Маскираните Василичари денес го раздвижија Новаци. Месното население уживаше во традиционалната василичарска прослава пред општинската зграда на платото облеано во сонце. „Како што е адетот и традицијата денес ги пречекав маскираните василичари-бабари, по повод празникот Василица. Нека е за многу години! Среќна, бериќетна и успешна Православна Стара Нова година!“-порача градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски. Маскираните Василичари ...

Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен, предупредува Светската здравствена организација (СЗО). Во ЕУ се наоѓаат седум од десетте земји со најголема потрошувачка на алкохол по глава на жител во светот, а меѓу најголемите потрошувачи се Романија, Летонија и Чешка. Во најновиот извештај, СЗО наведува дека пивото станало подостапно во 11 земји на Европската унија, додека кај жестоките пијалаци овој тренд е уште поизразен во дури 17 ...

Ноќеска во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа по судир предизвикан од возач што бил под дејство на алкохол. „На 14.01.2026 во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски ...

Времето денеска во Битола ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура до 6 степени. Во следните неколку дена според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе преовладува претежно сончево време, со мала до умерена облачност и релативно стабилни метеоролошки услови. Температурите во следните денови ќе бележат постепен пораст. Постепена промена на времето метеоролозите прогнозираат за време на ...

Владата на Република Северна Македонија, го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата. Со усвојувањето на овој План, Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги земе предвид ...

Откако пред неколку дена Националниот парк Галичица сподели видео од репродуктивниот центар за елени, тоа предизвика голем интерес во јавноста и ги стопли срцата на многумина. Заедно со поддршката, Националниот парк добив и бројни прашања: Како се грижат за елените? Дали имаат доволно храна? Дали се безбедни од ловџии? Затоа, денес од Националниот парк низ фотографии од репродуктивниот центар прикажуваат како се одвива секојдневната грижа што ...

Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ – Битола и Специјалниот клуб “Специјална Олимпијада“ – Битола потпишаа договор за соработка и поддршка на активностите на клубот. Покрај обезбедување простор за реализација на активности, училиштето ќе се вклучи и со свои волонтери, кои ќе дадат значаен придонес во спроведувањето на спортските и инклузивните програми на клубот. Оваа соработка претставува одличен пример како ...

Православните верници во Битола ги прават последните подготовки за дочекот на Стара Нова година и празникот Василица, што традиционално се одбележува со мазник во кој има паричка. Според верувањата, на оној на којшто ќе му се падне паричката, ќе биде среќен во текот на целата година. Битолските пекарници и годинава имаат полни раце работа и не можат да престигнат да ги испорачаат сите нарачки, бидејќи и овојпат се помалку домаќинки сами дома ...

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска во водите на Охридското Езеро кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган, со што го најавија доаѓањето на Стара нова година. Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнувањето на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител -денот на рибарите. ...

Јавната установа Национален парк Пелистер Битола годинава даде поддршка преку промоција на карневалот во битолското село Цапари, настан што има вековна традиција. Од НП Пелистер најавуваат уште поголема директна поддршка за карневалот во иднина, во делот на организацијата, со единствена цел да се привлечат што поголем број на посетители. За потсетување на карневалот „Бабари-Цапари 2026“ имаше повеќе од 70 учесници под маски. Настанот според ...

Утре, на 14 јануари со почеток во 09:00 часот, во битолското село Маловишта ќе се одржи традиционалниот „Василичарски карневал 2026“, настан со вековната традиција. Организаторите на карневалот најавуваат веселба за сите генерациии и ги повикуваат граѓаните заеднички да ја одбележат традицијата во ова битолско село и да ја дочекаат Старата Нова година со радост, смеа и добра енергија. Посетителите на „Василичарскиот карневал“ во Маловишта ги ...

Во пресрет на Василица. Василица во моето детство во Битола Василица во моето детство во Битола имаше некоја посебна тишина и светлина, како градот да дишеше побавно, а душите на луѓето да беа поблиску до Бога. Беше тоа празник што не се чекаше само поради трпезата, туку поради чувството дека започнува нешто ново, чисто и благословено. Уште од рано утрото, мајка ми го палеше кандилото пред иконата на Свети Василиј Велики. Мирисот на темјан се ...

На 108 години почина најстарата битолчанка, еврејката Рејчел Нахмијас која се спаси од холокаустот и верно го чуваше споменот на битолските Евреи. Таа е најстарата жива Еврејка од Битола, родена во далечната 1917 година. Се спасила од депортацијата во нацистичките концентрациони логори во 1943 така што била сокриена во багажникот од автомобилот на албанскиот конзул во Битола. Благодарение на него, останала жива. Тогаш Рејчел имала 26 години и ...

Новиот закон за заштита од пушењето се очекува да стапи на сила во март. Според информации од здравствените власти се планира забрана не само на класичните туку и на електронските цигари, „вејп” апаратите и други уреди кои содржат никотин во сите угостителски објекти, фирми, јавни институции, автобуски и железнички станици, пазари и јавни места каде има повеќе луѓе. Не смеат да се пушат цигари ниту во автомобил ако има малолетно дете. Во ...

Денес, на Одделот за неврологија при Невропсихијатриското одделение на ЈЗУ Општа Болница Прилеп, беше остварен важен момент за здравството во градот Прилеп со првото успешно спроведување на интравенска тромболиза – високо специјализирана и животоспасувачка интервенција за акутен третман на исхемичен мозочен удар, соопштија од болницата. Оваа современа терапевтска постапка се применува во строго дефиниран временски прозорец од појавата на ...

Ова не се обични парцели. Ова е лебот, ова е храната без која не се може. Ваква е реакцијата на жители на демирхисарското село Бараково чии земјоделски површини од кои живеат деновиве беа погодени од поплави. Водата ги покри нивите. Нивите на кои требаше да никнат и да се ожнеат многу тони пченица, и други култури, се претворени во езеро, велат по излевањето на Река Црна. Ова значи продолжување на штетите, дополнително уништување на посевите ...

Православните верници утре и на 14 јануари ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Василиј Велики во Струмица. Светите мошти на Свети Василиј Велики ќе бидат изложени во храмот и на 13 и на 14 јануари. Годинава чествувањата во спомен на Свети Василиј Велики ќе бидат служени во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица, поради градежно-реконструктивните активности што се одвиваат во храмот „Св. ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Во второто коло, македонската тенисерка ќе се соочи со Тамара Зиданшек од Словениј. Ова е трето учество на Лина во Мелбурн. Таа ја елиминираше Сиња Краус од Австрија (108. ВТА) со убедливи 2-0 во сетови (7-5, 6-0). Мечот траеше 62 минути, а Ѓорческа го освои со 2:0 во сетови (7:5, 6:0). Првиот сет беше вистинска борба до 5:5, пред Лина во ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 64,50 денари. За 0,668 ...

Студено време со минусни температури се регистрирани низ целата држава. Во Битола утрово измерени минус 9 степени. Според податоците на УХМР, најстудено било на Попова Шапка каде се измерени -16 степени, веднаш по неа се Маврови Анови со -14 и Крушево со -13 степени. Иако во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и сончево време, студениот северен ветер повремено ќе засилува, само ќе го зголеми чувството на студ. Максималните ...

Во Пелагонискиот регион, водата полека се повлекува од поплавените земјоделски површини во атарите на Битола, Могила и Новаци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од обилните врнежи кои го зафатија поголемиот дел од државата, најголемата житница во државата, Пелагонија беше една од најпогодените. Центарот за управување со кризи информираше дека во Пелагонискиот регион, во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата ...

Македонската културна традиција во полн сјај беше претставена на настан во Нирнберг, Германија, на кој настапија Галоп Битолска Коњаница, заедно со Уникат Бенд. Изведбата на македонски ора како дел од меѓународна културна соработка, привлече големо внимание кај македонската дијаспора. Со автентични костими и изворна македонска музика Галоп и Уникат Бенд оставија силен впечаток кај сите посетители. Македонската културна традиција во полн ...

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните неофицијални резултати од денешните повторени локални избори во четири општини во Северна Македонија – Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Во општина Врапчиште запишани се 27 279 избирачи во Избирачкиот список, а се гласаше на ласаше на 39 избирачки места. Досега податоци се пристигнати од 38 избирачки места, што претставува 97,44 отсто. Вкупно гласале 8 622 гласачи, односно ...

Цапарските маски одблиску. Учесниците беа маскирани во креативни, впечатливи и понекогаш страшни костими, со што ја продолжија вековната традиција која се пренесува од колено на колено. Според народните верувања, маскирањето има за цел да ги избрка лошите духови и „некрстените денови“, за годината што следи да биде плодна, среќна и бериќетна. Цапарските маски одблиску. Учесниците беа маскирани во креативни, впечатливи и понекогаш страшни ...

Нејзините маски, грижливо и со голема љубов специјално подготвени пред Василица, се вистинска атракција која секоја година со нетрпение се очекува на Вевчанскиот карневал. Така ќе биде и оваа година. Ресенчанката Бети Котовчевска, односно Бетика и оваа година ќе настапи на карневалот во Вевчани. „Утре започнува Вевчанскиот Карневал – жива традиција, слобода на духот и огледало на вистината што со векови зборува без страв. Мојата поврзаност со ...

Најсреќните нации во светот воопшто не се совршени, туку се само добро организирани, сметаат експертите. За нив вистинската среќа произлегува од чувството на сигурност, припадност и доверба-вредности што можат да се изградат и надвор од економскиот луксуз. Финците дури осумпати по ред, според наодите на „World Happiness Report“ се прогласувани за најсреќната нација на светот. Извештајот, што оваа организација го објави на Меѓународниот ден на ...

ТОКИО – Додека поголемиот дел од светот се завиткува во топли слоеви облека за да се заштити од зимскиот студ, верници во Токио го направија токму спротивното. Во храмот Тепозу Инари се одржа традиционалниот ритуал на капење во ледена вода, познат како „Канчу Мисоги“, со цел физичко и духовно прочистување. Молитва за здравје во леден базен Учесниците, облечени само во традиционална бела облека, влегоа во базен исполнет со вода и огромни ...

Повеќе од 50 учесници продефилираа на традиционалниот карневал што денеска се одржа во битолското село Цапари. Учесниците беа облечени во уникатни и креативни маски, а посетители од цела Македонија, имаа можност да уживаат во богата програма и традиционалната карневалска атмосфера. Ова е традиција која се пренесува од колено на колено со векови. Главната цел на маскирањето, според верувањата, е преку бучава и страшни маски да се избркаат ...

Се е подготвено за традиционалниот Вевчанскиот карневал што ќе се одржи утре и на 13 јануари во Вевчани, на празникот Свети Василиј Велики. Централната карневалска поворка ќе се одржи на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала, најавија организаторите. Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, упати отворена покана до граѓаните да ја посетат манифестацијата нагласувајќи дека за ...

Битолското село Цапари веќе е подготвено за традиционалниот карневал кој ќе започне во 10 часот. Организаторите најавуваат дека на настанот ќе дефилираат повеќе од 50 учесници, облечени во уникатни и креативни маски. Ова е традиција која се пренесува од колено на колено со векови. Главната цел на маскирањето, според верувањата, е преку бучава и страшни маски да се избркаат лошите духови и „некрстените денови“ за годината да биде плодна и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59