Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,93%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на синоќешната прес-конференција изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 3 општини, води во десетина и во вториот круг влегува во дваесетина општини. „Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен ден. Денот помина мирно. Имаме некои одредени забелешки за изборниот процес. Тие забелешки се дадени до соодветните институции — ОБСЕ и Државната изборна комисија, односно ...
Израел објави дека трансферот на хуманитарна помош за Газа е суспендиран „до понатамошно известување“ бидејќи според нив Хамас го прекршил прекинот на огнот, што исламистичкото палестинско движење го негира. Израелски безбедносен службеник го изјави ова анонимно. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, започна пред нешто повеќе од една недела, со цел да се стави крај на двегодишната војна. Израелската армија повторно ја нападна ...
Утрово најстудено со -2 степена беше во Берово, -1 Попова Шапка, 0 Битола, Крива Паланка, Лазарополе, 2 Скопје-Петровец, Маврови Анови, Куманово, 3 Прилеп, 4 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Демир Капија, Виница, Струмица, 5 Штип, Велес, Кавадарци, Охрид, 6 Претор, 8 Тетово, Гевгелија. Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 ...
Според аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ, во идниот состав на Советот на Општина Битола, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата освоија 16 советнички мандати, СДСМ и коалицијата 5 советнички мандати, потоа Поинаку 4, Левица 2, ЗНАМ, ЛДП, ГРИН и ДУИ по еден советник. Според информациите на ДИК, од 90 проценти обработени податоци ВМРО ДПМНЕ освои 14.200 гласови, СДСМ 4.678 гласа, Поинаку 3.600, Левица 1.913, ЗНАМ 1.199, ЛДП 1.022, ГРИН 880 и ДУИ 830 гласа. ...
Според информациите од ДИК од 90 проценти обработени избирачки места, за кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Тони Коњановски гласале 16.309 гласачи или 51,12%. Според бројот на гласови на второ место е Габриела Илиевска од Поинаку со освоени 6.836 гласови, а на трето место Методија Куновски од СДСМ со 5.196. „Битола победи. Победи постојаноста, посветеноста и потврденото сојузништво со граѓаните“ велат од ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на ...
Денот на гласање е најважниот дел од изборниот процес кога се работи за граѓаните. Тогаш тие својата власта ја даваат на тие кои најмногу им веруваат. Тоа е денот кога во демократските општества училишта и библиотеки стануваат избирачки места. Училишните клупи стануваат бироа кадешто се сместени сите апарати, избирачкиот список, гласачките ливчиња , уредите за проверка на отисокот. Библиотеките имаат лисја, но гласачки листови на кои има ...
Раздвиженоста во битолската Општинска изборна комисија е вообичаено интензивна на денот на гласањето. Постојана е комуникацијата со Државната изборна комисија и со избирачките одбори кои го спроведуаат гласањето на граѓаните. На неколку часа се собираат информации за текот на изборите и процентуалниот одзив на гласачите до определен час. Во битолската општина , градот и 65те села процесот до 13,.00 часот се одивал само со три приговори од ...
Иборниот процес денеска во Битола се одвива мирно и согласно изборните правила. На местата кои што ги посетивме од избирачките одбори не информираа дека избирачките места биле отворени навреме, по што гласањето се одвива во најдобар ред. Еве каква беше атмосферата во основното училиште Коле Канински каде се наојѓаат повеќе избирачки места, а кои ги посети нашата екипа. Гласачите уредно доајѓаа на гласачките места, а од избирачките одбори ...
Една од пораздвижените локации каде денеска се одвива гласање во Битола е основното училиште Даме Груев. И тука избирачките одбори потврдуваат дека гласањето започна во најдобар ред уште во утринските часови и со слична динамика се одвива и во останатиот дел од денот. Од избирачкиот одбор велат дека гласачите се добро упатени во гласачката процедура, а таму каде се појавуваат помали технички проблеми истите веднаш се решаваат, така што ...
Утриво 0 степени на Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, Лазарополе, 5 Берово, 7 Претор, Крива Паланка, 8 Куманово, 9 Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Виница, Струмица, 10 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, 11 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, 13 Гевгелија. Во изминатите 24 часа најмногу дожд 10 л/м2 наврнаа на Попова Шапка, 8 Куманово, Крушево, Маврови Анови, 7 Штип, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Берово, Виница, Пожар-Радовиш, 5 Крива ...
Според информациите од Општинската изборна комисија излезноста во Битола до 9:00 часот беше 3,38 проценти, а до 11:00 часот таа е 10,36 проценти. Во Општина Битола се гласа на 170 избирачки места, а вкупниот електорат е 77.253 гласачи. Според информациите од Државната изборна комисија, на ниво на држава до 9 часот излезноста беше 3,05 проценти, а до 11:00 часот 9,44 проценти. Вкупниот број на запишани изборачи за денешните локални избори е ...
Денеска почина професорот во пензија Александар Стерјовски. Роден е во 1933 година во Битола. Ученик бил на Горната гимназија. Цел живот го посвети на македонскиот литературен јазик, предавајќи по училишта како професор по книжевност во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ и во Земјоделското училиште во Битола, а потоа со години до пензионирањето, предавал прво на Педагошката академија, а потоа и на Факултетот за учители и воспитувачи во ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека заразните болести во Појасот Газа се „надвор од контрола“, при што само 13 од 36-те болници на територијата делумно функционираат. „Без разлика дали станува збор за менингитис… дијареја, респираторни заболувања, зборуваме за огромно количество работа“, рече Ханан Балки, регионална директорка на здравствената организација на ОН. Во посебна изјава, СЗО соопшти дека ги зголемила ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и оти подготовките за средба во Будимпешта помеѓу рускиот претседател и неговиот американски колега Доналд Трамп „продолжуваат со полна брзина“, пишува агенцијата МИА. Орбан не наведе повеќе детали за телефонскиот разговор со Путин. Кремљ соопшти дека Путин го информирал Орбан за неговиот разговор со американскиот претседател. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнувањето мировен договор за Газа на почетокот од нивниот состанок денеска, велејќи дека тоа би можело да биде „моментум“ за завршување на војната во Украина. На отворањето на работниот ручек во Белата куќа со американскиот претседател, Зеленски денеска изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „не е подготвен“ за мир, но ...
Две лица загинаа, а 80 се повредени откако автобус излета од патот во близина на Сремска Митровица, во северозападна Србија, соопшти српското Министерството за внатрешни работи (МВР). Повредените, како што соопшти полицијата, се превезуваат во болница во Сремска Митровица за укажување медицинска помош. Несреќата се случила на патот Сремска Митровица-Јарак, а автобусот превезувал работници од компанијата „Хелткер“. Полицијата соопшти дека ...
Стар кауч, душек од спална, расфрлани делови од мебел.. дотраени гуми и по некоја ќерамида. Тука може да се види и градежен шут, стари дрвени летви, па дури и дотраен телевизор. Веројатно помисливте дека ова е некоја зафрлена локација на периферијата на градот која несовесните граѓани ја користат за нелегално депонирање на се она што веќе не им треба. Иако ваквата слика е разочарувачка без оглед каде се наоѓа, уште поразочарувачки е кога ќе ...
Дискусија и анализа на образовниот систем сега, 16 месеци по управувањето со државата на ВМРО-ДПМНЕ и договор дека политиката на поддршка за образованието во целост ќе продолжи, затоа што, тоа е вистинскиот начин за комплетна ревитализација на македонскиот систем и чекорење со темпото на светот. Трибината на која присуствуваа наставници и професори од сите училишта од градот и универзитетот ја водеше министерката за образование проф. Д-р ...
„Битолските јавни претпријатија се во ужасна финансиска состојба. Колапсот на јавните претпријатија мора да биди спречен“, вели Александар Цветкоски, кандидат за советник на ЛДП. „Долгови, проблеми со ликвидноста, инвестиции нема, а живеењето ден за ден стана секојдневие. ЛДП веднаш, во новиот совет, ќе предложи санација и конкретни мерки за секое од нив. Сегашната состојба е неодржлива, претпријатијата се пред пропаѓање, а непреземање на ...
Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори што треба да се одржи в недела на 19 октомври, а на кои ќе се гласа за градоначалници и советници. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и програмите за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 ...
Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Кремљ ја потврди веста во официјално соопштение. Според Кремљ, Путин изразил загриженост за можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ...
Утриво 2 степена во Попова Шапка, 5 Берово, Маврови Анови, Лазарополе, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, Охрид, Претор, 9 Битола, Прилеп, 10 Скопје-Петровец, Тетово, Велес, Куманово, Виница, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 12 Демир Капија, Гевгелија. Во изминатите 24 часа најмногу дожд 6 л/м2 наврнаа Претор, 4 Битола, Тополчани, 3 Гевгелија, 2 Прилеп, Маврови Анови, Лазарополе, 1 Крушево, Велес, Кавадарци, Струмица, Пожаране, ...
Данска за уште шест месеци ги продолжи граничните контроли по должината на границата со Германија, соопшти данското Министерство за правда. Првично воведена како привремена мерка на почетокот на 2016 година, мерката дозволува проверки на пасошите на луѓето што ја преминуваат границата, без разлика дали по пат или железница, пренесе ДПА. Министерот за правда, Петер Хумелгард, се осврна на „сериозна безбедносна ситуација“ во оправдувањето на ...
Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето на vakcinacija.mk. Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје. Веќе се пријавени 43.000 граѓани на апликацијата vakcinacija.mk, а можноста за пријавување продолжува. „Голем е одѕивот на граѓани ...
Граѓаните кои живеат во околината на паркот „Стив Наумов“ недела го користат за собирање на семејството. Во неделата, немаше многу наши сограѓани кои зборуваа со екипата на тера телевизија во иницијативата „глас за градот“. неколкумина само посочија на околината, со констатацијата дека не е доволно само да се чисти. Иако недела, иницијативата „Глас за градот “ во15.00 часот, според најавата објавена на социјалните мрежи, беше во местото околу ...
Иницијативата „Глас за градот“ на ТЕРА Телевизија придонесува за позитивни придвижувања во градот кој сепак за две недели ќе го празнува својот 80 годишен роденден. Населба Боримечка се простира во таканареченото Градско Поле во источниот дел на градот Битола веднаш под Железничката станица. Во неа спаѓаат улиците: Бистра, Боримечка,Индустриска, Прогрес, Солунска. Има околу 400 куќи во кои живеат преку 2.000 луѓе. Се работи за една од ...
ТЕРА Tелевизија во текот на овие избори за локална самоуправа го слуша гласот на градот, преку директна непосредна комуникација со граѓаните. Возилото од иницијативата „Глас за градот“ досега има посетено половина од битолските населби, и регистрирано повеќе од 100 граѓански реакции. Деновиве забележавме мали промени во градското живеење. Непосредно пред почетокот на предизборната кампања за локални избори ТЕРА Телевизија ја започна својата ...
Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред осумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 18-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на ...
ДИК ги подигна гласачките ливчиња од печатницата „Киро Дандаро“. За првиот круг се испечатени преку 4 милиони 613 илјади ливчиња. Најдолгото е 50 см. Започна дистрибуцијата на избирачкиот материјал. Денеска од печатницата Киро Дандаро членовите на Државната изборна комисија го подигнаа доверливиот избирачки материјал. Со оглед на роковникот за спроведување на изборите ова подразбира дека државата е на три дена пред денот за гласање. ДИК ...