На автопатот Скопје – Велес, по патарина Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се. АМСМ информира дека во меѓу време на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На терен е испратена служба од ПС за БПС Велес. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по ...

Дали сте подготвени за уште една епизода што ќе ве натера да размислувате, да се насмеете и да посакате да сте на местото на Дијана и Игор од Скопје и Драгољуб од Тетово? Со Дејан Лилиќ и Виктор Петров – Викса, кои гарантираат вистинско шоу, и натпреварувачи што секогаш изненадуваат – квизот „Седмо небо“ е вистинското место за забава, знаење и добри вибрации! Во ова возбудливо финале некој ќе ја освои главната награда, а сите ќе понесат ...

Во август 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија изнесувала 45.310 денари, соопштија од Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец е 68.180 денари. Оттаму додаваат дека во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10,3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, објави дека се повлекува од изборната трка. „По внимателно размислување и бројни разговори со многумина од вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура од изборната трка. Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Во изминатиот период слушнав различни мислења, совети и ...

Според најавите кутија цигари во земјите од Европската унија наскоро ќе чини 7 евра. Новиот предлог на ЕУ за поскапување на цигарите веќе предизвика силни реакции, а европските земји различно реагираат на одлуката на Унијата. Имено, Европската комисија предложи драстично зголемување на даноците на цигарите и производите од никотин. Иницијативата се однесува на ревизија на Директивата за оданочување на тутунот и истовремено воведување на нов ...

Државната изборна комисија ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко појасни дека решенијата за одлуките на ДИК во однос на приговорите ќе бидат изготвени во законски предвидениот рок и по приемот подносителите имаат право на ...

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за ...

Здружението на пензионери Битола ги повикува заинтересираните производители и дистрибутери на свинско месо да достават понуди( во затворен плик ) за свежи свински половинки, драни со половина глава со тежина од 25-35 килограми. Свинското месо да биде од домашно производство, да се одгледувани во една фарма со што ке се обезбеди ист квалитет. Добавувачите да имаат продавница за месо ( за која треба да достават доказ) преку која ќе се врши ...

Во 84 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 7, 10, 12, 18, 27, 31 и 32. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше три шестки, секоја од нив вредна по 147.517,50 денари. Фондот за седумка за следното коло изнесува 53.856.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е: 3, 0, 0, 1, 8, 7. На џокерот добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 230.526,00 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци во следното коло за ...

Не загаснуваат реакциите на Битолчани по поразот на ФК „Пелистер“ од фудбалски клуб кој е од втора лига. Негативните критики се најмногу упатени кон управата на клубот, лошите сезони на „Пелистер“ ги лоцираат токму во активностите кои управата ги презема или не ги презема, иако на располагање има стабилен буџет. Личната емоционална поврзаност на навивачите и на Битолчани со ФК „Пелистер“ предизвика многубројни реакции поради последниот пораз ...

Денешната најава на прилогот на ТЕРА за дебаклот на ФК Пелистер во Купот на Македонија предизвика бура од емотивни реакции и на официјалната ФБ страна на Телевизија Тера. Референдум дали некој сака парите на граѓаните немилосрдно да се трошат. Ова е само една од реакциите кои ги има на официјалната страна на ТЕРА на најавата дека денеска тематски ќе се занимаваме со последниот пораз на Фк Пелистер и неговото испаѓање од Купот на Македонија. ...

Завршувањето на првиот изборен круг од локалните избори и сумирањето на гласовите освоени во општините им даде основа на партиите да анализираат какви им се позициите мерено во пратенички мандати. Имено, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ излегоа со проценки колку пратеници би освоиле доколку утре во земјава се одржат парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ вели дека доколку утре се одржат парламентарни избори, тие би освоиле над 60 пратеници. Оваа партија вели дека ...

Заштедите на граѓаните се доближуваат до бројката од 7 милијарди евра, што претставува годишен раст од 13,6%. Станбените и потрошувачките кредити и натаму се најбарани. Податоците на Народна банка покажуваат раст од 13,2% на вкупните депозити и раст од 13,5% на вкупните кредити. Речиси идентичен годишен раст има кај депозитите и кредитите во месец септември. Растот на депозитите е поголем кај домаќинствата, додека за компаниите е ...

Во 83 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 2, 12, 13, 24, 29, 34 и 37. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше пет шестки, секоја од нив вредна по 208.983,60 денари. Фондот за седумка во следното коло е 53.433.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е: 0, 8, 7, 2, 8, 0. Немаше добивки со шест и пет погодоци. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци во следното коло за ...

Во Могила ќе има втор круг. На првиот круг од гласањето Драганчо Саботковски од Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,17 % од гласовите или 1.662 гласови, наспроти независниот кандидат Сашо Пивковски кој освои 37,07 % од гласовите или 1.253 гласа. Во Новаци во прв круг победа однесе Стевче Стевановски, кандидат на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 53,65 % или 984 гласови, наспроти ...

Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат 854.620 граѓани, соопшто Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно примените оригинални записници од сите ОИК, во 33 општини за ...

На неделното гласање, советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата обезбедија 16 советнички мандати во идниот состав на Советот на Општина Битола. Во интервју за Актуел на Тера телевизија, носителот на листата Филип Поповски се заблагодари на целата Битола за укажаната доверба. Во составот на Советот во заминување, сега веќе претходниот, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаа 13 советници. Го прашавме Поповски на што се должи сега поголемиот број ...

Над 60 илјади лица досега пријавени за вакцинација – превентивни тимови ќе вакцинираат и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица и инвалиди, соопштуват од Министерствто за здравство. Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица. Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во ...

Според прелиминарните резултати од локалните избори што ги има објавено Државната изборна комисија ( ДИК ), СДСМ во Битола има освоено 5 советнички мандати, а кандидатот за градоначалник Методија Куновски 6.118 гласови. Тера Телевизија направи кус разговор со Куновски за впечатоците од гласачкиот ден и резултатите. ТЕРА: Како ги пречекавте резултатите ? „Резултатите ги пречекавме со големо разочарување имајќи во предвид дека освоиме 6.118 ...

Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на ...

Шпанската Влада соопшти дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот и преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи наредниот викенд, наведувајќи дека тоа е „застарена пракса“, пренесуваат шпанските медиуми. Како што се наведува, оваа промена веќе не придонесува за заштеда на енергија, а истовремено предизвикува негативни последици врз здравјето, јави телевизијата РТВЕ. Во видео објава ...

Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз. Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз. Локалната временска апликација Метео експрес објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана. Локалната префектура соопшти дека ...

Утрово 2 степена на Попова Шапка, 4 Берово, Маврови Анови, 5 Крива Паланка, Лазарополе, 6 Битола, Куманово, 7 Крушево, 8 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Прилеп, 9 Струмица, Тетово, Виница, 10 Штип, Кавадарци, Претор, 12 Демир Капија, 14 Гевгелија. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде ...

Денеска измина 70 ден како жителите на преспанското село Љубојно спречуваат сеча на дрвјата од шумата над селото. Во меѓувреме, државата тврди дека шумата се сече по план, а концесионерот пресметува штети. Љубанци велат ридот се соголува, а без дрвјата селото ќе го нема. Љубојно е селo во општина Ресен, во регионот Преспа. Над селото се наоѓа шумски простор со дабови, бука, смрека. Селото е сместено на околу 2 километри источно од ...

Според прелиминарните резултати објавени од Државната изборна комисија ( ДИК ) кандидатката за градоначалничка Габриела Илиевска на локалните избори 2025 година освои 8.003 гласови. Тера Телевизија направи кус телефонски разговор за впечатоците од гласачкиот ден и резултатите. ТЕРА: Како ги пречекавте изборните резултати ? „Секогаш граѓаните го имаат последнниот збор, резултатите се тие , за жал од запишани околу 70 илјади гласачи излегле ...

Излезноста во Битола на овие локални избори не надмина 50 проценти од гласачкото тело. Слична слика има и на национално ниво, што укажува на пад на излезноста низ изборните циклуси. Имено, според податоците на ДИК во првиот круг од локалните избори вчера во Битола гласале 45,76 проценти од запишаните избирачи, односно од вкупно 77,253 избирачи своето право на глас го оствариле 34.831 гласач. Над 50 % од избирачите во Битола одлучиле да не ...

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола синоќа прогласи победа на локалните избори 2025 година, како за градоначалник така и за листата на советници. Досегашниот градоначалник Тони Коњановски победи во првиот круг, односно обезбеди втор градоначалнички мандат за што им се заблагодари на битолчани. „Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани, на моите соседи и пријатели и на сите поддржувачи, затоа што ова е победа на Битола и на ...

„Ви ветивме победа и имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“, вака синоќа од партиското седиште се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. „Ова е само почеток на новата македонска енергија: мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без навреди, без гнев, без омраза, со достоинство, со ...

Носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Филип Поповски им се заблагодари на битолчани за огромната поддршка и доверба што им ја укажаа. „Победата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е победа на народот. Како носител на победничката советничка листа, искрено ви благодарам што со вашиот глас овозможивте да имаме мнозинство во Советот, а истовремено нашиот кандидат за градоначалник, д-р Тони Коњановски, да победи уште во првиот круг. ...

Во Општина Новаци завршија изборите. Актуелниот градоналачалник Стевче Стевановски победи во прдиот круг. За него гласале 984 гласачи или 53,65 проценти. На второ место според бројот на гласови е кандидатот на СДСМ Љубе Кузмановски кој освои 454 гласови или 24,75%. Стевановски се заблагодари за секој глас што го доби вчера, за секоја поддршка и за како што вели подадената рака за заедничка борба. „Драги мои сограѓани, почитувани жители на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Калај

44.73

Иридиум

169549.30

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Бакар

11.84

Алуминиум

3.14

Рутениум

44946.74

Родиум

310254.70

Кобалт

59.52

Платина

72292.89

Сребро

2569.43

Цинк

3.10