Македонската фудбалска репрезентација утре од 18:30 часот ќе се соочи со Турција во Истанбул во пријателски натпревар. Тоа за нашиот тим ќе биде втора контрола по ремито 0-0 против Босна и Херцеговина во Сараево во петокот. Селекторот Гоце Седлоски е свесен за квалитетот на противникот, кој има фудбалери од светска класа, но Македонија треба да покаже дека може да се носи рамноправно со селекции кои ќе играат на претстојното Светско ...

Холандската полиција почна проверка на постапувањата на своите службеници, откако на социјалните мрежи се појави снимка од приведување во центар за азиланти во Зејст. На видеото се гледа како полицаец грубо влече трудница по што таа паѓа на земја. Инцидентот, според холандските медиуми, се случил на 19 мај во објект на Кампвеге во Зејст. Полицијата соопшти дека службениците интервенирале по пријави за закани и оштетување имот пришто, како што ...

Само до април, Македонија веќе испорачала над 5.000 сезонски работници во Хрватска, покажуваат официјалните статистички податоци на таа држава. Според хрватското Министерство за внатрешни работи, исклучувајќи го периодот на пандемијата, секое лето таму одат меѓу 10 и 14 илјади работници на сезонска работа. „Генерално Македонија има одлив на сезонска работна сила и тој циклус јас го следам од 1998 година наваму. Имаше осцилации во одредени ...

Пешачките премини се местата каде граѓаните најбезбедно го минуваат коловозот. Но, таму каде што тоа не е можно, се градат подземни и надземни премини кои треба да овозможат сигурно движење. Скопје има неколку такви, но дел од нив денес повеќе наликуваат на заборавени простори, отколку на безбедни пешачки коридори. Кај трговскиот центар „Скопјанка“, во Oпштина Аеродром, се наоѓа еден од подземните пешачки премини. Затворени дуќани, отпад и ...

Старото хидројаловиште во градот Пробиштип кое е едно од најжешките еколошки точки во државата се очекува наскоро да се санира. На овој простор на површина од околу 50 хектари рудникот за олово и цинк „Злетово“ со години го има депонирано отпадот од преработката на рудата. Старото рударско езеро е напуштено, па по него расте трска и трева, а општината подготви проект за негова за санација. Градоначалникот Тони Тоневски смета дека со ...

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено од владата соопштуваат дека како резултат на разговорите со компанијата „Окта“, обезбеден е попуст од два денара по литар кој ќе започне да се применува од утре (понеделник, 1 јуни). Со овие мерки, и согласно владините пресметки, од „Илинденска“ очекуваат цената на дизел горивото да се намали до 6,5 денари по литар, додека ...

Над 5.000 сезонски работници од Македонија веќе отишле во Хрватска. Летната сезона допрва почнува, а искуството од минатите години покажува дека оваа бројка може да се удвои. Ако се земат предвид и останатите држави кои се поатрактивни за летна сезонска работа, тогаш бројките стануваат уште поалармантни. Најголема побарувачка за сезонски работници во странство има во угостителските и услужните дејности, како и во градежништвото. А, колку сето ...

Со затоплувањето почна и зачестеното палење на депониите во југоситокот. Градската депонија во Радовиш вчера повторно гореше, но, според тамошните пожарникари, пожарот е подметнат намерно, најверојатно од пиромани. Радовишката територијална противпожарна единица преку соопштение на социјалните мрежи повика да се најдат сторителите. „Пожарникарите се повикани и од своите домови, а сите расположливи екипи ќе дадат максимум за да го локализираат ...

ПСЖ синоќа го победи Арсенал на пенали и ја освои втората титула по ред во Лигата на шампиони. УЕФА сезонава во елитното натпреварување подели неверојатни 2,4 милијарди евра преку наградниот фонд, а очекувано најмногу заработија финалистите. Францускиот тим само со победата во финалето во Будимпешта инкасираше 25 милиони евра, додека Арсенал како поразен финалист доби 18,5 милиони евра. Вкупната заработка на парижаните оваа сезона во Лигата ...

Уставните измени и европската интеграција, кој блокира, а кој работи за друга држава. Двете најголеми партии од македонскиот политички блок денеска продолжија со меѓусебните обвинувања. За опозициската СДСМ нема ништо спорно доколку Бугарите се внесат во уставот и нема опасност по идентитетските прашања. За владејачката ВМРО-ДПМНЕ само цврсти писмени гаранции се предуслов за евентуални уставни измени. Лидерот на најголемата опозициската ...

Анонимно писмо испратено до медиумите и до институциите го отвори случајот со копирање податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова. КОД истражува што стои зад она што обвинителството го нарече инцидент, додека претседателката негира сериозен случај со шпионажа. Во Кабинетот имало и внатрешен конфликт, но за последиците се интересираат и НАТО дипломатите додека истрагата сè уште трае. Во КОД ...

Триесет дена во притвор му даде Кривичниот суд на возачот кој ја предизвика сообраќајката на Пластичарска улица во која загина млад моторџија. Судот го прифати предлогот на јавното обвинителство кое отвори истрага против 31-годишниот возач на аудито А4 кој ја предизвика несреќата. Откако обвинителството отвори истрага за него, побара и притвор, бидејќи се сомневаше дека може да избега или да го повтори делото. Она што го утврди од увидот и ...

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града, најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на Општина Могила. Според него, воведувањето на железничката линија е резултат на потребата од алтернативен и побрз превоз во периодот кога се реализира изградбата ...

Членови на германската бизнис заедница и официјално ќе учествуваат на претстојниот економски форум во Санкт Петербург. „Сакаме, како и сите големи западни земји, да го одржиме економскиот мост кон Русија и да го заштитиме над 100 милијарди евра вредниот германски имот во Русија“, изјави Матијас Шеп, претседател на Германско-руската стопанска комора, за агенцијата ДПА. И покрај западните санкции со кои се таргетирани стотици руски компании, ...

Полициски службеници во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци. Притоа утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. „На улицата „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно возило „фолксваген поло“ со дебарски регистарски ознаки, А.Л. предизвикал ...

Крузерот „Хондиус“, на кој избувна епидемијата на хантавирус, доби одобрение од холандските здравствени власти повторно да исплови по операцијата за чистење и дезинфекција, објавија холандските медиуми. „Од гледна точка на јавното здравје, повеќе нема никакви пречки „Хондиус“ повторно да исплови на море“, соопшти Агенцијата за јавно здравје во холандското пристаниште Ротердам, по завршната инспекција. Во соопштението се додава дека за време ...

Ракометниот клуб Охрид го делат уште 60 минути од освојување на Европскиот куп на ЕХФ. Тимот од крај езерото има шанса да го задржи пехарот во Македонија, откако ова натпреварување лани го освои Алкалоид. Момците на тренерот Борис Ројевиќ имаат позитивен резултат од првата средба во Татабања, односно победа од 29-28, па сè освен пораз вечерва ќе го промовира Охрид во европски шампион. Реванш-финалниот натпревар се игра вечерва од 20 часот во ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави оти е подготвен да заземе побавен пристап во преговорите со Иран и покрај загриженоста за економскиот ефект на војната. Според него, брзање во преговорите може да ги поткопа шансите за постигнување на поволен договор. „Не брзам. Би сакал да биде побрзо бидејќи, знаете што, цените на бензините ќе паднат. Но, ако брзате, нема да постигнете добар договор“, порача Трамп. Тој додаде дека администрацијата ...

Кривичниот суд Скопје, по предлог на јавен обвинител, одреди 30-дневен притвор за возачот на „аудито“ кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа на булеварот „Никола Карев“ во која животот го загуби 19-годишен мотоциклист. „Возачот на „аудиото“ кој ја предизвика сообраќајната несреќа со смртни последици бил под дејство на дроги, а несреќата се случила кога на двојна полна лента се обидел да сврти лево на кртосницата. Со тоа свесно го ...

Денеска од 16:30 часот се играат бараж-натпреварите за пополнување на Првата македонска фудбалска лига. Четири екипи ќе се борат за последните две места во елитата за следната сезона, во која првенството ќе брои само 10 клубови. Два прволигаши ќе се обидат да го задржат статусот, а два клуба од Втората лига ќе бркаат промоција во најсилната конкуренција. Натпреварите се играат на неутрален терен. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, ...

Општина Центар најавува „Патувачко кино“ од 2 до 13 јуни. Парковите низ општината ќе бидат претворени во кино под отворено небо за деца, млади и земејства, најави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Проекциите се предвидени секој ден во 20 часот на повеќе локации. „Преку филм, дружба и забава, „Патувачко кино“ на најмладите им нуди едно поинакво културно и едукативно искуство. За оваа намена е снимен посебен македонски детски филм ...

Сан Антонио ја симна Оклахома од тронот во НБА-лигата. Спарс ја добија „мајсторката“ на гостински терен и се пласираа во големото финале против Њујорк. Сан Антонио славеше со 111-103 во Оклахома во седмиот решавачки натпревар од финалето на Западната конференција. НБА-лигата ќе добие нов шампион, бидејќи одбраната на титулата за Тандер заврши утринава. Виктор Вембањама ги предводеше гостите со 22 поени и седум скокови, а голема помош имаше од ...

Дванаесет лица загинаа, а 44 се повредени во две сообраќајни несреќи што се случија ноќеска во Турција. Осум лица, меѓу кои и бебе, го загубија животот во несреќа на меѓуградски автобус во провинзијата Денизли, на југот на Турција, објавија турските медиуми. Автобусот возел на релација Измир – Анталија, кога на автопатот Денизли – Ајдин, од непознати причини, излетал од патот, удрил во заштитна ограда и се запалил. Полицијата веднаш отвори ...

Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат процесот на повлекување на своите војници од базите низ Европа и ќе презентираат предлози за ова прашање на своите сојузници од НАТО во текот на наредниот месец, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на неименуван извор од Пентагон. Вашингтон месецов најави планови за повлекување на 5.000 војници од Германија, што е широко протолкувано како резултат на несогласувањата меѓу ...

Утврдени се манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко, сооопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори е утврдено дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Со тестирањата е констатирано дека во производите има помал процент млечни масти од ...

Возачот на аудиото кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина 19 годишен мотоциклист бил под дејство на дроги, а несреќата се случила кога на двојна полна лента се обидел да сврте лево на кртосницата. Со тоа „свесно го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето“, соопшти Обвинителството и донесе Наредба за спроведување истражна постапка за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. ...

Премиерот денеска и од Србија со изјава во која јасно алудира на Бугарија, дека не сите се дораснати на членствата во организации и големината на државите. Во Војводина е македонска делегација која имаше билатерална средба на премиерско ниво. Посетата на македонската делегација на Нови Сад е по повод свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“. Посетата на македонската делегација во Нови Сад ја следеше колегата ...

Писателката Гордана Јовиќ-Стојковска е избрана за нова претседателка на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Таа доби мнозинство гласови (71) од членовите на ДПМ на денешното редовно Собрание. За членови на новиот Управниот одбор на ДПМ се избрани досегашниот претседател Живко Грозданоски, заедно со другите членови: Петар Андоновски, Драгана Евтимова, Хана Корнети, Елизабета Јончиќ и Сеида Бегановиќ. За нови членови на Судот на честа е ...

Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, случајот бил пријавен утрово околу 9:30 часот. За настанот информира градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на Фејсбук. „Утрово околу 9:30 е пријавено дека мечка нападна стадо со овци во атарот на село Крклино, под манастирот во близина на каналот на хидросистемот Стрежево, при што една овца настрадала. Сопственикот на стадото го пријавил настанот во СВР Битола, а и јас контактирав ...

Соединетите Американски Држави остануваат на курсот за договор со Иран, порача министерот за одбрана Пит Хегсет. Но, истовремено најави и подготвеност на Вашингтон за продолжување на војната со Техеран. Ваквата негова порака доаѓа од Сингапур, каде учествува на безбедносен Самит. „На крајот на краиштата, како што реков, секој договор што претседателот е спремен да го склучи, ќе го склучи само ако верува дека е одличен договор, за нашата земја ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Калај

53.60