Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург предлагаат Европската Унија да размисли за привремено ограничување на некои права на глас на идните членки, како и за воведување посилни механизми за заштита на владеењето на правото, објавува Ројтерс. Со оглед на тоа што Црна Гора се надева дека ќе се приклучи на ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија се залагаат за напредок во нивните кандидатури за пристапување, во тек се ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. Првиот дел ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу. Без конкретни очекувања е премиерот Христијан Мицкоски, од посетата на ...

Соединетите Американски Држави извршија серија воздушни напади врз ирански воени цели откако американски патролен хеликоптер беше соборен во близина на Ормутскиот Теснец. Според американската војска, цел на нападите биле системи за противвоздушна одбрана, радарски станици и контролни центри. Техеран возврати со лансирање дронови и ракети кон американски бази во регионот, при што Иран соопшти дека биле погодени цели во Бахреин и Јордан. ...

Брутален регрес во етничките права, како што тврди ДУИ или исчекор кон професионална јавна администрација, како што аргументира ВРЕДИ? Дали новиот закон за прaвична застапеност става крај на злоупотребите или на принципите на позитивна дискриминација? Како ќе се балансира балансерот? Во Топ Тема вечерва дебата со Дритон Сулејмани, заменик – министер за образование од ВРЕДИ и Арта Биљали Зендели, поранешна пратеничка на ДУИ. Гледајте Топ Тема ...

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе продолжи со големиот проект за развој на крајбрежјето поврзан со Џеред Кушнер, зет на американскиот претседател, Доналд Трамп и покрај големите протести против него. Во интервјуто за Асосијејтед Прес, Рама ги отфрли еколошките забелешки како резултат на дезинформации и рече дека проектот ја претвора Албанија од земја што некогаш била игнорирана од инвеститорите во земја „во која сакаат да дојдат ...

Заменикот министер за образование од коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека новото законско решение за соодветна и правична застапеност конечно ќе стави крај на долгогодишните манипулации со етничката припадност при вработување во државната администрација. Според Сулејмани, клучната разлика помеѓу досегашниот дигитален механизам, познат како „балансер“, и новото решение е во тоа што ...

Во последното издание на емисијата „Топ Тема“, поранешната пратеничка од редовите на ДУИ, Арта Биљали Зендели и владиниот претставник Дритон, ги соочија ставовите за новиот предлог-закон за правична застапеност. Централниот спор се водеше околу тоа дали мерит-системот (компетентноста) целосно ќе ја потисне адекватната етничка застапеност во државната администрација. Поранешната пратеничка Биљали Зендели упати остри критики до новиот законски ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер во близина на Ормускиот теснец, додавајќи и дека е неопходно САД да одговорат на нападот. Двајцата членови на екипажот на хеликоптерот „Апачи“, кој се урна по нападот, биле спасени од американските сили. „Станува збор за двајца пилоти, и двајцата се безбедни и неповредени“, напиша претседателот на својата платформа Truth Social. „Сепак, Соединетите ...

Се до оној миг додека министерот Љутков не спомена дека причините за мојата оставка се лични, немав намера да ги споделам медиумски, затоа што тоа го сторив на начин кој мене ми прилега со допис до надлежните институции каде точно ги наведувам причините, вели професор Груевска- Маџоска, поранешната претседателка на Советот за македонски јазик. Вели дека Јавната расправа за Националната стратегија за култура и тоа што таа го содржи без никаква ...

-Дали се лутам на судиите? Не се лутам. Нека се живи и здрави. Знам дека работат под притисок, вели поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. Ни апелационите судии не се налутија, ама на Стевче Јакимовски наместо како што наслушнал дека целиот предмет ќе биде вратен назад, правосилно му пресудија една година затвор за бесправно градење. Тој дел од обвинението се однесува на зградата односно бараката во која беше сместена општина ...

Над 100 текстилни работнички и работници од штипските конфекции Фермактекст и Европа Фешн веќе една година си ги чекаат трите неисплатени плати, придонеси, К-15 и отпремина. Се сообраа за да македонските институции реагираат и ги заштитат. Поднесени се пријави, документи, претставки до Државниот трудов инспекторат, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, како и Одделот за економски криминал при МВР. Некои од работниците за овие две ...

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), остро реагира на новите предлог-закони за судска служба и јавно-обвинителска служба, кои се доставени во Собранието без согласност од овој гранков синдикат и спротивно на текстовите кои биле заеднички подготвувани со синдикатите и објавени јавно на ЕНЕР. „Џабе две и пол години работа, состаноци и усогласувања, ако на крај во Собранието се достават ...

Постепената интеграција е техничка алтернатива на застојот во проширувањето, но фрустрациите кај земјите кандидати остануваат, вели поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин во емисијата „Директно“. Европската Унија се обидува да најде нов модел за проширување во услови на променета геополитичка реалност по руската агресија врз Украина, оценува поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин. „Проширувањето е силна алатка на Европската ...

Полноправното членство станува сè потешко поради билатералните спорови и можноста за нови вета, оценува политичкиот аналитичар Џелал Незири во емисијата „Директно“. Според него постепената или градуална интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е прагматично решение во услови кога полноправното членство сè почесто се соочува со политички блокади. „Станува збор за градуална, односно интеграција на рати на земјите од ...

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Министерството за култура и ја именува Веселинка Лаброска за нова претседателка на Советот за македонски јазик. Лаброска е вработена во Институтот за македонски јазик „Крсте мисирков“, дописен член е на МАНУ и члена на сегашниот состав на Советот на македонски јазик. Од Министерството за култура и туризам соопштија дека ѝ посакуваат успех на проф. Лаброска во работењето и очекува активно и ...

Денес, по кратко боледување, во Скопје почина проф. д-р Драги Данев, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет и прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија (од 1990 до 1992 година). Драги Данев е роден на 21 септември 1942 година во Штип. Во 1978 година докторирал на Машинскиот факултет во Белград. На Машинскиот факултет во Скопје е избран во звањето вонреден професор истата година. Во 1984 година е ...

Уште еден обид главниот град да добие нови автобуси. Откако претходниот тендер беше поништен, Министерството за транспорт распиша нов оглас за набавка на електрични автобуси. Огласот е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки на 28 мај, а рокот за доставување понуди истекува за 20 дена. Опозицијата тврди дека јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба и побара одговори од градоначалникот на денешната седница за советнички ...

Педесет и осумгодишна жена од Србија остана бремена со тројка по ин витро оплодување во болницата „Плодност“ во Битола, со што таа е највозрасната пациентка која забременила во оваа здравствена установа. По долгогодишна борба со неплодноста, таа успеа да ја оствари желбата за мајчинство. „По пет години менопауза, со соодветна подготовка на слузницата на матката успеавме повторно да воспоставиме услови за бременост. Подготовката траеше околу ...

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев излегува од притвор. Кривичниот суд ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранцијата од 55 илјади евра. Определени му се мерки на пратепазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница. Богоев е осомничен за местење на тендер вреден над 300 илјади евра и примање на награда од 1800 евра. Освен Богоев оомничени се уште 3 лица дека ...

„Ѓоко судијата го користи овој простор“, одговорил таткото на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов по откривањето на 350 илјади евра соѕидани на вториот кат во семејната куќа во Неготино. На денешното рочиште се пуштаа видео снимки од претресите и моментот кога полицијата во кујната во ѕидот зад плочките ги пронаоѓа парите спакувани во алуминиумски фолии во банкноти од 500 и 200 евра. Полицијата кога го запрашала за содржината на фолиите ...

Една година затвор потврдена, поништена пресудата за три години затвор, но поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски повторно ќе седне на обвинителната клупа во скопскиот суд за злоупотреба на службена положба, за три дела од еден судски процес скопскиот Аплелационен суд донесе одлука. Во делот за обвинение за бесправно градење кој се однесува на зградата односно бараката во која беше сместена општина Карпош додека траеше ...

Бардовци, Ѓорче Петров, Касарна Илинден, постојната локација, просторот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“… Од најавите за изградба на нов Клинички центар во Скопје повеќе од деценија и половина се бара погодна локација. Премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж дека новиот, како што рече, ултрамодерен Клинички центар ќе почне да се гради наредната година на локацијата пред базенот Борис Трајковски, кој со подземен премин под булеварот ...

Без конкретни очекувања е премиерот Христијан Мицкоски, од посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и шефот на дипломатијата, Тимчо Муцински на Софија во рамки Процесот на соработка во Југоисточна Европа. Мицкоски за тоа дали интензивната соработка која земјава ќе ја има со Германија и Франција, што е договорено со челниците на овие држави на самитот во Тиват, ќе има влијание врз утрешната средба на Давкова со бугарската ...

На четвртиот ден на 60. Македонски театарски фестивал „ Војдан Чернодрински“, се одржа трибина на тема „ Театарот и општеството“, со фокус на ангажираниот театар. Режисерката и професорка на ФДУ, Зоја Бузалковска рече дека е важно театарот да зборува за деликатни теми што не болат за да настанат промени. А, таквата уметност може да се злоупотреби, смета драматургот Сашо Димоски. Беа прикажани претставите „ Амадеус“ на Турскиот театар- во ...

Пушачите наскоро ќе добијат построги ограничувања. Законот против пушењето ги помина комисиските собраниски филтри, а веќе е ставен и на дневен ред на следната собраниска седница. Пратениците од Комисијата за здравство и Законодавно правната комисија без дискусија, едногласно изгласаа дека е потребно да се донесе ваков, поригорозен закон. Во образложението, заменик-министерот за здравство зборуваше за штетните ефекти од употребата на тутун и ...

По безброј најави, тендери, преговори, пропаднати обиди – Чебрен повторно во фокусот. Хидроцентралата која со децении се гради на хартија и за која никако да се видат активности на терен, добива уште едно ново поглавје. Овој пат Владата била пред конечна одлука – проектот да го гради државата, без да се бара инвеститор. Цената на оптимизмот е околу 1, 5 милијарди евра со камати – пари кои би се барале од меѓународните финансиски институции. ...

Студентите од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола овој месец не ги добиле средствата за субвенциониран студентски оброк затоа што факултетот не го доставил потребниот список до Министерството за образование и наука, изјави министерката Весна Јаневска. Таа појасни дека факултетите имаат законска обврска секој месец, во периодот од 1 до 20 во месецот, да доставуваат ажурирани списоци со студенти што ги ...

Влажното огревно дрво е еден од најголемите извори на зимското загадување во Битола. Истражување на невладината организација „Геосфера“ покажува дека повеќе од половина од домаќинствата се греат со влажно дрво, а доколку користеле суво, загадувањето би било за една четвртина помало. Екологистите бараат законски измени за забрана на продажаба на влажно огревно дрво. Секоја година илјадници битолчани ги полнат дворовите и шупите со огревно дрво ...

Ттакото на обвинетиот судија Ѓоко Ристов, во чиј дом беа пронајдени заѕидани 350.000 евра рекол дека парите најверојатно припаѓаат на неговиот син. Ова беше кажано на денешното рочиште на кое обвинителството презентираше снимки од претресот на семејната куќа на Ристови во Радовиш, а на кои се гледа како се кршат плочките во кујната и ги наоѓаат парите. Обвинителката рече дека кога го прашале таткото чии се овие пари тој рекол: „Не знам, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Калај

53.60