Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца браќа на возраст од 43 и 44 години, осомничени за обид за убиство како соизвршители. Според обвинителството, инцидентот се случил на 6 јуни во близина на авто-плац во селото Шишево. Сомнежите се дека браќата, по претходна расправија поврзана со сообраќаен инцидент, со пиштоли го чекале оштетениот и неговите придружници. Еден од осомничените испукал два куршуми, при што го ...

Според првичните излезни анкети од предвремените парламентарни избори во Косово, најмногу гласови од граѓаните добило движењето „Самоопределување“ предводено од актуелниот премиер, Албин Курти. Според овие проекции кои се добиваат со анкетирање на гласачите веднаш по излегувањето од гласачките места, за „Самоопределување“ гласале околу 42,3 проценти од граѓаните кои го искористиле правото на глас, пред Демократската партија на Косово со ...

Театарот „ Војдан Чернодрински“ од Прилеп со постановката на „ Црнила“ од Коле Чашуле , во режија на Дејан Пројковски, прикажа современ,но радикален приказ на драмата, која за тема го има атентатот на Ѓорче Петров, доловувајќи го фракционерството меѓу македонските револуционери, а следствено на тоа и братоубиствата. Претставата се игра во камерен формат. „Она на кое инсистираше Дејан единствено, пред да се впуштиме во авантурата, беше делот ...

Зголемување на јавната свест за одговорно сопственишто е тоа на што ЈП „Лајка“ ќе се фокусира во идниот период, освен вршење на својата основна дејност за намалување на бројот на улични кучиња преку програмата „залови – стерилизирај – врати“. За таа цел „Лајка“ организираше тродневен фестивал, со стручна дебата со гости од Хрватска, Босна и Херцеговина и Шпанија, како таму е решен проблемот со уличните кучиња, но и со настани во Градскиот ...

Во очекување на резултатите по спроведените контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство на месните, трајните и полутрајните сувомеснати производи јавноста во неизвесност дали храната е безбедна, но и доколку е безбедна дали навистина го има квалитетот кој стои на декларациите. Според првичните наводи на АХВ загрижувачка е состојбата со сувомеснатите производи. За производителите на месо ваквите контроли се подеднакво важни и тие ја ...

Над 1 милијарда евра потрошила земјава минатата година за увоз на прехранбени производи, во исто време додека земјоделското производство од година в година се намалува. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2025 година биле извезени прехранбени производи во вредност од 564 милиони евра, додека увозот бил над 1,1 милијарди евра, односно над 560 милиони евра дефицит. Сопственикот на Прехранбената индустрија КИМ Неготино ...

Покрај намалувањето на водостојот, загадувањето и појавата на алги, Преспанското Езеро денес се соочува и со заканата од инвазивни предаторски риби кои дополнително го нарушуваат екосистемот. Сончарката, која потекнува од Америка и првично била внесена во Европа како аквариумска риба, е агресивен и граблив вид што се храни со икра, подмладок и мали риби. Поради брзото размножување и лесната приспособливост, таа претставува сериозна закана за ...

Прекумерната изложеност на екрани и понатаму е главна причина за алармантно зголемување на бројката на деца со говорни потешкотии. Тоа е евидентно само во еден од повеќето тетовски центри за едукација, рехабилитација и стимулирање на развој и говор. Родителите најчесто бараат помош поради говорни потешкотии кај децата, но стручните лица велат дека проблемот често е многу подлабок. Говорот е само врвот на развојната пирамида, а под него стојат ...

Во тек е садењето на тутунот на македонските ниви и во време кога тутунарите ја имаат најголемата инвестиција се уште на нивните сметки немаат ниту денар на име на субвенции, реагираат од Националната мрежа на земјоделци. Ѓорѓи Каракашев од оваа земјоделска мрежа вели дека истиот проблем со субвенциите го имаат сточарите и производителите на житни култури, кои за неколку дена ќе ја почнат и жетвата на јачменот. Забележува дека не се ...

Ако не се способни да ја придвижите државата напред – тргнете се. Со оваа порака до власта, лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, го отвори 32-иот конгрес на партијата за усвојување на нова идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, со која, како што најави Филипче, социјалдемократите ќе понудат решение за проблемите со кои се соочува државата, но и секојдневно ќе вршат притисок на владата. Платформата се фокусира на три ...

Ќе има ли нов скок на инфлацијата. Утре статистика треба да го објави податокот за месец мај. Последно статистичарите измерија инфлација од 5, 7 отсто во април во однос на април лани. Зголемување беше забележно кај речиси сите производи. Само кај храната и кај безалкохолните пијалаци за една година има скок на цените од 8 отсто. И НБРМ но и Владата ја промени прогнозата за инфлацијата и за растот. Па, така се очекува 2026 да се заврши со ...

Тајно следење, прислушување, озвучување, правење на лажни фирми-посебни истражни мерки за борба против криминалот за која граѓаните не ја знаат цената. Колку државата троши на ПИМ мерките нема податок Во КОД детали од извештаите на јавното обвинителство и ДИКАФ Во КОД и за играта со стечаи и пари од странство за Соравиа, имотот и зградата која ја управува и на хартија поседува Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ. Судење за масовните палежи ...

Над 250 милион евра долг кон домашни и странски банки. Ова е финансискиот товарот кој го има најголемиот производител со струја ЕСМ, по основ на долгорочни кредити, покажуваат податоците во годишен извештај на компанијата за минатата година. Растат и трошоците кон добавувачите. Последните заеми на компанијата изнесуваа околу 170 милиони евра – пари кои беа земени од домашните банки во последните година и половина. Сумата се обезбеди за ...

По жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој се гони дека примил награда од околу 1800 евра ќе се одлучува од утре. Кривичниот суд на Богоев му одреди притвор од 30 дена во рамки на истрагата за местење на тендер вреден над 300 илјади евра кој го добила битолската фирма „РЕМОНДИС МЕДИСОН“ за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали. „По однос на жалбата на осомничениот С.Б., ...

Во Скопје, лишен е од слобода холандски државјани баран со потерница. Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка по претходно преземени оперативно-тактички мерки, на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.А.С. (40), холандски државјанин. Лицето е барано по меѓународна потерница распишана од Холандија за сторени кривични дела илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација. Б.А.С. е ...

Во саботата во близина на прометен уличен фестивал во Охајо се случи пукотница, при што беа повредени најмалку 12 лица, а некои од посетителите на настанот се обидоа да се засолнат, додека други побрзаа да им помогнат на жртвите. Нема осомничени кои биле приведени неколку часа подоцна, изјави заменик-шефот на полицијата во Толедо, Џо Хефернан, а официјалните лица ги повикаа луѓето кои биле на фестивалот да достават фотографии или видеа на ...

Американските сили потврдија дека собориле два ирански дрона за напад кои го загрозувале меѓународниот поморски сообраќај во Ормутскиот теснец, соопшти Централната команда на војската на САД (CENTCOM). ЦЕНТКОМ соопшти дека останува подготвен да „продолжи да се брани од иранската агресија“. Пресретнувањата дојдоа еден ден откако американските сили соборија четири други ирански дрона за напад лансирани кон Ормутскиот теснец, за кои војската ...

По редовните избори во февруари и предвремените парламентарни избори лани од декември, граѓаните на Косово денеска се повторно на гласачките места. Трет пат за помалку од година и половина, ќе гласаат за новиот состав на Парламентот, откако пратениците не успеаја во предвидениот рок да го изберат новиот шеф на државата. Граѓаните избираат меѓу 21 политички субјект од кои три коалиции, 17 политички партии и еден независен кандидат. Право на ...

Во Ерменија е во тек гласање на избори кои би можеле да одлучат дали земјата ќе продолжи да се движи кон Западот или ќе се врати кај својот традиционален сојузник Русија. Малата земја од Јужен Кавказ со три милиони жители е под зголемен економски притисок од Москва, бидејќи премиерот Никол Пашинјан се стреми кон реизбор со ветување за европска интеграција. Изборите привлекоа значително меѓународно внимание кон Ерменија, која постојано се ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје го одржува 32-иот Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети. Според СДСМ, Конгресот ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на партијата, Венко Филипче. Потоа ќе започне ...

Семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“ по 45-ти пат маршираа низ улиците на Кочани, за како што велат, вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај. По вчерашното судско рочиште за 13-те полицајци кои биле таа вечер во дискотеката, семејствата порачаа дека со секоја работна должност доаѓаат и обврски, а со секое овластување одговорност. Семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската ...

МВР соопшти дека полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода 43-годишниот Г.А. од село Шишево, Скопско, по пријавата дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Според полициските информации, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и пукал кон него. Притоа, тој бил повреден во пределот ...

Финансиска помош или фаворизирање на даночни обврзници, се поставува прашањето за потегот на Општина Тетово која од парите на сите граѓани ќе и даде 18 илјади евра Исламска верска заедница- Муфтиство Тетово. Оваа помош беше изгласана на седница на Советот, а следува откако ИВЗ на крајот на април поднела барање – Општина Тетово да им го врати износот од 1.144.484 денари, што го дале за да да го платат данокот на промет, по купување на недвижен ...

Со проекција на документарен филм за почетоците, развојот и значењето на фестивалот „ Војдан Чернодрински “, со доделување на благодарници на значајни личности за неговиот опстој и со врачување на наградите за животно дело, започна 60-тото јубилејно издание на нашиот најголем театарски фестивал, посветен на афирмацијата и вреднувањето на македонската драма. Наградени за животно дела беа актерите и педагози Атила Клинче и Веби Керими, ...

Двајца до тројца неработници останеле во Институтот за јавно здравје од триесетмината кои ниту клателе врата а земале плата. Останатите кои што 6 до 7 години доаѓале на работа а им плаќале на нивни колеги по 200 евра да ги евидентираат си дале отказ, бидејќи биле вработени и на друго место. „Останатите си заминаа со образложение дека не можат, немаат време да седат, бидејќи нормално јас побарав да се седи од 7:30 кога е работното време до ...

Повеќе од 14.500 матуранти денеска го полагаа првиот екстерен испит од државната матура за оваа учебна година. Годинава за првпат се применува новиот концепт кој им овозможи на учениците да изберат меѓу државна, државна стручна и државна уметничка матура. Во зависност од изборот, денеска полагаа странски јазик, математика или историја. Според министерката за образование Весна Јаневска, полагањето помина без проблеми. „За првпат државната ...

Бугарија го блокира усвојувањето на Акцискиот план за правата на малцинствата на земјава, од страна на Европскиот совет, без кој Македонија и доколку ги донесе уставните измени, нема да може да го отвори првиот кластер од преговорите со Европската унија. Акцискиот план, на тој начин, станува нова пречка за старт на преговорите поврзан со Бугарија. Премиерот Христијан Мицкоски, информираше дека документот кој е донесен од владата е усогласен ...

Јавниот долг годинава ќе го пробие законскиот лимит. Според, ревидираната стратегија која го помина владиниот филтер прогнозите се дека тој ќе се искачи над 61 отсто од БДП. Првиот квартал се заокружи со долг од над 10 милијарди евра или 59, 7 отсто од бруто – домашниот производ. Економистите велат не е неочекувано, но дека е загрижувачки. Не сметаат дека тоа ќе го влоши кредитниот рејтинг на земјата, но предупредуваат – треба многу да се ...

Руските власти соопштија дека Украина извршила напади без преседан околу Санкт Петербург, додека во градот завршуваше економскиот форум, настан на кој претходниот ден присуствуваше и претседателот Путин. Повеќе од 140 дронови биле соборени во регионот Ленинград, изјави гувернерот Александар Дрожденко, додека за првпат од почетокот на војната до жителите се апелира да останат во своите домови. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ...

Од Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста во текот имплеметацијата на ново софтверско решение со кое се врши модернизација на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа се појавиле непредвидени работи поради кои ќе доцни исплатата на социјалната помош. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39