Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Кусото враќање на зимата е одлична вест за љубителите на зимските спортови. На Попова Шапка има нова снежна покривка. Според камерите на Ски Македонија од Пелистер и Ниже поле, снегот е дел од сценографиајта и на скијачките патеки, но нема добри услови за тоа. Според информациите на НП „Пелистер“, снежната покривка на 2200 надморска височина надминува повеќе од 2 метри, а со прогнозите се очекува нејзино зголемување. Сепак, скијањето на ски ...
Битола речиси една година e без пајак служба. Тоа дополнително влијае во градот секој да се паркира каде ќе стигне. Окупирани тротоари, но и зелени површини се честа глетка во Битола. Од јавното претпријатие Паркинзи потврдија дека од април минатата година специјализираното возило Пајак не е во функција. Претпријатието проценило дека трошоците за сервисирање на возилото ги надминуваат приходите кои се остваруваат со работењето на возилото. ...
Следните денови Македонија ја очекува постуден бран, со температури и до -5. Според синоптичарите од Управата за хидрометереолошки работи, нема ништо невообичаено. Месеците март и април се карактеризираат со нестабилно време. Сите кои во викендот што измина ја пречекаа пролетта и топлото време – предвреме, да ги пронајдат своите зимски парчиња облека затоа што до крајот на неделата ќе има студено време. Синоптичарката Ленче Ризова од ...
Во 21 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви :4,12,17,20,23,30,31 Добивка со седум погодоци немаше а имаше четири шестки вредни 79.488,00 денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:9,7,8,4,7,6. На џокерот добивки со шест погодоци немаше а имаше имаше два со пет погодоци. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.630.000 денари. Во 21 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви ...
Се повеќе грчки државјани доаѓаат во Битола со цел да наточат гориво по пониски цени од оние по кои горивата се продаваат во Грција. Всушност разликата во цените беше присутна и пред двете поголеми поскапувања на горивата, тренд присутен во целиот свет по кулминацијата на кризата на Блискиот исток. И по растот на цените на горивата и во Македонија и во Грција, да се наполни еден автомобилски резервоар со бензин или дизел се уште е поскапо во ...
Именувањето на членови во управните и надзорните одбори на јавните комунални претпријатија во Битола, на последната седница на Советот, предизвика дискусија меѓу советниците од мнозинството и опозицијата. Советниците на Поинаку го критикуваа начинот на кој се избираат членовите во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија. Според нив, новите членови не биле избрани по компетентност. „Избираме членови на управни и надзорни одбори ...
Во Битола денес постои чудна политичка реалност: има партии, нема политика. Градот кој некогаш беше политички мотор на Македонија, денес личи на сцена на која мал број луѓе се борат за фотелји, а мнозинството граѓани веќе не сака ни да ја гледа таа претстава. Главните актери се добро познати, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. И двете денес повеќе личат на затворени клубови, отколку на политички организации. Во Битола одамна не важи правилото дека членството ...
Со какви предизвици се соочуваат медиумите во македонија. сиромашен медиумски пазар, етички предизвици во онлајн сферата, неефикасна регулатива и растечка зависност на медиумите од државните фондови. Ова се предизвиците за кои денеска новинарите од Битола и Прилеп имаа заедничка дискусија. Каква е иднината на новинарството и на медиумите во Македонија во услови на сиромашен медиумски пазар, етички предизвици во онлајн сферата, неефикасна ...
Обидите на Тера Телевизија за подетални информации за комплетното работење на ФК пелистер и денеска, два дена по неговото пишување на една од социјалните мрежи како ПР одговор на едно од советничките прашања на последнаа седница се изјаловија. Претседателот на ФК Пелистер нема одговор на прашањата за големите пари потрошени во клубот. Интересот на ТЕРА се темели на неколку важни поставки: медиумите имаат задача да ја почитуваат вистината и ...
Редици на бензинските пумпи во Битола уште од денеска попладне. Граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите по стара цена откако се најавени нови цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Бензините ќе поскапат за 7 денари, а дизелот за 6,5 денари. Од Регулаторната комисија за енергетика информираа дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 8,98 отсто во однос на претходната одлука. Со оваа одлука, ...
„Нашиот градоначалник во одговорите на советничките прашања ни кажа да не бидеме толку песимисти и да се обидеме да гледаме на убавите работи во градот. Јас најсрдечно прашувам. Кои се тие убави делови во градот? И многу ми е жал, што оваа сала како да живее во две парарелни реалности“. Ова на минатонеделната седница на Општинскиот Совет од говорницата го рече, советничката на СДСМ, Софија Ристевска-Петрушева, откако градоначалникот на ...
Завршната сметка, кварталниот извештај за извршување на буџетот и годишниот извештај за минатата 2025 година беа усвоени од владејачкото мнозинство на денешната едница на Советот на Општина Битола. Советниците на опозицијата критикуваа дека општинскиот буџет ја нема развојната компонента и дека делот на капиталните расходи има слаба реализација. Советниците од мнозинството се спротиставија на ваквите обвинувања на опозицијата и посочија дека ...
За тоа до каде се работите поврзани со затворениот базен во Битола, зошто има застој, до која фаза е реализацијата на проектот и кога може да се очекува надминување на проблемот и завршување на се за да може базенот да функционира, денеска прашавме во Министерството за спорт. Оттаму ни го дадоа следниот одговор: „Градежните работи за затворениот базен во Битола, кои се во надлежност на Министерството за спорт, се целосно завршени. Проектот е ...
Наши сограѓани кои редовно своите прошетки или рекреација ја изведуваат на Тумбе Кафе алармираат за состојбите на ова популарно место. Денеска испратија фотографии од амфитеатарот на летната сцена. Тврдат одронот што се појавил пред 7 дена, сеуште не е саниран. Веќе една недела стои нерасчистен одронот на земја што се појави кај амфитеатарот на ридот Тумбе Кафе во Битола. Граѓаните кои секојдневно го користат просторот за прошетка и ...
Месец март е месец за подигнување на свесноста за бубрежниоте болести. Годинава се одбележува под мотото „Здравје на бубрезите за сите“, а основната порака е подигнување на свеста за тивката прирофа на заболувањата на бубрезите. Светскиот ден на бубрегот е годишна глобална кампања за подигање на свеста што се одржува на вториот четврток од март (12 март 2026 година) за да се истакне важноста на здравјето на бубрезите и да се намали ...
Советот на општина Битола денеска ќе ја одржи седмата седница, на која пред советниците се најде обемен дневен ред со неколку важни финансиски документи, извештаи за работа, донации и проширување на буџетот. Во фокусот на седницата се три клучни финансиски документи – кварталниот извештај за извршување на буџетот, завршната сметка за 2025 година и годишниот извештај на општината. Токму овие точки треба да дадат одговор како се трошеле јавните ...
До каде е изградбата на затворениот базен во Битола? Ова прашање до градоначалникот Коњановски го постави советникот на Поинаку, Никола Гагоски, како советничко прашање на денешната седма седница на Советот на Општина Битола. „Помина точно една година, битолчани не видоа ништо од тој затворен базен. Во Битола има две пливачки школи со преку 200 дечиња кои нижат успеси и медали“ рече советникот на Поинаку, Гагоски. Градоначалникот во одговорот ...
Разговор со Драган Крајовски, член на Извршен одбор на СДСМ Г- н Крајовски, завршија локалните избори, раководството на битолската организација поднесе оставка , кој во моментов раководи со битолската СДСМ? Драган Крајовски: „Моментално со општинската организација на СДСМ во Битола раководи координативно тело што е составено од највисоките партиски фукционери. Тоа се членовите на Централниот одбор на СДСМ, советниците во Советот на општина ...
Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на Државниот инспекторат за градежништво. Забележани се серија на слабости заради кои се лоцира несреден градежен сектор во сите градови во државата. Дали последниот битолски пример со градбата на улица Гостивар е мал показател за тоа? Со директор без мандат, дури ни за вршител на должност, мал број вработени професионалци за кои не се јасни процедурита за пресметка и исплата на ...
Подобрување на инфраструктурата и реализацијата на капитални проекти продолжува да биде во фокусот на работата на Општината Могила, вели градоначалникот Драганчо Саботковски, осврнувајќи се на 100 дена од неговиот нов градоначалнички мандат. Градоначалникот Саботковски посочува дека за реализација на ваквите крупни инфраструктурни проекти, голема поддршка Општината Могила добива од Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Градоначалникот на ...
Сопственикот на објектот на улица Гостивар кадешто се извршуваат градежни работи демантира дека со реконструкцијата што ја извршува се подготвува за изградба на хостел, а ги негира и иформациите што ТЕРА ги објави во едно од своите изданија на Актуел, дека излегол од габаритот, дека има прозорци веднаш до околните куќи и дека со тоа комплетно ја нарушува нивната приватност. Сопственикот на објектот во својата денешна реакција вели неточни се ...
Старата битолска чаршија ни оддалеку веќе не потсетува на чаршијата од минатото, кога беше прочуена по големиот број занаетчиски и трговски дуќани, леблебиџилници, слаткарници, чајџилници, ресторанчиња, ќебапчилници… Спуштени кепенци, затворени врати, дуќани на продажба и на изнајмување. Тоа е сликата во Старата битолска чаршија, којашто може да се забележи. Лош впечаток кај граѓаните и туристите што ја посетуваат Битола остава и еден ...
Во организација на Заедницата на Срби во Македонија,традиционално се одржана свечена светосавска академија по повод српскиот празник Свети Сава. Настанот ја истакна добрата соработка, заемното почитување и пријателските односи што со години ги поврзуваат македонскиот и српскиот народ. Традиционалната Свечена Светосавска академија е потврда на поддршката на мултикултурализмот и почитувањето на различностите во македонското општество од една ...
РЕК Битола оваа грејна сезона произведува значително помалку струја во споредба со грејните сезони во претходните неколку години. Според податоците од Прес службата на Комбинатот, на еден месец до крајот на тековната грејна сезона, произведени се само 718 GWh електрична енергија. Тоа е за една третина помалку во споредба со претходните три грејни сезони. Минатата грејна сезона, РЕК Битола произвел 998 GWh, а во грејните сезони 2022/23 и ...
Десет години континуитет, девет распродадени концерти и илјадници срца кои чукаа во ритамот на македонскиот мелос – вака накратко може да се опише штотуку завршената австралиска турнеја на еден од нашите најомилени музичари, Ѓоко Јовиќ и неговиот неуморен „Енерџи Бенд“. Она што започна пред една деценија како желба за поврзување со нашинците во далечната Австралија, оваа година прерасна во вистински музички феномен. Јубилејната, десетта по ...
Најновата премиера во театарот во Копер, Словенија, која ќе биде изведена на 13.март, е со наслов „Да се живее!“, заедничко име за Чеховите едночинки „Мечка“ и „Трагичар по неволја“, чиј режисер, композитор и сценограф е Марјан Неќак. Со „Да се живее!“, Чехов по 16 години повторно е на сцената на овој театар. „ Кај Чехов секогаш се работи за луѓе кои се обидуваат да живеат. Затоа неговите едночинки ги доживувам како мали епизоди од животот – ...
Во 19 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви : 7,9,12,16,22,25,32. Добивка со седум погодоци немаше а имаше шест шестки вредни 48.411,00 денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:6,7,8,4,6,6. На џокерот добивки со шест погодоци немаше а имаше имаше два со пет погодоци. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.564.000 денари. Во 19 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви : ...
И покрај сите повици и апели на СВР Битола и ОЈО Битола, полицискиот билтен за вчера повторно содржи информација за измамено возрасно лице. Во нивнаа информација стои дека 80 годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, ...
По краткотрајната неизвесност со недостиг на дизел и другите нафтени горива, денеска на сите бензиски станици има гориво. Само нема гужви, како што вчера вечерта беа забележани на пумпите во градов. Редици автомобили полнеа бензин и нафта синоќа. Некои повозрасни се потсетија на нафтената криза од 70те години на минатиот век кога пак Иран беше во фокусот на вниманието. Според неофицијални информации некои од бензиските станици во градов ги ...
Денеска ниту еден воз од Скопје не пристигна во Битола, поради технички проблем и тековни работи на железничката инфраструктура. Според информациите кои ги добивме од директорот на патнички сообраќај М-р Горанчо Јовановски од министерество за транспорт и врски прекинот на железничкиот сообраќај бил предизвикан од техничка неисправност на возна гарнитура, по што било одлучено сообраќајот привремено да се запре од безбедносни причини. За да ...