Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
За колку ќе се зголеми цената на парното греење? Компаниите веќе ги доставија пресметките на трошоците до регулаторна. Најголемо зголемување од речиси 54 отсто на својата услуга бара компанијата која што го врши снабдувањето со топлинска енергија. ЕСМ дистрибуција пак пресметале и бараат зголемување на цената на дистрибуцијата од над 45 отсто, а производство 32, 7 проценти. ЕСМ Снабдување 53,9 % ЕСМ Дистрибуција 45,5 % ЕСМ Производство 32,7 % ...
НУ Музеј на македонската борба за самостојност во соработка со Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија, на 15 јуни 2026 година во 17.00 часот во Порта Македонија во Скопје, организира предавање и изложба посветени на историските случувања на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Координатор на настанот е м-р Даниела Николова. Во рамките на програмата, историчарот проф. Фабио Котифава ќе одржи предавање на тема ...
По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале од Франција. По пристигнување на пратките во Царинската Испотава Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е ...
На 11.06.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А.(78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија ...
Вработени во Клиниката за детски болести денеска излегоа на протест пред Министерството за здравство. Станува збор за околу 50 вработени кои шест месеци не примиле плата и се уште немаат продолжени договори за работа. Револтирани се затоа што надлежните институции не го решаваат нивниот проблем и покрај тоа што и претходно реагирале до Министерството за финансии и им било речено дека ќе се направат напори да се надмине проблемот , до овој ...
„Наместо Судски совет нека се формира друштво со ограничени правни знаења и одговорност“ – ова е коментарот на универзитетскиот професор Денис Прешова по информациите дека Судскиот совет побарал од Собранието толкување на одредби од новиот Закон за Судскиот совет, поврзани со престанок на мандат на член поради исполнување услови за пензија. „Дајте да не се зафркаваме и да го укинеме ова тело и да формираме Агенција за судство на чело со некој ...
За колку ќе се зголеми цената на парното греење? Компаниите веќе ги доставија пресметките на трошоците до регулаторна. Најголемо зголемување од речиси 54 отсто на својата услуга бара компанијата која што го врши снабдувањето со топлинска енергија. ЕСМ дистрибуција пак пресметале и бараат зголемување на цената на дистрибуцијата од над 45 отсто, а производство 32, 7 проценти. ЕСМ Снабдување 53,9 % ЕСМ Дистрибуција 45,5 % ЕСМ Производство 32,7 % ...
Дваесет и петгодишен жител на Штип е лишен од слобода откако бил затекнат како пали сува трева во атарот на селото Долни Балван, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Според информациите, на 11 јуни 2026 година околу 12:30 часот, полициски службеници од СВР Штип го привеле Б.С. (25) од Штип. Тој бил затекнат околу пладне како потпалува сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З. (36) од Штип, покрај магистралниот пат Штип – ...
Напуштете ги териториите под руска окупација, оваа порака утрово до граѓаните ја упати воениот гувернер на украинскиот југоисточен регион Запорожје, Иван Федоров, порака доаѓа во услови кога Киев ги интензивира нападите врз тие делови на земјата. Федоров преку „Телеграм“ соопшти дека украинските сили ја гаѓаат руската воена инфраструктура и линиите за снабдување во регионите Запорожје и Херсон. Истовремено, според него, руската армија ...
Вчера, фудбалскиот свет повторно го сврте погледот кон најголемата сцена – Светското првенство во фудбал 2026, што се одржува во три земји домаќини: САД, Мексико и Канада. Вчера беше отворањето, а од денеска 12 јуни, започнува месецот на фудбалска еуфорија. Стадионите ширум Северна Америка стануваат арена на соништа, каде што 48 репрезентации ќе се борат за најпосакуваниот трофеј во светскиот спорт. Ние, за жал, не сме меѓу учесниците. Уште ...
Демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион беше поставена во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“при Медицинскиот факултет. Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на најсовремена роботска технологија и минимално инвазивен хируршки пристап. ...
Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот. Станарите се рабудиле од силниот звук по што панично ја напуштале зградата. МВР информира дека настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли. -Денеска (12.06.2026) околу 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли. Пожарот е изгаснат од ...
Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот. Станарите се рабудиле од силниот звук по што панично ја напуштале зградата. МВР информира дека настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли. -Денеска (12.06.2026) околу 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли. Пожарот е изгаснат од ...
Привремена забрана за капење на локацијата „Акротири“ во населбата Пефкохори поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод. Како што пренесе Прототема, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набрзо било запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ја и дирекцијата за јавно здравје и Центарот за унапредување на ...
Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. – Денеска 11.06.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа ...
Светска банка прогнозира дека светската економија во 2026 година ќе забележи раст од само 2,5 отсто, што е најслаб резултат од периодот на пандемијата на Ковид-19. Институцијата ја намали својата претходна прогноза поради последиците од конфликтот со Иран, зголемената инфлација и растот на цените на енергенсите. Според извештајот, нарушувањата во поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец довеле до поскапување на нафтата и дополнителен ...
Четиринаесетмесечно бебе од Куманово е хоспитализирано во кумановската болница откако се затруло со средство за чистење. Инцидентот се случил на 10 јуни, а детето било донесено во болница околу 20:14 часот. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека од Општата болница Куманово било пријавено оти детето било затруено по контакт со хемиско средство. По пријавата, полициски службеници извршиле разговор со мајката и бил направен увид на ...
Портпарол на иранското министерство за надворешни работи, во телефонски разговор во живо на државната телевизија изјави дека текстот на договорот е „претежно финализиран“. Тој рече дека медијаторите се активни, но ништо не е кончено за да се стави крај на конфликтот што започна на 28 февруари кога САД и Израел заеднички го нападнаа Иран. И предупреди дека „противречностите“ во ставот на САД предизвикале „турбуленции“ во процесот. –Најновата ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека САД се блиску до потпишување договор со Иран за завршување на војната, а договорот ќе биде потпишан во Европа, во наредните денови. Трамп рече дека новиот договор е „многу силен меморандум за разбирање“ . Истака дека Техеран сака да го склучат договорот многу повеќе од него. Трамп во повеќе наврати во последните неколку недели велеше дека завојуваните страни се на прагот на договор, но досега ...
Предлог-законот за игрите на среќа помина во прво читање во Собранието. 59 пратеници дадоа поддршка за за да се воведат построги правила за работењето на казината, обложувалниците и другите приредувачи на игри на среќа. Една од клучните измени е воведувањето забрана казина и објекти за игри на среќа да се наоѓаат на растојание помало од 500 метри од училиштата. Се предвидува и забрана за рекламирање на излозите на коцкарниците, како и забрана ...
Гласна музика, журки, викање, стартување на мотори и автомобили од блиското кафуле секоја вечер веќе десет години ги оставаат без сон жителите на Капиштец. Дневни и ноќни забави: по шест забави неделно, 52 недели во годината. Некогаш најмирната населба сега е претворена во модерна џунгла. Вечерва се собраа за да изразат протест против дивеењето, но и против непреземањето на мерки од страна на надлежните. „Навечер ечат музики, техно забави се ...
Со изгореници по екстремитетите и вдишан чад сопственик на викендица во штипската населба Кумлак заврши во болница. Сакајќи да го изгасне огнот од кровот на објектот за малку ќе и настрадал, го спасиле пожарникарите и доброволците, кои попладнево интервенираа на новиот пожар во оваа населба, кој се закануваше на 15 викенд куќи и триесетина лозови и овошни насади. „Спасен е човекот не е во животозагрожувачка состојба и најодговорно тврдам и ...
Од изборните визии за модерен, одржлив, еколошки прифатлив град администрацијата на Скопје се враќа на нулта точка, како да го одржи елементарно функционален. Што може да испорача скопската власт? Во Вин-Вин интервју со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Вин-Вин со Оливера Трајковска на Телма Од изборните визии за модерен, одржлив, еколошки прифатлив град администрацијата на Скопје се враќа на нулта точка, како да го одржи ...
По инцидентот со пропаѓањето на тротоарот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави иницијатива за законски измени со кои би се зајакнал надзорот над градилиштата и би се подобрила безбедноста во градот. Тој оцени дека постојниот систем не овозможува ефикасна контрола, посочувајќи дека градот нема сопствена градежна инспекција, а општините располагаат со ограничени кадровски ресурси. „Како претседател ...
На Западниот Балкан има талент, претприемачки став и стратешка позиција да се биде повеќе од обичен корисник на новите технологии. Овој регион може да придонесува кон економијата на иновациНи која ја оформува иднината. САД се посветени да бидат партнер во тој напор. Американските компании го предводат светот во вештачката интелигенција, „клауд компјутинг“, сајбер безбедност и дигиталната иновација. Заедно ја имаме можноста да направиме ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека приоритет во неговиот мандат е воспоставување функционален систем во градот и подобрување на комуналните услуги, оценувајќи дека Скопје со години се соочувало со сериозни инфраструктурни и организациски проблеми. Тој во емисијата „Вин-Вин“ посочи дека уште пред да ја преземе функцијата бил свесен за финансиската состојба на градот, за загубите во водоводната мрежа и за недостатокот на ...
Две лица го загубија животот, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи денес околу 13 часот на експресниот пат Градско – Прилеп, по исклучокот за Кавадарци. Според СВР Велес , несреќата се случила при судир помеѓу две прилепски возила- „Шкода Октавија”, управувана од Ж.Р. (51) од Прилеп и „Фолксваген Голф”, управуван од Т.М. (39) од Прилеп. На местото на несреќата починале возачот на Шкодата и неговата сопатничка Б.Б. ...
Студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе седум дена се оставени без топла вода објави студентската платформа „Студентарија“. Според нивни информации причината за проблемот е недостиг на нафта за загревање на водата во домот. Оттаму наведуваат дека како привремено решение на студентите им е понудено користење на гостинска соба со бојлер на струја, но оценуваат дека во дом во кој престојуваат повеќе студенти ваквото ...
Aгенцијата за обезбедување „Рубикон“, нејзиниот формален сопственик Јане Јанчевски, и неформалниот сопственик како што тврди обвинителството Александар Нацев беа денеска во фокусот на докзаита за трагедијата во кочанската дискотека Пулс. За вистинскиот сопственик Јане Јанчевски беа презентирани низа документи на коишто тој има ставено потпис, но за неформалниот сопственик Нацев само неколку. Тој никаде не фигурира во Централниот регистар во ...
По писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц за брз прием на Украина во ЕУ, па дополнувањето со нон-пејперот од Германија и Франција како тоа да се направи и со Западниот Балкан, во продолжение – Франција и Германија, заедно со Холандија, Белгија и Луксембург ставија потпис и на нон-пејпер со кој се бараат промени во идните договори за пристапување во ЕУ, со аргумент, дека пресликување на претходните договори на новите членки не е доволно. ...