Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Апелациониот суд во Скопје го забрани штрајкот на Струковиот синдикат на контролорите на летање. Синдикатот најави прес-конференција за утре, а адвокатот на М-НАВ вели дека и досегашните штрајкови на синдикатот на контролори на летање биле незаконски. Тензиите меѓу М-НАВ и синдикатот на контролори на летање започнаа со најавата за петчасовен генерален штрајк во октомври минатата година, со кој ќе се затвореше македонското небо поради барања ...
На денешното рочиште за предметот во кој е обвинета поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, одбрана дадоа обвинетите Биљана Петрова Мантева која одговара за одавање службени тајни на Небојша Стојановиќ и ревизорот Миле Столевски обвинет дека во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“. Димитровска не даде одбрана, а судскиот процес ќе продолжи со завршни зборови на странките на следното рочиште. Мантева, ...
Македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал на првиот натпреварувачки ден од Светското универзитетско првенство во Бразилија. Најзаслужен за тоа е Стефан Стојановиќ во категоријата +84 кг, кој прикажа одлични борби и уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот светски врв. Стојановиќ беше на чекор до финалето, но во полуфиналната пресметка претрпе пораз во последните секунди од мечот, пропуштајќи голема можност да се ...
Марјан Цветковски го познавам долги години и тој има сериозно искуство, очекувам одлични резултати со кои сите ќе се гордееме – одговори градоначаланикот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на советничко прашање зошто довчерашниот директор на МРТ да биде именуван за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“. Цветковски беше директор на МРТ 15 години. Веднаш по завршување на мандатот е поставен за директор на Фондацијата ...
13 и 14 јуни се датумите кога Охрид ќе живее во знакот на пливањето, возењето велосипед и трчањето. Природните убавини и езерото се меѓу клучните причини поради кои оваа дестинација е привлечна за триатлонците од целиот Балкан, кои овие два дена на македонско тло ќе ги одмерат силите и ќе се борат за место на пиедесталот. Деталите за организацијата и финалните подготовки на македонските учесници ги дознаваме од Данчо Ѓорѓиевски – Претседател ...
Знаењето, стручноста, дисциплината и посветеноста кон кошарката се нешта кои секаде се препознаени и признаени – такво е искуството кое со нас го сподели Методија Бешлиовски, поранешен кошаркар и актуелен помошник тренер во Нитра Блу Вингс (Словачка). На само 29 години, тој веќе има меѓународно искуство стекнато во Грција, Србија и Унгарија, каде според неговите впечатоци потеклото не играло никаква улога кон неговиот клупски статус или ...
Унгарскиот парламент едногласно го одобри предлог-законот предложен од владејачката партија Тиса, за значително намалување на платите на пратениците и државното финансирање на политичките партии. Одлуката беше усвоена со 189 гласови „за“, без гласови „против“ или „воздржани“. Предлог-законот се однесува на расипничкото трошење на претходната администрација во согласност со претходното ветување на премиерот Петер Маѓар за намалување на ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги ...
Во Основниот суд продолжува судењето против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари, во случај поврзан со 350 илјади евра пронајдени во семејна куќа во Неготино. Обвинителството тврди дека парите не можеле да бидат стекнати на легален начин и дека постојат докази оти биле сокриени и поврзани со незаконски активности, додека одбраната инсистира дека станува збор ...
Денеска рочиште и за екс претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска. Обвинета е за две кривични дела оддала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во Адитив но и дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“. На последното рочиште беа изведувани докази на одбраната. Во судницата беа објавени документи, а беа пуштени и секвенци од видеа од седници на ДКСК од минатиот и ...
Уличните кучиња остануваат сериозен проблем, а локалните власти секоја година трошат значителни средства за обесштетување на лица каснати од кучиња. Дали главната причина за постојаното зголемување на нивниот број е неодговорното сопствеништво, напуштањето миленици и недоволната контрола на размножувањето? Дали е време повеќе да инвестираме во превенција, регистрација, стерилизација и одговорно сопствеништво, наместо постојано да ги плаќаме ...
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан е суспендиран од својата функција откако дисциплинската постапка за обвинувања за сексуална злоупотреба влезе во последна фаза, а неговата судбина сега ќе ја одлучат земјите-членки на судот. Одлуката ја донесе извршниот комитет на управното тело на МКС, кој гласаше за упатување на случајот против Кан на посебна седница на 125-те земји-членки. Kомитет составен од претставници на 21 ...
Проектот за изградба на луксузен ресорт ќе продолжи, ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама за проектот на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер и покрај постојаните протести поради неговото влијание врз животната средина. Тоа ќе биде прекрасен проект и ние ќе го направиме и ќе бидеме горди што ќе придонесеме за Европа. Јас бев избран за да ги остварам овие работи. Не сум избран да ме водат луѓе кои имаат поинаква идеја за тоа како да се ...
Американски воен хеликоптер се урна во Ормутскиот Теснец, а двајцата членови на екипажот се спасени, објави „Њујорк тајмс“. Весникот наведува дека е непознато дали хеликоптерот „Апачи“ е соборен или се урнал поради дефект или некоја друга причина. Белата куќа и Централната команда на американската армија сè уште не го коментирале инцидентот. Американски воен хеликоптер се урна во Ормутскиот Теснец, а двајцата членови на екипажот се спасени, ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е блиску до одлука самостојно да го реализира проектот Чебрен и Галиште, без вклучување на приватен партнер. Конечната одлука, како што посочи, ќе биде донесена по разговорите со раководството на ЕСМ… Според Мицкоски, проектот има стратешко значење за државата и регионот, бидејќи ќе овозможи изградба на два големи резервоари за питка вода, како и подобрување на условите за наводнување на ...
Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани во градот Генерал Сантос на југот на Филипините, каде што се урна пазарна конструкција по силниот земјотрес што ја погоди земјата… Генерал Сантос е меѓу најтешко погодените подрачја од катастрофата. Според локалните власти, најмалку 32 лица загинале, а повеќе од 200 се повредени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот. Станува збор за најсилниот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздравува нон пејперот што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласува дека конечни оценки може да се дадат дури кога ќе има официјален документ. – Мојата оценка е дека кога ќе видиме пејпер, тогаш ќе можам да кажам за што се работи оти нон пејпер значи нешто без наслов, без име, без потписи, со ...
Претседателот Доналд Трамп навести дека САД ќе прогласат „тотална победа“ над Иран во следните две недели од кампањата во поддршка на сенаторот Линдзи Греам од Јужна Каролина, кој се кандидира на прелиминарните избори во вторник, објави Си-Ен-Ен. –Во моментов преговараме и тие сакаат да постигнат многу добар договор. Тие се подготвени да ни дадат сè, тие се подготвени да не ни дадат никакво нуклеарно оружје“, рече Трамп. „Мислам дека ја ...
Советот за безбедност на Обединетите Нации се состана во своето седиште во Њујорк во за да одржи седница за одржување на мирот и безбедноста на Украина. Розмари Дикарло, заменик-генерален секретар за политички и мировни прашања, обраќајки се на советот кажа дека војната денес е посмртоносна од кога било досега од почетокот на целосната инвазија на руската федерација во 2022 година. –Војната во Украина е денес посмртоносна отколку во кој било ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за 360 степени потврди дека ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од Процесот за соработка на Југоисточна Европа в среда во Софија. Таа вели дека средбата е природно продолжение на средбата во Ереван и дека очекува да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа нема нерешлив проблем. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за 360 ...
Германско- францускиот предлог ноца можност за подинамичен процес на проширување на ЕУ или за нова чекална за Западниот Балкан? Која е цената за Македонија? Кој и какви гаранции би дал од Брисел, за што треба да се договориме дома? Во Топ Тема дебата со пратениците Антонио Милошоски – ВМРО- ДПМНЕ и Славјанка Петровска – СДСМ. Топ Тема со Боби Христов на Телма Германско- францускиот предлог ноца можност за подинамичен процес на проширување ...
Еден од најпознатите природни реткости во Македонија, споменикот на природата „Куклица“, е во заложништво на приватни интереси и незаконско управување, алармираат од Општина Кратово. Во најновото официјално соопштение, локалната самоуправа ја извести јавноста дека е спречена да ги извршува своите законски обврски за заштита и одржување на локалитетот поради долгогодишна „бесправна и неоснована узурпираност“ од страна на Здружението „Извор“ – ...
Француско-германскиот предлог за реформи во ЕУ и постепена интеграција на земјите кандидати беше уште една точка на силно соочување во дебатата помеѓу Славјанка Петровска (СДСМ) и Антонио Милошоски (ВМРО-ДПМНЕ). Додека Петровска во овој документ гледа искрен интерес на клучните европски сили за регионот, Милошоски смета дека тој е изнуден од војната во Украина и дека нуди само споредна улога за Македонија. Славјанка Петровска смета дека ...
Владата останува на ставот дека новиот клиничкиот центар во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и подземно да се поврзе со Градската болница „8 Септември“ – рече на денешниот брифинг премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека според Владата, ова е најдоброто решение. Земјиштето на кое би требало да се гради новиот клинички центар, како што рече Мицкоски, е приватно, а Владата во моментов е ...
Во вешерашното издание на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ ги спротивставија своите ставови околу функционалноста на институциите, потребата од техничка влада и предложените измени во Изборниот законик. Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, ја нагласи важноста на парламентарниот надзор, особено врз безбедносните служби, посочувајќи дека во минатото ...
Поради невремето што попладнево го зафати охридско-струшкиот регион, дојде до испад на 110 kV далекувод ТС Охрид – ТС Струга, соопштуваат од МЕПСО. Силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа кинење на проводното јаже на далекуводот. Дефектот настана во период кога, поради редовни технички зафати за замена на оптичко јаже, плански беше исклучен и 110 kV далекуводот ХЕЦ Глобочица – ТС Струга, велат од компанијата. Како последица на тоа, ...
Интензивни средби со ЕУ најави премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите. Откако се сретнана самитот во Тиват со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц сите од своите кабинети назначиле по еден преставник за комуникација. Наместо како до сега да се среќаваат два пати годишно во јуни и декември, од сега тоа ќе се случува два пати месечно рече Мицкоски. Задоволен е од предлогот за ...
Владата е пред чекор на решение самата да го гради проектот Чебрен и Галиште. Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека оваа стратешка одлука ќе ја донесат после разговорите со раководството на ЕСМ. Вели дека се блиску до одлуката да не се бара приватен партнер, а проектот ќе биде од стратешко значење биддејќи како што рече во регионот недостигаат два резервоари со питка вода, нешто што би се реализирало со проектот. ...
Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и ...
Собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во прво читање ги поддржаа Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба, кои претставуваат дел од клучниот реформски пакет за зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството. Двата закона се подготвени во рамки на обврските утврдени во Реформската агенда и Развојната секторска ...