Пет лица се водат како исчезнати, а осум други се повредени откако зграда во која се наоѓал ресторан и други станови беше „целосно уништена“ во пожар во швајцарскиот град Тусис, соопшти полицијата. Првичните истраги покажуваат дека пожарот избувнал на вториот кат, а причината сè уште се утврдува, соопшти кантоналната полиција на Граубинден. Полицијата била повикана нешто по полноќ по локално време, а на местото на пожарот интервенирале речиси ...

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, а особено до сопствениците и операторите на дронови, за доследно почитување на правилата за безбедно користење на воздушниот простор. -Поради природата и итноста на задачите, местото, времето и маршрутата на движење на полициските хеликоптери не секогаш можат однапред да бидат предвидени, особено при интервенции поврзани со пожари и други итни настани – се вели во денешното соопштение. ...

Пожарите на отворено претставуваат значаен ризик за јавното здравје – предупреди претпладнево Институтот за јавно здравје, од каде посочуваат дека покрај директните последици од огнот, изложеноста на чад може да влијае врз здравјето и на населението кое живее далеку од опожарените подрачја. Чадот од пожарите на отворено е сложена мешавина од суспендирани честички (PM₁₀ и PM₂.₅) и различни гасовити и хемиски загадувачки материи, меѓу кои ...

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното писмено соопштение. Реакцијата следува откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го затвори ...

Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември. На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната ...

Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста. ...

Целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици – информираше утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра која ако падне на сува трева може да настане вистинска катастрофа. „Утрово селата Бонче, Подмоље и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп, ...

Во Собранието денеска ќе се одржи работна сесија на Советот на амбасадори. Сесијата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши. Работната сесија на Советот на амбасадори треба да почне во 10 часот. Собирот на Советот на амбасадори почна вчера, а се одржува првпат по 2019 година. Како што најави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, целта на состанокот на македоските дипломати е да се прецизираат идните задачи ...

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент ги предупреди сојузниците дека ќе дејствуваат против интересите на Вашингтон ако не ја поддржат економската војна против Иран. Toj истакна дека економскиот притисок што го вршат САД врз Иран има за цел соборување на режимот во Техеран. „Ќе го собориме тој режим. Тоа ќе биде најголемата координирана операција за економска изолација во историјата на светот“, рече американскиот секретар за финансии во ...

Оружените сили на Летонија објавија дека дронот што беше соборен на територија на балтичката држава на 14 август бил од украинско потекло. Тоа е најновиот во низата такви инциденти додека во текот на војната меѓу Русија и Украина. Италијански борбен авион, стациониран на Балтикот, го собори дронот набрзо по неговото влегување во воздушниот простор на Летонија, членка на ЕУ и на НАТО, објави Алијансата. Украински дронови кои гаѓаат цели во ...

Шпанија регистрира близу 4.500 смртни случаи поврзани со горештините во периодот од 1 јуни до 19 август, што претставува црн рекорд за последните четири години, соопштија од Здравствениот институт „Карлос Трети“. За споредба, во истиот период од минатата година во Шпанија поради високите температури починале 3.073 лица, а во 2024 година – 1.890. Смртните случаи поради високите температури во периодот од 1 јуни до 19 август 2022 година ...

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека 67 комерцијални бродови се пренасочени во Ормускиот Теснец како дел од блокадата на иранските пристаништа. „Од 20 август, американските сили пренасочија 67 комерцијални бродови, онеспособија три и се качија на два што беа на пат кон или од иранските пристаништа за да ја спроведат нивната обновена поморска блокада“, се вели во соопштението на CENTCOM објавено на Икс. Портпарол на CENTCOM изјави ...

Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, а таа одлука треба да биде во согласност со нејзиниот Устав, закони и демократски вредности, порача портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, пренесува „Киев пост“. Таа нагласи дека Европската Унија е подготвена да ја поддржи Украина низ целиот процес, во случај Киев да донесе одлука за организирање и спроведување на избори. Најновите изјави од Брисел доаѓаат во време на нови дебати ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека е ставена во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс – „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани, сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички. Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените ...

Американската двојка Меган Волш и Мајк Мисрун имаа несекојдневна церемонија на венчавка. За денот од соништата се одлучија на скок со падобран на височина од 4.200 метри, а заедно со нив скокнаа и кумовите, деверите и деверушите и матичарот. Младите летаа кон земјата со брзина од речиси 200 километри на час во церемонија што долго ќе ја паметат. Но, нивниот концепт на венчавка воопшто не беше случаен. Двојката се запознала токму на скокови со ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 18 или 25 октомври и додаде дека конечната одлука ќе биде позната за неколку дена. „Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври“, рече Вучиќ во гостување во „Дневник 2“ на Радио Телевизија Србија. Тој истакна дека претходно најавил дека изборите ќе се одржат кон крајот на ...

Вкупно 22 пожара се регистрирани на отворен простор низ државата денеска до 18 часот. Од нив, осум сѐ уште се активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од активните, првиот е на територија на Општина Прилеп, село Чаниште – крак кон село Крушевица – село Лопатица и крак кон Црна Река, каде гори ниска вегетација. Ниска вегетација и деградирана дабова шума горат во општина Крушево ...

Синоќа на полноќ истече 30-дневната Кризна состојба во Општина Гостивар што беше воведена поради загадувањето на водата за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. „Со истекување на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП „Водовод“ од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт да се погрижи гостиварци понатаму да пијат чиста ...

Ги има вкупно 15 на листата која во одговор до Телма ја достави владата. Национални координатори има и за демографија, и за медиуми, па дури и меѓу самите нив има дуплирања како на пример тоа што во моментот во владата има и координатор за туризам и координатор за развој и промоција на туристичката дејност. Најновите две засилувања на листата се доскорешните министри, Љутков од министер стана национален координатор за култура, а иста улога, и ...

Кривична пријава против две физички и едно правно лице од струшко. Вршеле нелегален ископ на минерални суровини и предизвикале прекин на водоснабдувањето во Струга. ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М. (50) и Н.К. (54), двајцата од струшкото село Велешта, како и против правен субјект од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални ...

Португалија доби закон со кој се забранува покривање на лицето на јавни места, а се негово непочитување се предвидени казни од 150 до 3.000 евра. „Законот за бурки“, како што го нарекуваат локалните медиуми, забранува носење на гардероба која го покрива лицето или оневозможува идентификација, пишува „Еуроњуз“. Законот, исто така, забранува присилување на други да го прекриваат лицето врз основа на пол, вера, возраст или потекло. „Лицата мора ...

Поради дефект на електричниот систем на пумпната станица на битолски „Водовод“, голем дел од граѓаните кои живеат во зградите и повисоките делови на Битола останаа без вода, додека кај останатите жители е значително намален притисокот. Граѓаните реагираат дека на температура од 33 степени се без вода и бараат одговор кога ќе се нормализира водоснабдувањето. Од ЈКП „Водовод“ Битола преку соопштение објавено на нивната ФБ страница информираа ...

Власта ја подотвори вратата за предвремени избори. Премиерот Мицкоски најпрво во телевизиско интервју, а денеска и во изјава за медиумите ја спомена можноста за парламентарни, но вели „ако побара опозицијата“. Социјалдемократите експресно возвратија дека нема да дадат алиби за изборно соочување, иако секојдневно се подготвуваат за моментот. Опозиционерите од албанскиот блок, пак, со реакција: „нека се распушти Собранието и нека се определи ...

Истрагата за марихуаната и шверцот од Македонија во Србија продолжува, потврди на денешниот брифинг надлежната обвинителка Верица Бержецка Крстева. Таа наведе дека со истрагата и исказите на обвинетите со кои е направена спогодба за признание на вина е потврдено дека имало најмалку 5 транспорти на марихуана кон Македонија, но не може прецизно да се утврди колку вкупно е пренесена во Србија. Засега меѓу 4-цата осомничени двајца осудени не е ...

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со резолуција го затвори предметот за 19 модуларните болници. По 5 години предистрага обвинителството не утврдило злоупотреби на службената положба при јавните набавки за изградба на болниците. Била анализирана обемна документација и сведоци а документацијата на Светска банка по пожарот во модуларната болница во Тетово е еден од аргументите за ваквата одлука на обвинителството Во ...

Желба има, но не и иницијатива. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, е подготвен во кое било време да седне со бугарскиот премиер, Румен Радев, да разговара за надминување на спорот со Бугарија и откочување на македонскиот евроинтегративен пат, но, како што рече, досега такво нешто не било иницирано. „Јас сум подготвен во било кој момент да седнам и да разговарам, но средба колку да биде само средба, а притоа да нема никаков ефект, не сум ...

Министерството за економија утре ќе соопшти кои ќе бидат мерките со кои ќе интервенира за да спречи скок на цените на училиштен прибор. Денеска во економија е средбата со трговците на училишни материјали на која треба да се прецизираат деталите а одлуката ќе биде изгласана на седницата на Влада закажана за вторник. Со одлуката треба да бидат опфатени сите реквизити за учениците како ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери и ...

Државниот студентски дом „Пелагонија“ во Скопје лани набавувал леб по 126 денари што е значително над пазарната цена од околу 70 денари, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Поскапиот леб за 56 денари во однос на пазарната цена, според ревизијата укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на набавките. Во 2023 година пак бил набавен леб по цена од 57 денари со понудувач чија основна дејност ...

Постојат индиции дека големиот пожар што го зафати мариовското село Чаниште е подметнат, а полицијата веќе располага со материјални докази и работи на откривање на сторителите. Ова на вонредната седница на Советот на Општина Прилеп, што на барање на опозицијата се одржа синоќа на полноќ, го соопшти командирот на Полициската станица Прилеп. Имаме индиции за можни сторители, обезбедени се материјални докази и видео снимки со помош на граничната ...

Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција, но во соопштението на Агенцијата за храна и ветринарство не се наведува точен датум за почеток на вакцинацијата. Денешниот одговор од АХВ доаѓа по вчершното барање на Сојузот на одгледувачи на овци да се забраза постапката за вакцинирање на овците и козите. По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Платина

49319.25