен пост, поддржува постабилни нивоа на шеќер во ...
Непознат сторител ги полеал со моторно масло детските реквизити и клупите на игралиштето на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ во скопската населба Кисела Вода, во близина на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“. За случајот кој предизвика револт кај граѓаните прва информираше скопјанка во Фејсбук-групата „Кисела Вода – Пријави Проблем“, каде објави фотографии од оштетеното игралиште и остро го осуди вандалскиот чин. „Вака јавно да го прашам тој ...
Вообичаената навика постојано да ја тресете или потскокнувате ногата, која многумина ја сметаат за безопасен нервозен тик, би можела да биде предупредувачки знак за недијагностицирана здравствена состојба, тврди еден психијатар. Истражувањата покажуваат дека приближно секој четврти возрасен се сомнева дека можеби има нарушување на вниманието со хиперактивност (ADHD), но само мал дел се одлучува да побара стручна проценка, пишува ...
Маслиновото масло е вистинско нутритивно богатство, богато со мононезаситени масти и моќни антиоксиданси. Докажано е дека редовната употреба на овој заштитен знак на Медитеранот и неговите кујни го штити срцето, ги намалува воспаленијата и го подобрува варењето, а само неколку капки дневно можат да го променат и телото и духот. Оние кои пораснале во мирисот на маслинките ќе ви откријат дека ова течно злато треба да биде дел од секое утро, а ...
Две лица припадници на организираната криминална група „Беланоца“ беа уапсени во Драч, Албанија во рамките на меѓународна полициска операција спроведена од македонските и албанските безбедносни служби во соработка со американската дипломатска безбедносна служба. Според информација од македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која од слобода се лишени М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден ...
Во време на глобални кризи, политички тензии и забрзан начин на живот, поединечни држави успеваат да зачуваат високо ниво на безбедност, општествена стабилност и квалитет на живот. Според најновиот Глобален индекс на мирот, Исланд, Нов Зеланд, Швајцарија, Словенија и Ирска се издвојуваат како земји во кои граѓаните живеат најмирно и со најмалку секојдневен стрес. Додека многу земји се соочуваат со безбедносни предизвици, економска неизвесност ...
Сара, која живее во Америка, на социјалните мрежи ги покажа најнеобичните американски јадења што изненадија многумина. Секоја земја има свои обичаи, вкусови и секојдневни навики што за нејзините жители се сосема природни, но за посетителите често претставуваат големо изненадување. Сара, која живее во Мајами, Флорида, на социјалните мрежи ги прикажува разликите помеѓу животот во Америка и Полска. Нејзиниот профил на „ТикТок“ го следат речиси ...
Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци почина откако паднало од лулашка во парк во Гостивар. Малолетничката била пренесена во Медицински центар каде лекар констатирал смрт, а случајот е пријавен кај надлежните. Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот. Имено според пилицијата, синоќа во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било ...
Пешкир за на плажа за речиси 107 евра во Дубровник предизвика бура од коментари на TikTok и дискусија за високите цени во туризмот. Цените во туристичките места во Хрватска се пишуваат за секоја сезона, како и цените во други популарни дестинации како што се Грција, Шпанија и Црна Гора... Меѓу хрватските дестинации, Дубровник има посебно место, па така и во однос на цените, од колачи и бурек до ресторани. Сега на TikTok се појави видео со ...
Железото е клучен минерал кој организмот не може сам да го произведе, па затоа е неопходно да го внесуваме преку исхраната. Неговата главна улога е преносот на кислород низ организмот, бидејќи е составен дел од црвените крвни зрнца. Недостатокот на овој минерал доведува до анемија, чест замор и недостаток на енергија, а борбата против овој проблем започнува токму со правилен избор на намирници. Препорачаниот дневен внес за возрасни лица кои ...
Познатата американска новинарка Кејти Курик доживеала застрашувачко здравствено искуство, при кое неколку часа не можела да создава нови сеќавања. Лекарите подоцна ѝ дијагностицирале ретка состојба позната како минлива глобална амнезија, која вообичаено исчезнува во рок од 24 часа. Во објава на „Substack“, поранешната водителка на емисијата „Today“ откри дека во еден момент од инцидентот, кој се случил пред неколку години, имала потешкотии да ...
Дали копнеете по овошни слатки? Еве предлози што можете да ги подготвите за кафе или за неделно попладне. Кајсиите се во сезона, па имаме многу опции да уживаме во нив. Дел од нив ги јадеме свежи, а дел веднаш го одвојуваме за џем или сок од кајсии, а зошто да не направиме и слатки со кафе или во недела попладне од дел од кајсиите? Денес ви претставуваме еден таков, кој е вкусна комбинација од бисквити, кајсии и бело чоколадо. Не може да се ...
На лет од Солун до Минхен се скрши прозорец на авионот „Рајанер“, што предизвика голема драма кога кабината изгуби притисок. Патниците успеаа да спасат српски државјанин кој бил повлечен надвор од авионот, а пилотот успешно го врати авионот во Солун за итно слетување. Повредените добија медицинска помош. Вистинската драма се одвивала во петок наутро на летот на „Рајанер“ од аеродромот во Солун до Минхен. Инцидентот, кој ги шокираше патниците, ...
„Meta“ воведува нова AI-функција која овозможува користење на јавните фотографии од „Instagram“ за генерирање AI-слики. Еве што се менува и како можете да ја исклучите оваа опција. „Meta“ го претстави „Muse Image“, нов модел на вештачка интелигенција за генерирање слики, кој е длабоко интегриран со „Instagram“. Новата функција носи значајна промена за корисниците со јавни профили, бидејќи нивните јавно објавени фотографии, според стандардните ...
Нутритивната филозофија на Тесла се темелеше на постигнување максимална ефикасност и ментална бистрина, а во центарот на неговиот појадок беше целерот. Никола Тесла, еден од најголемите пронаоѓачи во историјата, го применувал својот гениј надвор од научните лаборатории, особено во однос на животните навики. Неговата извонредна работна етика, која вклучувала работа до 20 часа на ден со многу малку сон, не била производ на случајност, туку на ...
Погребот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, привлече огромни толпи ожалостени кои скандираа закани кон американскиот претседател Доналд Трамп, за кого Иран предупредува како главна цел поради конфликтот што доведе до смртта на Хамнеи. Погребот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, привлече огромни толпи ожалостени, од кои многумина бараа смрт на американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој ја започна војната во која беше убиен ...