Со 26 затворени училишта и 300 паралелки помалку од кои 200 во основно и 100 во средно образование ќе започне новата учебната година. Поради малиот број ученици, дел од училиштата, особено во руралните средини, се затвораат, па учениците од овие училишта ќе продолжат да учат во други. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека ова нема да биде на штета ниту на учениците, ниту на наставниците, туку напротив децата ќе имаат можност да ...

Американскиот застој со Иран и руската инвазија врз Украина ги открија острите граници на моќта на суперсилите, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, отфрлајќи ја идејата Обединетите Нации (ОН) да бидат во сенка во мултиполарниот свет. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Гутереш опиша свет кој се преобликува со падот на доминацијата на САД, подемот на нови сили и понижувачките лекции од војните во кои суперсилите од Студената војна ...

Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 мг. и 360 мг. без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. Од Фондот соопштија дека Управниот одбор ја дал потребната согласност, направени се измените во Шифрарникот на лекови, а договорните аптеки се известени за новиот начин на издавање. Со тоа, од утре пациентите повеќе нема да доплаќаат 615 денари ...

Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи- истакна на прес конференција денеска Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој обвини дека „обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите“, но и дека „непокренувањето на обвинение не е доказ дека Филипче е невин“. „Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. „Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...

Американски пожарникари се борат со големиот шумски пожар во сојузната држава Невада кој брзо се шири. Според првичните проценки, уништени се најмалку 32 домови во пожарот кој изби на ридест терен на периферијата на Рино, но началникот на противпожарната служба Ричард Едвардс предупреди дека бројките најверојатно ќе растат. Последните податоци говорат дека е зафатена површина од над 6.000 хектари. Властите соопштија и за седум повредени лица ...

Иран тврди дека може да се спротивстави на проширените американски санкции, откако Вашингтон најави, како што го опиша, „економски Ден-Д“ против земјата, со цел да ја изолира од глобалната економија. Иранскиот министер за економија Али Маданизадех изјави дека Техеран е „целосно подготвен“ за санкциите, за кои рече дека ќе доведат до „уште еден пораз“ за САД. При објавувањето на низата нови мерки, американскиот министер за финансии Скот Бесент ...

Цените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци. Што значи цените на храната повторно ќе растат – изјави денеска на прес конференција потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска обвинувајќи ја актуелната Влада дека не презема ништо. „Директно се засегнати и македонските зeмјоделци. Поскапо гориво значи поскапа обработка на нивите, поскап транспорт, поскапо производство и на крај – поскапа храна“, ...

Торнадо го погоди југот на Франција, пришто тешко настрада селото Помас во кое се повредени 41 лице, а стотици куќи се оштетени. Според локалните власти, 15 од повредените се хоспиталзиирани, меѓу кои и трудница врз која паднале делови од куќа. Над 120 припадници на Итните служби се излезени на терен за расчистување на последиците од ветрот кој дувал со брзина до 117 км./ч., оштетувајќи околу 300 домови. Француските власти издадоа портокалов ...

Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во селото Панчарево. Деветмината советници кои го сочинуваат општинскиот Совет гласаа против, со што оваа иницијатива беше отфрлена едногласно. Иницијативата која беше ставена на дневен ред на денешната седница претходно предизвика реакции кај дел од партиите, но и еко-активистите. Во отсуство на јавна дебата, тие изразија загриженост за потенцијалното влијание врз животната ...

Четириесетгодишниот годишниот Јанис Јушваев, кој важеше за еден од најопасните криминалци во Израел, е ликвидиран во неделата при излез од бензинска пумпа во близина на Цезареја. Јушваев, кој беше оженет и татко на три деца, е убиен во период во кој земјата се соочува со растечки проблем на организираниот криминал, а неговата ликвидација е снимена од надзорните камери на бензинската, пренесува „Телеграф“. На снимката се гледа како егзекуторот ...

Податоците за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа отсега ќе бидат достапни на новиот јавен портал е‑наука, единствена национална електронска база на податоци од ваков тип. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со ...

Продолжуваат интензивните активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршија – соопшти Центарот за управување со кризи. „Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси – три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми“, ...

Илустративна фотографија / Pixabay Иницијативата за изградба на Дата-центар во пехчевското село Панчарево, денеска треба да се најде на дневен ред на Советот на општината. Советниците всушност, ќе одлучуваат за иницијативата која е поднесена до Општина Пехчево за изработка на Урбанистички проект за објект со намена за чување и складирање на дигитални податоци на пет парцели. Но, инвеститорот се’ уште не е познат, а тоа предизвика реакции и од ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото квалификациско коло на Ју-Ес Опен. Таа синоќа загуби од Јапонката Маи Хонтама во два сета. Ѓорческа загуби со 6-7 и 3-6 за 106 минути игра. Во првиот сет Македонката имаше негатива од 1-4, но успеа да се врати и да се избори за тај-брејк, во кој Јапонката на крајот славеше убедливо со 7-1. Во вториот сет Хонтама поведе со 2-0, но Ѓорческа возврати со три освоени гема по ред и ...

Левица денеска преку писмено соопштение, информираше дека им дава целосна поддршка на „струмичките земјоделци кои повторно излегуваат на улица за да го одбранат својот труд и својата егзистенција“. Пред неполни две недели Серафимовски им продаде приказна за „договор“ со откупувачите, а договорените цени не издржаа ни четири дена. Токму како што предупредивме, без законски регулирана минимална откупна цена и без механизам со кој државата ќе го ...

Унгарското Министерство за надворешни работи поднесе кривична пријава во обвинителството поради сомнеж за измами, манипулации и други казнени дела поврзани со набавката на респиратори во 2020 година. Спорната набавка е спроведена во текот на пандемијата на коронавирус од претходната влада, а информацијата ја потврди шефицата на дипломатијата, Анита Орбан, пренесува „Ројтерс“. Таа пред новинарите појасни дека пријавата се однесува на ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува укинување на туристички и деловни визи за околу 200.000 странски државјани кои поднеле барање за азил во САД. Доколку биде спроведена, мерката би претставувала најголемо еднократно масовно укинување визи во историјата на САД. Стејт департментот во следните недели би требало да објави укинување на таканаречените Б1 и Б2 визи, издадени во периодот од 2016 до 2026 година, на ...

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. На минатото рочиште градежните вештаци одговараа на вкрстени прашања од одбраната. Наодите во врска со материјалите ...

Википедија на македонски јазик и здружението Викимедија МКД го организираат фотографскиот натпревар насловен „Вики ги сака спомениците 2026“. Се работи за натпревар за фотографирање градби (куќи, манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта, споменици, јавни и општествени градби, и останати места) кои се заведени како културно наследство на Македонија. Право на учество имаат сите што ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на ...

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е ...

Голем пожар вечерва беснееше на Експресниот пат Кочани – Штип, а чадот и огнот го прекрија патот поради што сообраќајот беше во прекин. Стојанче Ангелов од ДЗС информираше дњка станува збор за пожар на стрниште кој бил изгаснат со помош на дожд кој заврнал во тој регион. На социјалните мрежи беа објавени видео-снимки од локацијата и на нив се гледа густ чад и оган над и околу патот, што ја намали видливоста и го отежна безбедното одвивање на ...

ДОМ бара да се стопира нетранспарентната постапка за дата-центарот во пресрет на утрешното гласање на советот во Пехчево. Недозволиво е за проект со потенцијално сериозно влијание врз водата, енергијата, природата и локалната заедница да се одлучува зад затворени врати, без доволно информации, јасни анализи и вклученост на експертите граѓаните. Како што истакнавме во неколку наврати, дигиталниот развој не смее да биде изговор за ...

Министерот за финансии Скот Бесент денеска изјави дека новите санкции на САД имаат за цел да ги блокираат сите потенцијални извори на приходи за Иран и им наложи на земјите да ги прекинат економските врски со Техеран или ќе се соочат со одмазда. Бесент објави дека она што го нарече „Операција Економски отпадник“ се спроведува за да „се стегне јаремот и да се блокира секој потенцијален извор на приходи“ за „злиот ирански режим“. Скот Бесент, ...

Македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски се одржа на 23 август во Куршумли ан, во рамките на програмата на 17. „МакеДокс“. Филмот беше прикажан надвор од главната компетиција, но учествува за Награда за најдобри етички идеи на „МакеДокс“. По катастрофалниот пожар во ноќен клуб во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, овој филм сведочи за тагата што останува и за силата да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува дека ќе воведе нови царини за канадските возила на 1 јануари. Во меѓувреме, канадскиот премиер, Марк Карни, рече дека најновата закана на Трамп „не е изненадување“ и дека американските работници ќе бидат оштетени од какви било зголемени царини за автомобили. Тој подготвува одговор на новите царини што ги воведоа САД за канадските стоки овој викенд откако трговските разговори пропаднаа. Карни ...

Пожарот на планината Жеден кој навлезе во атарот на село Бојане е ставен под целосна контрола информираше Стојанче Ангелов, првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување. Тој истакна дека наскоро чадот над Скопје ќе се повлече, под целосна контрола е ставен пожарот на Жеден. Од сабајле се бориме со огнот, беше многу силен. 90% е изгаснат огнот и спасена е шумата и лозја, рече Авни Амети од ППЕ Тетово, кој апелираше граѓаните да бидат ...

На 23.08.2026 во 18:30 часот на Плоштад „Крушевска Република“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.К.(71) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во куќа во Охрид агресивно се однесувал и упатувал закани кон М.Ј.(28) од Кичево и кон други присутни лица, а потоа ги испрскал со запаллива течност. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот ...

Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Сашо Клековски, при денешната посета на Инфективната клиника. Инаку, од почетокот на епидемијата досега, 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денеска се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати. „Системот е подготвен и ...

Есенва се очекува ново поскапување на цената на храната. Предвидувања на експертите се дека глобалните шокови повторно ќе предизвикаат поскапувања поради сушите и топлотните бранови кои ги намалуваат приносите, војната во Украина го нарушува извозот на житарки, а поскапите горива и ѓубрива ги зголемуваат трошоците за производство и транспорт. Македонија нема да е излоирана од овие случувања. Иако домашната жетва на пченица обезбедува одредена ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75