Евроамбасадорот Михалис Рокас во своето обраќање на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 изјави дека за Македонија се приоритетни реформите – усвoјување на заонодавството за обновливите извори, како и заштита на ранливите категории граѓани. –Нема сомнеж дека врз енергетската безбедност со која регионот и Европа се соочуваат треба да одговориме одлучно. За нас, двете нешта – климатска ...

Oбединетите нации уште еднаш го осудија неодамнешниот напад со беспилотно летало врз романскиот град Галати, нарекувајќи го сериозно кршење на воздушниот простор на НАТО и дел од острата ескалација на нападите со големи ракети и беспилотни летала од страна на руските сили. Романските власти велат дека дронот бил следен од радар во романскиот воздушен простор, се урнал на покривот на зградата во пристанишниот град Галати на Дунав и предизвикал ...

Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени во масовен напад што руските сили во текот на ноќта го извршиле врз повеќе украински градови, објави Би-би-си, цел на напади бил и главниот град на Украина, Киев. Во нападите во раните утрински часови пет лица се убиени во градот Днипро, додека 25 се повредени, а уште четири лица смртно настрадале во Киев. Во рускиот напад на главниот град на Украина повредени биле најмалку 51 лице, од ...

Договор со Иран може да се постигне „во текот на следната недела“, оваа изјава од претседателот на САД Доланд Трамп Еј-би-си Њуз. Трамп во телефонско интервју за Еј-би-си рече дека меморандумот за разбирање за повторно отворање на Ормутскиот Теснец и продолжувањето на сегашниот прекин на огнот може да биде завршен и договорен „во текот на следната недела“. „Треба да добијам уште неколку поени“, рече Трамп, објави Еј-би-си, додавајќи дека ...

Што ќе донесе, а што ќе однесе како порака Антонио Кошта по денешната средба со државниот врв? Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтеграциите, регионалната соработка и безбедносните предизвици. Но, како премиерот така и министерот Тимчо Муцунски бара јасни гаранции дека идентитетските прашања нема да бидат дел од преговарачкиот процес. По средбата со бугарската министерка, Муцунски вели дека засега не гледа позитивни сигнали од бугарска ...

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Турција со убедливи 4-0 на пријателскиот натпревар одигран вечерва во Истанбул, на стадионот „Шукру Сарачоглу“. Домашната селекција уште од самиот почеток покажа дека влезе во натпреварот со намера убедливо да победи. Турција погоди пречка во почетните секунди, а поведе веќе во 2. минута со голот на Оркун Кокчу. Во 16. минута беше 2-0, откако во мрежата на Македонија погоди и Чан Узун. Во ...

Повеќе од два и пол месеци го немаше на влада, на седници, во сопствениот кабинет на вицепремиер задолжен за добро владеење. Понеделнички и на првиот ден од јуни, Арбен Фетаи си поднесе оставка од функцијата. Ја достави до владата и ја објави на „Фејсбук“. Смета дека во овие две години имал чест и привилегија да и служи на државата и да придонесе за реформите за зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. „Дали сум ...

Голема прослава за народот за 8 септември, со тајни процедури на власта. Кој и како го спреми сценариото за прослава на 8. Септември? Дали Владата може да го дели концептот на ПР – рати и прес – конференции и да ги крие хонорарите на уметниците и трошоците за прославата? Зошто принципите на добро владење не важат за оваа власт? Во Топ Тема дебата со поранешните претседателки на ДКСК, Билјана Ивановска и Слаѓана Тасева. Топ Тема со Боби ...

Обемот на стратешките нафтени резерви на САД падна на најниско ниво во последните две години, откако официјален Вашингтон беше принуден да ги отвори складиштата за да го ублажи глобалниот дефицит настанат поради конфликтот со Иран. Министерството за енергетика на САД (ЕИА) соопшти дека резервите на нафта и нафтени деривати во стратешките резервоари во моментов изнесуваат 1,584 милијарди барели, како и дека резервите и понатаму опаѓаат. ...

Иако, пред извесно време кажа дека нема доволно простор за маневар и дека државната каса губи милиони, сега премиерот Мицкоски тврди дека буџетот е во добра кондиција. Консултациите за ребалансот се во тек. Освен за постоечките, се разгледуваат и други мерки против можни ценовни трбуленции, но премиерот не откри за што точно станува збор. Само потврди дека државната каса е во добра состојба, без разлика што до сега е потрошен најголем процент ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, смета дека јавноста има право да знае колку ќе чини прославата за 35-годишнината од независноста на државата и кои институции ќе бидат задолжени за нејзината организација. Во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, Ивановска порача дека граѓаните заслужуваат целосна транспарентност околу трошоците и придобивките од најавената прослава. ...

Премиерот Христијан Мицкоски за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, рече дека истата ќе биде архивирана утре. „Неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни нè очекува реконструкција на Владата, и ќе видиме ќе разговараме со нашите коалициони партнери во рамките на Владата – посочи Мицкоски. Фетаи денеска ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Слаѓана Тасева, смета дека отсуството на носител на висока јавна функција не смее да предизвика застој во работата на институциите и отвори прашања за евентуална одговорност поради недоаѓањето на работа на вицепремиерот задолжен за добро владеење. Тасева рече дека во изминатите месеци не забележала активности поврзани со ресорот за добро владеење и оти ...

Министерот за надворешни работи на Норвешка, Еспен Барт Ајде, денеска изјави дека земјата повторно го преиспитува својот однос со Европската Унија поради променетите глобални околности и растечкото влијание на политиките на САД и Кина, додека сè повеќе расте притисокот, по двата неуспешни референдуми, да се покрене нова дебата за можното членство во блокот. Ајде наведе дека околностите значително се променија од 1994 година и дека ЕУ сега ...

Пет лица загинаа, а две се повредени во експлозија и пожар што денеска се случија во објект на јужнокорејската одбранбена компанија „Ханва Аероспејс“ во градот Деџон, соопштија локалните власти. Според службеникот за вонредни ситуации Јун Сеонг-су, пожарот избувнал во 10:59 часот по локално време, по експлозија во објектот лоциран во округот Јусеонг. Локалната медицинска службеничка Ким Џу-јонг соопшти дека досега се регистрирани седум жртви, ...

-Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото, мисија подеднакво важна колку што е и неблагодарна, напиша на албански јазик на својот ФБ профил, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи образложувајќи ја својата оставка. Последна објава на ФБ профилот на Фетаи беше фотографија од Бангкок, Тајланд која ...

Адвокатот на Вангелица Илијевска, долгогодишна жртва на семејно насилство, која пред две години со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан во Кратово, а на која денеска кумановскиот суд и изрече седум и пол години казна затвор најавува жалба на пресудата. Во разговор за Телма, адвокатот Христијан Георгиевски вели дека очекува судиите во Апелација да ги земат в предвид олеснителните околности. „Се надевам дека апелационите судии ќе бидат ...

Потпретседателот на владата Арбен Фетаи поднесе оставка на функцијата во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, дознава Телма. Фетаи претходно повеќе од два и пол месеци не доаѓаше на работното место во владата во која ја извршуваше функцијата вицепремиер за добро владеење. Од прес службата на владата за Телма потврдија дека во текот на денешниот ден е доставена оставката на Фетаи, а портпаролката на владата Марија Митева најави дека на ...

Комјутерски инжинер, ИТ Консултант кој своевремено завршил на Меѓународниот Славјански Универзитет во кој предавањата се одржуваат во Свети Николе или Битола. На Линкдин за себе напишал дека e искусен инженер по компјутерски науки со докажана работна историја. Вешт во компјутерски науки, етичко хакирање, компјутерска архитектура и оперативни системи. Силен професионалец во информатичка технологија со повеќе од 15 години искуство. Дипломирал ...

Условна за обезбедувачот на премиерот кој ја тепаше и давеше сопругата пред малолетната ќерка – признал вина Обезбедувачот на премиерот, Раде Ристовски обвинет за семејно насилство врз сопругата доби условна казна од 1 и пол година затвор која нема да ја издржи доколку во наредните три години не стори ново кривично дело. Ваква пресуда донел криивчниот суд суд откако обвинетиот признал вина. Обвинителството го гони за кривчно дело телесна ...

Граничен полицаец е суспендиран и доби кривична пријава за поткуп поради тоа што преку границата кон Албанија пропуштил украден автомобил. МВР соопшти дека Д.С., полицаец на граничниот премин Ќафасан го сторил делото на почетокот на април. Осомничениот полицаец, во тој период, „преку социјална мрежа започнал комуникација со едно лице, при што директно побарал парични средства за себе за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши“. ...

Се преставувале како дел од неформалната балканска група Пантери познати по лов на педофили дознава Телма. Но ги стигна истата судбина како и босанските Пантери. МВР поднесе кривична пријава против шест млади луѓе на возраст од 15 до 22 години од Битола бидејќи и тие ловеле педофили и јавно ги објавувале и омаловажувале. Токму ваквиот начин на делување е познат за оваа неформална група како во земјава така и на Балканот. Мажи на лажен профил ...

Откако не се најде во првите илјада универзитети на Шангајската листа, најголемиот универзитет во Македонија – „Кирил и Методиј“, не е ниту во првите две илјади универзитети во светот, покажа штотуку публикуваната листа Глобал 2000 објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети. На листата нема ниту еден македонски универзитет. Слободниот пад на УКИМ продолжува и понатаму. Ректорот Билјана Ангелова, која минатиот месец беше ...

На маса се повеќе идеи за надминување на спорот со Бугарија, а кои би вклучувале јасни гаранции во форма на заклучоци на Европскиот совет дека нема да им нови билатерални барања за земјава поврзани со историјата, јазикот, идентитетот и македонската култура, како и имплементација од страна на Бугарија на пресудите од Судот за човекови права. За овие идеите веќе се разговарало со европските пратеници, а како што најави министерот за надворешни ...

Седум и пол години казна затвор изрече кумановскиот суд за Вангелица Илијевска, долгогодишна жртва на семејно насилство, која пред две години со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан во Кратово. Обвинителството претходно изврши преквалификација на делото од „убиство“ во „убиство на миг“. Илијевска призна вина и изјави дека дејствувала во афект и дека жали за сторените кривични дела. Обвинетата стапила во брак во 2011 година и се сели во ...

Млекарниците кои произведуваат сирење и млечни производи согласно стандардите и без употреба на репроматеријали како што се млеко во прав и палмина маст треба да бидат објавено од страна на надлежните институции, а не да се ставаат сите во исти кош бараат производителите, откако викендов од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори е ...

Претседателот на Европскиот совет, кој утре ќе ја посети Македонија, ќе ја предупреди владата дека треба да ја исполни обврската за уставни измени, очекува претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Обвини дека премиерот ги загрозува националните интереси со тоа што ќе ја остави Македонија да биде слепо црево на Балканот. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно и недвосмислено ќе каже дека сега е моментот за проширување и дека не е ...

Неколку ученички се насилни кон нивна соученичка, додека останатите снимаат со мобилни телефони и се потсмеваат. Вознемирена и оставена без поддршка, девојчето се обидува да си го одземе животот. Ова беше симулација преку која сакаа да ја прикажат реалноста низ училиштата. Денес, средношколци ја испратија пораката за сериозните последици што ги остава врсничкото насилство. По завршувањето на перформансот, се наредија така што слоговите на ...

Статутот на Друштвото на писатели на Македонија не е усогласен со новиот, актуелен Закон за здруженија и фондации, вели Гордана Јовиќ- Стојковска, романсиер, поетеса, преведувач и литературен критичар, која викендов со мнозинство гласови беше избрана за нова претседателка на Друштвото , на одржаното редовно изборно Собрание. Нејзин приоритет за зацврстување на темелите на ДПМ, како што рече, е промената на Статутот, за да Друштвото на ...

Во Универзитетската клиника за детски болести е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, покажуваат дека 30% од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се соочуваат со екстремна дебелина. „Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59