Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во моментов нема услови за одржување на трета меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија, изјави македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски, откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент вчера изгласа во нацрт-извештајот за Македонија на известувачот, Томас Вајц, да влезе и амандманот на бугарските европратеници со барање за одржување на трета состанок меѓу влади на Македонија и Бугарија во насока на имплементација ...
Србите на кои им беше забранет влез во Црна Гора, и со чатер лет беа вратени во Белград планирале да организираат серија митинзи во поддршка на Александар Вучиќ за време на неговиот престој во Тиват. Целта била да се создаде лажен впечаток дека претседателот на Србија има силна поддршка меѓу граѓаните на Црна Гора, пишува Nova.rs. Планот вклучувал појавување на разни локации во Тиват и околината, истакнување транспаренти и организирање факели ...
Предметот го добив минатиот четврток и оттогаш интензивно го разгледувам и работам, а за одлуката јавноста ќе биде известена, ни изјави во телефонски разговор обвинителот од Вишото јавно обвинителство Јован Цветановски. Предметот за „мазутот“ односно разгледување на приговорот на ЕСМ му се падна во работа на Цветановски, потврди вчера и државниот обвинител Ненад Савески. Савески потврди дека после укинатата суспензија на Цветановски тој е ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Столе Димитриевски го продолжи договорот со Валенсија на уште две години. Голманот имаше одлична полусезона во Ла Лига и му помогна на тимот да избори сигурен опстанок и да финишира во горниот дел од табелата. Валенсија ја искористи опцијата да го продолжи договорот на Димитриевски до јуни 2028 година, откако Македонецот импресионираше на голот во изминатите пет месеци. На стартот од сезоната нашиот ...
Њујорк победнички ја отвори финалната серија во НБА-лигата и славеше на гостувањето кај Сан Антонио. Никс ја продолжија фантастичната победничка низа во плеј-офот сезонава. Њујорк имаше одличен финиш на натпреварот утринава и со серија од 11-0 дојде до триумф од 105-95 на гостувањето кај Сан Антонио. Џејлен Брансон ги предводеше гостите со 30 поени, Карл-Ентони Таунс имаше 18 поени и 12 скока, додека ОЏ Ануноби го заврши натпреварот со 17 ...
На 4 јуни (четврток) во 19 ч. во галерија ОСТЕН ќе се отвори самостојната изложба на Данчо ОРДЕВ „Трансформирана меморија“. ТРАНСФОРМИРАНА МЕМОРИЈА – самостојната изложба на апстрактните слики на Данчо ОРДЕВ – изложба каде што уметникот преку широк потег со четка, боја и ритам ја прикажува внатрешната суштина на македонските предели, претворајќи ги народните орнаменти, симболите, боите, танцот… во чиста апстракција произлезена од неговите ...
Државната ревизија за 2024 година на Академијата за судии и јавни обвинители утврди низа слабости во финансиското работење и усогласеноста со законските прописи. Изразено е мислење со резерва, при што се констатирани пропусти во исплатите, јавните набавки, евиденциите и организацијата на обуките. Меѓу клучните наоди се неправилности во исплатата на надоместоци на членови на управни тела, надминување на законски рокови за обуки и исплата на ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, од преговарачките поглавја за пристапувањето на Украина во Европската Унија. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на Фејсбук. Договорот означува ...
Жетвата е на прагот, а земјоделците се уште не знаат по која цена ќе се откупува пченицата. Тие очекуваат откупната цена да се движи од 15 до 18 денари за килограм, навремена исплата на субвенциите и државна интервенција доколку лебното жито се продава под производтстевните трошоци. Бараат организиран откуп на домашното производство и ограничување на увозот на пченица и брашно за време на жетвата. На помалку од еден месец пред почетокот на ...
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против шест лица поради сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“, поврзано со организирање и реализирање незаконско посвојување на новороденче. Според Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пријавените Ф.А. (63), Ѓ.К. (57), И.Ш. (35), Џ.Ш. ...
Што има во храната што секојдневно ја ставаме на трпезата? По алармантните резултати од контролите на АХВ, кои открија сериозни отстапувања кај дел од млечните и месните производи, се отвора прашањето – дали навистина знаеме што јадеме? Институциите најавуваат објавување на прекршителите, а граѓаните бараат одговор: можеме ли да им веруваме на декларациите? АНКЕТА: Дали ги читате декларациите пред да купите прехранбен производ? Да/Не Што има ...
Израелските напади во Либан продолжуваат и покрај новиот обид за спроведување на кревкиот прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хезболах, јави денеска либанската државна Национална новинска агенција. Утрината се случиле најмалку два напади со дронови врз различни возила во јужниот дел на земјата.. Израелската војска првично не даде коментар за овие настани, пренесе ДПА. Израел и Либан во текот на ноќта повторно се договорија за чекорите ...
Утринава долги колони на возила има на граничните премини меѓу Србија и Црна Гора. Дел од медиумите во Србија објавија дека на граничните премини со Црна Гора се спроведува детална безбедносна контрола, а околу 30 државјани на Црна Гора биле задржани на аеродром во Белград откако синоќа слетале од Подгорица. Тензиите меѓу двете држави се случуваат пред Самитот со ЕУ кој ќе се одржи утре, а на кој треба да присуствува претседателот на ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во секторот Рударство и вадење камен браојот на работници се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со ...
Израелските и либанските претставници потврдија дека се согласиле на договор за создавање голем број „пилот“ безбедносни зони во Либан од кои ќе им биде забранет влезот на милитантите на Хезболах. По четвртата рунда разговори со посредство на САД во Вашингтон, амбасадорите од двете земји изјавија дека донеле одлука за примирје на целата либанска територија. –Под водство на (либанскиот) претседател Џозеф Аун и водство на премиерот Наваф Салам, ...
Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои резолуција со која се бара прекин на воените дејствија против Иран без претходно одобрение од Конгресот. Резолуцијата, предводена од демократите, беше усвоена со 215 гласови „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републикански конгресмени. Иако гласањето претставува „политички удар“ за претседателот Доналд Трамп, мерката засега има симболично значење, бидејќи за да стапи во сила, ...
БИА официјално го советуваше претседателот на Србија Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврден висок безбедносен ризик“, објавија тие синоќа. Соопштението дојде откако црногорските власти им забранија влез во земјата на граѓаните на Србија кои пристигнаа во Тиват со чартер лет пред учеството на српскиот претседател Александар Вучиќ на самитот ЕУ-Западен Балкан, додека граничните власти на Србија, според извештаите на ...
Германија за прв пат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН. Министерот за надворешни работи Јохан Вадефул ја обвини Русија, но исто така призна дека цврстата поддршка на Германија за Израел чинела гласови. На тајното гласање што го спроведе Генералното собрание за европските места, Португалија и Австрија добија 134 и 131 глас, додека Германија доби 104., што не беше довочно имајќи предвид дека з аибор и беа ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран одат „многу добро“ и им рече на новинарите дека може да се постигне договор „во текот на викендот“. Трамп ја минимизираше идејата дека нападите на САД и Иран го тестираат кревкото примирје. –Но, некои луѓе би рекле дека биле малку испровоцирани затоа што презедовме силна акција од друга причина. Значи, тие возвраќаа. и навистина, самите преговори поминаа многу добро, всушност, ...
Сајбер насилството меѓу децата е зголемено за повеќе од 30% покажуваат анализите на научната фела. Насилството меѓу врсниците станува алармантно по завршување на ковид пандемијата, а жртвите кои трпат интернет насилството за разлика од другите форми на малтретирање се изложени 24 часа. Најчеста мета зад тастурата се девојчињата, се соочуваат со ширење на лажни информации, злоупотреба на лични податоци и закани. –Акo e физичко насилство ќе се ...
Адвокатката на поранешниот директор на Царината Стефан Богоев утре ќе поднесе жалба на одлуката за притвор. Таа потврди дека понудиле и гаранции, но Судот ги одбил. Во однос на сомневањата за злоупотреби на тендер во Царината рече дека на одбраната не и биле никакви докази. „Не очекувавме таква одлука особено што станува збор за предмет којшто е од финансова природа, а не насилен криминал. Ние понудивме гаранција, понудија и другите ...
Кривичниот суд на барање на обвинителството определи мерка ефективен притвор за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени кои денеска попладне дадоа исказ пред судија судија на претходна постапка. – Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката ...
Група граѓани, жители на Расадник и Радишани во општина Бутел, денеска излегле на протест поради револтот кој е предизвикан заради сообраќајните несреќи кои се случуваат на улицата „Бутелска“. Според МВР, протестот започнал во 16.45 и завршил во 18.30, без нарушувања на јавниот ред и мир, по што сообраќајот бил нормализиран. Демонстрантите побарале од надлежните институции итно да преземат мерки за зголемување на безбедноста, како што се ...
Екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени дадоа исказ во кривичен. Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, кажа обвинителката и нагласи дека нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор. Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџивасилева рече дека се бара најстрога мерка за обезбедување присуство оти сметаат дека досегашните сомневања, квалитетот на доказите и вкупните ...
Сејф сити стави ред во сообраќајното дивеење, но кога и кој ќе стави знак стоп полиција и пред институционалната корупција и криминал? По закон партнери, во пракса ривали – општо чкрипи соработката меѓу МВР и Обвинителството? По две години на чело, има ли јавниот интерес свој адвокат во врвот на МВР? Во Топ Тема вечерва интервју со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Гледајте Топ Тема со Боби Христов на Телма Сејф сити стави ...
Најмалку девет лица се убиени денеска во израелските напади во јужен Либан, Министерството за здравство на Либан соопшти дека меѓу загинатите има и двајца болничари чија амбулантна кола била погодена во напад во областа Чехур, на југот од земјата. Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека пресретнала дрон и два проектили кои ја преминале границата. Про-иранската милитантна група Хезболах соопшти дека цел на нападот бил собир на израелски ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ, најави серија реформи и засилени контроли во сообраќајот. Тој се осврна на ефикасноста на системот со камери, безбедноста на мотоциклистите, како и на растечкиот проблем со електричните тротинети. Одговарајќи на забелешките дека сегашниот систем на камери не ги препознава странските регистарски таблички, Тошковски истакна дека се работи на ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телма, ги појасни деталите околу текот на истрагата за наводната „шпионска афера“ во претседателскиот кабинет. Тој ги отфрли обвинувањата за бавност во постапката, нагласувајќи дека форензичката анализа на обемни докази бара време кое често ги надминува очекувањата на јавноста. Тошковски потенцираше дека рокот од три месеци за вештачење на телефони и ...
Во последното гостување во емисијата „Топ Тема“, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази сериозна загриженост и револт во врска со постапката за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, која во моментов е закочена во Јавното обвинителство. Иако МВР поднесе кривична пријава со обемни докази, Обвинителството досега не ги потврди наводите, што предизвикува тензии помеѓу двете клучни институции за спроведување на законот. Тошковски откри ...
Едно лице загина, а повеќе од 60 се повредени во ирански напади со дронови врз меѓународниот аеродром во Кувајт, соопштија локалните власти. Иранската исламска револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи дека тој бил одмазда за американските напади врз ирански нафтен танкер и островот Кешм. Иран исто така соопшти дека цел на нападите биле американски бази во Заливот. Лицето кое загинало во нападот на аеродромот во ...